Македонската ракометна репрезентација го користи периодот на пауза во женскиот ракомет и ќе одигра пријателски турнир во Турција. Овие денови девојките предводени од Кристијан Грчевски работат и тренираат во Кавадарци, за практичност поради клупскиот ангажманот на селекторот во машкиот клуб Тиквеш. Македонските ракометарки добија повик и беа на пречек кај градоначалникот на градот Митко Јанчев. ...

Ракометарите на Вардар 1961 ќе се судрат со Тулуз во рамките на последното коло од групната фаза на Европската лига на ЕХФ во СЦ „Јане Сандански“ во 18:45 часот. „Црвено-црните“ веќе се сигурни патници во следната фаза, меѓутоа со сигурност посакуваат петта победа за одржување на добриот ритам. Вардарци треба да го заверат првото место во групата, додека ривалот од Франција е без бодови и со сигурност ќе сака да избегне крај на европската ...

Бразилецот Родриго минува низ најтешкиот период во кариерата откако пристигна во Реал Мадрид. Напаѓачот стигна до неславен рекорд од 30 последователни натпревари без постигнат гол во сите конкуренции. Со овој „подвиг“, тој го израмни антирекордот на Маријано Дијаз за најдолга голгетерска суша на еден напаѓач на „кралевите“. Последен пат Родриго се запиша во листата на стрелците во март, во триумфот од 2-1 над Атлетико Мадрид во осминафиналето на ...

Скот Мектоминеј ја доби престижната награда за МВП во Серија А во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија. Шкотланѓанецот имаше блескава сезона во калчото, а ова е нова потврда откако претходно го доби признанието и од челниците на лигата. Мектоминеј беше моторот на Наполи во походот кон шампионската титула, остварена неполна година по неговото заминување од Манчестер Јунајтед, каде што беше надвор од плановите на Ерик тен ...

Жрепката за групите на Светското првенство 2026 ќе се одржи в петок, на 5 декември, во Вашингтон со почеток од 18:00 часот. Тогаш ќе бидат извлечени 12 групи со по четири селекции, со што ќе стане јасно како ќе изгледа првата фаза од планетарниот собир, а Македонија ќе дознае во која група би влетала ако победи на бараж-турнирот. ФИФА за сабота закажа уште еден значаен настан. Имено, ден по извлекувањето на групите ќе треба да се одреди каде ќе ...

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, зборуваше пред натпреварот со Загреб во Лигата на шампионите, потенцирајќи дека се чувствува добро после долгата пауза и најави голема борба за нова победа во елитниот ранг на ЕХФ. Пелистерци ќе имаат нова шанса за освојување бодови во групата Б, а истото го мисли и Ристевски, кој посакува нов триумф на тешкото гостување во Хрватска. „Физички се чувствувам одлично. Благодарност до сите во тимот ...

Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи на уште едно големо натпреварување овој јануари. Сега на „менито“ е Европското првенство, а селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за настап. Во изборот на кормиларот на ракометарите има само двајца интернационалци, а тоа се голманот Мартин Томовски кој блеска во Битигхајм, како и левиот бек со изразени дефанзивни карактеристики, Михајло Младеновиќ ...

Кошаркарите на Далас Маверикс славеа на гостувањето кај Денвер Нагетс со 121-131 во НБА лигата. Ентони Дејвис конечно покажа зошто тимот од Тексас за него се откажа од Лука Дончиќ. Крилниот центар беше најдобар на паркетот во „Бол Арена“ и уфрли 32 поени, а фати и 13 скока. Со тоа го засени дури и Никола Јокиќ кој имаше „трипл-дабл“ со 29 поени, 13 асистенции и 20 скока, не успеа да го поведе Денвер до победата. По седум победи во низа Лос ...

Дезире Дуе ја доби наградата „Златно момче“ која традиционално ја доделува италијански „Тутоспорт“. Младата ѕвезда на ПСЖ беше еден од клучните играчи на својот тим во походот кон европскиот трон, како и кон останатите трофеи минатата сезона. Веќе беше јасно дека Дуе ќе ја добие наградата, а вчера на свечената гала во Торино му беше врачено признанието кое е еквивалентно на „Златната топка“, ама за младите играчи до 21 година. Во борбата за ...

Рубен Гарабаја го прокоментира гостувањето на Еурофарм Пелистер кај екипата на Загреб и беше реален во очекувањата, истакнувајќи дека противникот има промена на тренерската позиција, што автоматски подразбира поинаков меч од оној во Битола. Пелистерци имаат шанса за нов добар резултат во Лигата на шампионите, а Гарабаја се надева на позитивен исход кој ќе му даде уште поголем мотив на тимот. „Имаат голема мотивација откако добија нов тренер. ...

