
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



По натпреварот од второто коло на УС Опен помеѓу Јелена Остапенко и Тејлор Таунсенд, избувна вербална расправија. Американката победи со 7-5, 6-1, а Летонката јавно се пожали за однесувањето на однесувањето на ривалката. Taylor Townsend and Jelena Ostapenko got into an argument after their match at the U.S. Open pic.twitter.com/od0GwFykBd — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 27, 2025 По расправијата, Таунсенд излезе на теренот да ги ...
Во натпреварот за пласман од 17. до 19. место, женската кадетска репрезентација на Македонија, стигна и до првиот триумф. Во натпревар во која нашите млади кошаркарки доминираа од првата до последната минута, и славеа многу важна победа против репрезентацијата на Азербејџан (74-68). Одлично прво полувреме имаа нашите кадетки. Добриот настап го најавивме уште во првиот период, кој го решивме во наша корист со (19-13). Во исто темпо избраничките ...
Шкотскиот гигант и еден од најтрофејните клубови на Стариот континент, Глазгов Ренџерс, го минува можеби најтешкиот период по враќањето во шкотската Премиер лига. Култниот клуб од Глазгов е во сериозна резултатска криза. Во домашниот шампионат бележи само неуспеси, а капак на сè беше убедливиот пораз во двомечот со Бриж во плеј-офот за Лигата на шампионите (9-1). Поради настанатите проблеми, раководството на клубот е приморано да бара излез од ...
Македонскиот шампион Шкендија сè уште го живее сонот за историски настап во второто по ранг натпреварување на УЕФА, каде што своевремено играше Вардар. Тетовчани веќе обезбедија меѓународни натпревари оваа есен, но секако дека нивна желба и цел е учество во лигашкиот дел од Лигата на Европа, а како утешна награда го имаат пласманот во групната фаза од Конференциската лига. Сонот на Шкендија може да стане реалност вечерва. Момците на Јетон Беќири ...
Со вложувањата и направените интервенции стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ги исполнува европските стандарди и станува домаќин на натпревари од високо ниво. Ова претставува значаен чекор за развојот на инфраструктура и за афирмација на фудбалот во Битола и регионот. Поставени се нови столчиња на јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно ...
По само три одиграни кола, падна првата тренерска „глава“ во Првата македонска фудбалска лига. Екипата на Работнички сезоната ќе ја продолжи со нов тренер, откако клубот информираше дека спогодбено е раскинат договорот со Бојан Маркоски. „ФК Работнички ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Маркоски. Клубот му посакува сѐ најдобро во следните предизвици“, стои во објавата на клубот на ...
Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби официјална потврда од УЕФА и на деветти септември ќе биде домаќин на квалификацискиот натпревар за Европското првенство, во кој репрезентацијата на Македонија до 21 година ќе се соочи со селекцијата на Италија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со Општина Битола во период од речиси четириесет денови реализира инвестиција вредна околу 150.000 евра, со што стадионот доби значителни ...
Фудбалерите на Гримзби ја забележаа една од најголемите победи во својата историја, елиминирајќи го Манчестер Јунајтед од Лига Купот по подобро изведување на пенали. По деведесет минути, резултатот беше 2-2, откако Јунајтед успеа да се врати од негатива од 0-2 на полувреме. Следуваше изведување на пенали, каде што Матеус Куња го промаши пеналот за победа на „црвените ѓаволи“, а потоа во тринаесеттата серија, Брајан Мбуемо ја погоди пречката и ...
Руи Мота, тренерот на Лудогорец,, ги искажа своите очекувања од реваншот од плеј-офот за Лига Европа против Шкендија. „Орлите“ го загубија првиот натпревар во Скопје 2-1, па затоа вечерва ќе атакуваат на победа за да го гарантираат своето место во второто најсилно европско клупско натпреварување. „Очекуваме да направиме многу повеќе од првиот натпревар. Веќе направивме анализа со играчите и мојот тим. Знаеме што треба да промениме и се надеваме ...
Од денес до триесетти август Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на првото издание на Регионалната ракометна лига, натпреварувачки турнир кој го обединува ракометните екипи од Македонија, Црна Гора и Србија. Битките на најдобрите клубови од овие три земји ќе се водат во салата „Борис Трајковски“, а први на мегдан ќе излезат ракометарите на Еурофарм Пелистер и Војводина (17:00 часот) во машка, односно Металург и Бор (15:00 часот) во женска ...
Лионел Меси продолжува да блеска во дресот на Интер Мајами, предводејќи го тимот до триумф од 3-1 против Орландо во полуфиналето од Лига Купот на САД. Иако Орландо водеше, Меси кога беше најпотребно покажа класа и беше најзаслужен за големиот пресврт на неговиот тим. Аргентинскиот ас прво израмни од пенал на 1-1, а потоа по брилијантна акција со Алба донесе предност од 2-1. Конечниот резултат од 3-1 во судиското продолжение го постави Сеговија, ...
