Едно лице загина, а над 170 објекти се оштетени во синоќешниот голем пожар што ја зафати населбата во јапонскиот град Оита. Полицијата потврди дека е пронајдено тело на 76-годишен маж, што се водеше како исчезнат. Огнот зафати 48.900 метри квадратни и се гаснеше 12 часа. Се очекува пожарот набрзо да биде ставен под контрола. Околу 350 домаќинства се без електрична енергија поради пожарот. Премиерката на Јапонија, Санае Такачи на платформата Икс ...

Пет туристи загинаа, а четворица кои се сметаа за исчезнати се пронајдени живи откако снежна бура го погоди чилеанскиот Национален парк Торес дел Пајне, во Патагонија. Двајца Германци, двајца Мексиканци и еден британски државјанин загинаа. Областа беше погодена од силна снежна бура со ветрови од над 193 километри на час, што е еквивалентно на ураган од категорија три. Туристите се изгубиле во близина на кампот Лос Перос, до кој може да се ...

Научници од Универзитетот Оксфорд открија дека најголемиот енергетски трошок во квантното мерење на времето не доаѓа од самиот часовник, туку од неговото читање. Истражувањето, објавено во Physical Review Letters, покажува дека процесот на претворање на квантни сигнали во класични податоци создава ентропија која е до милијарда пати поголема од енергијата што ја троши самиот квантен механизам што ги создава „тик-так“ сигналите. Квантното време е ...

Собранието ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои од следната недела сите нарачки од странство со вредност над 22 евра ќе бидат обврзани со 18% ДДВ. Законот ќе стапи во сила осум дена по неговото објавување во „Службен весник“, со што популарните платформи како „Тему“, „АлиЕкспрес“ и другите меѓународни онлајн продавници ќе се најдат под истиот даночен третман како и домашните продавачи. Со измените се укинува ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандамнската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 ...

Британската национална телевизија Би-Би-Си упати јавно извинување до кралското семејство, откако за време на преносот по повод Денот на сеќавањето ја ослови принцезата од Велс со нејзиното моминско презиме – Кејт Мидлтон. Грешката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и критики од гледачите. Во изјава објавена на 14 ноември, Би-Би-Си призна дека примиле голем број жалби: „За време на нашето известување од комеморациите по повод Денот на ...

Денешната енергија е обоена со силната, магнетична вибрација на Месечината во Скорпија. Ова е ден кога скриеното станува видливо, кога интуицијата зборува појасно од разумот, и кога срцето бара вистина, блискост и искрена намера. Скорпијата поттикнува страст, истрајност и решителност, но и потреба да се исфрли старото и да се создаде простор за нешто ново. Денес нема плитки разговори – сè оди подлабоко. Овен (21.III – 20.IV) Денес ти се ...

Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Кардиф од Велс со 7:1 и со тоа е прекината серијата од 14 натпревари без пораз на официјални натпревари (без пријателски). Домаќинот со овој триумф успеа да го освои второто место во групата зад Белгија, додека нашата репрезентација која до овој натпревар беше без пораз заврши на третото место. Македонската репрезентација ќе игра во баражот за Светското првенство, благодарение ...

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и наводите за реформите во делот на Кривичниот законик, Законот за парнична постапка и АКМИС-от, рече дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има доставено во владина процедура и подготвено повеќе закони кои се дел од Реформската агенда, нешто што во изминатите години не било ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе гласа за закон, со кој ќе се обврзе Министерството за правда да ги објави материјалите за осудениот сексуален предатор Џефри Епштајн, јави „Си-би-ес њуз“ (CBS News). Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон го забрза гласањето откако повеќе од половината членови на Претставничкиот дом, вклучувајќи ги сите демократи и четворица републиканци, потпишаа петиција, со која се повикува на ...

Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се зголеми минималната плата без економска оправданост, малите и средните ...

