Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди западниот јапонски регион Чугоку утрово, по што следеа низа силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на првиот земјотрес беше во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 км, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 ...

Музејот Лувр во Париз се соочува со уште еден штрајк од страна на своите вработени, поради што најпосетуваниот музеј во светот денес е делумно затворен за посетители. Штрајкот, кој првично започна минатиот месец и беше суспендиран за време на празниците, продолжи откако вработените со огромно мнозинство гласаа за прекин на работата во знак на протест против лошите услови за работа, објавува Euronews. Одлуката е донесена вчера по генералниот ...

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека евентуално американско воено преземање на Гренланд би значело фактички крај на НАТО алијансата и на безбедносната архитектура воспоставена по Втората светска војна. Нејзината изјава доаѓа по обновените повици на американскиот претседател Доналд Трамп Гренланд да дојде под контрола на САД, во контекст на неодамнешната американска воена операција во Венецуела, пренесува Associated Press (AP News). ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили изгубиле повеќе од 90.000 војници во последните три месеци, повикувајќи се на податоци потврдени со достапни видео-снимки од првата линија на фронтот. Информацијата ја сподели по состанокот со Михаило Федоров, актуелен министер за дигитална трансформација и кандидат за нов министер за одбрана, објави Kyiv Independent. Според Зеленски, во декември биле елиминирани околу ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска ја затвори Светата врата на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан – длабоко симболичен чин со кој официјално завршува Јубилејната година во Римокатоличката црква. Овој ритуал, иако редок, носи силна духовна и историска порака, вкоренета во традиција стара повеќе од седум века. Што е Светата врата? Светата врата (Porta Sancta) е посебна врата што се наоѓа во четирите главни папски базилики во Рим: „Свети Петар“, ...

Ретрограден Меркур со години има лоша репутација. Се поврзува со расипани уреди, пропаднати договори и недоразбирања што изгледаат како да паѓаат од небо. Но, астролошки гледано, ретроградниот Меркур не е казна – тој е пауза. Момент кога умот престанува да трча напред и е повикан да се врати назад, да провери, да поправи, да разбере. Во 2026 година, оваа пауза ќе биде особено значајна. Меркур ќе биде ретрограден три пати, и сите три циклуси ...

Манчестер јунајтед го отпушти Рубен Аморим по 14 месеци на чело на тимот, по сериозен судир со клупското раководство околу трансферската политика и неговите јавни изјави по ремито со Лидс, пренесуваат британските медиуми. Португалскиот тренер заминува по отворена конфронтација со спортскиот директор, откако побара од одделот за регрутација „да си ја заврши работата“, јавно доведувајќи ја во прашање стратегијата на клубот за јануарскиот ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска јавно постави прашања до институциите, по новите докази за целосна поврзаност на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од СДСМ. „Дали затоа молчи Јавното обвинителство и не презема ништо?“ праша Александар Саша Димитријевиќ, по презентирањето на директни докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, финансиерите и функционерите од оваа партија. Во тој контекст, јавно го постави прашањето: „Дали ...

Во 2026 година сите македонски граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник. Првиот продолжен викенд ќе биде за време на Рамазан Бајрам, кој е на 20 март во петок, а следен е во април кога се празнува православниот празник Велигден. Така неработни ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска презентираше нови докази кои укажуваат на длабока и системска поврзаност на Алта банка со структури, финансиери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од СДСМ. „Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател дека се враќа фокусот за санкционирање на корупцијата и криминалот во регионот“, истакна Александар Саша Димитријевиќ генерален секретар на ...

Кумановецот Владимир Илиќ неодамна беше прогласен за најдобар стендап комичар во Велика Британија за 2025 година. Наградата му била доделена во клубот „Комеди стор“ во Лондон, а Илиќ победи во конкуренција на 700 комичари од Велика Британија. Влад Илиќ десет години се занимава со стендап комедија, а претходно неговиот успех го забележа и „Би-Би-Си“. Во Велика Британија се преселил во 2016-та, а професионално почнал да се занимава со стендап ...

