Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Кошаркарите на Маџари тесно загубија од лидерот ТФТ Скопје (85-82) во претпоследното коло на плеј-офот во Суперлигата. По тешниот дуел против фаворитот од таборот на Маџари кратка анализа на одиграното даде репрезентативецот Амар Хот. „Тежок натпревар за нас и, за жал, не го добивме резултатот што го посакувавме. Имавме свои шанси, но не ги искористивме, а противникот тоа го казни. Сепак, не можам да им замерам на играчите за борбата и ...
По победата на кадетките, по ист пат продолжија и кадетите на Македонија кои со победа од 30-19 против селекцијата на Србија се пласираа во финалето на Светското училишно првенство во ракомет. Момчињата предводени од Горан Кузманоски ја оправдаа фаворитската улога, уште во по првиот дел имаа предност од 14-10, а потоа со уште поубедлив перформанс стигнаа до посакуваната победа. Во финалето нашата машка селекција ќе игра со победникот од ...
Инцидентот од четвртиот меч меѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс доби епилог, откако НБА изрече парични казни. Сè започна кога Џејден Мекдениелс поентираше на 1,3 секунди до крајот, што го налути Никола Јокиќ и доведе до турканица и мешаница на паркетот. Во ситуацијата се вмеша Џулиус Рендал кој имаше вербален дуел со Србинот. По преглед на снимката, двајцата беа исклучени. <<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Јокиќ направи хаос, Денвер пред ...
Кошмарната сезона на Тотенхем доби нов тежок удар, бидејќи лондонскиот тим остана без Чави Симонс на долг рок. Младиот Холанѓанец заработи сериозна повреда на коленото, ги скина предните вкрстени лигаменти и за него сезоната е завршена. Холандскиот репрезентативец ќе паузира подолг период, а враќањето на терените се очекува дури во 2027 година, што значи дека ќе го пропушти и Светското првенство. До повредата дојде на Вулверхемптон, кој ...
Кошаркарската федерација на Македонија објави дека е започната продажбата за натпреварот против Ирска кој ќе биде одигран во јули во претквалитикациите за Евробаскетот во 2029 година. Иако има уште повеќе од два месеци до натпреварот, од федерацијата објавија дека билетите се продаваат преку сервисот на „МКТикетс“. Пресметката ќе се одигра во реновираната сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Цената на влезниците ќе биде по 200 денари за сите трибини ...
Екипата на Башкими, по поразот од Струга Трим Лум и суспензијата на стадионот во Куманово, сега се соочува со тешка борба за бегство од зоната на баражот. Сепак, распоредот не оди во прилог на кумановци, бидејќи ќе ги одмерат силите со екипите кои се борат за шампионската титула Шкендија и Вардар. Според Мухарем Мислими, денешниот натпревар во Тетово, против Шкендија е вистинска „борба на гладијатори“ кои имаат дијаметрално спротивни цели. ...
Кадетската женска репрезентација на Македонија се пласира во финалето на Светското првенство во училишен ракомет, откако славеше во полуфиналето против Турција со 30-22. Избраничките на Даниела Новска Вељановска одиграа убедлив натпревар и на крајот сигурно славеа против ривалките од Турција во салата „Македонско Сонце“. Првото полувреме беше поизрамнето и заврши со 12-12, ама потоа Македонија се наметна и заслужено победи. Во натпреварот за ...
Ракометниот клуб Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Французинот кој има 23 години настапува на позицијата следен бек, а во Вардар доаѓа од Трембле во родната земја чиј член е од 2022 година. Досега во кариерата Фадуил настапувал само во домашни клубови, бидејќи пред Трембле беше дел од Кретеј и Саран. Оваа сезона Фадуил е еден од најдобрите играчи ...
Двократниот европски првак Вардар го потврди и официјализира потписот со Матео Фадуил. Францускиот бек пред неколку денови стави потпис, а сега клубот го потврди неговото доаѓање и преку социјалните мрежи. При потписот, Фадуил имаше и кратко обраќање на кое нагласи дека е среќен што доаѓа во клуб како Вардар. „Здраво на сите! Навистина сум возбуден што доаѓам во овој историски ракометен клуб. Едвај чекам да се запознаам со сите неверојатни ...
Англискиот фудбалер Џек Грилиш повторно се најде во центарот на вниманието на британските медиуми, но овојпат поради случка надвор од терените. Играчот на Евертон, кој моментално настапува како позајмен од Манчестер Сити, бил забележан во бар во Манчестер каде, според сведоци, заспал на маса по неколкучасовно дружење со пријатели и консумирање алкохол. Инцидентот доаѓа во незгоден момент за 30-годишниот офанзивец, кој е надвор од терените ...
