Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Александар Стефанов, даде поддршка за ракометарите и стручниот штаб, по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Португалија, на ЕХФ ЕУРО 2026. „Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус ...
Томче Гроздановски и официјално е нов член на Пелистер од Битола. 25-годишниот фудбалер за врска се враќа во мак-фудбалот откако во првата полусезона беше дел од романска Конкордиа. По потписот со „зелените“, тој ги сподели импресиите. „Пелистер е голем клуб со богата традиција и верна публика и чест ми е што ќе го носам овој дрес. Атмосферата овие денови е одлична, се чувствува позитивна енергија и мотив кај сите во клубот. Дел од играчите ...
Јирген Клоп, кој во моментов ја извршува функцијата глобален шеф на фудбалските операции во „Ред Бул“, јасно стави до знаење дека во блиска иднина не планира враќање на тренерската клупа, со што практично ги олади шпекулациите за негово преземање на Реал Мадрид. Во разговор за германските медиуми, харизматичниот Германец првпат отворено се осврна на наводниот интерес на „кралскиот клуб“, но и на ситуацијата околу Чаби Алонсо, кој неодамна ...
Селекторот на Сенегал, Папе Тиау, по драматичната ситуација кога го повлече тимот од терен поради пеналот досуден на Мароко во судиското надополнување, даде официјална изјава. Тиау ја истакна својата одговорност и покажа дека, и покрај емоционалниот момент, тимот на Сенегал го почитува духот на спортот. „Се извинувам на фудбалот. Жалам што ги повикав играчите да го напуштат теренот. Откако размислив, ги вратив во игра. Понекогаш реагирате во ...
Мароканскиот репрезентативец Брахим Дијаз по завршувањето на натпреварот застанал пред своите соиграчи во соблекувалната и им се извинил за потегот што го одбележа финалето на Африканскиот Куп на Нациите. Емоциите целосно го совладале, па мароканскиот репрезентативец, според информации од таборот на селекцијата, не успеал да ги задржи солзите. Иако извинувањето било искрено и упатено до целиот тим, реакцијата од раководните луѓе на ...
Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, без поголеми проблеми обезбеди пласман во второто коло на Австралија опен, уште еднаш потврдувајќи зошто токму Мелбурн е неговиот „втор дом“. Српскиот ас на стартот од првиот грен-слем во сезоната беше целосно доминантен против Шпанецот Педро Мартинез, кого го совлада со убедливи 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-2). Натпреварот одигран на легендарната „Род Лејвер арена“ траеше нешто повеќе од два ...
Ждрепката за четвртфиналето од Купот на кралот донесе интересни двобои и најави возбудлива завршница во најмасовното фудбалско натпреварување во Шпанија. Најголемото внимание го привлекува гостувањето на Барселона кај Албасете, тим кој веќе приреди сензација елиминирајќи го Реал Мадрид и ќе се обиде да направи уште едно изненадување против каталонскиот гигант. За Барса ова ќе биде сериозен тест, особено имајќи предвид дека Купот често знае да ...
Поранешниот тренер на Вардар кој сега е селектор на Србија, Раул Гонзалез, одигра вистинска тактичка партија на високо ниво. Со прецизна подготовка и храбри одлуки, Шпанецот успеа да го надигра искусниот Алфред Гисласон и да ги доведе Германците во подредена позиција. Начинот на кој Гонзалес ја водеше средбата беше пример за врвна ракометна стратегија и тренерска умешност. По големата победа, селекторот на Србија веднаш го насочи фокусот кон ...
Филип Кузмановски ја одигра најдобрата партија на еден играч на Европските првенства. Даде 15 гола против Португалија, така стана најефикасен наш репрезент на настанот, а во историјата се израмни со Кирил Лазаров по ефикасноста на еден меч. Двајцата дадоа по 15 гола, а на Кире тоа му успеа на СП 2009 против Јужна Кореја. Четири гола му фалеа на Кузмановски да го стигне рекордерот, а знаете ли кој е тој? Се работи за Кјетил Штранд од Норвешка. ...
По поразот од Шпанија и важната победа над Германија, јасно е дека судбината на српската репрезентација на Европското првенство во голема мера зависи од последниот натпревар во групата против Австрија. Најчистото сценарио за место во следната рунда е победа, но „орлите“ имаат и други патишта до следната фаза. Србија ќе обезбеди пласман понатаму доколку: - ја совлада Австрија - одигра нерешено со Австрија, а Германија не ја победи Шпанија ...
