Легендарната тенисерка Моника Селеш откри дека веќе неколку години се бори со сериозен здравствен проблем. Таа соопшти дека уште во 2022 година ѝ била дијагностицирана мијастенија гравис – ретка и хронична автоимуна болест што предизвикува слабост на мускулите, пренесува српски Спорт Клуб. Селеш ги почувствувала првите симптоми токму на местото каде што некогаш доминираше – на тенискиот терен. Она што во почетокот изгледало како моментален ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека, како што рече, во тек е „координирана политичка операција“ чија цел е враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем во државата. Одговарајќи на новинарско прашање, Кузеска оцени дека нападите врз предметите на Специјално јавно обвинителство (СЈО) се дел од пошироко сценарио за дискредитација на пресудите што произлегле од неговата работа. Според неа, ...

Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот – објавија властите. „Би-би-си“ јави дека пукањето се случило околу 13.20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето. Полицијата верува дека ...

Владата со силна безбедносна симболика и медиумска режија во магацин на МВР, ја презентираше заплената на 40 тони марихуана, запленета од овластени производители на канабис наменет за медицински цели, затоа што дрогата била произведувана и складирана, како што напомнаа властите, надвор од законските протоколи. Од друга страна, опозициската СДСМ, отвори прашања зошто 11 дена се молчи за случај – 5 тони дрога вредни околу 40 милиони евра кои ја ...

Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција најави дека ССМ утре, 12 февруари, ќе ја продолжи втората фаза од синдикалните активности со блокада на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Блокадата ќе започне во 12 часот на раскрсницата пред Стопанската комора. Според Трендафилов, на улица ќе излезат 21 претставник на синдикатот, колку што е ...

Од СДСМ денеска соопштија дека актуелната власт, според нив, ја враќа државата „во 2016 година“, обвинувајќи за обиди за укинување на техничката влада, раст на корупцијата и подготовка на терен за враќање на Никола Груевски. Во партиското соопштение се наведува дека власта има намера да ја укине техничката влада, која, според СДСМ, претставува механизам за обезбедување фер и демократски избори. Од партијата тврдат дека ваквиот потег би значел ...

Поп-иконата Бритни Спирс ги продаде правата на својот легендарен музички каталог во една од најголемите зделки во музичката индустрија во последните години, објави Page Six, повикувајќи се на документи до кои дојде TMZ. Според тие информации, Спирс на 30 декември ги префрлила своите удели на Primary Wave, приватна музичка издавачка и менаџерска компанија со седиште во Њујорк. Извор близок до договорот за TMZ изјавил дека станува збор за ...

Сојузот на синдикати вчера ја реализираше првата од најавените таргетирани блокади што ќе ги спроведе во следните денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. До почетокот на собраниската седница беа блокирани влезовите на македонското Собрание затоа што, како што беше кажано, пратениците повеќе од една година не ги носат измените за минималната плата и остануваат имуни на најновата ...

Загубите на руската војска во Украина нагло пораснале, со значително зголемување на бројот на загинати и исчезнати во борбите, покажуваат проценките на европски и украински претставници, објави Financial Times. Овој тренд дополнително ги намалува шансите за пробив на бојното поле каков што посакува рускиот претседател Владимир Путин. Аналитичарите оценуваат дека наглиот пораст на загубите сериозно ќе им го отежне на руските сили одржувањето ...

Во вторник, со почеток во 20:00 часот, во просторот ТРН во Дебар Маало, спроти Министерството за култура, ќе се одржи „Отворен вторник“ со визуелниот и перформативен уметник Васил Тасевски, информира Партизанска штампа. Настанот е замислен како мултимедијална и перформативна вечер која вклучува промоција на уметникова книга, видео-арт проекција и музичко-перформативна програма во живо. Во рамки на вечерта ќе биде промовирана книгата ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР), соопштија попладнево од Министерството за здравство (МЗ). – Имено, во делот на забелешките што се однесуваат на инспекциските надзори, што се од техничка природа, се дадени ...