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, релативно лесно се пласира во третото коло на Отвореното првенство на САД – УС Опен. „Тајбрејкаленка“, како што ја нарекува веб-страницата на ВТА, уште еднаш го оправда тој прекар, откако во победата против Полина Кудерметова, таа го освои својот деветнаесетти од дваесет тајбрејкови оваа година. Белорусинката беше поуспешна во тај-брејкот од првиот сет со 7-4, а во вториот, со два брзи брејка, го ...
Фудбалерите на Селта и Бетис одиграа 1-1 во Виго, во предвреме одигран натпревар од шестото коло од шпанската Примера. Бетис поведе со голот на Марк Бартра во 45. минута, а Хуго Алварез израмни за Селта со гол во 47. минута. Клубот од Галиција беше подобриот противник, со дури четиринаесет удари кон голот,, од кои пет беа во рамката, додека Бетис постигна еден гол од два обида и тоа беше доволно за бод. Селта е на тринаесеттото место на ...
Македонскиот тенисер Марко Алексовски еден месец беше дел од тимот на ITF Tennis Europre кој е финансиран од Grand Slam Development Fund притоа тој настапи на четири турнири во Европа за играчи до 14 години, еден беше од Супер категорија (Германија), а другите три беа од Категорија 1 (Белгија еден и Шпанија два). Марко турнирот во Шпанија, Барселона го заврши како победник притоа во трите меча од четвртфиналето до финалето извојува победи против ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз лесно се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на САД. Алкараз беше убедлив и во второто коло, овој пат против Италијанецот Матија Белучи со 3-0 во сетови по нешто повеќе од еден ипол час борба (6-1, 6-0, 6-3). Тоа беше втора победа на Шпанецот над Италијанецот во неговата кариера, прва по пет и пол години, а воедно и осма по ред по освојувањето на Синсинати. Јасно е за каков баланс на сили стануваше ...
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука натпреварот од четвртото коло во Првата фудбалска лига помеѓу екипите на Шкупи и Вардар ќе се одигра в петок на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот. Согласно извршената инспекција и извештајот за инфраструктура, утврдено е дека стадионот во Чаир не ги исполнува минималните услови за организација на натпревари од Првата лига. Првиот ...
Фудбалерите на Баерн Минхен се квалификуваа во второто коло од Купот на Германија, но дури откако го победија третолигашот Вехен од Визбаден во последните секунди со резултат од 2-3. Хари Кејн од трагичар стана херој, бидејќи промаши пенал во 76. минута кога резултатот беше 2-2, но се поправи во последните минути по асистенцијата на Станишиќ за победа. Баерн поведе во 16. минута, откако Хари Кејн овој пат постигна гол од пенал за 0-1. Кога Мишел ...
По одигрувањето на трите квалификациски кола познаги се 36-те екипи кои ќе играат во главниот сегмент на Лигата на шампионите. Англија со шест претставници е рекордер и има најголеми шанси да го освои „долгоушкото“. Утре од 18:00 часот ќе биде извршена ждрепката на сите осум кола, а Европската фудбалска унија (УЕФА) веќе ги одреди квалитативните шешири. Прв шешир: ПСЖ, Реал Мадрид. Манчестер Сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија ...
Екипата на Манчестер Јунајтед доживеа уште еден голем удар на стартот од новата натпреварувачка сезона. По двете неубедливи изданија во Премиер лигата, вечерва тимот на Рубен Аморим забележа срамна елиминација уште во првото коло од Лига Купот на Англија. На гостувањето кај четвртолигашот Гримзби „црвените ѓаволи“ загубија по изведувањето на пеналите, откако претходно се извлекоа и од 2-0 стигнаа до 2-2. Верман и Варен во 22. и 30. минута ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се враќа во шампионатот каде што остави голема трага пред две сезони. „Деветката“ на нашиот национален тим одново ќе игра островски фудбал, затоа што според нашите информации е пред потпис со најтрофејните европски клубов – Глазгов Ренџерс. Минатото лето за сума од 6,5 милиони евра Миовски го замени Абердин за Џирона, но не се снајде најдобро во шпанскиот прволигаш. За волја на вистината повредите си ...
Жозе Мурињо ниту во вториот обид не успеа да го внесе Фенербахче во главната фаза од Лигата на шампионите. Трофејниот португалски стратег вечерва не го најде рецептот за поволен резултат на гостувањето кај Бенфика, и во Лисабон домашниот тим славеше со минимални 1-0, но доволни за пласман во лигашкиот дел од европската фудбалска елита. На првиот натпревар во Истанбул немаше голови. Одлучувачкиот момент на средбата на „Да Луж“ се случи во финишот ...
