Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Ракометната федерација на Македонија информира дека ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со нов договор кој ќе важи до 2029 година. Од Федерацијата посочуваат дека одлуката е донесена врз основа на заедничка визија, доверба и јасна стратегија за долгорочен развој на македонскиот ракомет. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, истакна дека континуитетот ...
Актерката Аманда Сајфред отворено проговори за својата долгогодишна борба со опсесивно-компулсивното нарушување (ОКН), откривајќи дека со оваа состојба живее уште од тинејџерските години. Во ново интервју за Vogue, 40-годишната актерка изјави дека дијагнозата за „многу изразен“ ОКН ја добила рано и дека и денес секојдневно зема терапија за да ги држи симптомите под контрола. Дијагноза во раната младост Сајфред се присети на тежок период од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова достави до Собранието два предлога за членови на Судскиот совет – адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ. Со ова, по подолг застој, треба да се пополнат двете места што ѝ припаѓаат на шефицата на државата во составот на највисокото судско тело. Потегот доаѓа откако беше усвоен новиот Закон за Судскиот совет, а од Кабинетот на претседателката беше најавено дека ...
Астролошката атмосфера за 10 и 11 јануари 2026 се менува на суптилен, но моќен начин. Во сабота, Месечината е во Вага – знак на рамнотежа, односи и внатрешна хармонија. Во недела, Месечината преминува во Скорпија, носејќи подлабоки чувства, интензитет и потреба за искреност со себе. Овој викенд е мост меѓу разумот и емоцијата – меѓу тоа што го покажуваме и тоа што навистина го чувствуваме. ♈ Овен Овој викенд носи тивок, но значаен внатрешен ...
Актерката Сидни Свини неодамна зборуваше за несреќа со wakeboarding од детството, која ѝ оставила траен белег на лицето, споделувајќи детали во интервју за W Magazine, пренесува Index.hr. Ѕвездата на серијата Euphoria откри дека инцидентот се случил кога имала само 10 години. Додека се обидувала да изведе акробација на вода, маневарот тргнал наопаку. „Скокнав преку бран и се обидов да направам 360 степени“, раскажа Свини, објаснувајќи дека ...
Манекенката и ријалити ѕвезда Кендал Џенер одлучи јавно да стави крај на долгогодишните шпекулации за нејзината сексуалност. Во неодамнешно гостување во подкаст, таа отворено проговори за гласините што со години кружат на интернет – дека тајно е лезбејка. „Ме погодува колку луѓето знаат да бидат злобни“ „Постои цела страна на интернетот што мисли дека сум лезбејка“, изјави Џенер, додавајќи дека најмногу ја погодува начинот на кој тие гласини ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите укажа дека поради промашените политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, економијата тоне, а инфлацијата континуирано го јаде животниот стандард на граѓаните. „Според последните официјални статистички податоци, инфлацијата никако да спласне, под 4 %. Тоа граѓаните го чувствуваат во секојдневното живеење. Има огромен раст на трошоците за ...
Во Русија на Владимир Путин, каде ЛГБТ+ идентитетот е третиран како „екстремизам“, дури и гледањето серија може да стане чин на отпор. Токму тоа го опишува рускиот писател и новинар Михаил Зигар во текст објавен во Vanity Fair, посветен на неочекуваната популарност на серијата „Heated Rivalry“ меѓу руската публика. Иако серијата не е официјално достапна во Русија и би можела да се смета за „забранета содржина“, таа бележи исклучително висок ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти апсењето на рускиот претседател Владимир Путин „би било неопходно“, одговарајќи на новинарски прашања за време на состанок со директори на големи нафтени компании. Изјавата уследи откако новинарите го прашаа Трамп дали би размислил за примена на исти мерки кон Русија какви што САД неодамна презедоа во Венецуела против претседателот Николас Мадуро. DOOCY: Would you ever ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со можноста САД да го преземат Гренланд, изјавувајќи дека тоа може да се случи „на полесен или на потежок начин“, без разлика на ставот на Данска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на состанок со директори на големи нафтени компании, Трамп рече дека засега не зборува за конкретна сума што би ѝ ја понудил на Данска за Гренланд, но не ја исклучи можноста за разговори на таа ...
