Екипата на Атлетико Мадрид минимално го совлада Алавес и победи со конечни 1-0 (0-0) во натпреварот од дваесеттото коло на шпанската Примера. „Јорганџиите“ на Диего Симеоне ги освоија бодовите со погодокот на Александер Сорлот, кој биеше прецизно во 48. минута, на асистенција на Пабло Бариос. Имаше домаќинот осум зрели шанси, шестпати биеше во рамките на голот, но остана на само еден погодок во гостинската мрежа. Во секој случај, за Атлетико ...

Еден од претендентите за највисок пласман во сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга Трим Лум веќе се смести во Анталија, Турција, каде ќе ја одработи главната фаза од зимските подготовки. Подготвителната фаза во Анталија, Турција има за цел тимот да ја подобри физичката и тактичката форма во пресрет на важните предизвици што го очекуваат во пролетниот дел од сезоната. Покрај интензивните тренинзи, Струга во Турција ќе ...

„Фалангата“ полека ги зазема своите места во арената во Хернинг, а за натпреварот со Португалија доби засилување од Скандинавија. Фредерик допатува од Шведска во Данска и заедно со своите пријатели од Прилеп ќе ги бодри ракометарите на Лазаров на клучниот натпревар со полуфиналистот од последното Светско првенство. Фредерик, или на македонски Џими истакна дека денеска ќе ја бодри нашата репрезентација, а додаде и дека ја сака Македонија ...

Њукасл Јунајтед не ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено (0-0) на гостувањето кај последнопласираниот тим во Премиер лигата - Вулверхемптон. „Страчките“ имаа скоро 70 проценти посед на топката, создадоа над 15 шанси, но само двапати се заканија директно во рамките на голот, а тоа се покажа како недоволно за освојување на целиот плен. aha.jpg Њукасл со ова реми остаува на осмото место со 33 бодови, а „волците“ го освоија само ...

Во натпреварот од 18. коло на германската Бундеслига, Штутгарт и Унион Берлин одиграа реми со конечни 1-1 и ги поделија бодовите. Домаќините дојдоа во водство во второто полувреме со погодокот на Крис Фурих, но гостите од Берлин успеаја да израмнат преку Јонг Ву Јонг и да обезбедат бод на тешкото гостување. Дуелот беше затворен и изедначен, со шанси на двете страни, а двата тима покажаа борбен пристап во текот на целото време. Сепак, ривалите ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија го игра својот втор натпревар на Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, а поддршката од трибините нема да изостане. Меѓу македонските навивачи во Хернинг на мечот со Португалија ќе биде и поранешниот репрезентативец Филип Лазаров, брат на селекторот на националниот тим, Кирил Лазаров. Иако во моментов е целосно посветен на тренерската работа и го предводи германскиот ...

Искусниот Никола Митревски и Жарко Пешевски се враќаат во составот на Македонија. Селекторот Кирил Лазаров ги врати пелистерците во својот ростер, откако двајцата поради ситни повреди не настапија на дуелот со Данска на отворањето на Европското првенство. На натпреварот со Португалија нема да настапат младите Иван Галевски и Самоил Ристевски, како и Дамјан Митев, кој беше надвор од составот и против домаќинот. sostavi.png Натпреварот меѓу ...

Македонската ракометна репрезентација и против Португалија нема да биде сама во Хернинг, бидејќи трибините повторно ќе ги „освои“ популарната „Фаланга“. Стотици македонски фанови веќе пристигнаа во „Јуске Банк Боксен Арената“ и со црвено-жолти знамиња, шалови и дресови се загреваат за клучниот натпревар на нашите избраници. Песни, тапани и скандирања се дел од добро познатата приказна, со која „Фалангата“ со години важи за една од најгласните ...

Екипата на Фиорентина полека излегува од длабоката резултатска криза и успеа да победи кај незгодната Болоња со конечни 1-2 (0-2) во натпреварот од 21. коло во Серија А. „Виолетовите“ ги обезбедија трите бода уште во првото полувреме, кога стрелаа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи. Гостите имаа уште еден погодок, но беше поништен поради осфајд-ситуација. g-9ke6wxkaa2fgs.jpg Болоња прикажува мал пад во формата, а тоа се докажа и со очајниот ...

Екипата на Валенсија се избори за минимална победа на гостувањето кај Хетафе (0-1) во натпреварот кој се играше во рамки на дваесеттото коло на Примера. Гостите ги обезбедија трите бода со голот на Хозе Гаја, кој биеше прецизно 84. минута и донесе огромна радост за своите навивачи. Нашиот Столе Димитриевски повторно беше меѓу стативите на „лилјаците“ и доби солидна оценка за неговиот настап - 7,3. Репрезентативниот чувар на мрежата двапати ...