Филип Кузмановски одигра уште еден натпревар за паметење во дресот на македонската ракометна репрезентација и беше апсолутен лидер во драматичното реми против Португалија (29-29). Капитенот постигна дури 15 голови, со што не само што го предводеше нашиот национален тим на теренот, туку испиша и нова историја во македонскиот ракомет. Со овој учинок, Кузмановски го собори рекордот на Кирил Лазаров по број на постигнати голови на едно Европско ...
Кристијан Стојковиќ одигра во служба на тимот во ремито меѓу Македонија и Романија (29-29) на Европското првенство. Кружниот напаѓач дури во една акција се најде и на левата крилна позиција кога Иван Џонов се повреди, а потоа го презеде неговото место како најистурен во зона пет-еден. На денешниот брифинг во Хернинг тој не сакаше многу да анализира за минатото и нагласи дека цел фокус е на Романија. „Ја архивиравме Португалија, во клубот ...
Ракометарите на Македонија добија слободен ден по големото реми со Португалија (29-29) на Европското првенство. Селекторот Кирил Лазаров реши повторно да ги поштеди играчите по вториот напорен натпревар, па денот ќе се искористи за тактичка подготовка на средбата со Романците. На денешниот брифинг се обрати Михаил Аларов, кој го анализира одиграното и го најави следниот меч. „За мене лично, многу е возбудливо што како за прво Европско ...
Озарени лица и задоволство кај македонските ракометари ден по ремито со Португалија. Иако заморот од два натпревари во три дена е видлив, нашите асови зборуваа пред новинарите на редовниот брифинг. Иако темата беше Романија, емоцииите од драмата со Португалија уште се присутни, па капитенот Филип Кузмановско прво го анализира сработеното. „Сигурно дека многуте одиграни големи натпреварувања на дел од играчите се од голема помош. Имаме многу ...
Мартин Томовски одигра клучна улога во ремито на Македонија против Португалија (29-29) во втората рунда на Европското првенство. Македонскиот голман фати два зицери во последната минута и ја спаси нашата селекција од пораз. Последниот одбранет зицер од крило на Томовски беше одбрана која се најде во изборот на најубавите на денот. Интервенцијата на Македонецот е трета најдобра на четвртиот натпреварувачки ден. Во топ пет имаше место и за ...
Пред две години во Германија, Македонија го заврши Европското првенство со една победа (против Швајцарија) и два освоени бода. Сега во Скандинавија може да го подобри тој резултат и да се избори за подобар пласман, но само ако ја победи во вторник Романија. Последните дуели со Романците ни даваат за право да бидеме оптимисти, бидејќи во два баражи за Светско првенство бевме поуспешни од нив. Сепак, и нивниот напредок е видлив и треба да ...
Ако поразот од Данска беше очекуван, па дури и дванаесетте разлика не се сфатија трагично, ремито против Португалија понуди различни емоции кај нашите ракометари и стручниот штаб дури и по преспиената ноќ. На редовната средба со новинарите зборуваше селекторот Кирил Лазаров. Тој се осврна на мечот со четвртопласираната светска селекција, но го најави и дуелот со Романија. „Треба да се подготвиме добро и да имаме правилен пристап, бидејќи ...
Реал Сосиедад ја шокира Барселона и со победа од 2-1 (1-0) директно му направи услуга на Реал Мадрид во трката за врвот во шпанската Примера. Каталонскиот тим немаше среќа на натпреварот во Сан Себастијан бидејќи во првиот половина час имаше два поништени гола. Првиот беше во седмата минута на Фермин Лопез поради прекршок од Дани Олмо врз Такефуша Кубо. Поништениот гол на Фермин Лопез: Од друга страна, вториот беше поништен поради офсајд ...
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров мораше да интервенира и да повика ново лево крило откако во првите две рунди на Европското првенство се повредија Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ. Во финишот на првиот дел и цело второ полувреме против Португалците игравме со изнудено решение во Павле Атанасијевиќ на крилната позиција. Сепак, потребна е ротација и Лазаров го повика Гоце Ојлески да допатува во Данска и да ѝ се приклучи на ...
Фудбалскиот клуб Пелистер промовира уште едно ново засилување за пролетната полусезона во ПМФЛ. Нов член на „зелено-белите“ од Битола е Томче Гроздановски. 25-годишниот фудбалер за врска се враќа во мак-фудбалот откако во првата полусезона беше дел од романска Конкордиа. Со пелистерци сега фудбалерот кој има и еден настап во сениорската репрезентација на Македонија потпиша договор до крајот на сезоната. Во својата кариера Томче Гроздановски ...
