
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Овен Пред вас е стресен ден, па најпаметно е да ги избегнувате сите ситуации во кои вие би биле главен говорник. ЉУБОВ Нов предизвик е пред вас. РАБОТА Може да очекувате едно патување да се исплати. ЗДРАВЈЕ Одлично. Бик И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму. ЉУБОВ Подготвени сте да продолжите напред. РАБОТА Не ви е удобно со темпото ...
Овен Работа: Ви се дава можност да склучите договор за долгорочна соработка со странска држава. А сепак, обрнете внимание на сите детали. Љубов: Слободните Овен ќе имаат интересна средба вечерва на забава. Нова љубовна авантура. Здравје: Болка во вратот, вкочанетост, направете рендген. Бик Бизнис: Ќе постигнете успех со вашиот иновативен пристап и новите елементи во бизнисот. Ќе победиш над конкуренцијата. Љубов: Слободните Бикови ги очекува ...
ОВЕН Ги надминувате сопствените можности. Заморот кој ве мачи веќе извесно време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното. Поради недостигот од сон ви паѓа и концентрацијата, па доколку не го решите ќе имате сериозен пад на енергијата. БИК Денот е идеален за сумирање на сработеното и планирање на идните активности. Управувајте со вашето време, но не го игнорирајте фактот дека сте дел од нечиј живот. Ако ...
ОВЕН Држете се до она што го знаете, верувајте во вашите идеали, но не кажувајте на другите како треба да ги прават работите. Бидете многу внимателни кога се во прашање односите со роднините и блиските пријатели, ќе имате тенденција да се ставите себеси во преден план и на тој начин да игнорирате што зборува другата страна. Попладнето е идеално за разни активности на отворено. БИК Сè што е поврзано со парите денеска ќе ви ги донесе резултатите ...
Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар. Согласно одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар. Непроменета останува ...
Во текот на вчерашниот ден (01.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 563 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од нив 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 ...
Полицијата вчера попладне го уапсила 39-годишниот А. Д., осомничен за убиството на 36-годишниот И. Ј. во скопската населба Хром, извршено на 22 септември. Претходно, беше уапсена и мајката на осомничениот, на која и е одреден и 30 дневен притвор, а која се сомничи дека предизвикала пожар во станот на И.Ј. со цел да се прикрие убиството сторено од синот. МВР информира дека вчера во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, во брза заедничка ...
Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Е. З. од гостиварско Чегране, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, извести СВР Тетово. -Во несреќата Е.З. добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, каде што ...
Клуч на врата на уште десетина маркети во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Струга, Кавадарци и Кичево. Државниот пазарен инспекторат ги затвори продавниците заради што трговците не ги намалиле цените на добар дел од производите. Станува збор за прехранбените производи и пијалаците на кои има залепено црвен знак на кој пишува „гарантирана цена“. Казнувани се синџирите на маркети, но посебно маалските продавници кај кои мерката речиси воопшто ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК.До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште два. ...
Пред 28 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Денеска се навршуваат 10 години од ...
Синдикатот на контролори на летање во АД во државна сопственост за услуги во воздухопловната навигација М-НАВ најавува штрајк на 12 октомври, при што во периодот од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови на Скопскиот и Охридскиот аеродром. Претседателот на Синдикатот Александар Тасевски за МИА изјави дека бараат да се запре со, како што вели, непрофесионалното однесување од директорите во однос на процесите за вработувања, внатрешни ...
Синоќа, 2-ри октомври, ТАВ Аеродроми организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје за првите патници во заминување на новата авиолинија Скопје – Сараево, воведена од страна на AEGEAN Airlines, грчката национална авиокомпанија и членка на STAR ALLIANCE. Со инаугуративниот лет што полета од Меѓународниот Аеродром Скопје, AEGEAN почна со операции меѓу двата главни града со авион ATR72-600, со три фрекфенции неделно. Авиокомпанијата ќе лета ...
Владата ги одби пензионерите . Нема линеарно покачување на пензиите. Извештајот од работните групи ќе биде доставен до крајот на оваа недела, но во него нема да биде главното барање на пензионерите. Додека Тренчевска се фали дека обезбедувала и се грижела за нив , пензионерите се револтирани , велат со покачувањето од 5.3 % не добиле ништо и повторно ќе излезат на улица . Тренчевска се правда дека не можело да се покачат пензиите линеарно оти ...