Ескалацијата на протестите во Иран на 8 јануари 2026 година, документирана во анализата на Институтот за проучување на војната (ISW) и проектот Critical Threats, укажува на влегување на земјата во нова, почувствителна фаза на внатрешна нестабилност. Иако станува збор за домашни немири, нивниот интензитет, ширина и начинот на кој режимот реагира имаат пошироки импликации што директно ги засегаат и европските, како и балканските политички и ...
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше на средба во Маврово и Ростуше на која уште еднаш ја нагласи поддршката за кандидатот за градоначалник на оваа општина Онер Јакупоски, пред повторените избори во недела на 11 јануари. – Вечерва сме во Маврово и Ростуше со силна енергија, јасна визија и искрена поддршка за Онер Јакупоски – кандидат за градоначалник за Општина Маврово и Ростуше, објави Мицкоски на социјалните мрежи. Со ...
СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон, порача Филипче, ...
Најавата на премиерот Христијан Мицкоски за свикување лидерска средба со цел разговор за укинување на техничката влада и постигнување политички консензус околу реформските закони отвори ново поглавје во македонската политичка динамика. Иако формално претставена како повик за дијалог, иницијативата веќе предизвика различни толкувања, воздржани реакции и политички калкулации. Мицкоски ја најави лидерската средба во божиќно интервју за ...
Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) остро реагира на, како што го нарекува, „преседанот во културата“, обвинувајќи го министерот за култура и туризам дека повторно се обидува да ги поништи колективните договори и веќе донесени судски пресуди поврзани со зголемувањето на платите во културата. Повод за реакцијата е т.н. „упатство“ што министерот им го доставил на институциите во културата, со кое, според СКРМ, се игнорира ...
Кој ќе ја води Венецуела останува нејасно по последното интервју на американскиот претседател Доналд Трамп за ова прашање, дадено за Фокс њуз. Во текот на викендот, Трамп ја отфрли идејата за соработка со лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, бидејќи „таа нема поддршка и почит во својата земја“. Сепак, тој посочи за Фокс њуз дека Мачадо ќе биде во Вашингтон следната недела и дека ќе се сретне со неа. Трамп изјави за ...
Сириското Министерство за одбрана денеска прогласи прекин на огнот во северниот сириски град Алепо, по неколкудневните жестоки судири меѓу силите предводени од Курдите и владините трупи, јави ДПА. Прекинот на огнот започна во населбите Шеик Максуд, Ашрафија и Бани Заид во Алепо од 3 часот наутро( на полноќ по среднопевропско време), соопшти министерството. Вооружените групи имаат шестчасовен период за да ја напуштат областа, а крајниот рок е ...
Протестите во знак на солидарност со жртвата од инцидентот во Минеаполис се проширија во неколку градови низ САД, откако 37-годишната Рене Никол Гуд го загуби животот во инцидент со федерален службеник на Службата за имиграција и царина (ICE). Додека демонстрантите продолжуваат да се собираат во Минеаполис и Сент Пол неколку дена по смртоносниот инцидент, собири за поддршка се организирани и во други делови од земјата, објавува Си-Ен-Ен. Во ...
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека инцидентот што се случи за време на интервенцијата на службениците на Службата за имиграција и царина (ICE) во која 37-годишна жителка на Минеаполис го загубила животот е резултат на „трагедија што самата ја предизвикала“. Тој ги обвини левицата, демократите и медиумите за, како што изјави, поттикнување насилство и ширење тензии во јавноста, иако официјалната истрага за случајот сè ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека нема да има средба за техничката влада со, како што рече, „криминалци кои се обидуваат да ја узурпираат државата“, обвинувајќи ја власта дека бара алиби за распишување предвремени избори. „Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори“, изјави Филипче на денешната прес-конференција. Филипче ...
Гренланд треба да води директни разговори со владата на САД без посредништво на Данска, изјави Пеле Броберг, лидер на најголемата опозициска партија во Гренланд, Налерак. – Ја повикуваме нашата влада да започне дијалог со владата на САД без Данска – изјави Броберг, лидер на опозициската партија Налерак, која се залага за независност на Гренланд. Тој рече дека Данска со своето посредништво ги антагонизира и Гренланд и САД. Налерак го дуплираше ...
