Калиопи имаше успешен концерт во Белград, кој ќе го памети засекогаш. Но, две мали обожавателки успеаја да ѝ остават најсилен впечаток и да ѝ го украдат срцето. Ана и Мила гласно ги пееја нејзините песни, а нивната мајка Данијела сподели видео кое допре до македонската пејачка. View this post on Instagram A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) Кога Калиопи дознала дека роденденска желба на малата Ана ѝ е токму таа да ѝ ја пее песната ...

СКОПСКО продолжува со активностите во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ И во годината во која брендот СКОПСКО одбележува 100 години постоење продолжува партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи, а пред сè со лојалните купувачи и потрошувачи на брендот. Во фокусот на платформата останува главната цел заштита на животната средина ...

Во соработка со 5 инфлуенсери-готвачи од 5 земји dm ве води на едно посебно кулинарско патување во светот на органската храна. Љубители сте на органската и совесната исхрана? Ова не смеете да го пропуштите... Водени од идејата дека органската храна е основа на пристапот кон исхраната и дека секој од нас заслужува пристап до висококвалитетни производи што ги хранат телото и душата, ни овозможува да се грижиме за себе и своето опкружување, ...

Џенифер Лопез шармира од страниците на Variety. Во интервјуто за списанието, 54-годишната пејачка и актерка зборуваше за новиот проект „This Is Me… Now“ за чие финансирање издвоила 20 милиони долари од својот буџет. И не само тоа... Лопез ги споделила со текстописците приватните писма кои сопругот Бен Афлек ѝ ги има пишувано за да послужат како инспирација за песните од албумот. „This Is Me… Now“ е проект составен од три дела – мјузикл, албум и ...

Пенелопе Круз ѝ останува верна на модната куќа Шанел. 49-годишната актерка изгледаше занесно во цветен фустан од популарниот француски бренд на доделувањето на „Goya Awards“ во Шпанија. Романтичната креација надополнета со тул совршено ѝ прилегаше на холивудската актерка, а била рачно изработувана повеќе од 1.200 часа. Креацијата е дел од колекцијата висока мода есен/зима 2024. Пенелопе позираше со режисерот Педро Алмодовар, со кого често ...

Новата колекција на Памела Роланд со леснотија ќе се пробие до срцата на многу модни ентузијастки. За колекцијата есен/зима 2024, познатата дизајнерка пронајде инспирација во неодамнешно патување во Белгија. „Во колекцијата го споивме историскиот шарм на земјата со модерната елеганција“ – пишуваат од модната куќа. Палетата на бои искористени за создавање на моделите ги отсликува волшебните нијанси на Белгија, додека силуетите им оддаваат почит ...

Седум години по објавувањето на музичкиот проект „El Dorado“, Шакира најави нов албум. 47-годишната пејачка сподели на Instagram дека новиот албум ќе се вика „Las mujeres ya no lloran“ (Жените не плачат повеќе), а дека ќе излезе на 22 март. Таа сподели фотографии направени специјално за албумот. „Мојот нов албум, кој излегува на 22 март, е албум кој го создадовме заедно со сите вас, мојата глутница волчици кои беа покрај мене на секој мој ...

Зендаја знае како да привлече внимание. На премиерата на вториот дел на „Dune“ во Лондон, 27-годишната актерка ги привлече сите погледи кога се појави облечена во сребрен металик роботски костим. Смелата винтиџ креација, која разголуваше делови од нејзиното тело, е дел од колекцијата висока мода есен/зима 1995 на модниот бренд Mugler. Подоцна, Зендаја се пресоблече во покомфорен аутфит. Таа облече црн фустан повторно од Mugler. Зендаја не се ...

Нема да имате ниту еден здодевен ден во претстојната година, којашто ќе биде управувана од Дрвениот Змеј. На 10 февруари милијарди лица од Кина и други азиски земји го прославија доаѓањето на Лунарната Нова година, којашто ќе трае до 29 јануари 2025 година. За разлика од претходната Година на Зајакот, кога сите се стремевме кон мир, стабилност и одмор, во Годината на Змејот постојано ќе бидеме во акција. Змејот е единственото митолошко суштество ...

Учениците од 12 основни училишта во Општина Битола ќе имаат можност да учествуваат во работилници против врсничко насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Изминативе денови, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево се приклучија на активностите на „Крени глас против врсничко насилство“, а денес и Битола. За поефикасна реализација, градоначалникот Тони Коњановски и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, ...

