Пред утрешниот четвртфинален реванш во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, испрати смирена, но самоуверена порака и истакна дека неговиот тим мора да остане фокусиран и покрај предизвикот што го носи натпреварот. Белгиецот на прес-конференцијата нагласи дека Баерн има почит кон Реал, но и верба во сопствените можности: „Имаме огромен респект за Реал Мадрид. Тие се тим што секогаш може да направи ...

Фермин Лопез доживеа страшна и незгодна повреда во првото полувреме на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Фудбалерот на Барселона имаше колосална шанса, биеше со глава, но голманот Мусо го одбрани ударот, а згора на тоа, несакајќи го „закачи“ Фермин по носот. Младиот офанзивец на Барселона остана да лежи облеан во крв, а снимките во ТВ-преносот беа дури и по малку вознемирувачки. На Лопез му беше укажана лекарска помош, по што беше решено дека ...

Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер одиграа страшно дерби во плеј-офот на Суперлигата. Во Автокоманда, иако пелистерци губеа со осум гола, дојдоа до победа (35-33) во спектакуларен натпревар за ракометно уживање. Тимот на Стевче Алушовски одигра меч во кој прво беше ставен во подредена улога од избраниците на Кирил Лазаров, кои со брза игра демонстрираа силен и модерен ракомет се одлепија, ама се врати во финишот од длабока негатива и ...

Барселона на совршен начин го отвори реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Каталонците тргнаа офанзивно на стартот од мечот на „Ванда Метрополитано“, а тоа резултираше со една кардинална грешка на Клемен Ленгле, која веднаш ја искористи Ламин Јамал. Беше проигран од Феран Торес, а Јамал немаше проблеми да го совлада голманот Мусо. Барселона поведе со 0-1 уште во четвртата минута и ја преполови предноста ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, испрати мотивирачка порака пред утрешниот реванш натпревар против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, истакнувајќи дека верува во способноста на својот тим да направи пресврт и да се пласира понатаму. На прес-конференцијата во Минхен, Арбелоа ја нагласи самодовербата и менталитетот на клубот во вакви натпревари. „Ако постои тим што може да дојде во Минхен и да направи пресврт, тоа сме ние. Не е ...

Екипите на Атлетико Мадрид и Барселона ќе играат уште едно дерби во Лигата на шампионите, а тренерите Диего Симеоне и Ханси Флик ги објавија стартните состави. Кај Каталонците во првиот тим ќе го нема Роберт Левандовски. Според формацијата објавена на УЕФА има изненадување во нападот - како центарфор се води Дани Олмо. Атлетико е во најсилен состав. Атлетико (4-4-2): Мусо; Молина, Ле Норманд, Ленгле, Ругери; Лукман, Коке, Љоренте, Симеоне; ...

Екипата на Ливерпул ќе брка два гола негатива против ПСЖ од првиот меч во Лигата на шампионите на домашен терен, а тренерите Арне Слот и Луис Енрике ги одредија стартните единаесет. Кај Ливерпул ќе ја нема првата ѕвезда Мохамед Салах кој ќе биде на клупата. Кај ПСЖ нема поголеми отсуства. Ливерпул (4-2-2-2): Мамардашвили; Фримпонг, Конате, Ван Дајк, Керкез; Гравенберг, МакАлистер; Вирц, Собослај; Екитике, Исак ПСЖ (4-3-3): Сафонов; Хакими, ...

Главниот тренер на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, го напушти клубот, соопштија од редовите на актуелниот шампион во МЛС, во потег кој предизвика изненадување во фудбалската јавност. Според информации од повеќе извори, како привремено решение на тренерската позиција би можел да биде назначен Гиљермо Хојос, кој веќе го водел тренингот на тимот во понеделникот. Клубот сè уште не ја потврдил оваа одлука официјално, но сигналите укажуваат на брза ...

Вториот светски рекет, Карлос Алкараз, се пласираше во осминафиналето на АТП турнирот во Барселона, откако лесно го совлада Финецот Ото Виртанен со конечни 2-0 (6-4, 6-2). Шпанскиот ас го надигра 130. тенисер во светот за еден час и 25 минути, не дозволувајќи никакви проблеми пред домашните навивачи. Алкараз направи вкупно четири брејка и заслужено стигна до триумфот, а во осминафиналната рунда ќе се соочи со Чехот Томаш Махач. Пласман во ...

Голема можност за младите фудбалери од Македонија ова лето – италијанскиот великан Милан го носи својот Јуниор Камп во Скопје. Кампот ќе се одржи од 10 до 14 јуни 2026 година во тренинг центарот „Петар Милошевски“. Станува збор за уникатна можност младите играчи да тренираат под водство на официјални тренери од италијанскиот гигант и одблиску да се запознаат со препознатливата методологија на работа на „росонерите“. Во текот на петдневниот ...

