Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на финансирањето на јавните медиуми и странската помош за девет милијарди долари и го испрати во Белата куќа за потпис, објавија светските агенции. Домот гласаше со 216-213 за усвојување на законот, кој веќе беше одобрен од Сенатот претходно во текот на денот. Законот предвидува намалување на трошоците во вкупен износ ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, осомничен за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти МВР, во периодот од 2 до 7 јули 2025, во атар на битолското село Крклино пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална штета, ...

Велика Британија ја прекина продажбата на оружје на Израел, но истрагата на „Гардијан“ покажува дека приходите од бомбата GBU-39 генерирана од американскиот огранок на MBDA течат низ Велика Британија, пишува во ексклузивна статија британскиот Гардијан. Најголемиот европски производител на ракети, MBDA, продава клучни компоненти за бомби кои се испратени во илјадници во Израел и користени во повеќе воздушни напади, каде што истражувањата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Дваесет и седумте земји-членки на ЕУ се согласија за 18-ти пакет санкции насочен кон Русија за инвазијата на Украина, изјавија денеска неколку дипломати за ДПА. Пакетот санкции е насочен кон финансискиот и енергетскиот сектор на Русија и доаѓа како одговор на одбивањето на претседателот Владимир Путин да се согласи на безусловно примирје во Украина. Словачка го блокираше пакетот, наведувајќи загриженост во врска со увозот на гас, но премиерот ...

Министерството за образование и наука и Бреинстер денеска ќе потпишат меморандум за соработка со фокус воведување на вештачката интелигенција во средното образование. Како што најави МОН, меморандумот ќе го потпишат министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ – друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинтер Некст – приватна високообразовна установа самостојна висока стручна ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во британскиот Форин офис, во рамки на неколкудневната работна посета на Обединетото Кралство, оствари средба со неговиот домаќин – државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. -Во рамки на оваа средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи меѓу ...

Во рамки на изборнатр реформа Велика Британија планира да овозможи гласање на возраст од 16 година. Британскиот премиер Кир Стармер гвели дека 16-годишниците треба да можат да гласаат затоа што се „доволно возрасни за да плаќаат даноци“. Кир Стармер го бранеше давањето право на глас на 16 и 17-годишниците на парламентарните избори во Велика Британија, врз основа на тоа што тинејџерите плаќаат данок. „Мислам дека е навистина важно 16-годишниците ...

– ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ, институцијата која се грижи за безбедноста на сите нас во воздух. На огласот за нови вработувања, избрани се лица кои од квалификации единствено имаат партиска книшка. Во М-НАВ, место професионалци кои знаат англиски и имаат стручни лиценци, ВМРО-ДПМНЕ вработува, сопруг на директорка ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на почетокот на денешната седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престанува функцијата Народен правобранител на Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија. -Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став 1 од точка 3 од Законот за Народниот правобранител на Народниот ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. -Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор ...

Владата на Република Северна Македонија информира дека поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули. -Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го потпишаа договорот за грант како дел од Вториот јавен повик за доделување грантови за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст. Како што соопшти Министерството, овој јавен повик се реализира во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, ...

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска информираше дека во Владата биле потпишани договори за неколку стратешки важни проекти за општината, со вкупна вредност од речиси 6,5 милиони евра. Тој им се заблагодари на Владата и премиерот за поддршката на стратешките проекти во Струмица. „Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра,“ објави ...

Mercedes-Benz не се откажува од караваните, иако SUV моделите доминираат на пазарот. Германскиот бренд официјално ја претстави третата генерација на CLA Shooting Brake, која пристигнува во целосно електрична форма, а наскоро ќе ѝ се приклучат и хибридни варијанти. Иако има повеќе врати отколку што подразбира традиционалното значење на „shooting brake“, Mercedes сепак одлучи да го задржи ова име. Новиот модел изгледа речиси идентично како CLA ...

Анџелина Џоли никогаш не била глумица која би се потпирала на своето презиме или на раните успеси. Иако како дете се појавила во филм заедно со својот татко Џон Војт во 1982 година, таа ја почна својата сериозна актерска кариера дури десет години подоцна. И, од самиот почеток, таа покажа посветеност и подготвеност да прифаќа тешки и предизвикувачки улоги, пишува „Индекс“. Така, една од нив речиси ја натерала целосно да се откаже од глумата, вели ...

Во најновата анкета на „Внимание“, на Трн.мк, граѓаните одговараат за тоа кои се најчестите измами на интернет: „Продажба он-лајн“, „Он-лајн шопови може лесно да те измамат“, „Пасвордите им ги крадат на многу старци што не се разбираат со компјутери“, „Лажни веб-страни најчесто“, „преку поштата, со СМС-пораки“, „тие СМС-пораките, има и спамови на Инстаграм, линкови… најчесто старите луѓе се жртви на интернет“… На прашањето „Дали вие лично ...