Денови на тага во италијанскиот спорт. Првиот Италијанец во историја кој освои Грен слем турнир, Никола Пјетранџели, почина вчера на 92-годишна возраст, објави Тениската федерација на Италија (ФИТП). Пјетрањели освои две титули на Ролан Гарос во 1959 и 1960 година, а стигна до финалето во Ролан Гарос во Париз уште двапати, во 1961 и 1964 година. Неговиот најдобар резултат на Вимблдон беше полуфиналето во 1960 година. Роден во Тунис во 1933 ...

Како што започна, со само една победа во првите пет кола, изгледаше како сезона за заборав. Но чекор по чекор Атлетико се проби до самиот врв, испраќајќи порака до сите што однапред го отпишаа дека жестоко згрешија. Тимот е тука, подготвен да се вмеша во борбата за шампионската титула, а подобра шанса да ја истакне својата кандидатура тешко дека ќе има од гостувањето кај Барселона во дербито од вонредното 19. коло во Примера. Атлетико го ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, откри дека младиот фудбалер на Челзи, Естевaо, е сериозен кандидат за настап на Светското првенство во 2026 година. Според Анчелоти, последните неколку месеци биле доволни доказ дека талентираниот офанзивец созрева во вистински играч за највисоко ниво. Тој потенцира дека Естевaо напредувал забрзано откако пристигнал во Челзи и дека неговите настапи се на доволно високо ниво за да биде разгледуван како опција ...

Вељко Пауновиќси подаде рака за нов долг договор со Фудбалската федерација на Србија, откако двете страни начелно се договорија за продолжување на соработката. Според последните најави, Пауновиќ ќе ја извршува селекторската функција до 2030 година, што значи дека ќе го води националниот тим и на Светското првенство во истата година. Познато е и дека Пауновиќ нема да има улога само како класичен селектор, туку ќе биде предводник на целокупната ...

По кратката соработка со Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј јавно призна дека периодот во кој беше дел од тренерскиот тим на српскиот ас не донел резултати какви што тој очекувал. Легендарниот британски тенисер, кој по завршувањето на сопствената играчка кариера постепено се насочува кон тренерската улога, истакна дека предизвикот бил значително поголем од она што го замислувал. Мареј нагласи дека работата со еден од најуспешните тенисери во историјата ...

Во јавноста повторно се отвори прашањето околу статусот на младиот кошаркар Тарик Биберовиќ, откако турските медиуми објавија дека Кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина наводно побарала околу два милиони евра за да дозволи играчот да премине во турската репрезентација како „домашен играч“. Биберовиќ, кој е роден во Зеница и настапувал за младинските селекции на БиХ, подоцна ја продолжи професионалната кариера во Турција и го прифати ...

Екипата на Валенсија се избори за еден бод од гостувањето кај Рајо Ваљекано, во последниот натпревар од четиринаесеттото коло од новиот шампионат во Примера (1-1). Домашниот тим имаше апсолутна доминација во првото полувреме, беше подобриот ривал на теренот, а шанси се редеа како на филмска лента, но видовме само еден гол во мрежата на Валенсија, која и овој пат не ја чуваше нашиот репрезентативец Столе Димитриевски. Се играше во 37. минута, ...

Екипата на Болоња конечно капитулираше. Во последниот натпревар од тринаесеттото коло од Серија А на „Ренато Дал'ара“ огромна победа извојува тимот на Кремонезе кој на домашната екипа му одржа фудбалска лекција и на крај заслужено славеше со сигурни 1-3. За тимот од Болоња ова беше само трет пораз сезонава во италијанскиот шампионат, и само прв по серијата од дванаесет натпревари без неуспех во сите натпреварувања. Свој блесок вечерва против ...

Ракометарките на Унгарија ја добија клучната битка во групата Б од Светското првенство и како првопласирани патуваат во втората фаза од планетарниот собир. Во последното коло совладана беше селекцијата на Швајцарија, директниот ривал за првото место, со убедливи 32-25. Унгарките до посакуваниот триумф дојдоа благодарение на фантастичното второ полувреме. По првите триесет минути водство имаше Швајцарија од 13-14, но во вториот дел Унгарија ...

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, еден од најголемите играчи во историјата на тенисот, откри кој пораз му бил најтежок во кариерата. Иако многумина мислеа дека тоа е натпреварот против Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, Федерер има уште едно, особено болно сеќавање. Во разговор за „Тагес-Анцајгер“, Федерер го издвои финалето на Отвореното првенство на САД во 2009 година против Хуан Мартин дел Потро како натпревар што требаше да го добие, но за време ...

Ауди Крукс, незапирливиот центар на Ајова Стејт Сајклонс, повторно испиша историја. Во победата од 106-95 над Индијана во финалето на дивизијата „Кокос Хупс Блу Херон“, таа го сруши сопствениот колеџ рекорд од најмногу постигнати поени на еден натпревар. Ѕвездата на Сајклонс постигна 47 поени и одново ја одушеви кошаркарската јавност во САД. Крукс е само втора година во Ајова Стејт, а многу фанови веќе ја нарекуваат најдоминантната кошаркарка во ...

