Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Александер Зверев мораше да игра четири сета и со пресврт го победи Габриел Диало (3-1) на стартот на Австралија Опен. Германскиот тенисер го загуби првиот израмнет сет, откако попушти во тај-брејкот и Канаѓанецот го казни со сигурни 7-1. Сепак, следуваше брзо будење на Зверев кој го доби вториот сет со 6-1. Диало пружи отпор уште во третиот кој го загуби со 6-4, но потоа фаворитот со 6-2 го затвори мечот во своја корист. Во второто коло ...
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс загубија на гостувањето кај Сан Антонио Спарси (126-123) во НБА лигата. Не беше доволна ниту рекордната партија во кариерата на Ентони Едвардс, кој мечот го заврши со 55 поени за позитивен резултат во Сан Антонио. Виктор Вембањама на спротивната страна исто така беше одличен, бидејќи за половина час на паркетот уфрли 39 поени и ги водеше Спарси до победата, а од голема помош му беше Деандре Фокс со 25. Сан ...
Легендарниот поранешен светски шампион, Дејмон Хил, верува дека актуелниот првак во Формула 1, Ландо Нориc, не само што освои една титула, туку има потенцијал да продолжи да доминира уште подолго време. Хил оценува дека најтешкиот ментален праг е преброден и тоа може да му отвори пат кон уште три или четири шампионски титули во кариерата. Според Хил, освојувањето на првиот шампионски пехар е голема бариера за секој возач, а откако тој успех е ...
Чаби Алонсо ја загуби работата во Реал Мадрид, откако раководството одлучи да стави крај на соработката по серијата настани кои ја нарушија стабилноста во тимот. Иако на почетокот доби доверба и имаше солиден старт, ситуацијата со текот на времето значително се искомплицира. Клучниот проблем беше нарушениот однос со дел од играчите. Начинот на работа, строгата тактичка дисциплина и високите барања не беа прифатени од сите, што доведе до ...
Италијанскиот тенисер Матео Беретини го откажа настапот на Австралијан опен, па турнирот во Мелбурн уште пред официјалниот почеток остана без еден од најатрактивните дуели во воведната рунда. Со повлекувањето на Беретини пропадна мечот против Алекс де Минер, кој според ждрепката требаше да биде еден од највозбудливите во првите денови на турнирот. Италијанецот одлуката ја соопшти непосредно пред стартот, нагласувајќи дека здравствената ...
Ракометната селекција на Франција сруши еден рекорд и израмни друг на Европското првенство. Во натпреварот од второто коло од групата Ц, „триколорите“ постигнаа 46 гола против Украина, најмногу што некогаш постигнала една селекција во еден натпревар во историјата на Европското првенство. Натпреварот заврши со победа на Франција од 46-26. Досега, рекордот од 42 гола за еден натпревар го делеа Норвешка, Шведска и Франција. И покрај тоа што ...
Македонскиот суперлигаш Охрид ја совлада српската екипа на Динамо Панчево 27-20, во полуфиналниот натпревар од петтото издание на Турнирот “Вук Рогановиќ”, што се одржува во Белград. Иванковиќ беше најефикасен со седум гола, Пилиповиќ оствари тринаесет одбрани и беше прогласен за играч на мечот. Охрид: Стрмљан 4, Ојлески 3, Иванковиќ 7, Кукуловски, Трајчески, Ристески, Тасески 4, Реј, Савревски 3, Лиапис, Бојаниќ, Петриќ 3, Ќосевски 3, ...
Вечерва се одиграа неколку дерби натпревари од 18. коло во француската Лига 1, а убедливи победи остварија Тулуз и Марсеј. Тулуз ја победи Ница со 5-1 на домашен терен, што е нивен трет триумф во последните четири кола и благодарение на оваа серија се проби на седмата позиција. Идалго и Магри го одбележаа првото полувреме со своите голови, а на почетокот од второто, Ваи ја врати надежта за Ница. Таа надеж не траеше долго, бидејќи Тулуз ...
Фудбалерите на Бетис го победија Виљареал со 2-0 на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља, во натпреварот од 20. коло на Примера. Првото полувреме заврши без голови. Иако домашните имаа поголем посед на топката, Виљареал создаваше шанси со контранапади. Сепак, голманите на двете страни беа на висина на задачата. По одморот и враќањето на теренот, Бетис поведе во 56. минута. Во шеснаесетникот, Руибал искористи груба грешка и ја смести топката во ...
Србија ја изненади и победи Германија (30-27) во второто коло на Европското првенство. Со овој триумф Србите останаа во игра за главната фаза, па во последното коло ќе решаваат сами за себе. По натпреварот анализа на одиграното даде селекторот Раул Гонзалез. „Многу се подобривме од првиот натпревар. Сега против Германија се беше подобро, и во одбрана и во напад. Мора да се фокусираме на третиот натпревар против Австрија. Тоа е меч на кој сите ...
