Петра Квитова најави крај, ќе се пензионира веднаш после УС Опен

Двократната шампионка на Вимблдон, Петра Квитова, најави крај на богатата кариера и ќе замине во пензија по завршувањето на УС ОПен, кој годинава ќе трае од 24 август до седми септември. 

Чешката тенисерка во моментов е рангирана на 572. позиција на ВТА листата, а најдобар пласман ѝ беше второто место во 2014 година. 

Квитова се врати на терените после подолга пауза поради бременост, но реши дека е време за крај и ќе го напушти спортот на 35-годишна возраст. 

ФОТО/PHOTO: Petra Kvitova/Twitter/X