
Скопје
40ᴼ /
40ᴼ



Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, неодамна презеде нова улога во Фудбалската федерација на Македонија со единствена цел да изгради подобра иднина на мак-фудбалот. „Гранде Пандев“ кој пред шест месеци беше назначен за спортски директор на македонските репрезентации во интервју на „FotMob“ зборуваше за големите предизвици кои стојат пред новото раководство на федерацијата. – По долги години гордо носење на дресот на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Обвинителството, осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во ...
Новинарите во Грција во 5 часот утрово започнаа 24-часовен штрајк преку кој бараат потпишување колективни договори и пристојни плати, а земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот е организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски ...
Доналд Трамп потпиша сеопфатна наредба со која се забрануваат патувања од 12 земји и се ограничуваат патувањата од седум други, оживувајќи ги и проширувајќи ги забраните за патување од неговиот прв мандат, пишува Гардијан. Според прогласот, на државјаните на Авганистан, Мјанмар, Чад, Република Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен ќе им биде „целосно“ ограничен влезот во САД. Во меѓувреме, влезот на ...
Мора да направиме се за да ги зајакнеме капацитетите со цел да бидат способни за одвраќање, но тоа не може да биде одговорност само на САД, изјави американскиот секретар за одбрана Пет Хегсет пред почетокот на денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата. – САД се горди што можат да бидат тука и да стојат покрај своите сојузници, но пораката ќе продолжи да биде јасна дека одвраќањето и одбраната преку зајакнување ...
Елон Маск го нападна потписничкиот закон за даноци и трошоци на претседателот Доналд Трамп, опишувајќи го како „одвратна гнасотија“, во растечкиот јаз меѓу двајцата довчерашни блиски соработници, објави Би-би-си. Технолошкиот милијардер објави на X дека законот ќе го зголеми буџетскиот дефицит на САД и ќе ги оптовари Американците со „уривачки“ долг. Буџетот, кој вклучува огромни даночни олеснувања и повеќе трошоци за одбрана, беше усвоен од ...
Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница. Претпладнево на прес – конференција во ...
Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани, но мора да има изборен праг од 5 проценти, изјави за Фронтлајн, политикологот Ќани Нухиу. Во врска со гласањето на дијаспората, тој вели дека дијаспората треба да гласа електронски, што според него е поефикасен, поевтин и покредибилен систем, – Изборниот систем со една ИЕ е погоден за сите граѓани, без оглед на етничката или друга припадност. Сепак, мора да има изборен праг, бидејќи ако нема ...
Промената на изборниот моделот бара измени во изборниот законик, изјави за Фронтлајн поранешниот претседател на ДИК, Александар Новакоски. Според него, секоја промена на модел има свои импликации во општественото право на граѓаните и правото на глас. – Ако се определат за една изборна единица, мојот став е дека треба да постои и праг, кој би бил разумен и согласно некои меѓународни стандарди. Гласањето на дијаспората исто така е прашање кое ...
Пратеничката група на Европскиот фронт вчера до претседателот на Собранието Африм Гаши поднела интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. Пратеникот Илир Хасани денеска на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на ...
Судирот меѓу нашата галаксија Млечниот Пат и најголемиот сосед, галаксијата Андромеда, за кој долго време се сметаше дека ќе се случи за околу 4,5 милијарди години, можеби и не е толку сигурен како што досега се претпоставуваше. Ново истражување, објавено во списанието Nature Astronomy, покажува дека шансите за овој космички судир се далеку помали од претходно предвидените. Иако Млечниот Пат и Андромеда, кои се оддалечени околу 2,5 милиони ...
Бројките се најрелевантниот показател за политиките што ги спроведуваме и претставуваат смерница за креирање на политиките во наредниот период. Раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 3 и над 3 проценти последователно во три квартали е потврда за нашата политика што ја најавивме за стабилизација на макроекономската состојба и можност да стартуваме со политиките коишто ќе не водат кон забрзување на економската активност на домашната економија и ...
Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени. По тој повод, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за ...
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана. Од ЈОРМС, посочуваат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи. – Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски ...
Комисијата за европски прашања го одобри финансискиот договор со Европската комисија за повеќегодишната оперативна програма за вработување на млади во Албанија, во рамки на ИПА III Програмата, за периодот 2024-2027 година. Заменик-министерката за економија, култура и иновации, Олта Мањани, изјави дека програмата има за цел целосно вклучување на младите луѓе на пазарот на трудот, со посебен фокус на групата NEET, млади луѓе кои не се во ...
Во однос на увозот, загрижува податокот дека е поголем од извозот и тука апсолутно нема збор и ние како Министерство за финансии подготвуваме дополнителни производи преку Развојната банка, коишто ќе значат малку поголема поддршка на преработувачката индустрија, истакна денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска која одговараше на новинарско прашање за разликата меѓу увозот и извозот. Таа најави дека кога ќе ги спремаат новите ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски останува на ставот дека нема да коментира политички изјави и постапки. Во врска со можноста за интерпелација на уставен судија, Судот веќе официјално има соопштено став на 13 март 2025 година, информираат од Уставниот суд, по најавеното барање за интерпелација на претседателот на Уставниот суд. Во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Уставниот суд во март годинава, излезе со став дека ...