Екипата на Јувентус беше јасен фаворит против Каљари, но на крај мораше да го положи оружјето и во Сардинија загуби со минимални 1-0 (0-0). Натпреварот започна со контроверзен момент. Давиде Маса покажа на белата точка, но по ВАР прегледи мораше да ја промени својата одлука бидејќи Мацители, се покажа, не направил прекршок врз Мирети. Мирети имаше уште една ситуација кога можеше да постигне гол, но Каприле најави дека ќе има одличен меч. ...
Ракометарите на Србија со победа над Германија (30-27) останаа во игра за главната фаза на Европското првенство. По голема борба во Хернинг српската селекција стигна до прв триумф на турнирот, а по мечот коментар за одиграното даде Стефан Додиќ. Тој освен анализа на одиграното, се присети и на времето минато во Македонија. „Ова беше тежок натпревар против еден од ривалите за медал. Мило ми е што успеавме да победиме, иако беше претешко. Нè ...
Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, направи колосална грешка и тоа во клучните моменти од натпреварот против Србија, која можеби е клучна за поразот на неговиот тим. По невидена драма, Србија славеше над ракометната суперсила со 30-27, а за оваа победа уште долго ќе се зборува. Сепак, еден детаљ од последните минути привлече големо внимание. Во самата завршница, Србија го врати водството откако Марсениќ погоди за 26-25. Набргу потоа ...
Ракометната селекција на Србија приреди сензација на Европското првенство, откако по невиден пресврт извојува триумф над големата Германија. „Орлите“ на Раул Гонзалез имаше негатива од четири гола на полувреме, но во вториот дел го наполнија голот на фаворитот и извојуваа триумф од 30-27 по кој останаа во игра за пласман во втората фаза. Точка на победата на Србија стави Дарко Ѓукуќ, ракометарот на Охрид, кој со вртенка го измами Волф. На ...
Раул Гонзалез и Србија приредија сензација и со победата над Германија со 30-27 (13-17) ги обновија своите шанси за место во главната групна фаза. Германските фанови ја наполнија арената во Хернинг (преку 9.000 гледачи) и натпреварот како да го играа на домашен терен. Сепак, и Србија почна одлично и долго во првиот дел се играше гол за гол. Следеа одбрани на Шпат, голови на Кестер и Семпер за +2 во 13. минута. Следеше исклулување на Пешмалбек ...
Ракометната селекција на Норвешка ја забележа втората победа во групата Ц од Европското првенство и обезбеди пласман во главната фаза на шампионатот на кој е ко-домаќин. Во второто коло совладана беше селекцијата на Чешка со 25-29. Норвешка по убедливиот триумф над Украина, но и по катастрофалната игра на Чешка против Франција, некако премногу опуштено влезе во овој натпревар. Атмосферата во „Унити Арена“ во Осло беше фантастична, домашните ...
Ракометарите на Македонија ќе се судрат со Португалија во второто коло на Европското првенство. Европската ракометна федерација (ЕХФ) веќе ги делегира официјалните лица за натпреварите. На Македонија повторно ќе ѝ судат браќа близнаци, а тоа ќе бидат Дино и Амар Коњичанин од Босна и Херцеговина. Натпреварот меѓу Македонија и Романија во „Јуске Банк Боксен“ се игра в недела во терминот од 18:00 часот. Португалците победија во првото коло ...
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одново беше стартер во својот Наполи, но не го доигра натпреварот со Сасуоло во рамки од 21. коло во италијанскиот шампионат. Во 56. минута од средбата Елмас легна на тревникот сигнализирајќи дека му е потребна замена. Докторскиот тим пријде и му укажа помош, а тој кога стана се држеше за главата и лицето и го напушти теренот. Во отсуство на Конте кој е суспендиран, неговиот помошни Кристијан Стелини ...
Насер Ал Атијах ја обезбеди својата 6 титула на легендарното рели Дакар, кое повторно се возеше низ пустините на Саудиска Арабија. Искусниот Катарец со својата Дачиа без поголеми проблеми ја одбрани предноста во последната етапа и избегна кикс, откако во петокот стигна до својот јубилеен 50. етапен триумф во кариерата на Дакар. Ал Атијах ја заврши завршната етапа на деветтото место, но тоа беше доволно за одбрана на врвот во генералниот ...
Екипата на Баерн Минхен забележа уште една победа во Бундеслигата, откако во дербито на гости кај РБ Лајпциг по пресврт славеше со убедливи 1-5 (1-0). Баварците во најлош момент гостуваа кај секогаш незгодниот ривал. Многумина очекуваа дека токму „биковите“ ќе го искористат заморот на шампионот и фактот што за неколку дена треба да игра во Лигата на шампионите, но четата на Винсент Компани покажа супер-квалитет кога најмногу требаше и го ...