Англиската фудбалска легенда Рио Фердинанд на гостување на подкаст даде интересно мислење за тимот на Манчестер Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон. Повеќе тренери се променија на кормилото, но ниту еден не беше близу Шкотланѓанецот кој донесе историски успеси за „ѓаволите“. Но, што е со играчите? „По заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед донесе 49. Само тројца беа добри и ги оправдаа очекувањата за дресот кој го ...

Фудбалската асоцијација на Гана објави дека португалскиот стратег Карлос Кеироз е нов селектор на сениорската репрезентација. Кеироз (73) ќе го замени Ота Ада, кој беше отпуштен пред две недели по лошите резултати на пријателските натпревари против Германија и Австрија. „Го прифаќам овој предизвик со големо чувство на одговорност. Фудбалот ми даде предизвици, лекции и незаборавни патувања низ светот во текот на целиот мој живот. Гана е ...

Атлетико Мадрид вечерва ја пречекува Барселона на „Ванда Метрополитано“ во реванш средбата од четвртфиналето во Лига на шампиони, а во пресрет на дуелот беше објавена и одлуката на УЕФА по жалбата на каталонскиот клуб. Спорниот момент датира од првиот натпревар, на кој Атлетико славеше со 2-0. При едно изведување на гол-аут, дефанзивец на гостинскиот состав играше со рака, што од таборот на Барселона го оценија како ситуација за пенал. Сепак, ...

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство, откако на домашен терен во Битола убедливо загуби од селекцијата на Унгарија со 0-5 (0-4). Гостинките го решија прашањето околу победникот уште во првото полувреме, кога успеаја да постигнат четири гола и да ја потврдат фаворитската улога. Унгарија поведе уште во втората минута преку Папаи, што беше најава за ...

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, повторно ја разбранува фудбалската јавност со низа радикални идеи за промена на правилата во играта. Според него, модерниот фудбал мора да се прилагоди на новите генерации, бидејќи натпреварите стануваат предолги и недоволно динамични за денешната публика. Еден од најконтроверзните предлози е скратување на натпреварите на вкупно 50 минути, односно две полувремиња по 25 минути. Времето би се мерело ...

Екипата на Македонија ЃП стави крај на лошата серија од пет порази и освои еден бод во ремито кај Брера Струмица (1-1) во натпреварот од 27. коло на Првата македонска лига. Мечот започна со голема доза внимателност на двете одбрани, ниту еден тим не сакаше да тргне посилно во напад, иако домашниот тим имаше за нијанса повеќе од играта. Брера делуваше дека е малку во подобар ритам, но и „лавовите“ се закануваа со повремени брзи противнапади на ...

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов официјално се суспендирани на две години од Европската асоцијација (ЕХФ), а згора на тоа, ќе мораат да платат и парична казна поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство. Најдобрите македонски арбитри ќе треба да платат по 5.000 евра како казна за сторениот прекршок. Ви го пренесуваме соопштението на ЕХФ. „Ракометниот суд на ЕХФ донесе ...

Проблемите за Арсенал и Микел Артета не запираат. Британските медиуми пренесуваат дека денешниот тренинг на „топчиите“ минал без неколку важни играчи, за кои уште не е јасно дали ќе можат да настапат на мечевите против Спортинг и Манчестер Сити. Арсенал се подготвува за клучните натпревари во сезоната, а тренерот Артета денес ги немаше на располагање Рикардо Калафиори, Мартин Одегард, Деклан Рајс, Букајо Сака и Јуриен Тимбер. Посебно ...

Легендарниот кошаркарски тренер, Душко Вујошевиќ, денес беше погребан на новите гробишта во Белград, каде присуствуваа стотици негови пријатели, соработници и поддржувачи. Вујошевиќ почина на осми април по борбата со тешка болест, оставајќи зад себе огромно спортско наследство кое секогаш ќе се памети меѓу љубителите на кошарката. Опелото беше одржано во црквата Свети Никола, а таму присуствуваа многубројни негови поранешни кошаркари и ...

Екипата на Арсими забележа многу важна победа. Тимот го одбрани домашниот терен од Пелистер и славеше со 1-0 (1-0) во натпреварот кој вредеше многу повеќе од три бода, затоа што беше еден од главните за опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) оваа сезона. Арсими со триумфот е на седмото место со 35 бода, додека Пелистер е деветти со 26 освоени бода, на втората позиција која води во баражот за прволигашки статус и во следната ...