Шкендија ќе го дочека Башкими во натпревар од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига. Шампионот мора да дојде до трите бода и нема право на грешка во трката за титулата, бидејќи вардарци се моментално на „плус четири“ по вчерашната победа над Тиквеш. Пред натпреварот со кумановци своите очекувања ги сподели голманот Бубакар Гаје, кој кажа: „Мораме да го сфатиме овој натпревар многу сериозно. Најопасните мечеви се против тимовите кои се ...
Фудбалерите на Силекс ѝ гостуваат на Струга Трим Лум во пресметка од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига. Кратовскиот тим сака да ја искористи одличната форма и по четири победи во низа да продолжи по истиот пат и во Струга. Во пресрет на дуелот крај Охридското езеро своите очекувања ги сподели крилниот фудбалер Дарко Додев. „Неслучајно Силекс во последните две години покажува карактер и се бори за врвот на табелата. Не сме таму каде ...
Струга Трим Лум денес го пречекува Силекс на домашен терен и ќе се обиде да го подобри ефектот кога се во прашање натпреварите пред својата публика. Ги загуби последните два, против Тиквеш (1-2) и против Работнички (1-2), па соочувањето со Силекс е важно од тој аспект исто колку и битката за третата позиција. Стружани имаат седум бода предност пред четвртопласираниот Силекс, па со евентуален триумф ќе ја потврдат оваа позиција. „Подготвени ...
Неверојатни сцени беа видени на натпреварот шпанската Сегунда меѓу Сарагоса и Хуеска, каде што фудбалот падна во втор план по хаосот што се случи на теренот. Главен актер на инцидентот беше голманот на гостите, Естебан Андрада, кој целосно ги загуби нервите. Тој прво оттурна противнички фудбалер, по што судијата му покажа црвен картон, но тука не заврши драмата. Бесен по исклучувањето, Андрада тргна кон Жорге Пулидо и го удри со тупаница во ...
Кошаркарите на Хјустон Рокетс славеа против Лос Анџелес Лејкерс (115-96) и се одржаа во живот во првата плеј-оф серија во НБА лигата. „Ракетите“ сега имаат негатива од 3-1, а Лејкерси на следниот меч пред своја публика можат да го заверат местото во следната рунда. 4 Хјустон Рокетс - ЛА Лејкерс: До победата Рокетси ги водеа Томпсон со 23, Исон со 20 и Шенгун со 19 поени. Во таборот на тимот од Лос Анџелес се истакна Деандре Ејтон со 19. ...
Дали фановите на француската репрезентација имаат причини за загриженост? Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, принудно беше повлечен од теренот во 80. минута на вчерашното гостување кај Бетис во меч од Примера. Медиумите објавија дека Французинот има истегнување на мускулот на задниот дел од левата бутина. Според нив, брзоногиот фудбалер сам побарал од тренерот Арбелоа да го напушти теренот. Натпреварот заврши без победник, со што ...
Младата репрезентација на Македонија до 15 години со победа го отвори настапот на престижниот турнир на нациитеi во Италија, совладувајќи ја селекцијата на Молдавија со убедливи 3-0 (2-0). Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа сигурен натпревар и со три погодоци најавија успешен настап на турнирот. Стрелци за Македонија беа Мубин Мустафа, Доротеј Христов и Гораст Ристовски. Македонија: Огнен Божиновски, Адел Мустафи, Ејман Емини, ...
Швајцарецот Сандро Шерер ќе биде глацвен судија на првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони, каде ќе се сретнат двата гиганти на европскиот фудбал - Баерн Минхен и ПСЖ. Информацијата ја потврди Европската фудбалска унија (УЕФА), а помошници на Шерер ќе му бидат Шпанците Анхел Навадо и Гвадалупе Порас Ајусо. Четврти судија е Хесус Мила Манзано, а во ВАР-собата ќе работат уште двајца нивни сонародници - Карлос Дел Серо Гранде и ...
Фудбалерите на Виљареал ја победија Селта со 2-1 (2-0) во претпоследниот натпревар од 33. коло на Примера. Оваа победа на „подморницата“ најмногу му значи на Бетис, кој сега е на чекор до Лигата на шампионите, со оглед на тоа што од Шпанија и следната сезона во елитата ќе играат пет екипи. Натпреварот започна со пенал за Виљареал. Лаго задоцни и го собори Молеиро, а судијата покажа на белата точка. Жерар Морено ја презеде одговорноста и ...
Кошаркарите на Сан Антонио Спарс го победија Портланд Треил Блејзерс со 114-93 и поведоа со 3-1 во четвртфиналната серија во Западната конференција, доаѓајќи на чекор од пласман во полуфиналето. Претходните натпревари, каде што гостите триумфираа во два од трите дуели, покажаа дека сме сведоци на сосема необична серија помеѓу Сан Антонио и Портланд. Победата на Сан Антонио во Орегон за водство во серијата од 2-1 му даде на домаќинот ...