Васил Божков Черепот од притвор во Бугарија и од американската црна листа со амин на Груби до партнер во бизнис со Македонија? Огласот на Лотарија за избор на фирма со која истата ќе формира три нови друштва е како скица за бугарската 8888.бг на Черепот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Кој е мотивот власта, а пред се Груби од истиот да сакаат да направат бизнис партнер на Македонија? ЈО да отвори истрага и да го испита случајот околу огласот кој го ...
Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ следува откако викендов министерот Оливер Спасовски кажа дека предложениот закон за амнестија нема да придонесе кон значително ослободување места во затворите. Покрај тоа што смета оти моментот на носењето на законот е несоодветен, првиот човек на МВР вели дека наместо амнестија државата треба да размислува за зголемување на капацитетите на затворите Ако не се согласува со предложениот закон за амнестија, ...
Законот за амнестија е доставен до Собранието и ќе се носи по скратена постапка. Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека Законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со Законот се опфатени „озлогласени криминалци“. Ковачевски изјави дека Предлог-законот за амнестија е направен за дела од помал обем, со намера за релаксирање на ...
Владата на ДУИ и Ковачевски со денови молчи за скандалот дека со владина одлука се отвора врата бугарското подземје да влезе во Македонија. Тие не демантираат дека со потпис на Артан Груби владата овозможува Државната компанија Државна лотарија која ја води поранешниот шеф на кабинет на Артан Груби, да отвори три нови фирми за игри на среќа кои треба да се поврзат со бугарскиот мафијаш Васил Божков Черепот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Овој лик кој ...
По преземени мерки и активности, на 03.10.2023 во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско, кој беше баран по централен распис. Од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје против двајцата беше поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа ...
Во текот на вчерашниот ден (03.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. ...
Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик. Личните податоци на секој од оштетените лекари биле злоупотребени како тие со својот професионален авторитет да ги рекламираат и препорачуваат чаевите Паразол (Parazol) и Хипертеа (Hypertea), кои на ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави ...
СДСМ има и државнички и државотворен капацитет, отворена е за секого и секогаш без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на активности, меѓутоа клучна цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, рече во интервју за Сител Телевизија ...
Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денес го искажа ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уште една злоупотреба на европското знаменце за Закон кој што нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чии ...
Штрајкот во Обвинителството продолжува и нема да отстапиме од нашите барање, а кога ќе почнат преговорите ќе се одлучи како ќе постапиме. Меѓутоа до почеток на преговорите штрајкот ќе продолжи, порача денеска претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски, на прес-конференција пред Основното јавно обвинителство каде се одржуваше штрајкот. Деаноски рече дека на првата ...
Започнаа нови протести на граѓаните на кои се бара правда за пациентите од Онкологија. Стотина граѓани побараа правда за сите оние кои го изгубиле животот на оваа клиника. „Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство, каде што ќе побараме одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите во врска со истрагата за трагедијата во модуларната болница во ...
Момче на возраст од 24 години од Битола вчера доцна попладнето починало во битолската клиничка болница, откако било примено со многу висока температура и трески. На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па по речиси десет часа од хоспитализацијата починало, објави Независен. Официјално, директорката на Битолската клиничка ...
„Кралевите“ брзо се најдоа во два гола дефицит, па Тони Крос ги врати барем малку надежите со единствениот гол, но Алваро Мората со својот втор гол на мечот стави печат и црвено-белите сега дојдоа до 10 бода, приближувајќи се до врвот на табелата. Реал со 15-те бода сега е на бод заостаток од Барселона и изненадувањето досега Жирона. „Не го почнавме добро мечот, не се браневме добро. Брзо Атлетико дојде до 2-0 и потоа го одиграа мечот како што ...
На денешното рангирање најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ остана на врвот со 11.795 поени пред второпласираниот Карлос Алкараз од Шпанија кој има 8.535 поени. Следува ривалот на Новак од финалето на УС Опен, Данил Медведев со 7.280 бодови, а четвртото му припаѓа на Холгер Руне од Данска, кој е далеку зад водечката тројка со 4.710 бодови. Во Топ 10 се и: Стефанос Циципас (Грција) со 4.615 бодови, Андреј Рубљев (Русија) со 4.515, Јаник Синер ...
Лука Модриќ требаше да го напушти Реал Мадрид на крајот од минатата сезона, но на инсистирање на Карло Анчелоти, клубот му даде договор на уште една година и соработката продолжи. Очигледно дека тоа било грешка за двете страни бидејќи ниту Модриќ е во посакуваната форма, ниту Анчелоти помага нешто во тој поглед, а најмалку корист од тоа има клубот. Како што тврдат бројни светски медиуми денеска, поради Модриќ во конфликт влегле претседателот на ...