Фабрицио Романо со години е синоним за трансфери. Во последните пет години, италијанскиот новинар стана едно од најпознатите имиња во светот на фудбалските трансфер вести, а неговиот неуморен работен ритам го претвори во извор на инспирација за милиони фудбалски фанови. Денес, Романо има сè што некој во спортското новинарство би можел да посака: милиони следбеници, директен контакт со најголемите имиња во фудбалот и статус на „крал на ...

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, изрази задоволство по победата на гостувањето кај Ливерпул (0-2), истакнувајќи дека неговиот тим одиграл одличен натпревар. Францускиот репрезентативец нагласи дека дисциплината и трпението биле клучни за триумфот на „Енфилд“. „Одигравме зрело и останавме фокусирани во текот на целиот натпревар. Знаевме дека ќе имаме свои шанси и ги искористивме. Кога победувате на ваков стадион против ваков тим, тоа значи ...

Атлетико загуби со 1-2 од Барселона во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите на домашен терен, но се пласираше понатаму благодарение на победата од 2-0 во првиот натпревар. Стрелци на головите за Барселона беа Ламин Јамал и Феран Торес, додека Адемола Лукман беше авторот на погодок на домашниот тим. Ѕвездата на Барселона, Јамал, се огласи по новата елиминација во Лигата на шампионите и потенцираше дека неговото ветување е свето и ...

Женската фудбалска репрезентација го продолжи настапот во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во меч од третата рунда нашата селекција во Битола ја пречека Унгарија, која на крајот забележа убедлива победа од 5-0. „Унгарија е сериозен противник, фаворит за освојување на првото место во групата и тоа го докажа на дуелот во Битола. И овој натпревар беше уште една можност за оваа талентирана генерација да го стекне неопходното ...

Претседателот на Управниот одбор на фудбалскиот клуб Партизан, Расим Љајиќ, соопшти дека вкупниот долг на клубот во моментов изнесува 38 милиони евра. Тој посочи дека долгот е значително намален во однос на претходниот период, кога изнесувал околу 57 милиони евра, што претставува сериозен напредок во финансиската консолидација на клубот. Љајиќ нагласи дека клубот минувал низ исклучително тежок период, во кој приоритет биле стабилизацијата и ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот Мастерс турнир во Мадрид, со што го означува своето враќање на земјена подлога оваа сезона. Турнирот во шпанската престолнина ќе ги собере најдобрите тенисери во светот, а Ѓоковиќ ќе биде меѓу главните фаворити за висок пласман. По прескокнувањето на претходниот турнир, Мадрид ќе биде негова прва поголема станица во овој дел од сезоната, во кој традиционално се гради формата за ...

Некогашниот капитен на Партизан, Жофри Ловерњ, повторно се врати во белградскиот гигант и веќе потпиша договор, соопштија од клупската управа. Тој се враќа во Белград после цели 12 години, а навивачите му посакаа добредојде, со надеж за добри настапи во „црно-белиот“ дрес. Žofri Lovernj je ponovo u Partizanu! Nakon gotovo 12 godina, nekadašnji kapiten crno-belih se vratio svojoj kući! U junu 2014. godine, Žofri Lovernj je odlazeći iz ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека големото ривалство со Јаник Синер позитивно влијае врз неговата игра и го тера постојано да напредува. Алкараз нагласи дека честите дуели со Синер се огромен предизвик, но воедно и мотивација да го подигне своето ниво на игра. Тој истакна дека кога игра против Италијанецот мора да биде на максимум, што директно придонесува за неговиот развој како тенисер. „Секој пат кога играм против него, ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не го криеше задоволството од пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, а по вториот натпревар со Барселона, реши да го „испрати на спиење“ каталонскиот гигант. Барса доживеа елиминација со вкупен резултат 3-2, а популарниот „Чоло“, во свој стил реши да го поздрави Ламин Јамал, но и сите негови соиграчи. По завршувањето на мечот во Мадрид, неколку навивачи на Барса дофрлаа кон Аргентинецот, ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази разочараност и покрај победата од 2-1 против Атлетико Мадрид, со која неговиот тим сепак беше елиминиран од Лигата на шампионите. Германскиот стратег потенцираше дека клучен проблем биле пропуштените шанси, особено во првиот натпревар. „Мора да бидеме подобри. Имавме доволно шанси, но не ги искористивме кога требаше. Покажавме сериозен карактер на реваншот, но за жал, тоа не беше доволно за пласман ...