На 9 јануари Месечината е во Вага и ја отвора темата на односите, договорите и внатрешната рамнотежа. Ова е ден кога ништо не функционира добро ако е наметнато, избрзано или неискрено. Се бара чувство за мера, слушање и разбирање – и кон другите, и кон себеси. Одлуките донесени денеска имаат подолг одек, особено во работните и емотивните односи. ♈ Овен Денот започнува со чувство дека нешто бара усогласување – внатрешно или со луѓето околу ...
Возењето во зима не е ризично само поради снег и мраз. Влажниот коловоз, чест во зимските месеци поради дожд, топење на снег и ниски температури, е една од најчестите причини за губење контрола и сообраќајни незгоди. Комбинацијата од вода, кал, сол и маснотии на патот значително го намалува прилепувањето на гумите, дури и кога условите визуелно изгледаат „безбедни“. Намали брзина – но навреме На влажен коловоз патот на сопирање е значително ...
Клучни наоди Формална уредност, слаб интегритет: Иако изборите беа формално спроведени и гласачките места беа отворени навреме, суштинската демократска легитимност е сериозно компромитирана. Недоверлив Избирачки список: Присуство на имиња на починати лица и технички проблеми со уредите за отпечаток од прст создаваат нееднакви услови за гласање и ја поткопуваат довербата на граѓаните. Прекршувања на изборниот молк и притисок врз гласачите: ...
Во Минеаполис се одржуваат протести по смртоносното пукање на 37-годишната Рене Никол Гуд од страна на американски агент за имиграција ICE, пренесува Би-би-си. Видеата од инцидентот покажуваат агенти на ICE како се приближуваат кон автомобил на средина од улицата. Додека се обидува да избега, еден од нив го насочува пиштолот кон возачот и се слушаат најмалку два истрели. Секретарката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави дека ...
По драматичните настани во Каракас минатиот викенд, прашањата не престануваат да се редат. Но, како што наведува анализа на Би-Би-Си, едно прашање особено се истакнува: зошто токму Делси Родригез – поранешна потпретседателка и истакната фигура на режимот на Николас Мадуро – сега е назначена да ја води привремената влада во Венецуела, како што тоа го нарекуваат американските власти? Според Би-Би-Си, изборот на Родригез не е случаен и не следи ...
Ирачката влада објави дека ќе го преземе управувањето со нафтеното поле Западна Курна 2 од Лукоил, според условите на договор за услуги со рускиот нафтен гигант. Ирачката влада има намера да ги финансира операциите во Западна Курна 2, едно од најголемите нафтени полиња во светот, преку сметка на нафтеното поле Маџнун и ќе бара дозволи за тоа, изјавија официјални лица. Сметката ќе биде „надополнета“ со приходи од испораките на нафта што ги ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Во Северна Македонија немаше суштинска јавна дебата за таканаречениот Акциски план за унапредување на правата на лицата што припаѓаат на заедниците – ниту за неговата содржина, ниту за неговите правни импликации, ниту за неговото место во процесот на пристапување кон ЕУ. Во ноември (2025), последниот извештај за проширување на Европската комисија повторно ја повика Северна Македонија да продолжи со долго одложуваните уставни ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, која, според најавите, ќе придонесе значително да се намали, а можеби и целосно да се елиминира листата на чекање за згрижување на деца во оваа општина, соопштуваат од Владата. „Четврта градинка од почетокот на годината, а уште многу градинки кои се почнати кон крајот на 2024 и во текот на 2025 година, во периодот ...
Во српската јавност долго време се зборува за вонредни парламентарни избори, но тие сè уште не се одржаа. Иако претходно владата на Вучиќ често прибегнувала кон вакви избори, сега одговорот е загатлив и неодреден – ништо не се случува. Претседателот и неговата Српска напредна странка (СНС) не даваат јасни објаснувања, оставајќи многумина да се прашуваат дали станува збор за стратегија или страв од неизвесност. Студентите, со месеци на улица, ...