Фудбалерите на Нотингем Форест успеаја да му одолеат на лидерот во Премиер лигата Арсенал и одиграа нерешени 0-0 во средбата од 22. коло. Мечот на „Сити Грауинд“ сосема очекувано донесе теренска доминација на гостинот од Лондон. Сепак, избраниците на Микел Артета се мачеа и не успеваа да го скршат отпорот на домашните. „Топчиите“ имаа неколку сериозни шанси за гол, најзрелите беа преку Габриел Мартинели кој не реализира зицер, а ударот на ...
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер за Наполи во мечот од 21. коло на Серија А против Сасуоло. Сепак, играчот за врска не го доигра натпреварот и беше заменет во 56. минута од средбата. Елмас во еден момент само легна на тревникот сигнализирајќи дека му е потребна замена. Докторскиот тим пријде и му укажа помош, а тој кога стана се држеше за главата и лицето. Според информациите од Италија, Елмас имал вртоглавици, но не е ...
Во комплетно издание, со доминација од почетокот до крајот, шпанската ракометна репрезентација ја совлада Австрија со 30-25 (19-12) и го трасира патот за главната групна фаза. Во текот на сите шеесет минути Шпанците играа разновидно и потврдија дека и во новата генерација има неспорен квалитет. Дуелот започна израмнето и блесоџи на двете репрезентации во раната фаза, „Фуријата“ прва повлече и со головите на Гури и Гарсиандија во десеттата ...
Ракометната репрезентација на Хрватска се измачи за прва победа на Европското првенство, откако Грузија ѝ пружи сериозен отпор, но на крајот загуби со 32-29 (15-14). Избраниците на Дагур Сигурдсон имаа повеќе нерви и искуство во клучните моменти, иако неизвесно беше практично до 57. минута од средбата во Малме. Грузијците со полетна игра ги изненадија Хрватите и во првиот дел имаа предност од неверојатни шест гола (5-11). Сепак, фаворитот се ...
Македонскиот второлигаш Новаци се пофали со ново засилување за остатокот од сезоната. Во тимот пристигна младиот Стефан Секирски, кој ја покрива левата бековска позиција. Седумнаесетгодишниот фудбалер беше член на Беласица од Струмица, а кариерата ја започна во матичниот Пелистер. Новаци ја заврши есенската полусезона на шестото место на табелата со вкупно 27 бодови. Амбициите на екипата се јасни - вмешување во битката за погорните позиции. ...
Фудбалерите на Нигерија го освоија бронзениот медал во „малото финале“ на Афиканскиот Куп на нации, откако подобро изведуваа пенали (2-4) од Египет. Натпреварот на „Мохамед Петти“ во Казабланка понуди голема борба, но не и голови во регуларното време и победникот се решаваше во пенал рулетот. Се играше целосно израмнет дуел, а Нигеријците немаа среќа во две ситуации. Во првото полувреме патот до мрежата на ривалот го пронајде Самуел Чуквуезе, ...
Екипите на Мајорка и Атлетик Билбао одиграа ефикасен натпревар во дваесеттото коло на шпанската Примера, а победата на крајот замина кај домашниот тим, кој славеше со конечни 3-2 (2-2). Вистински херој на Мајорка беше одличниот Ведат Муричи, кој запиша хет-трик зад своето име и донесе важна победа за неговиот тим. Атлетик двапати се враќаше во игра со головите на Унаи Гомез и Нико Вилијамс, но недоволно за освојување барем еден бод на ова ...
Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога и одиграа само 1-1 против Барнли на „Енфилд“, во рамки на 22. коло од англиската Премиер лига. Ова беше четврто последователно реми за „црвените“ во првенството, и тоа против претпоследната екипа на табелата, што дополнително го зголеми незадоволството кај навивачите и го отвори прашањето за формата на тимот на Арне Слот. До победата не се дојде иако Ливерпул имаше преку 30 ...
Екипата на Пелистер пристигна во Турција каде ќе ја темпира формата за продолжението од сезоната во ПМФЛ каде целта е опстанок. Со цел да се воигра тимот, во Анталија, Пелистер договори три контролни натпревари преку кои ќе ја бруси формата. 20.01 – Пелистер – Спартак Суботица (Србија) 24.01 – Пелистер – Железничар (БиХ) 28.01 – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан) Во меѓувреме клубот ќе го дефинира играчкиот кадар и ќе ги претстави ...
Екипата на Борусија Дортмунд многу потешко од очекуваното ја оправда фаворитската улога и славеше со конечни 3-2 (1-0) против Сент Паули во натпреварот од осумнаесеттото коло во германската Бундеслига. „Милионерите“ имаа повеќе од играта и делуваше дека се близу до победата откако имаа комотни 2-0, но така не мислеа гостите кои успеаја да се вратат во егал-ситуација. Јулијан Брандт и Карим Адејеми биеја за домаќините, а Сент Паули се врати со ...