Управата на Еурофарм Пелистер најави ново засилување за следната сезона. Во Битола пристигнува Словенецот Миха Котар, кој настапува на позицијата среден бек. Битолчани решија организацијата на играта да му ја доверат на уште еден Словенец. 27-годишниот Котар доаѓа во Македонија од редовите на белградски Партизан. Котар е роден во Требње, каде заигра за матичниот Тримо, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше ...

Актуелниот англиски првак Ливерпул доживеа тежок удар, откако напаѓачот Уго Екитике заработи сериозна повреда на реваншот против ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Французинот се повреди во 28. минута по еден дуел и незгодно згазнување, по што веднаш се фати за петата и побара помош. Според информациите, станува збор за пукање на „Ахиловата тетива“, повреда која значи крај на сезоната и сигурно пропуштање на Светското првенство. ...

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Хозе Емилио Сантамариа, почина на 96-годишна возраст, оставајќи зад себе богато наследство во светскиот фудбал. Сантамариа го носеше дресот на „кралскиот клуб“ од 1957 до 1966 година и беше еден од столбовите на генерацијата која доминираше во Европа. Со Реал освои шест титули во шпанското првенство, четири европски круни, како и по еден национален и Интерконтинентален куп. Поради неговите извонредни ...

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс изборија пласман во финалето на плеј-ин турнирот во НБА, откако по драматичен натпревар го совладаа Мајами Хит со 127:126 по продолжение. Херој на тимот од Шарлот беше Ламело Бол, кој го постигна кошот за победа во самиот финиш и му донесе огромна радост на својот тим. Сепак, натпреварот не помина без контроверзии. Во текот на првата четвртина, при еден напад, Бол заврши на паркетот, а во обид да се снајде во ...

Атлетико Мадрид ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите, иако загуби со 1-2 на реваншот од четвртфиналниот двомеч. По натпреварите се крена прашина, каталонскиот тим се жали дека е оштетен, а сега дојде и реакција од другата страна. На коментарите се надоврза голманот на Атлетико, Хуан Мусо кој ги анализираше натпреварите. „Излегува како да не им се досудени три пенали. Не може да зборуваат за кражба. Го разбирам Рафиња и го почитувам ...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа официјалната прес-конференција по повод организацијата на Светското првенство во ракомет за ученици - ИФС Скопје. На стартот на средбата со новинарите прв се обрати домаќинот првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, кој кажа: „Ова Светско првенство е голема чест за ракометот и спортот, но и за училишниот спорт и за младите деца. Голем предизвик, 23 селекции треба да допатуваат ...

„Топџиите“ се вратија од Лисабон во Лондон со гол предност пред Спортинг, што дополнително ја зголемува нивната улога како фаворити за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, но далеку е од тоа дека португалскиот претставник нема што да бара на „Емирати“. Избраниците на Микел Артета дојдоа на гореспоменатиот гостински натпревар со цел да останат непоразени. Да не беше брилијантниот Давид Раја, ќе им беше тешко да го сторат тоа. Во ...

Класик на европскиот фудбал. Можеби најголемиот во модерната историја. Двете екипи одиграле култни натпревари во Лигата на шампионите толку многу пати, и интересно е што никогаш не се сретнале во финалето. Сепак, овие судири честопати биле „финале пред финале“, а нивниот победник подоцна одел до самиот крај. И сега Баерн е, според многумина, главен фаворит за освојување на европскиот трон, што го докажаа во првиот натпревар од четвртфиналето ...

Двократниот европски првак Вардар 1961 го потврди новото засилување за следната сезона, а тоа ќе биде Мохаб Абделхак. Египетскиот десен бек доаѓа во редовите на вардарци директно од германскиот гигант Кил. Станува збор за 23-годишник кој има огромен потенцијал, а тоа го покажа и со настапите во Бундеслигата, како и за репрезентацијата на Египет чиј стандарден член е веќе неколку години. Абделхак во својата кариера првите чекори ги направи во ...

Фудбалерот на Барселона, Рафиња жестоко реагираше по елиминацијата од Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лига на шампиони, обвинувајќи дека неговиот тим бил оштетен од судијата. Каталонците славеа со 2-1 на гостувањето на „Метрополитано“, но тоа не беше доволно за пласман понатаму, бидејќи во првиот натпревар беа поразени со 2-0 на домашен терен. Бразилецот, кој поради повреда го пропушти реваншот во Мадрид, не го криеше разочарувањето по ...

Како дел од наредните планирани активности, Кошаркарската федерација на Македонија, со активна поддршка на ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе биде организатор на наредното издание на Европската конвенција за минибаскет. Во периодот од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде домаќин на голем број на кошаркарски тренери од Стариот континент, кои работат со играчи во оние најмали возрасни категории. Главната цел на Конвенцијата, на која се очекува учество ...