Заљубеноста е прекрасен и возбудлив чувствo, но влегувањето во сериозна врска пред навистина да се запознае другата личност може брзо да заврши со емоционален удар. Затоа е важно навреме да се препознаат предупредувачките знаци – тие можат да ви заштедат време, енергија и разочарување, и да ве насочат кон поздрави односи со вистинските луѓе. Непостојана комуникација Замислете дека сте на почеток од врска. Еден ден сте преплавени со пораки и ...

Нетфликс го објави првиот трејлер за новата документарна серија „Диносауруси“ (The Dinosaurs), чиј извршен продуцент е познатиот американски режисер Стивен Спилберг. Документарецот ќе пристигне на платформата следниот месец – на 6 март. Раскажана од препознатливиот глас на „Оскаровецот“ Морган Фримен, приказната за овие праисториски суштества е пренесена преку најсовремени визуелни ефекти. Се работи за нов проект од продуцентската куќа на ...

Денот -11 февруари, се одвива под влијание на Месечината во Стрелец, што ја продлабочува енергијата на визија, вистина и лична насока. Она што вчера се појави како импулс, немир или идеја, денес бара појасен однос и свесен избор. Ова не е повеќе прашање „што сакам“, туку „што правам со она што го сакам“. Месечината во Стрелец носи поголема јасност, но и поголема одговорност. Илозиите полесно паѓаат, а ентузијазмот се тестира преку реалноста. ...

Настапот на Bad Bunny на полувремето на Super Bowl, според првичните проценки, поставил нов рекорд на гледаност и влегол во историјата како најгледан музички настап на овој спектакл. Според CBS News, настапот на порториканската ѕвезда привлекол околу 135,4 милиони гледачи, со што го надминал минатогодишниот рекорд. 31-годишниот музичар, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Окасио, настапи на стадионот Levi’s Stadium во Санта Клара, ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, најави дека покрај Законот за измена на Законот за минимална плата, пратеничката група на СДСМ и коалцијата ќе поднесе и Закон за измена на Законот за административни службеници, со цел да се врати достоинството и независноста на законодавниот дом. „Ќе поднесеме Закон за измена на Законот за административни службеници, ...

Блокадата пред Собранието од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), фокусирана околу прашањето за минималната плата, и можноста за нејзино зголемување од 600 евра, покажа дека неможноста за поинаков дијалог води кон дебата од институционалите на улица – таму каде што, според нив, реално се чувствуваат последиците од ниските примања. Протестот беше придружен со транспаренти и остри пораки до пратениците, меѓу кои и пораката што стана ...

Соучесничката на Џефри Епстин, Гислејн Максвел, одби да одговара на прашања на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД, повикувајќи се на Петтиот амандман и правото да не се самоинкриминира. Нејзиниот адвокат, Дејвид Оскар Маркус, изјави дека Максвел е „целосно подготвена да зборува искрено и целосно“ доколку ѝ биде доделено помилување од Доналд Трамп. Во писмена изјава по краткото виртуелно појавување на Максвел пред комитетот, ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да изнесува 600 евра, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. Филипче изјави дека законот повторно се поднесува откако минатата недела бил вратен од претседателот на Собранието, Африм Гаши, поради, како што рече, наводни технички недостатоци. „Целта беше ...

Повеќе од десет дена по објавувањето на, како што го нарекуваат, најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на пет тони дрога во Србија која, според наводите, потекнува од Македонија – од власта сè уште нема одговори, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција. „И после десет дена нема одговори – како пет тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница и кој ќе одговара за тоа“, ...

Настапот на порториканската ѕвезда Bad Bunny на полувремето на Super Bowl LX беше обележан и со емотивен момент во кој пејачот му го предаде својот „Греми“ на петгодишно момче. Подоцна се откри дека станува збор за детскиот актер Lincoln Fox, кој тоа искуство го опиша како „најголема чест“, иако дел од гледачите погрешно помислија дека на сцената е друго дете, пишува Index.hr. За време на настапот на полувремето, на кој за шампионската титула ...

