Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Барселона ова лето доведе неколку звучни засилувања, но во сенка на големите трансфери на „Камп Ноу“ пристигна и 18-годишниот Џеси Бисиву од Клуб Бриж за околу девет милиони евра. Младиот крилен напаѓач веднаш покажа зошто каталонскиот гигант решил да инвестира во него. Во пријателската победа над Базел од 5-2, Бисиву влезе во игра во 79. минута и до крајот постигна два гола. Првиот погодок го запиша десет минути по влегувањето на теренот, и ...
Џејми Варди би можел да ја продолжи кариерата во Бразил, откако Сао Пауло покажал сериозен интерес за англискиот напаѓач. Бразилскиот гигант веќе воспоставил првичен контакт, но конкретни преговори сè уште нема. Варди моментално е слободен агент по разделбата со Кремонезе, а во Сао Пауло сметаат дека неговото искуство и победничкиот менталитет би биле голем плус. Сепак, возраста и финансиските услови се главните причини поради кои клубот сè ...
Новото засилување на Струга Трим Љум, Ќендрим Исмајли, имаше успешно деби во дресот на стружани и беше дел од големата победа над актуелниот шампион Вардар. Исмајли пристигна во Струга на 10 август, а тренерот Бледи Шкемби веднаш му укажа доверба и го постави во стартниот состав. Тој мина 86 минути на теренот и остави позитивен впечаток, посебно во офанзивниот дел од играта и со пробивите по левата страна. „Задоволен сум од она што го покажа ...
Во периодот од 15 до 17 август во организација на ТК Адвантико во Охрид се одржа турнир во зелен тенис, на кој до трофеите стигнаа Меланија Митевски и Симеон Мицковски. Во финалето кај девојчињата, Митевски од ТК Адвантико беше подобра од Ема Ангеловска од ТК Битола со 1-4, 4-1, 4-2. Кај момчињата, Симеон Мицковски (МТП) по голема борба го совлада Марко Донев од ТК Адвантико со 4-0, 1-4, 4-2 и го освои првото место. Во периодот од 15 до 17 ...
Младиот фудбалер на Каљари, Жаел Трепи, се наоѓа на одделение за интензивна нега по тешката несреќа која се случи во базен на Сардинија. Дваесетгодишниот француски напаѓач бил пронајден во длабокиот дел од базенот во вилата во која престојувал за време на слободните денови. Според наводите на италијанските медиуми, Трепи не знаел да плива. По укажаната прва помош, тој итно бил пренесен со хеликоптер во Сасари, а Каљари официјално потврди дека ...
Новак Ѓоковиќ постепено го намалува бројот на турнири на кои настапува, но неговата мотивација за тенисот сè уште е силна. Србинот веќе има идеја како би сакал да изгледа завршницата на неговата богата кариера - со настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година и збогување со тенисот под српското знаме. Ѓоковиќ призна дека учеството на Олимпијадата во Лос Анџелес е нешто што многу го посакува. Сепак, свесен е дека остварувањето на ...
Изминатиот викенд во ТК Поинтер се одржа Отвореното првенство за јуниори и јуниорки до 16 години, на кое до трофеите стигнаа Надица Блажевска и Алексеј Стојановски. Во женското финале Блажевска, членка на ТК Црна Река, беше подобра од Јоана Милкова од ТК Мондано со 6-2, 6-2. Кај јуниорите се водеше клупска битка меѓу двајца тенисери на ТК Тумба. Алексеј Стојановски го совлада Марин Стефановски со 6-2, 6-3 и го освои првото место. Изминатиот ...
Големо изненадување се случи на Мастерсот во Синсинати, откако Жаиме Фарија го совлада шестиот тенисер во светот, Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Португалецот, кој е 79. на АТП-листата, со овој триумф ја забележа првата победа во кариерата над тенисер од Топ-10. Мечот траеше еден час и 50 минути, а Фарија одигра исклучително храбро против фаворизираниот Американец. Португалецот направи три брејка, додека Шелтон успеа еднаш да му го ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, привлече внимание на пријателскиот натпревар против Шалке во Гелзенкирхен, откако покрај десното око имаше видлива модринка. По убедливата победа на „кралевите“ од 3-0, португалскиот стратег откри дека повредата ја заработил на тренинг. „На тренинг топката ме погоди во лицето. Да немав очила, веројатно немаше ни да се случи ова. Можеше да биде и полошо“, објасни Мурињо. По натпреварот Мурињо се ...