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс по драма и продолжение го победија Мајами Хит (127-126) во плеј-ин фазата и го елиминираа тимот од Флорида од НБА лигата. „Жешките“ се првите елиминирани во доигрувањето на најсилната лига на светот, а Шарлот оди во финалето на плеј-ин фазата и ќе игра со поразениот од мечот меѓу Филаделфија 76ерс и Орландо Меџик. Шарлот Хорнетс - Мајами Хит: Што се однесува до натпреварот, Ламело Бол со 30 и Мајлс Бриџс со 28 ...

Лос Анџелес Лејкерс регуларниот дел од сезоната во НБА го заврши со победа против Јута Џез и со тоа го обезбедија четвртото место, од кое ќе влезе во плеј-офот. Иако е високо рангиран, малкумина веруваат дека може да ја освие титулата во НБА од неколку различни причини. Имаше проблеми со формата и хемијата во тимот, но пред сè, она што предизвикува најголема главоболка кај навивачите и тренерскиот штаб на Лејкерси е повредата на Лука Дончиќ, ...

Раководството на Наполи донело цврста одлука околу иднината на Ромелу Лукаку, откако напаѓачот дефинитивно ја загуби почитта поради големата недисциплина и непојавувањето во тренинг-кампот по последната репрезентативна пауза. Според информациите, управата повеќе не смета на белгискиот голгетер и веќе работи на сценарио за негово заминување во летниот преоден рок. Причина за ваквиот пресврт се нарушените односи, недисциплината и ...

Легендарниот англиски фудбалер, Гери Линекер, отворено ги прокоментира методите на работа на Шпанецот Микел Артета, нарекувајќи ги „нездрави и грозни“. Линекер во едно интервју рече дека тренинзите на Арсенал изгледаат како хиерархија во војска, критикувајќи го пристапот на Артета, за кого рече дека се труди „со сила да биде поинаков“. „Ќе се осудам да речам дека методите на тренирање на Артета се грозни, нездрави и морничави. Асистентите со ...

Менаџерот на Борнмут, Андони Ираола, ќе го напушти англискиот фудбалски клуб на крајот од сезоната. 43-годишниот Баскиец го презеде Борнмут во 2023 година и со својата филозофија и систем ја одушеви фудбалската јавност. Шпанскиот менаџер претходно ги водеше Рајо Ваљекано, Мирандес и АЕК Ларнака. „Чест ми е што сум дел од Борнмут и горд сум на она што го постигнавме заедно. Благодарен сум на играчите и на клупскиот персонал со кои соработував. ...

Актуелниот европски шампион, ПСЖ, обезбеди ново полуфинале во Лигата на шампионите, откако и вечерва го совлада англискиот Ливерпул, повторно со конечни 0-2 (0-0). Херој на „светците“ од Париз беше Усман Дембеле, кој беше автор на двата погодока. Првото полувреме понуди динамична игра на двете страни, со по неколку солидни прилики на двете страни. Усман Дембеле имаше колосална шанса во 17. минута, но биеше од свртување високо над голот. ...

Екипата на Атлетико Мадрид се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Јорганџиите на домашен терен загубија од Барселона со 1-2 (1-2), но заради триумфот во Каталонија, патуваат меѓу најдобрите четири во најелитното европско фудбалско натпреварување. За Диего Симеоне ова беше прв пораз како тренер на Атлетико во нокаут-фазата на домашен терен. Барселона успеа да направи нешто што никој не го направил претходно, но мора да се помири ...

Италија продолжува да го зајакнува своето место во светскиот тенис, откако беше потврдено дека од 2028 година ќе организира нов АТП турнир на тревна подлога, кој ќе се игра непосредно пред почетокот на Вимблдон. Новиот турнир ќе се одржува во Милано и ќе биде дел од серијата АТП 250, со можност во иднина да прерасне во повисока категорија. Со ова, Италија за првпат ќе добие машки турнир на трева на највисоко ниво. Натпреварувањето ќе биде ...

Младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал продолжува да остава силен печат на европската сцена, потврдувајќи дека станува збор за еден од најголемите таленти во современиот фудбал. Во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид, офанзивецот повторно беше во центарот на вниманието, постигнувајќи погодок со кој испиша нов рекорд во елитното натпреварување. Со овој настап, Јамал стигна до значајна бројка ...

Мвр билтен

42 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.58
34%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
28%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.83
38%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
41%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
36%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
39%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.685

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Калај

50.03

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09