Мухамед Дабо, 17-годишен сенегалски репрезентативец, е нов играч на Кустошија од Загреб, клуб кој е под капата на познатиот фудбалски менаџер Енди Бара и е место каде што се развиваат големи таленти. Младиот африкански играч од средниот ред, кој беше желба на повеќе европски гиганти, порасна во фудбалската академија „Бе Спорт“ во главниот град Дакар, а во Кустошија ќе пристигне на 1 јули 2026 година. Пред да пристигне во Кустошија, Дабо беше на ...

Фудбалскиот клуб Аугсбург и тренерот Сандро Вагнер се договорија за раскин на соработката по последните неубедливи резултати на тимот. Вагнер и целиот негов стручниот штаб си заминуваат од клубот, а одлуката беше донесена по разговори со управата, со цел да се врати стабилноста во екипата. Клубот бележеше само една победа во последните седум натпревари, а поразот од Хофенхајм со 0-3 беше последниот фактор кој ја дефинираше оваа одлука. Аугсбург ...

Во азискиот дел на Истанбул, поточно на стадионот „Шукру Сарачоглу“, се одигра 281. „интерконтинентално дерби“ (барем кога станува збор за официјални натпревари меѓу двата тима), а натпреварот од 14. коло од турската Супер лига меѓу Фенербахче - Галатасарај заврши без победник 1-1 (0-1). Голот за гостите од европскиот дел го постигна Лерој Сане во 27. минута. Германскиот интернационалец го измами Едерсон, неговиот поранешен соиграч од Манчестер ...

Неверојатни сцени доаѓаат од Северна Ирска. На натпревар помеѓу У21 екипите на Келвин Олд Бојс и Вестланд Јанг Мен се случил крвав инцидент кој предизвика големо внимание во јавноста. На видео-снимките јасно се гледа сериозен напад врз противнички фудбалер, кој според информациите, минал со потешки повреди на главата, поради кои веднаш бил префрлен во болница. Kevin old boys vs westland young men (belfast) pic.twitter.com/r8bvag6tfF — aney ...

Младиот српски фудбалер Василије Костов од Црвена Звезда е прогласен за најдобар млад среден играч во светот - во неговата возрасна категорија до 18 години. Ова признание е доказ за неговиот талент, посветеност и извонредната игра која веќе го издвојува од своите врсници. Костов во последните месеци забележа извонредни настапи во првиот тим на Црвена Звезда, покажувајќи зрелост и квалитет за игра на највисоко ниво. Неговата способност да креира ...

Репрезентацијата на Јапонија ја совлада Хрватска во последното коло од групата А на Светското првенство (25-19), со што си го обезбеди пласманот во нокаут-фазата. „Самурајките“ одиграа одличен меч, а особено беа добри во второто полувреме кога го „размонтираа“ ривалот и стигнаа до заслужено славје. На паузата резултатот гласеше 10-10, но Хрватките постигнаа само девет погодоци во вториот дел, што резултираше со висок пораз на крајот. За Јапонија ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Словенија, Матјаж Кек, и официјално ја заврши својата мисија на кормилото на националниот тим. Неговиот договор со Фудбалската федерација на Словенија истече на 30 ноември, а двете страни по разговорите одлучија да не ја продолжат соработката. Од федерацијата соопштија дека му се заблагодаруваат на Кек за „одличната и коректна соработка“ и за резултатите кои, како што наведуваат, „ќе останат запишани ...

Во Фиорентина владее вистинска криза по последниот пораз од Аталанта со 2-0, кој предизвика жестока реакција кај навивачите. Незадоволството кулминираше кога група „ултраси“ ги повика играчите под трибините и буквално ги „построи“, барајќи одговори за слабиот старт на сезоната. Разговорот бргу прерасна во жестока вербална расправија, а тензијата беше видлива на сите страни. Екипата, која по тринаесет одиграни кола има само шест освоени бодови и ...

Екипата на Шкендија по два порази од Арсими во ПМФЛ и Дрита во Конференциската лига на УЕФА се врати на победите. Тетовци славеа во последниот меч од 15. коло во домашното првенство против Работнички со минимални 1-0. Тренерот Јетон Беќири по натпреварот го анализира одиграното. Тој пак нагласи дека проблем била завршницата, ама посочи дека е задоволен од конечниот исход. „Многу беше важно да се вратиме на победите по два порази. Нормално е дека ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1020
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.1
68%
1020
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.7
94%
1020
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
99%
1018
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
92%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Алуминиум

2.95

Иридиум

145787.60

Платина

64478.87

Кобалт

58.42

Сребро

2159.30

Калај

43.93

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Бакар

11.02