Македонија не увезува отпад, ниту ќе увезува во иднина, тврди заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска која денеска од собраниската говорница одговори на пратеничко прашање поставено од пратеникот Репеџ Исмаил од „Левица“. Во одговорот, Лашкоска ги отфрли информациите што се пласираат во јавноста, посочувајќи дека не се увезува отпад. – Во однос на маслото за јадење, станува збор за увоз за извоз, односно го ...

Американскиот конгрес денеска ја усвои одлуката за наредбата на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Дури 427 пратеници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана. Сега за наредбата ќе се гласа во Сенатот и ако биде изгласана тогаш треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна комисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии. – Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ...

Јужноафриканец кој беше виден како присуствува на неонацистички митинг пред австралискиот државен парламент е приведен во имиграциски притвор откако му беше одземена визата, пренесува Би-би-си. Јужноафриканецот Метју Грутер, кој е во Австралија од 2022 година, учествуваше во антиеврејски протест пред парламентот на Нов Јужен Велс организиран од Националната социјалистичка мрежа претходно овој месец и сега чека депортација. Тој беше виден меѓу ...

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да даде одговор зошто реформите во правосудниот систем целосно стагнираат и кој ќе понесе одговорност за блокадата на овој клучен сектор. Тренчевска посочи дека Извештајот на Европската комисија јасно потврдува дека нема напредок во судските реформи и дека независноста на судството е нарушена поради политички ...

Американскиот рапер Еминем поднесе правна тужба против австралиската компанија за плажна опрема „Swim Shady“, тврдејќи дека името на брендот е премногу слично на неговиот заштитен псевдоним Slim Shady и создава „лажна поврзаност“ со него, пренесува Гардијан. Во септември раперот, чие вистинско име е Маршал Б. Метерс III, доставил барање до Kанцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) за поништување на трговскиот знак што ѝ бил ...

Сите докази поврзани со експлозијата на железничката линија во Полска, која води кон Украина, укажуваат на Русија, изјави полскиот вицепремиер и министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш во интервју за Радио ЗЕТ, пренесува Укринформ. Полски министер за одбрана изјави дека откако ќе бидат приведени оние што го подготвиле, поставиле и извршиле нападот, ќе има апсолутна сигурност. Сепак, анализирајќи ги настаните во Полска и низ цела ...

Шерифската служба на округот Лос Анџелес соопшти дека отвора истрага поради нови обвинувања за сексуално злоставување против американскиот рапер и продуцент Шон „Диди“ Комбс. Случајот е проследен од полициската управа во Ларго, Флорида, каде што живее наводната жртва. Портпаролот на полицијата во Ларго за ABC News изјави дека нивната служба му помогнала на шерифовиот оддел во Калифорнија со документација и материјали, но дека не води независна ...

Познатиот француски музеј „Лувр“ вчера ненајавено затвори изложбен простор за посетители поради нестабилен под во јужното крило на парискиот музеј. Засегнатата област е „Галерија Кампана“ на првиот кат од крилото „Сили“, каде што е изложена ќерамика од Древна Хелада. Културната установа, исто така, на свои 65 вработени им наложи да ги евакуираат своите канцеларии во крилото следните три дена. „Лувр“ соопшти дека тој дел неколку години бил ...

Платформата X денес се соочува со сериозни прекини во работата, поради што илјадници корисници ширум светот не можат да пристапат до своите профили, да вчитаат содржина или да се најават. Според меѓународните мониторинг-сервиси, пријавите за грешки нагло се зголемија во рок од неколку минути, а проблемите се потврдуваат од различни региони. Иако корисниците известуваат за целосна или делумна недостапност, официјалната статус-страница на X ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените, соопштуваат од СДСМ. Оттаму велат дека Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните ...