Серијата „Stranger Things“ официјално стигна до својот крај, оставајќи зад себе поделени реакции околу финалето, но и неспорен културен печат. Освен што создаде глобален феномен и лансираше нова генерација холивудски ѕвезди, серијата им обезбеди и навистина импресивни хонорари на своите актери. Прашањето што сега најчесто се поставува е – колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“? На врвот: Винона Рајдер и Дејвид Харбур Најплатени ...

Париски суд прогласи за виновни 10 лица за онлајн вознемирување на француската прва дама, Брижит Макрон, поради објавување и споделување злонамерни коментари на социјалните мрежи во кои лажно се тврдело дека таа е родена како маж. Осум мажи и две жени, на возраст од 41 до 60 години, меѓу кои има наставник по спорт, сопственик на уметничка галерија и публицист, добија казни кои се движат од задолжителна едукација за разбирање на онлајн ...

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска одржува вонредна седница во Њујорк, откако Соединетите Американски Држави го приведоа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, од Каракас – потег што предизвика силни реакции во регионот и пошироко во меѓународната заедница. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во обраќањето до амбасадорите нагласи дека мора да се почитуваат принципите на национален суверенитет, политичка ...

Денеска Месечината патува низ знакот Лав, носејќи силна потреба за изразување, признание и јасност на чувствата. Ова не е ден за тивко повлекување, туку за храбро покажување на став, талент и емоција. Лавовската енергија го загрева срцето, но бара искреност – сè што е глума или потиснато може да излезе на површина. Денот поттикнува креативност, но и суета, па рамнотежата меѓу автентичност и потреба за аплауз е клучна. ♈ Овен Денот носи силен ...

Актерката Еванџелин Лили, позната по улогите во серијата Lost, филмовите The Hobbit и Марвел универзумот, откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда на главата што ја доживеала минатата година. 46-годишната канадска актерка на Инстаграм објави видео во кое соопштува дека неодамнешен преглед на мозокот покажал дека „речиси секој дел од мозокот функционира со намален капацитет“. Повредата се случила во мај, кога Лили се онесвестила ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира на, како што наведуваат, обидите на ВМРО-ДПМНЕ повторно да ја дефокусира јавноста од клучната тема – борбата против криминалот и корупцијата во земјава. „ВМРО повторно со дефокус се обидува да го сврти вниманието од главната тема, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата оценуваат дека преку, како што велат, лажни вести и ...

Викендот во Премиер лигата донесе неколку силни пораки – од тренерски дуели и тактички слабости, до индивидуални проблесоци и тимски кризи. Челси конечно покажа карактер против Манчестер Сити. Дебитантот Калум Мекфарлејн не дозволи тимот да потоне против Пеп Гвардиола, а голот на Енцо Фернандес во судиското продолжение донесе бод што вреди повеќе од статистика, особено ако се знае дека „сините“ немаат победа над Сити повеќе од четири години. ...

Режисерката Тамара Котевска на премиерата на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во Скопје истакна дека настанот пред домашната публика за неа претставува „најголема гордост“, нагласувајќи дека филмот е создаден пред сè за македонската публика, без очекување дека ќе стигне толку далеку. „Не можам да ја опишам возбудата што ја чувствуваме сите тука вечерва. Без разлика каде сум била, не постои чувство што може да го замени овој настан, ...

Денеска на 4. јануари (недела) во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска пред домашната публика која нетрпеливо го чека ова наградувано дело. МНТ за првпат ќе биде домаќин на ваква кино промоција, каде ќе биде присутна целата филмска екипа на „Силјан“ која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите кои ...

Швајцарската полиција соопшти дека се идентификувани телата на сите 40 лица кои загинаа во катастрофалниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во рамките на скијачкиот центар Кран-Монтана. Според официјалните информации, жртвите се млади лица на возраст од 14 до 39 години, пренесува Euronews. Претставник на полицијата во Вале потврди дека се во тек истраги за да се утврди причината за пожарот, во кој загинаа 40 лица, а 119 беа ...