Просечно 28 деца се убиваат секој ден од почетокот на војната во Газа – еквивалент на цела училница, секој ден речиси две години. „Овие деца не се борци“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, пред Советот за безбедност во среда, на брифинг за очајната ситуација со која се соочуваат еден милион деца во Газа. „Тие не започнуваат конфликти и се немоќни да ги спречат. Но, тие многу страдаат и се прашуваат зошто светот ги изневери.“, ...

Истражувачкиот тим, предводен од Мелиса МекКлур од Универзитетот во Лајден, го следел формирањето на првите зрнца цврст материјал – т.н. планетезимали – во дискот од гас и прашина околу младата ѕвезда HOPS-315, оддалечена околу 1.300 светлосни години од Земјата. Овој научен пробив е овозможен со комбинирање на податоци од James Webb Space Telescope (JWST) и од ALMA (Atacama Large Millimeter/submillimeter Array) – мрежа од 66 радиотелескопи ...

Националната климатска проценка (НЦА) – примарната, рецензирана проценка за климатски промени што ја спроведува Американската влада на секои четири – пет години, нема да биде објавена на интернет-страната на НАСА. Ова е промена на политиката на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, откако Белата куќа објави дека документот ќе биде јавно достапен на интернет. НЦА е законски задолжителен извештај што се објавува двапати ...

– И оваа академска година започнува со разочарување за илјадници студенти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска, повторно ја покажува својата неспособност да се грижат за образованието, за студентите. Конкурсот за прием на студенти во студентските домови се објави, но не за сите студенски домови. „Кузман Јосифовски – Питу“ останува затворен, и покрај ветувањата на министерката Јаневска дека ќе биде реновиран и ...

Отчетноста на администрацијата е клучен предуслов за враќање на довербата на граѓаните, додека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети во пристапното партнерство и важен предуслов во процесот на европската интеграција на државава, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во обраќањето на сесијата на Националната конвенција за ЕУ на Работната група 6 – Антикорупција на тема „Административни ...

Американскиот Сенат утринава го одобри предлогот на претседателот на САД Доналд Трамп за кратење на девет милијарди долари од буџетските средства, главно насочени кон странска помош и јавно радиодифузно финансирање. Пакетот сега се враќа во Претставничкиот дом, каде што мора да биде усвоен до петок, според буџетските правила што ги користат републиканците за да го поминат без поддршка од демократите, јави Си-Ен-Ен. Ако Претставничкиот дом го ...

Лекари во Велика Британија го објавија раѓањето на осум здрави бебиња, по спроведувањето на револуционерна процедура со којашто се создаваат ембриони преку ин-витро оплодување со ДНК од три лица. Целта, инаку, е да се спречи децата да наследат неизлечиви генетски нарушувања, пишува „Гардијан“. При оплодувањето, генетскиот материјал од мајката и таткото е префрлен во здрава јајце-клетка од донор, за да се намали опасноста од појава на ...

Со порастот на температурите, ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини. -Вашето внимание може да спаси живот. Препораки за сопственици на миленици: Вода секогаш на дофат обезбедете свежа и чиста вода за вашите миленици во текот на целиот ден. Сенка и свеж воздух никогаш не држете кучиња врзани на синцир без пристап до сенка. Тоа ...

Во „Имаме неколку прашања за вас“, Рацин.мк разговара со Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Вртев говори за неговата кариера која е поврзана со еден значаен период на македонскиот рокенрол, осумдесетите години на минатиот век, кога се појавија „Мизар“, а малку подоцна и „Архангел“ кои оставија силен печат во музиката во Македонија и поранешна Југославија. Тој зборува и за ...

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост и остро се спротивставува на предложените измени на Законот за полиција, веќе доставени до Собранието на Република Северна Македонија, со кои се предлага бришење на членот 96 – единствениот член што експлицитно го утврдува принципот на еднаквост и правична застапеност при вработување во полицијата. Член 96 од важечкиот Закон за полиција гласи: (1) При вработувањето во Полицијата треба ...

Исланд има доволно јавна поддршка за обнова на преговорите за членство во Европската Унија, изјави денеска министерката за надворешни работи на земјата, Торгердур Катрин Гунардотир. Изјавата дадена за Политико доаѓа во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на островската држава. Според порталот, посетата на претседателката на Европската Комисија доаѓа во момент кога Исланд ги разгледува последиците ...

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претставници на Светска банка, на која се дискутираше за тековните и идните активности поврзани со воспоставување систем за проценка на лицата со попреченост, како дел од Проектот за администрирање на социјалното осигурување (СИАП), поддржан од Светска банка. -Нашиот пристап како Министерство за здравство е да бидеме отворени и да имплементираме политики базирани на потребите. Заедно со сите ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.17
27%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
45%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
35%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505