Манчестер Јунајтед одигра фантастичен натпревар под водство на Мајкл Керик и пред својата публика славеше над Манчестер Сити со 2-0, во 198 градско дерби. Сити не само што загуби, туку не успеа да креира ниту една посериозна шанса, а најголемите заслуги за тоа одат кај дефанзивната линија на „ѓаволите“, која беше беспрекорна. Пред натпреварот, дефанзивецот на Јунајтед, Лисандро Мартинез, беше предмет на коментари од клупските легенди, на кои ...

Кинеската тенисерка Џошуа Баи приреди големо изненадување во првиот ден од Отвореното првенство на Австралија. Баи која е рангирана на 697. место на ВТА листата, ја елиминираше Русинката Анастасија Павличенкова по супер тај-брејк – 6-4, 2-6, 7-6/10. Двете тенисерки одиграа драматичен натпревар, во одлучувачкиот сет пропуштија по една меч-топка, а потоа 24-годишната кинеска тенисерка ја искористи втората шанса. Павличенкова сигурно е далеку од ...

Екипата на Работнички беше единствената која што не го победи Шкупи во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ, но затоа денеска во пријателски натпревар славеше со убедливи 5-2. На натпреварот одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, дебармаалци поведоа во седмата минута, но чаирчани израмнија во 28. минута. До крајот на првиот дел падна уште еден гол, по кој Работнички одново поведе. Во продолжението Работнички брзо ја зголеми разликата ...

Ракометниот суперлигаш Прилеп со полна пареа ги работи зимските подготовки за преостанатиот дел од сезоната во елитното македонско друштво. Екипата предводена од тренерот Наум Танески ќе тренира само во Прилеп, а до крајот на подготовките веројатно ќе одигра и неколку пријателски натпревари. Од тимот замина левиот бек Божидар Левковиќ, а пристигнаа десните бекови Никола Шипинкоски од Охрид и Лука Ѓорѓиевски од Еурофарм Пелистер. Повеќе нема ...

Парма и Џенова ги поделија бодовите во ремито кое заврши со најнепопуларниот резултат во фудбалот, 0-0. Натпреварот се играше во рамките на 21. коло во Серија А. „Млекарите“ имаа за нијанса повеќе од играта, но не успеаја да го отворат резултатот, иако и гостите не беа ривал за потценување и трипати се обидоа во рамките на голот. За Парма ова е 23. бод сезонава, со кој останува на тринаесетото место на табелата, додека Џенова е на три позиции ...

Јури Кнор повторно беше во центарот на вниманието по поразот на Германија од Србија (27-30) на Европското првенство во ракомет. По натпреварот, 25-годишниот играч јавно изрази незадоволство, најмногу поради малата минутажа што ја доби во второто полувреме и одлуките на селекторот Алфред Гисласон. Кнор рече дека е природно за играчот да се нервира кога не може да им помогне на соиграчите на теренот, особено во клучните моменти. Дополнителна ...

Јувентус ја заврши позитивната серија во италијанскиот шампионат со незгоден и неочекуван пораз од Каљари (1-0), а тренерот Лучијано Спалети во манир на голем џентлмен го пофали домаќинот за борбената игра на теренот. „Бјанконерите“ кикснаа во борбата за највисок пласман во Серија А, повторно заостанувајќи зад водечкото трио - Наполи, Милан и Интер. „Го поздравувам Каљари за големата борба, домаќинот на овој меч заслужено дојде до победата. ...

Српската тенисерка Олга Даниловиќ ја победи американската легенда Венус Вилијамс со резултат 2-1 во сетови (6-7/5), 6-3, 6-4) во првото коло на Австралијан Опен. Ова беше првпат во кариерата на Даниловиќ да игра против Вилијамс, која иако има многу повеќе искуство и е освојувач на седум Грен-Слем титули, на почетокот на мечот делуваше доминантно. Американката поведе со 4-0 во третиот сет, но Даниловиќ направи фантастичен пресврт и освои шест ...

Второлигашот Осогово ги започна зимските подготовки за останатиот дел од сезоната, а воедно се пофали и со три нови засилувања. Тренерот Крсте Крстев отсега во тимот ги има напаѓачот Филип Димосски, левото крило Стојан Велинов и дефанзивецот Алпај Јусуф, кои треба да ја збогатат играчката ротација во пролетниот дел од сезоната. Подготовките започнаа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, и ќе се работи на тактичко-технички детали кои можат ...

Македонскиот второлигаш Новаци продолжува со доведување нови играчи за остатокот од сезоната. Откако вчера беше потпишан договор со младиот Стефан Секирски, денес на тимот му се приклучи и Мартин Пивковски, кој пристигна од екипата на Детонит Плачковица. Се работи за 20-годишен дефанзивец, од кого се очекува да биде солидно засилување за претстојните предизвици во второлигашкото друштво. Новаци во моментов е шестопласиран на табелата, со 27 ...

