Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти. За премиерот Христијан Мицкоски е значајно тоа што аплицирале сите општини без разлика на политичката припадност на ...

Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да се запре и секој договор со Бугарија што задира во нашето уставно уредување, во нашата култура и идентитет. Името ‘Македонија’ не е само име на држава – тоа е идентитет на народот кој живее во неа“, пишува митрополитот повардарски Агатангел во својата колумна за „Нова Македонија“. Според него, Европа одамна ги ...

Во време на економска криза и недостаток на основни инвестиции, Владата планира 1,8 милиони евра за настап на ЕКСПО 2027 во Белград – од кои 50.000 евра само за музичка програма Со тендер вреден 1,8 милиони евра, Владата ќе ја претставува државата на меѓународната изложба ЕКСПО 2027 во Белград. Најголемата поединечна ставка во јавната набавка, објавена од Генералниот секретаријат на Владата на 8 мај годинава, се однесува на музичка програма во ...

По осум месеци пауза, повторно е пуштена во употреба една од најубавите железнички линии во Европа – историската Таурн пруга, која го поврзува Салцбург со Корушка, отворајќи пат кон Јадранот, пренесува putnikofer.hr. Станува збор за една од клучните трансалпски железнички рути, која по обемна реконструкција, повторно го враќа железничкиот сообраќај низ спектакуларниот алпски пејзаж. Пругата, која води од Шварцах-Занкт Фајт во покраината Салцбург ...

Македонските пингпонгари Лука Стојчев и Софија Хасану во текот на вчерашниот ден остварија победи Европското првенство во Чешка. Стојчев во категоријата младинци поединечно го победи Австриецот Францис Колоџијесчук со резултат од 3:2. Денес во 13:30 часот Македонецот ќе игра против Дарио Салседо од Шпанија за прво место во Група 7. Софија Хасану во дуелот со Руби Оливија Елиот од Велс обезбеди победа од 3:1 и со тоа македонската репрезентација ...

– Денеска сме тука да предупредиме за опасниот и штетен обид на Панче Тошковски и Владата да ја партизираат и уништат полицијата како професионална служба. Со предложените измени на Законот за полиција, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора вратите за масовно вработување на партиски војници и послушници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Да биде јасно: Со ...

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, остро ги критикуваше лошите политики на власта, нагласувајќи дека граѓаните се соочуваат со сиромаштија, лош животен стандард, ниски плати и лажни ветувања од ДПМНЕ. „Минималната плата од 24 илјади денари не е доволна за пристоен живот на едно семејство. ВМРО-ДПМНЕ не само што ги одби предлозите за зголемување на платите, туку и ја игнорира реалноста со која се ...

Во рамките на драмската програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 17 јули со почеток во 21:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена претставата „12“, по мотиви од драмата „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов. „12“ е моќна приказна за група луѓе – дванаесет поротници – кои носат одлука за судбината на еден млад човек обвинет за убиство. Делото го истражува судирот меѓу ...

Полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавното обвинителство, ја лишиле од слобода 67-годишната И.Д. од Битола, вработена во Клиничката болница Битола, поради сомнение за примање поткуп, дело казниво по член 357 од Кривичниот законик. Според информациите на МВР, акцијата уследила по претходно добиени оперативни сознанија и пријава поднесена истиот ден во СВР Битола. Полицијата извршила претрес во службените простории што ги ...

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ Кога еден министер за да покрие криминал бара оправдување во фактот дека дивоградби немало само во една општина туку имало во целата држава и кога друг министер во влијателно министерство одговорно да сузбивња криминал на темата дивоградби изјавува дека ќе се рушеле тие диви што биле небезбедни и притоа, очигледно дека не алудира на семејни домови туку на комерцијални, на профитни станбени згради, тогаш толку од власта. ...

По елиминацијата од страна на Шкендија во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, велшкиот клуб ТНС се пожали на расистички навреди од навивачите на тетовските „црвено-црни“. – Силно и недвосмислено ја осудуваме расистичката навреда упатена кон Арамиде Отех од страна на припадник на домашната публика по завршувањето на вечерашниот натпревар од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите на УЕФА против КФ Шкендија. Апсолутно ...

Во македонската кинематографија недостасува скромност и емотивна интелигенција. Тргнавме по некоја угорница на сопствениот занес не гледајќи колку е стрмно позади нас. Егото го ограничува погледот и за жал ‘идолот’ на кој му се поклонува македонската кинематографија е погрешен. Од тука и моето неразбирање зошто при целата слобода на уметноста да сакаш да си ист“, вели меѓу другото, Благој Веселинов, актерот чие име во последнава деценија стана ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е вклучен во случај во кој полицајци добиле големи суми пари додека ја обезбедувале француската репрезентација. Според „RMC Sport“, во 2023 година, вкупно 180.300 евра биле префрлени од сметката на фудбалерот на пет полицајци. Четири вработени добиле по 30 илјади евра, а нивниот претпоставен добил 60.300 евра. Според фудбалерот, тој едноставно сакал да ги награди луѓето кои се грижеле за безбедноста на ...

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Каја Калас изјави дека, доколку Европската Унија го финансира вооружувањето на Украина, тоа ќе претставува европска поддршка, а не американска, независно од изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп. Нејзината изјава доаѓа по изнесената најава на Трамп дека САД ќе испратат дополнително оружје за Украина, но средствата за тоа ќе ги обезбеди ЕУ, што, според весникот „Гардијан“, ...