Еден од лидерите по две кола во Првата фудбалска лига, скопски Вардар, и официјално остана без еден од клучните фудбалери во ростерот пред крајот на преодниот рок. Фудбалерот за врска Данел Донгмо кариерата ќе ја продолжи во првенството на шампионатот на Романија. Камерунецот веќе е во Плоешти, каде по успешно минатите лекарските прегледи потпиша двегодишен договор со тимот на Петролул. View this post on Instagram A post shared by FC Petrolul ...
Фудбалскиот клуб Шкендија во четврток ќе го одигра реванш-дуелот од плеј-офот во Лигата на Европа против бугарскиот шампион Лудогорец, на „Хувефарма Арена“ во Разград. Натпреварот започнува во 19:30 часот по локално време, а пред заминувањето во Бугарија пред медиумите зборуваа тренерот Jeтон Беќири и напаѓачот Лиридон Латифи. „Секој натпревар има своја приказна, не можеш цело време да бидеш ниту офанзивен ниту дефанзивен. Мора да се менаџираат ...
Кошаркарската селекција на Србија со убедлива победа ја започна групната фаза од Евробаскетот. Во првото коло „орлите“ на Светислав Пешиќ демонстрираа моќ против Естонија и во Рига извојуваа триумф од 98-64. Победата на главниот фаворит за трофејот во ниту еден момент не беше доведена во прашање, единствена енигма беше со колкава разлика. Првата четвртина беше потврда за тоа, откако Србија побегна на +20 (32-12). Во вторите десет минути Естонија ...
Екипата на Манчестер Јунајтед сè уште нема победа во новата сезона во Премиер лигата, а со проблеми го започна и Лига Купот на Англија. „Црвените ѓаволи“ по долги години мораа да играат од првото коло во ова натпреварување, а не се прославија ниту на стартот од натпреварот во нисколигашот Гримзби. Дуелот во Клиторпс започна со ДВА погодока на домашниот тим (2-0), по што следуваше вистинско лудило на трибините и незаборавно славје. На крај, ...
Новак Ѓоковиќ го продолжува походот по нов трофеј на Отвореното првенство на САД, откако во рамки од второто коло го победи домашниот тенисер Захарие Свајда со 3-1 во сетово (6-7, 6-3, 6-3, 6-1). Најтрофејниот тенисер на сите времиња се соочи со потешкотии на стартот против Американецот. Свајда тргна мотивирано и имаше решени за секој налет на големиот фаворит. Тоа донесе крајно неизвесна борба, во која двајцата тенисери не го даваа своите ...
Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Ловре Кларица го реализира трансферот на кариерата, Сега е официјално, наскоро 24-годишникот од Задар ќе го напушти Загреб и ќе премине во полскиот гигант Киелце, каде што ќе игра од следната сезона. Европски ракометен шампион од 2016 година објави дека Кларица доаѓа од сезоната 2026/27, а договорот е потпишан до 2030 година. Така, младиот десен бек ќе игра уште една сезона во Загреб, а потоа ќе замине ...
Не му требаше многу на Кристал Палас да пронајде замена за Еберечи Езе. Шпанскиот репрезентативец Јереми Пино е најново засилување на победникот на ФА Купот. Езе минатата недела се пресели во Арсенал за 79 милиони евра, а за двојно помала сума доведен е голем шпански талебт. Кристал Палас ќе му плати на Виљареал 30 милиони евра за Пино. Момчето од Канарските Острови одигра 170 натпревари за „жолтата подморница“ и запиша 22 гола и 23 асистенции. ...
Ако многу фудбалери заминуваат од Германија во Англија, има некои кои одат во спротивен правец. Бундеслигашот Борусија Дортмунд потпиша договор со англискиот репрезентативец до 21 година, Карни Чуквуемека, кој доаѓа од Челзи. Чуквуемека ја мина втората половина од минатата сезона на позајмица во Дортмунд, а сега пристигнува во трансфер вреден околу 24 милиони фунти. Офанзивниот играч од средниот ред одигра 32 натпревари за Челзи откако се ...
Мина неполн месец од стартот на фудбалската сезона и кога се делат повеќе комплименти и заслуги за еден нов почеток, случајот Шкупи фрла црна дамка на нашиот елитен фудбалски шампионат, за кој само што заклучивме дека конечно личи на натпреварување, на систем, на производ со кој конечно ќе се гордееме. Само што се понадевавме на радост по добрите европски настапи на Шкендија и Вардар, па и на фудбалерките на Љуботен, клубот со децениска ...