Стара идеја со нови дилеми, ова е заклучокот за предлогот за измена на изборниот законик со воведување на една изборна единица со право на глас и на диаспората. Станува збор за иницијативи коишто се провлекуваат со години наназад, речиси на секој изборен циклус, а за коишто досега немаше општ конзенсус. ЦИВИЛ: Eдна изборна единица да, отворени листи не нужно ќе придонесат за демократизирање на процесот Во 2011 година ЦИВИЛ – Центар за слобода ...
На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вајц во образложението на предлогот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени ...
– Ако на некого сѐ уште не му беше јасна природата на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН вчерашната седница на Советот на Град Скопје го покажа тоа во целост: тоа е коалиција на бизнис интереси и бранење на криминал. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите ја свикаа седницата, самите како точка на дневен ред предложија да се дискутира за дивоградбите во Скопје, но, кога сфатија дека на дневен ред ќе дојдат и скандалите во Чаир, панично ја повлекоа ...
– Додека Мицкоски зборува за некаква силна економија, Македонија се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што не се памети во земјава од нејзиното осамостојување. Согласно сите индикатори кои се однесуваат на стабилноста на економијата и финансискиот сектор укажуваат на тоа дека Владата се наоѓа во сериозен кризен менаџмент, особено во Министерството за финансии. Тоа што како печурки никнуваат разноразни ...
Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ Во понеделник премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува да бидеме меѓу првите пет-шест економии во Европа, меѓутоа вчера гордо соопшти дека сме четврта економска сила во ЕУ. Се плашам денес да не каже дека „ако се стегнеме малку до петок (до Курбан Бајрам) ќе го заземеме првото место, односно ќе бидеме на врвот. Нѝ фалеа „убавите времиња“ од владеењето на Никола Груевски кога бевме „први“, “втори“ или “трети“ ...
24-то издание на ОФФест ќе се одржи во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар од четврток до недела, односно од 5-ти до 8-ми јуни. На програмата се 9 концерти и една специјална филмска проекција, а годинава на фестивалот ќе настапат музичари и состави од 8 различни земји. Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ ...
На подрачјето на Гази Баба вчера полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Г.С.(41) од Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот домот, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно ...
Кога се грижиме за јазикот се грижиме и за себе, за нашите деца за споменот на нашите претци, порача министерот за култура Зоран Љутков на денешната промоција на поштенската марка изработена по повод 80 години кодификација на македонскиот јазик. Министерот во своето обраќање посочи дека човекот без јазик е исто како дрво без корен. -Низ годините нашиот јазик изгради мостови од селските училишта до големите универзитети, од народната песна до ...
Новиот план за инвестиции во одбраната ќе биде главната тема на Самитот на НАТО што кон крајот на месецов ќе се одржи во Хаг, чиј суштински аспект е поголемо инвестирање за да се задоволат потребите на зголемената побарувачка и за да се зголеми одбраното производството, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. – Светот станува се поопасен. Постои брутална војна на Русија против Украина, закана од тероризмот и интензивирање ...
Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ Свесно или несвесно, како слободен и самоуверен министер или пак партиски притиснат, министерот на полицијата, Панче Тошковски, првиот човек со заклетва да не` штити од криминал, денеска пред новинарите и јавноста промовираше став со поддршка за криминал. На аферата „Данела, Висар, Дивоградба, Чаир, Фалсификат, Корупција“ или како се јавноста или, доколку оформат предмет, ќе ја именуваат правосудната институција, е малку ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина во Европска Унија и најави дека „сè ќе направи“ за да го спречи тоа. Според него членството на Украина во ЕУ би наштетило на унгарските интереси и би имало последици за Европа. – Украина би го проголтала секое евро, форинта и злота што досега ги потрошивме за зајакнување на европските семејства, европските земјоделци и европската индустрија … За 10 ...
Во првите четири месеци од оваа година, Србија има дефицит во националниот буџет во износ од 78 милијарди динари (665 милиони евра), соопшти српското Министерство за финансии. Според Министерството, тоа е подобра сума од буџетскиот план за дефицит од 107,9 (912 милиони евра) милијарди динари, а дефицитот е планиран во износ од 185,9 милијарди динари (1,6 милијарди евра). Приходите се остварени во износ од 683,7 милијарди динари, а расходите се ...
„Сметот претставува грда слика за самите граѓани, но и за туристите кои го посетуваат центарот на градот. Истото ги засега и другите општини. Ова е навистина крајно сериозно – недозволиво е ова во 21 век. Со години наназад правиме притисок, апелираме до Јавното комунално претпријатие редовно да го чисти сметот. Граѓаните се колатерална штета, а плаќаат за таа услуга. Преку сметката за водовод плаќаме и за управување со сметот. Недозволиво е ...