Ракометната федерација на Македонија изминатиот викенд беше домаќин на две репрезентативни селекции од Египет – сениорската Б селекција и репрезентацијата до 20 години, кои престојуваат во Македонија во рамки на своите подготовки. За време на престојот, египетските селекции одиграа пријателски натпревари со македонски клубови. Сениорската Б селекција одигра контролен натпревар против РК Алкалоид, додека репрезентацијата до 20 години одигра ...
Вардар и Војводина денеска во Охрид ќе го одиграат првиот натпревар во историјата на новоформираната Регионална лига за мажи. Македонскиот шампион и српскиот вицепрвак ќе се соочат од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, пред меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Дуелот е предвиден за осмото коло, но по договор на клубовите поради набиените обврски и календира ќе се одигра порано како увертира на турнирот. Во новата лига учествуваат ...
Марк Сантос го запиша своето име меѓу најмладите дебитанти во историјата на Ла Лига, откако Леванте му даде шанса против Еспањол на само 15 години и 288 дена. Младиот фудбалер влезе во игра во 64. минута и веднаш постави клупски рекорд, станувајќи најмладиот играч на Леванте кој настапил во шпанската елита. На вечната листа во Ла Лига се најде на третото место, зад Лука Ромеро и Сансон. Сантос го израмни достигнувањето на Педро Ирасторза од ...
Јувентус го комплетираше трансферот на колумбискиот репрезентативец Џон Лукуми, кој потпиша договор со торинскиот клуб до 30 јуни 2030 година. Болоња ќе добие 20 милиони евра обештетување. Во договорот се вклучени и бонуси до дополнителни два милиони евра, зависно од исполнувањето на одредени спортски цели. Лукуми има 28 години, а во Болоња пристигна во 2022 година од Генк. За белгискиот клуб настапуваше четири сезони, додека кариерата ја ...
Шкотската фудбалска асоцијација го назначи Себастијан Покоњоли за нов селектор на националниот тим. Белгиецот потпиша двегодишен договор и доаѓа на местото на Стив Кларк, кој си замина по елиминацијата на Шкотска од Светското првенство во 2026 година. Покоњоли има 39 години и зад себе богато тренерско искуство. Работеше во Унион Сент Жилоа, каде освои шампионска титула, а последно беше на клупата на Монако. Претходно беше дел и од младинските ...
Елина Свитолина направи еден од најголемите пресврти на турнирот во Синсинати, откако спаси дури седум меч топки против Тереза Валентова и славеше со 2-1 (3-6, 7-6(5), 6-0). Чешката тенисерка одлично го отвори мечот и со три брејка го освои првиот сет со 6-3. Во вториот сет Свитолина беше на работ на поразот, но успеа да спаси седум меч топки, а потоа направи пресврт и во тај-брејкот, во кој губеше со 2-5. Украинката го доби тај-брејкот со ...
Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот. На турнирот настапија репрезентации од многу европски земји, а покрај натпреварите, во фокусот беше и организацијата на целокупниот настан. За успешно реализираното првенство, Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета. Дополнително признание ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува со градењето на млад ростер за новата сезона и го доведе 18-годишниот Марин Крстевски од Мулти Есенс. Крстевски игра на позицијата среден бек и се очекува да биде еден од главните разигрувачи на тимот. Тој претходно настапуваше за Мулти Есенс, со кој освојуваше трофеи во младинските категории. Младиот ракометар е и репрезентативец на Македонија до 20 години, па неговиот трансфер во Еурофарм Пелистер 2 ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, планира голема промена во улогата на Ламин Јамал во новата сезона. Според информациите од Шпанија, германскиот стратег сака младиот фудбалер сè почесто да го користи на позицијата „десетка“, односно веднаш зад централниот напаѓач. Јамал во изминатиот период најчесто настапуваше на десната крилна позиција, каде со својата брзина, дриблинзи и креативност правеше огромни проблеми за противничките одбрани. ...
Сантос славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај Васко да Гама во 23. коло од бразилското првенство и направи важен чекор во борбата за опстанок. Нејмар стана првиот фудбалер во Бразил кој мораше привремено да го напушти теренот поради новото правило поврзано со укажување медицинска помош на голманите. Голманот на Сантос, Габриел Бразао, доби лекарска помош, а според новото правило тренерот треба да одреди фудбалер кој привремено ќе излезе ...
Фудбалерите на Брегалница претрпеа пораз од 4-1 од Шкендија во натпреварот од третото коло на ПМФЛ. Иако штипјани парираа повеќе од еден час, на крајот противникот успеа да стигна до релативно висока победа. Тренерот на Брегалница, Никола Кузманов, не беше задоволен од резултатот, но, сепак реалноста е дека неговиот тим играше против силен ривал. „Шкендија беше подобар тим и треба да честитаме. Можеби одлуката за пеналот за нас ќе сменеше ...