Млади од Битола и од руралните средини преку проектот „Прва уметничка бригада“ јавно ги отворија проблемите со кои се соочуваат секојдневно – нефункционален јавен превоз, загаден воздух и масовно иселување, информира Фондацијата Божиновски Битола. Како што се наведува во соопштението, во изминатите два месеци учесниците поминале низ интензивен процес на уметнички работилници, користејќи ја методологијата „Театар на слики“, при што уметноста ...

Република Северна Македонија и во 2025 година останува без суштински напредок во борбата против корупцијата, покажува најновото, 31-во издание на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) на Транспаренси Интернешнл, објавено денеска. Според извештајот, Северна Македонија и оваа година има 40 поени, ист резултат како и во 2024 година, што укажува на стагнација и отсуство на реални антикорупциски реформи. Земјата формално е позиционирана на ...

Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ Македонија полека влегува во светското друштво на авторитарни држави. Тоа е само едниот дел од трагедијата. Другиот, уште пострашен дел, е што во тоа друштво сме единствената ‘мала’ и немоќна држава. Нема голема опасност за Русија, Кина, Северна Кореја, Белорусија, Иран, па дури и за Србија и Венецуела. Но Македонија многу тешко ќе се извлече од живиот песок во којшто ја заглавува злото ВМРО. Она што е типично за сите ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на договорот на Владата со синдикатите, изјави: „Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе ...

Додека работниците излегоа на улица барајќи повисоки плати, владејачката партија тврди дека имаме „историско зголемување на платите“. Утрово Сојузот на синдикатите на Македонија започна блокада на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ пред Собранието, како дел од втората фаза од синдикалните активности за зголемување на работничките плати. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека синдикатот нема да се откаже од барањата за ...

Првиот македонски репрезентативец кој настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада имаше само симболичен настап. Јада патеката долга 1,6 км. во претпладневните квалификации во спринт крос-кантри ја мина со време 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, или 52,19 секунди побавно време од најбрзиот натпреварувач. Со постигнатото време јада го освои 89.место од вкупно 94 натпреварувачи и не избори пласман во финалето. Во финалето се пласираа ...

Денот – 10 февруари се одвива под влијание на Месечината во Јарец, поставеност што ја менува енергијата од вчерашната потрага по смисла кон потреба за структура, одговорност и конкретни чекори. Ова не е емоционално лесен ден, но е исклучително корисен за стабилизирање, расчистување и донесување зрели одлуки. Месечината во Јарец не дозволува бегање од реалноста – сè што е одложувано, недоречено или неодлучено, денес бара јасна рамка. Ова е ден ...

На брзата сообраќајница SS613, која ги поврзува Бриндизи и Лече во јужна Италија, вчера беше изведен организиран и вооружен напад врз возило за транспорт на пари. Инцидентот се случил во близина на местото Тутурано, а за време на акцијата дошло до размена на оган со карабинерите. Две лица се уапсени, додека по останатите напаѓачи сè уште се трага. Внимателно испланирана акција Според италијанските медиуми, напаѓачите користеле повеќе возила, ...

СДСМ обвини дека Владата нема политичка волја да ја зголеми минималната плата, иако во Буџетот има средства, затоа што приоритет ѝ е луксузот, а не егзистенцијата на работниците. Од партијата наведуваат дека над 200 илјади работници живеат со плати под 30.000 денари и дека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, додека истовремено Владата планира купување нов авион. Според СДСМ, за зголемување на минималната плата и ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1008
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
3.13
77%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
0.51
80%
1005
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1012
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.96
80%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1005
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
57%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1007
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
0.89
71%
1007
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
65%
1007
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
67%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Бакар

13.33

Платина

68063.13

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.61

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

55.66

Злато

151086.58

Цинк

0.00

Паладиум

47776.01

Родиум

320703.70

Сребро

2786.34