Карлос Алкараз комплетно ја оправда фаворитската улога и го победи Австралиецот Адам Волтон со убедливи 3-0 (6-3, 7-6/2 и 6-2)во првото коло на Австралија Опен. Шпанскиот ас ја заврши работата за два часа и осум минути, не оставајќи му големи шанси на ривалот кој, рака на срце, одигра одличен втор сет и беше близу до мини-сензација. Во следното коло Алкараз ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман, кој претходно го надигра Американецот Закари ...

Ако ги следевте квотите на обложувалницата Mozzart Bet пред почетокот на Купот на африкански нации, можевте да се уверите дека најголеми шанси да стигнат до финалето им дававме на Мароко и Сенегал. Токму Лавовите од Атлас и Лавовите од Теранга покажаа најмногу на овогодинешниот турнир и заслужено изборија настап во неделното финале во Рабат. Сенегал доминантно стигна до финалето, бидејќи ниту еднаш не мораше да игра продолженија. Паднаа Судан ...

Ракометната репрезентација на Македонија е пред голем предизвик на Европското првенство, бидејќи ќе се судри со Португалија во втората рунда. Нашата селекција ја победувала Португалија во 1997, 1998, 2008, 2013 и 2023 година, додека имаме и шест порази од овој ривал. Последниот меѓусебен судир беше во квалификациите за претходното Европско првенство кога одигравме двомеч и двете репрезентации победуваа по еднаш на домашен терен. Интересно е ...

Арина Сабаленка во два сета го реши првиот предизвик на Австралија Опен, победувајќи ја Тиантсоа Сара Ракотоманга со 2-0 по час и 17 минути борба во Мелбурн. Првата светска тенисерка лесно ја реши добитничката на „вајлд-карта“, иако во првиот сет доби отпор и мораше да игра десет гема (6-4). Во вториот Сабаленка уфрли во брзина повеќе и со 6-1 го реши мечот во своја корист. По победата Сабаленка го зеде својот мобилен телефон и дојде до ...

Ракометарите на Србија го направија најголемото изненадување досега на Европското првенство и ја победија Германија (30-27), со што си ги отворија вратите за втората фаза. По натпреварот поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев ни го анализира одиграното против Германците. Тој нагласи дека Србите морале да бидат перфектни, бидејќи ривалот знае како да казни и најмала грешка. „Направивме многу пред натпреварот за да бидеме вака ментално ...

Легендарниот напаѓач Руд ван Нистелрој повторно е дел од холандската репрезентација, но овој пат во нова улога. Тој се приклучи на стручниот штаб на националниот тим и се очекува да донесе уште попозитивна атмосфера меѓу играчите. Ван Нистелрој ќе му помага на селекторот Роналд Куман, носејќи огромно искуство од својата богата играчка и тренерска кариера. Како поранешен репрезентативец и еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Холандија, ...

Ракометарите на Македонија ќе ја предизвикаат Португалија во директна битка за втората позиција во групата Б на Европското првенство. Во пресрет на дуелот против нашата селекција, своите очекувања ги сподели еден од младите лидери на тимот Мартим Кошта. Тој нагласи дека против Македонија ќе биде потешко отколку на мечот со Романците. „Против Македонија ќе биде потешко отколку со Романија. Македонските ракометари одиграа навистина добро прво ...

Ракометната репрезентација на Македонија ќе се судри со Португалија во второто коло на Европското првенство. По очекуваниот стартен пораз од првиот фаворит за злато Данска, сега пред избраниците на Кирил Лазаров е клучниот меч кој ќе покаже до каде сме. Дуелот со Португалците во „Јиске Банк Боксен“ во Хернинг е клучен во борбата за втората позиција во групата Б. Пред Лазаров и неговите момци е сериозен предизвик кој ниту малку нема да биде ...

Битолски Пелистер го промовира Милан Србијанац како ново засилување за пролетната полусезона во борбата за опстанок во ПМФЛ. 27-годишниот бек по доаѓањето во Битола ги сподели првите импресии и очекувања. „Голема чест ми е што станав дел од Пелистер, тоа е клуб со богата и голема историја. Пред сè, сакам да им се заблагодарам на стручниот штаб и на управата на клубот за укажаната доверба. Првите впечатоци се феноменални, момците одлично ме ...

Падна првиот поголем скалп уште на првиот натпреварувачки ден кај дамите на Австралија Опен, бидејќи Зејнеп Сонмез ја исфрли Екатерина Александрова (2-1). Квалификантката која е пласирана на 112. позиција на ВТА рангирањето во три сета беше подобра од Русинката која е 11. Сонмез поведе со 7-5, а потоа Александрова одговори со 6-4. Сепак, турската претставничка ја доби борбата во решавачкиот сет со 6-4 за победа по два часа и 37 минути. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
999
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
9.77
68%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
995
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
93%
1002
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.4
100%
1003
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
98%
995
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
89%
1002
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
998
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
82%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
89%
1004
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
95%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
62%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Алуминиум

3.09