НАСА ќе одржи пренос во живо на 19 ноември во 21:00 часот по македонско време, на кој ќе бидат прикажани првите обработени снимки од меѓуѕвездената комет 3I/ATLAS – само третото познато тело што влегло во Сончевиот систем од меѓуѕвездениот простор. Настанот ќе се емитува од NASA Goddard Space Flight Center во Мериленд и ќе биде достапен на NASA+, NASA App, официјалната веб-страница, YouTube и Amazon Prime. Трет меѓуѕвезден посетител во ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека е подготвен да изврши напади во територијата на Мексико доколку е потребно за да се спречи криумчарењето нелегални наркотици во САД. – Дали би наредил напади на Мексико за да ја запреме дрогата? За мене тоа е во ред. Што и да е неопходно за да ја запреме дрогата. Го набљудував Мексико Сити за време на викендот. Таму има сериозни проблеми, рече претседателот на САД вчера во ...

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство Трипуновски, како и до заменик министерот, кои се однесуваа на суспензијата на ИПАРД-програмата и огромните последици врз македонското земјоделство. Тој побара одговори за застојот на мерката 3, блокираните 130 милиони евра европски средства и одговорност за корупцискиот скандал што ги остави илјадници земјоделци ...

На интернет се разгори сериозна полемика меѓу пејачката Били Ајлиш и технолошкиот магнат Илон Маск, откако пејачката јавно ја критикуваше неконтролираната концентрација на богатство и статусот на Маск како потенцијално првиот светски билјардаш. Расправата брзо ја подели јавноста на два табора, пишува Index.hr. Ајлиш: „Ако сте милијардер, зошто сте милијардер?“ Сè започна на доделувањето на Innovator Awards на Wall Street Journal, каде ...

Во период кога Ливерпул на Арне Слот поминува низ резултатски турбуленции, а дел од навивачите го критикуваат Флоријан Вирц поради скромниот учинок, таткото на германскиот репрезентативец, Ханс Вирц, за првпат проговори за адаптацијата на синот и за тоа како семејството гледа на неговиот старт на „Енфилд“. Ханс Вирц вели дека процесот на привикнување е нормален, а 21-годишниот офанзивец е „целосно посветен“ да се докаже во новата средина. ...

Францускиот фудбалер Карим Бензема не ја исклучи можноста за враќање во Реал Мадрид во иднина. – Можно враќање во Реал Мадрид? Ако Флорентино е таму, тоа би можело да се случи. Никогаш не би му рекол не на Перез. Јас сум навивач на Реал Мадрид, го чувствувам тоа во душата. Мадрид е сè уште мој град, ќе видиме што ќе се случи, изјави Бензема за „АС“. Триесет и седумгодишниот играч на Ал-Итихад играше за Реал Мадрид од 2009 до 2023 година. Во тој ...

Поранешниот претседател на Харвард и некогашен американски министер за финансии, Лери Самерс, соопшти дека ќе се повлече од сите јавни ангажмани, откако Конгресот ги објави неговите електронски пораки со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, пренесува Би-Би-Си. „Длабоко се срамам од своите постапки и ја разбирам болката што ја предизвикале. Преземам целосна одговорност за мојата погрешна одлука да продолжам да комуницирам со г-дин ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска најави дека ќе иницира јавна расправа за Изборниот законик во рамки на Комисијата за политички системи, со цел да се отвори суштинска дебата за потребните измени. Според него, моментот е најсоодветен бидејќи искуствата од последните избори се свежи, а проблемите се добро познати. -Изборниот законик е закон за граѓаните – тој го гарантира правото да се избира и да се биде избран. Ако дозволиме истите ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1017
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
6.69
70%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
4.63
89%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
71%
1021
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
8.35
95%
1025
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.45
98%
1024
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.69
90%
1015
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
81%
1015
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1016
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
12.86
87%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
72%
1027
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1020
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

35.0381

Currency

38.2156

Currency

66.2688

Currency

7.43314

Currency

0.66136

Currency

0.3354

Currency

0.52426

Currency

1.21929

Currency

0.58206

Паладиум

59028.77

Сребро

2314.89

Калај

43.79

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Родиум

263636.12

Платина

73500.79

Цинк

3.09

Бакар

11.33

Алуминиум

2.95

Злато

144308.60

Рутениум

29192.88