Фудбалскиот клуб Арсенал од Тиват е исфрлен од европските купови на 10 години поради наместени резултати. Како што пренесуваат медиумите од Црна Гора, тимот ќе треба да плати и казна од половина милион евра, а казнети се фудбалери и претставникот на клубот. Фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни казни за забрана за работа во фудбал, додека 10 годишни казни добија Четко Манојловиќ, Радуле Живковиќ и ...

Со солистички концерт на Кокан Димушевски, вечер во Битола почнува 19-то издание на Балканскиот етно фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција 2025 “. „Локум фест“ е единствен фестивал на Балканот кој ги спојува традиционалната градска музика со fusion & world music, и зад себе има над 110 реализирани концерти на ансамбли од Македонија, Балканот и светот, а се одржува на културно-историски локации промовирајќи ги истите како сцена. ...

Во рамки на „Скопско лето“, в сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска. Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје и е прва соработка по потпишаниот Меморандум за продлабочување на културна ...

Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници. Оваа одлука, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од страна на поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон во неговиот ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на катастрофалниот пристап кој го имаше и претходната влада, соопштуваат од ...

Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од осум милијарди долари. Тие се сомневаат дека социјалната мрежа во 2018 година им дозволувала на трети лица, вклучувајќи ја и фирмата Кембриџ Аналитика, да пристапуваат до личните податоци на корисниците. Во тужбата, инвеститорите тврдат дека „Мета“ не ги открила целосно ризиците од злоупотреба на ...

Проширувањето на ЕУ е повеќе од само проширување на границите, туку тоа е и проширување на перспективите и заедничките судбини на граѓаните, па затоа земјава останува непоколеблива во негувањето на социјалниот дијалог, јакнењето на граѓанското општество и инвестирањето во младите, изјави денеска во Брисел министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Во обраќањето на Форумот за проширувањето на ЕУ насловен „Градење инклузивна иднина во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гигантот за пијалаци Кока-Кола се согласил да го замени сирупот од пченка со висока фруктоза со вистински шеќер од шеќерна трска во својот главен американски безалкохолен пијалак Кока-Кола. – Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од шеќерна трска во Кока-Кола во САД, и тие се согласија да го направат тоа, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл. – Би сакал да им се ...

Германската влада соопшти дека нема да прифати предлог на Европската комисија за зголемување на долгорочниот буџет на ЕУ на вкупен волумен од два трилиони евра (2,3 трилиони долари) за годините од 2028 до 2034. Сеопфатно зголемување на буџетот на ЕУ е неприфатливо во време кога земјите-членки вложуваат значителни напори за стабилизирање на нивните буџети, изјави портпаролот на германската влада, Штефан Корнелиус. – Затоа нема да можеме да го ...

Португалскиот репрезентативец и член на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска Арабија. Роналдо освои најмногу гласови во изборот на навивачите на тимовите од тамошната лига. Четириесетгодишниот Португалец одигра 30 натпревари во текот на сезоната, од кои на 15 беше прогласен за најдобар играч. Постигна 25 гола и имаше три асистенции. Во јуни, Роналдо го продолжи договорот со ...

Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си. Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери ...

Трите македонски екипи кои настапуваат во квалификациите во фудбалската Конференциска лига вечер ги играат реваншите од првото коло. Најлесна задача би требало да има Вардар кој во Сан Марино отпатува со предност од 3:0 на реваншот кај Ла Фиорита. Натпреварот е закажан за 21 часот. Два часа претходно (19 часот) Силекс на теренот на „Петар Милошевски“ ќе го пречека црногорски Дечиќ во обид да ја надополни негативата од три гола (0:3) по првиот ...

Министерството за правда на САД ја отпушти федералната обвинителка Морин Коми, која, меѓу другото, работеше и на случаите кои вклучуваа обвиненија против соработничката на Џефри Епштајн, Гислејн Максвел, и музичарот Шон „Диди“ Комбс Како што се наведува, не ѝ било соопштено која е причината за отпуштањето, но ѝ бил доставен меморандум во кој се наведува дека претседателот на САД има овластување да отпушта обвинители според член 2 од ...

Најмалку 50 лица загинаа и се повредени во голем пожар што избувна во хипермаркет во градот Кут, во источен Ирак, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како гори петкатна зграда во Кут во текот на ноќта, додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот. Гувернерот на провинцијата Васит, Мохамед ал-Мајахи, изјави дека пожарот избувнал во хипермаркет и ...

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денеска го обвини Израел дека се обидува да ја вовлече Сирија во војна и изјави дека неговата земја нема да ја прифати провокацијата. – Ние, народот на Сирија, многу добро знаеме кој се обидува да нè вовлече во војна и кој работи на тоа да нè подели, рече ал-Шара во утринскиот говор емитуван на националната телевизија. – Нема да им дадеме можност да го вовлечат нашиот народ во војна која служи само за поделба ...

Координаторот за итна помош на ОН, Том Флечер, вчера го повика Советот за безбедност на ОН да оцени дали Израел ги исполнува своите обврски во Газа, предупредувајќи дека хуманитарната ситуација станала катастрофална. – Израел, како окупаторска сила, е обврзан да обезбеди луѓето да имаат храна и медицински материјали. Но, тоа не се случува, рече Флечер во Њујорк. „Наместо тоа, цивилите се изложени на смрт и повреди, присилно раселување, лишени од ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.17
27%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
45%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
35%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505