Завршницата на регуларниот дел од сезоната донесе јасна слика за распоредот во двете конференции, а сега фокусот се префрла кон возбудливиот плеј-ин турнир, кој во наредните денови ќе ги комплетира учесниците во плеј-офот. Форматот, веќе добро познат од последните сезони во НБА и Евролигата, повторно предизвикува поделени мислења. Дел од јавноста го поздравува, бидејќи ја зголемува неизвесноста и ја намалува бројката на неважни натпревари во ...

Екипата на ГРК Охрид е дел од завршниот Ф4-турнир во Купот на Македонија, а таму тимот го чека полуфинале против Еурофарм Пелистер. Мечот кој ќе се игра на турнирот во Струмица го најави голманот Кристијан Пилиповиќ, кој кажа дека за тимот ова е голем предизвик. „Се радуваме на овој турнир, ова е наша прва прилика да освоиме трофеј. Ривалите се на врвно ниво, а полуфиналето против екипа од Лигата на шампионите претставува голем предизвик. Ќе ...

Кој смее да гарантира дека е готово? Дека Барселона, по неочекуваните, мачни, болни 0:2 на „Камп Ноу“, нема да се врати во реваншот против Атлетико Мадрид? Ќе одекнува по улиците на Барселона зборот „ремонтада“, Каталонците ќе се подготвуваат да ѝ покажат на цела Европа дека судиските грешки, во кои се убедени дека довеле до крахот, не можат ништо против нив. Дека не можат да застанат на патот на екипата која се намерачила на првиот трофеј во ...

Вторпат во две години се сретнуваат и повторно исходот од двомечот, по сè изгледа, ќе биде ист. Со таа разлика што минатата сезона Пари Сен Жермен мораше да се помачи, да стравува и преку пенал-серија да избори пласман во следната рунда. Овојпат, се чини, ќе има полесна задача против Ливерпул, бидејќи на „Енфилд“ носи предност од два гола. Слободно можеме да кажеме „само“ два гола предност, затоа што доколку Усман Дембеле беше порасположен, ...

Финалето на Лигата на шампиони во 2027 година ќе означи крај на една препознатлива ера во европскиот фудбал, бидејќи тоа ќе биде последниот натпревар одигран со легендарната топка со ѕвездест дизајн на Адидас. Според најавите, од сезоната 2027/2028 нов снабдувач со топки ќе биде Најк, кој го презеде договорот вреден околу 45 милиони долари годишно. Со тоа ќе заврши долгогодишната соработка на УЕФА со Адидас, која траеше од 2001 година и ...

Ракометната федерација на Македонија продолжи да турка кон својата цел, а тоа е да го доближи овој спорт до најмладите. За таа цел се организираше Ракометниот караван кој се очекува да ја обиколи земјата. Сега од РФМ информираа дека следната дестинација ќе биде Струмица. Градот каде што ќе се одржи завршницата од Купот на Македонија ќе биде домаќин на караванот на 14 април (сабота). Централниот настан кој ќе започне во 12:00 часот ќе биде ...

Тимот на АП Брера во еден од директните дуели за опстанок денеска (15:30 часот) ја пречекува Македонија ЃП. Првенството влезе во самата завршница и сега веќе нема простор за големи грешки. Го знае тоа и стратегот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски. „Ова е еден од мечевите против директните конкуренти за опстанок. Немаме право на кикс. Играме на домашен терен и нашата цел е да ги освоиме трите бода. Знаеме дека нема да биде лесно, затоа што и на ...

Екипата на Македонија ЃП денеска во натпревар од 27. коло во домашното првенство оди на гостување кај АП Брера. Тимот од Ѓорче Петров, пролетва води жестока битка за опстанок во елитното друштво. Со 23 бода на контото во моментов екипата е на претпоследната позиција на табелата, но далеку од тоа дека се е готово за некогашниот шампион и освојувач на Купот на Македонија. Македонија ЃП има задача да освои што е можно повеќе бодови во следните ...

Екипата на ГРК Охрид го претстави третото засилување за следната сезона. На амбициозниот проект ќе се приклучи повремениот македонски репрезентативец Мартин Карапалевски. 26-годишниот среден бек со Охрид се договори за соработка од две сезони, што значи во сино-белиот дрес ќе настапува најмалку до јуни 2028 година. Во Охрид тој ќе го носи дресот со број единаесет. „Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. ...

Екипата на ГРК Охрид се пофали со уште едно ново име за следната сезона. Во градот покрај Охридското езеро се сели повремениот македонски репрезентативец Мартин Карапалевски. 26-годишниот среден бек со Охрид се договори за соработка од две сезони, што значи во сино-белиот дрес ќе настапува најмалку до јуни 2028 година. Во Охрид тој ќе го носи дресот со број единаесет. Карапалевски последните две сезони настапува за тимот на Ваљадолид во ...

Мвр билтен

42 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.58
34%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
28%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.83
38%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
41%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
36%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
39%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.685

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06