Како САД стигнаа до воен удар врз Венецуела – и што навистина значи „САД ќе ја водат земјата“ Во текот на викендот, САД изведоа серија координирани воздушни напади врз Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро заедно со неговата сопруга Силија Флорес. Според официјалните информации, тие биле извлечени од својата резиденција, ставени во американски воен авион и префрлени во Њујорк, каде Мадуро е задржан во притвор и се соочува со ...

Данската премиерка Мете Фредриксен синоќа им порача на САД да не гледаат поента во зборувањето за потребата од преземање на данската автономна територија Гренланд и да престанат да се закануваат на „историски близок сојузник“. Таа тоа го напиша во порака на мрежата X откако сопругата на помошник шефот на кабинет на Белата куќа, Кејт Милер, објави на социјалните мрежи мапа на Гренланд покриена со американско знаме заедно со зборовите ...

Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател ...

Соборениот венецуелански претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по обемната американска воена операција во Венецуела. Мадуро е сместен во притворски центар во Бруклин, каде што го очекува судски процес по обвиненија за трговија со дрога и оружје. Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја именуваше потпретседателката Делси Родригес за вршителка на должноста претседателка. Американскиот претседател ...

Супермоделот Хајди Клум ја испрати старата и ја дочека Новата 2026 година во својот препознатлив стил – во топлес, уживајќи во последните сончеви зраци заедно со сопругот Том Каулиц. На Инстаграм таа сподели видео на кое двојката позира покрај базен, со поглед кон океанот и планините во самрак. Додека Каулиц ја прегрнува околу половината, Клум носи само долен дел од црвен танга-костим за капење. „Среќна, задоволна и благодарна. Нашиот ...

Пожар избувна синоќа во кујна во хотел со пет ѕвезди во популарното белгиско одморалиште Кноке-Хајст на брегот на Северното Море во близина на границата со Холандија. Како што јавија белгиските медиуми повикувајќи се на претставник на локалната противпожарна служба, при пожарот немало „пријавени повредени“ меѓу гостите и вработените во хотелот. Алармот за пожар во хотелот се активирал нешто по 20 часот, откако се запалил еден од апаратите во ...

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп вчера го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ доколку загинат уште демонстранти за време на немирите што ја потресоа земјата во текот на изминатата недела. „Го следиме тоа многу внимателно. Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека ќе бидат многу силно погодени од САД“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, јави ДПА. Тој не објасни какви чекори би ...

Во рускиот воздушен напад врз Кијив и регионот во текот на ноќта загинаа две лица, соопштија украинските власти во, што се чини дека е прв пријавен смртен случај во руските напади врз украинскиот главен град оваа година, објави Ројтерс. Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека нападот запалил медицинска установа во областа Оболонски во северниот сектор на Кијив, каде што работело одделение за болничко лекување. Откако ...

СДСМ соопшти дека постои план за предвремени избори, по што би следело прифаќање мигранти во Македонија за финансиски надомест, тврдејќи дека ова сценарио партијата го најавила уште пред речиси еден месец, а сега, како што велат, било потврдено и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Сè што СДСМ досега го најави, денес се одвива пред очите на граѓаните“, се наведува во соопштението. Од партијата потсетуваат дека британски медиуми ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
4.12
92%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
5.66
49%
1012
weather icon

Софија

5ᴼ / 0ᴼ
3.09
58%
1002
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.55
92%
1001
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
1.34
82%
1003
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
53%
1004
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
12.35
91%
1004
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.58
74%
1009
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
82%
1005
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Бакар

10.99

Платина

58835.87

Злато

141680.08

Калај

44.59

Кобалт

56.29

Родиум

347228.06

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Сребро

2192.47

Алуминиум

3.23

Паладиум

43467.81

Иридиум

256711.96