Искусниот кошаркар Бојан Крстевски ќе го засили тимот на Куманово. Македонскиот суперлигаш ја договори соработката и потпиша договор со 37-годишниот центар. Крстевски беше дел од МЗТ Скопје во изминатите седум години, а претходно го носеше дресот на Работнички, Кожув, Кавала, Торус, Вардар и КК Центар. Во Куманово се очекува да биде големо засилување за играта под кошевите, а управата со неговиот ангажман потврдува дека повторно има високи ...
Екипата на Куманово продолжува да создава сериозен состав за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Бојан Крстевски. Искусниот крилен центар пристигнува во тимот предводен од Марин Докузовски по седум години поминати во МЗТ Скопје, каде што беше еден од лидерите. Со „металците“, тој освои практично сè што можеше да се освои на домашната сцена, а сега реши да прифати нов предизвик и да го засили амбициозниот состав ...