Шпанските тренери доживуваат вистинска експанзија во европската кошарка. Дури седум од 20-те учесници во Евролигата во новата сезона ќе имаат тренери токму од оваа држава. Овој тренд не е случаен. Шпанската тренерска школа со години ужива голема репутација, а клубовите сè почесто им доверуваат важни проекти на стручњаците од Иберискиот Полуостров. Меѓу нив се и двата најголеми српски клубови - Црвена Звезда го избра Ибон Наваро, додека ...
Килијан Мбапе ова лето има повеќе активности надвор од фудбалските терени. Француската суперѕвезда наводно разгледува бизнис-потег со кој би можел целосно да го промени начинот на кој фудбалерите соработуваат со производителите на спортска опрема. Неговиот договор со „Најки“ истече на 31 јули 2026 година, а американскиот бренд го следеше уште од најмладите денови. Мбапе со „Најки“ освои француска титула, блесна во Лигата на шампионите и уште ...
Шпанската Барселона продолжува да бара засилување во нападот, а во кругот на потенцијални нови имиња се појави и Кристофер Нкунку, трансфер кој би бил прилично неочекуван за навивачите на каталонскиот гигант. Според информациите на „Ел Насионал“, францускиот репрезентативец се нашол на располагање на трансфер-пазарот откако тренерот Рубен Аморим решил дека нема да му биде потребен во текот на сезоната. Нкунку минатото лето пристигна на „Сан ...
Шкендија има перфектен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига откако ја совлада Брегалница со 4-1 во последниот натпревар од третото коло во Првата фудбалска лига. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме, а тренерот на Шкендија, Артим Положани, сите заслуги им препиша на фудбалерите. „Сакам да им честитам на фудбалерите, затоа што тие се најзаслужни за овој триумф. Не е лесно да се стигне до победа, кога само три дена ...
Џон Стоунс имаше деби од соништата за Интер, постигнувајќи го победничкиот гол во триумфот од 1-0 против Реал Бетис во пријателски натпревар. Англичанецот погоди во 82. минута, само неколку минути откако влезе во игра. По натпреварот, Стоунс не го криеше задоволството од својот прв настап во црно-синиот дрес, но откри и дека амбициите му се многу поголеми. „Овој дрес е еден од најубавите во историјата на фудбалот. Горд сум што сум дел од овој ...
Бен Шелтон со одбраната на титулата на Мастерсот во Канада направи нешто што им успеало само на мал број тенисери во историјата. Сепак, младиот Американец не сака неговото име да се става во ист контекст со тениските легенди како Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Шелтон стана еден од ретките играчи кои успеале да ја одбранат титулата на канадскиот Мастерс. Пред него тоа им појде од рака само на Иван Лендл, Џон Мекинро, Андре Агаси, Енди Мареј, ...
Барселона и Манчестер Сити постигнаа дефинитивен договор за трансферот на Родри на „Камп Ноу“. Манчестер Сити ќе добие фиксна сума од 75 милиони евра (со одредени извори кои споменуваат вкупен пакет до 76,5 милиони евра со бонуси). Шпанскиот репрезентативец претходно ги договори сите лични услови со каталонскиот гигант и изрази силна желба да се врати во својата татковина. Двата клуба веќе ги подготвуваат документите за официјално ...
Еспањол убедливо го совлада Леванте со 3-0 (2-0) во првото коло од новата сезона на шпанската Примера..На натпреварот одигран на стадионот „РЦДЕ“, домаќините целосно доминираа, не дозволувајќи му на Леванте ниту еден директен шут во рамките на голот. Еспањол започна фуриозно и наметна целосна контрола уште од самиот старт. Голманот на гостите, Метју Рајан, имаше неколку клучни интервенции со кои спречи уште поголем пораз, запирајќи ги ...
Вицешампионот Ленс, оствари историски успех и за првпат во својата историја го освои Суперкупот на Франција. Овој млад тим на домашен терен го совлада актуелниот шампион Пари Сен Жермен со 1-0 и ги израдува своите многубројни фанови. Капитенот Флоријан Товен го постигна победничкиот погодок во 32. минута од натпреварот по асистенција на Матио Удол. Само седум минути по водството, дефанзивецот на Ленс, Килијан Антонио, доби директен црвен ...
Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер доживеа огромен пад на проценетото богатство, откако акциите на швајцарската компанија за спортска опрема во која има значителен удел нагло ја загубија својата вредност. Акциите во еден момент паднале за околу 19 отсто, што директно се одразило врз вредноста на уделот на Федерер. Според проценките на „Форбс“, неговото богатство за само еден ден се намалило за најмалку 52 милиони долари, односно ...