Капитенот на италијанскиот Интер, Лаутаро Мартинез, изјави дека е пресреќен после победата над Удинезе на гостински терен (0-1), најавувајќи дека неговиот тим максимално ќе се бори за шампионската титула сезонава. Аргентинскиот напаѓач ја погоди мрежата, па ги пофали соиграчите, а упати честитки и за младиот Пио Еспозито, кој асистираше при победоносниот погодок на „нероаѕурите“. „Ова е многу важна победа. Знаевме што можеме да очекуваме на ...
Феликс Оже-Алијасим се предаде по три сета борба при негатива од 2-1 во сетови против Нуно Боргеш. Канаѓанецот отвори со 6-3 и го освои првиот сет, но потоа ривалот од Португалија ги доби следните два со по 6-4. По два часа и 16 минути борба, Оже-Алијасим се предаде поради повреда. Данил Медведев беше подобар од Јеспер Де Јонг и го победи со 3-0 по речиси три часа борба. Холанѓанецот пруши сериозен отпор уште во првиот сет кој го загуби со ...
Кошаркарите на Хјустон Рокетс славеа во домашниот дуел против Њу Орлеанс Пеликанс (119-110) во НБА лигата. Смит Џуниор беше најдобар во редовите на Хјустон со 32 поени, додека кај Пеликанси се истакна Марфи со 21. Овој натпревар го одбележа и Кевин Дурант, иако не беше најдобар на паркетот. Ѕвездата на Рокетси уфрли 18 поени и официјално го надмина Дирк Новицки по бројот на постигнати поени во кариерата. Сега Дурант со 31.562 поени е на ...
Американската тенисерка, Коко Гоф, се пласира во второто коло на Отвореното првенство на Австралија, откако ноќва ја победи Камила Рахимова од Узбекистан со 6-2, 6-3. Гоф во следното коло ќе игра против српската тенисерка Олга Даниловиќ, која ја елиминираше Американката Венус Вилијамс на почетокот од турнирот. Во второто коло на Отвореното првенство на Австралија се пласира и Американката Аманда Анисимова, рангирана на четвртото место на ВТА ...
Ремито против Португалија со право беше окарактеризирано како позитивен резултат во нашата јавност. Посебно што е извојувано со враќање од негатива од пет гола и со две одбрани на Томовски во последниот противнички напад. Сепак, ништо не сме направиле ако не ја совладаме Романија и не го освоиме второто или третото место во групата. Секако дека сонот е второто, зад Данска, за што ќе ни треба убедлива победа над Романците и дебакл на ...
Реал Мадрид има привремен тренер, но јасно е дека раководството на клубот бара трајно решение откако се раздели со Чаби Алонсо. Во саботата, навивачите на „кралскиот“ клуб го покажаа своето мислење за прекинувањето на соработката со легендарниот играч на Реал со континуирано исвиркување на играчите, а исто така е јасно дека Жозе Мурињо нема да го заземе неговото место. Португалецот рече да не сметаат на него, иако медиумите на Пиринејскиот ...
Арсенал не успеа да дојде до победа на гостувањето кај Нотингем Форест, ремизирајќи со конечни (0-0) во натпревар во кој „топчиите“ имаа иницијатива, но не и реализација. Лондонскиот тим создаде неколку добри шанси, но не најде начин да ја затресе мрежата на противникот. По натпреварот, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не го криеше разочарувањето од резултатот. „Дојдовме тука со јасна цел - да победиме. Креиравме доволно шанси за да го ...
Како репрезентација во подем, четврта од последниот Мундијал пред дванаесет месеци и национален тим, кој воочи шампионатот ја совлада и Шпанија, од оваа Португалија се очекуваше повеќе против македонскиот национален тим. Не дека ремито е лош резултат за нив, но дефинитивно не донесе весели лица пред камерите и новинарските прашања. Една од португалските ѕвезди, Салвадор Салвадор, за Gol.mk изјави: „Не влеговме добро во натпреварот, Македонија ...
Македонија го освои првиот бод на Европското првенство во ракомет во Скандинавија. Нашата репрезентација покажа дека може да се носи со амбициозна селекција каква што е Португалија, а на крајот ни недостасуваше и спортска среќа во намерата да направиме и изненадување и да стигнеме до голема победа (29-29). Средниот бек на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев, по дуелот ни изјави: „Навистина долго период го подготвувавме овој натпревар и одигреавме како што ...
Девин Букер, ѕвездата на Феникс Санс, имаше историски настап во ноќниот меч против Њујорк Никс, каде го „прескокна“ славниот Стив Неш на вечната листа на НБА поентери. Најновиот учинок го потврди уште еднаш значењето на Букер како еден од најдобрите стрелци во денешниот кошаркарски свет. Букер постигна 27 поени во победата на Санс со 106-99 над Никси, доведувајќи го својот вкупен број поени во НБА на 17.413. Токму оваа бројка го постави на ...