Торонто Репторс го израмни резултатот во четвртфиналната серија од Источната конференција против Кливленд Кавалирс, откако ги победија своите ривали од Охајо со 93-89 во четвртиот натпревар и сега серијата е израмнета (2-2). Победата во третиот натпревар значеше дека тимот од Канада може да се справи со еден од подобрите тимови на Истокот, но сè можеше да пропадне доколку не го материјализираа добриот настап вечерва. За разлика од ...
Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер, се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Мадрид, откако го победи многу послабо рангираниот Данец, Елмер Молер, за помалку од 80 минути - 2:0 (6-2, 6-3). Откако пред два дена беше во големи проблеми против Бенџамин Бонци, светскиот рекет број еден влезе во мечот против квалификантот од Данска со многу поголема енергија. Иако Молер веќе му покажа на Синер во првиот гем дека не дошол „бело знаме“, ...
Фудбалерите на Олимпик Марсеј ремизираа со Ница на „Велодром“ во дербито на 31. коло од Лига 1 (1-1). Дербито на југот се очекуваше долго и сите констатираа дека двете екипи потфрлија и требаше да дадат многу повеќе. На Олимпик Марсеј му беше потребна победа за да се бори за место во Лигата на шампионите, а на Ница за да се погрижи да побегне од зоната за опстанок. Кога Пјер-Емил Хејбјерг со глава го отвори резултатот во 66. минута за 1-0, се ...
Галатасарај го доби големото дерби против Фенербахче со убедливи 3-0 (1-0) во 31. коло од турското првенство и направи огромен чекор кон титулата, зголемувајќи ја предноста на седум бода на табелата. Извештај од натпреварот: Натпреварот во Истанбул донесе многу тензија, а гостите имаа идеална шанса први да поведат кога во 12. минута добија пенал, но Талиска не беше прецизен. Казната стигна во 40. минута кога Виктор Осимен по одличен ...
Милан и Јувентус одиграа без голови (0-0) во дербито од 34. коло во Серија А, резултат што повеќе им одговара на „росонерите“ кои ја задржаа предноста од три бода во однос на големиот ривал. Првото возбудување се случи во 10. минута кога Кефрен Турам се обиде, но неговиот удар беше безопасен. Милан возврати дури по средината на првото полувреме, кога Јусуф Фофана се реши на шут наместо да проигра соиграч. Најсериозната шанса во првиот дел ја ...
Екипата на Бутел ќе игра во финалната серија од доигрувањето за место во Супер лигата, откако вечерва како гостин, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, славеше во „мајсторката“ против Соколи 1933 со 83-86. По втор пат во рок од една седмица кошаркарите на Бутел покажаа дека се подготвени да одат до самиот крај, односно да се борат за место во елитната конкуренција. И по втор пат излегоа како победници во дуелот со подобро рангираниот состав ...
Двете кадетски репрезентации на Македонија се пласираа во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет. Момчињата предводени од Горан Кузманоски славеа со 23-11 во дуелот против соодветната селекција на Бразил. Македонските кадети со оваа победа се пласираа меѓу четирите најдобри, а таму ги очекува дуел со Србија. Што се однесува до девојките, и тие славеа против Бразил, но со минимални 19-18. Девојките на Даниела Новеска ...
Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, се соочува со сериозен проблем пред почетокот на Светското првенство кое се одржува годинава во САД, Канада и Мексико. Имено, одбраната на Бразил би можела да биде значително ослабена, откако еден од клучните дефанзивци, Едер Милитао, се соочи со повреда која го доведува во прашање неговиот настап на турнирот. Според последните информации, постои реална можност тој да отпадне од ...
Фудбалерите на Вардар ја одиграа најубедливата партија оваа сезона и го декласираа Тиквеш со 7-0 во ПМФЛ. Натпреварот на националната арена „Тодор Проески“ мина во целост во знакот на домашниот тим кој го декласира ривалот од Кавадарци со седум гола во неговата мрежа. Вардарци пак се на „плус четири“ во однос на Шкендија која утре го дочекува Башкими. Фудбалерите на Вардар ја одиграа најубедливата партија оваа сезона и го декласираа Тиквеш ...
Екипата на Торино успеа да го запре Интер и ремизираше со конечен резултат 2-2 (0-1) во натпреварот од 34. коло на италијанската Серија А. Лидерот на табелата имаше двојна предност до 70. минута, но им дозволи на „биковите“ да се изборат за бод пред своите гледачи. Маркус Турам го отвори резултатот во 23. минута, впишувајќи го својот единаесетти првенствен погодок сезонава. На паузата, гостите од Милано ја задржаа минималната предност, а во ...