Старите лица се полни со мудрости кои ги стекнале во текот на нивното живеење. По повод Денот на вљубените, кој се славеше вчера, од старечкиот дом „Oak Park Place“ ги замолија своите станари да напишат по еден совет кој сакаат да ѝ го пренесат на помладата генерација. Еве ги нивните натписи: Боб „Бидете верни. Таа треба да ви биде една и единствена“ Ален „Никогаш не си легнувајте лути“ Рита „Два збора: ‘Да, душо!’“ Ванда „Однесувајте се кон ...

Слаткото видео на една учителка од Белорусија ќе ви го стопли срцето. За време на нејзиниот час таа им вели на децата дека во кутијата што ја држи во рацете се крие фотографија од нејзиниот омилен ученик. Потоа сите деца едно по едно треба да ѕирнат во кутијата без да откријат што има во неа. А во неа всушност се крие... огледало. Секој од нив го гледа својот лик, а реакциите ќе ве разнежат. Eine Lehrerin aus #Weißrssland #Belarus hat zu den ...

Дијана Мејвер доживува емотивно изненадување секоја година за Денот на вљубените. 77-годишната жена добива букет цвеќе и порака од покојниот сопруг за Св. Валентин шеста година по неговата смрт. Дијана и Џон се запознале на 16-годишна возраст и биле во брак 47 години. „Имам само едно срце и тоа си ти. Ти секогаш ќе бидеш мојот Валентин. Те сакам Дијана. Со љубов Џон“ – пишува на пораката. Букетот секогаш е направен од црвени рози и бели кринови. ...

Дарко Велковски и Тамара Чуприна споделија фотографии од вториот роденден на синчето. 28-годишниот фудбалер и неговата сопруга позираа со синчето Ведран во интимна атмосфера во Букурешт, Романија, каде што тој игра во моментов. Македонскиот репрезентативец го држи Ведран во рацете додека тој ја дува роденденската торта. „Душата на мама и тато. Среќен Роденден!!!“ – напиша Чуприна. Парот стапи во брак во јануари 2022 година, а еден месец подоцна, ...

Хоакин Феникс повторно ќе влезе во улогата на Џокерот, а овојпат, нему ќе му се придружи Лејди Гага како Харли Квин. На новите фотографии од продолжението „Joker: Folie à Deux“, 49-годишниот актер и 37-годишната актерка и пејачка танцуваат заедно и ја разгоруваат љубопитноста на фановите за дејствијата во новиот филмски проект. Фотографиите од криминалната двојка ги објави режисерот Тод Филипс на Св. Валентин. „Се надеваме дека вашиот ден е ...

Марија Шерифовиќ е пресреќна што стана мајка и воопшто не го крие тоа од јавноста. За Св. Валентин, 39-годишната српска пејачка танцуваше со својата најголема љубов – синчето Марио. Во видеото споделено од неа, таа ја пее песната „Долази љубав“, која му ја посвети на своето мило чедо. „Среќен Ден на вљубените“ – напиша таа. View this post on Instagram A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) Шерифовиќ го доби синчето Марио со помош на ...

По барање на публиката два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски Бојсловски Бојс Центар за култура Битола во соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола со гордост го најавуваат својот традиционален концерт „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески. Ова е шести пат по ред, Центар за култура Битола и НУ Камерен оркестар на Битола да организираат концерт кој е посветен на Тоше и неговите безвременски песни. Како ...

Дејвид и Викторија Бекам не пропуштија да го одбележат Денот на вљубените. Славната двојка сподели фотографии за да си го честита Св. Валентин и да се потсети на прекрасни моменти од заедничкиот живот. Поранешниот фудбалер објави романтичен момент на кој се бакнуваат на зајдисонце, додека 49-годишната дизајнерка, меѓу повеќето фотографии, објави и две на кои е бремена со првото дете. „Среќен Св. Валентин на една прекрасна жена, мајка и најдобра ...

Дали огромната љубов и преголемото внимание кон вашето дете можат да му наштетат наместо да му помогнат? Дали несвесно ги презаштитуваме нашите најмили? Докторот Ранко Рајовиќ ги има одговорите на прашањата кои родителите честопати си ги поставуваат. Во емисијата „TV Lica: Kao sav normalan svet“, стручњакот за раниот развој на детската интелигенција зборуваше за преголемото внимание кое родителите им го посветуваат на децата во денешно време. ...

Блејк Лајвли остави силен впечаток како дел од гостите на ревијата на Мајкл Корс, одржана во рамките на Њујоршката модна недела. 36-годишната актерка носеше модна комбинација со принт на жирафа од американскиот моден дизајнер. Својот изглед, ѕвездата од „Gossip Girl“ го надополни со чизми во соодветна нијанса. На ревијата, Блејк беше заедно со сестра си Робин. Модерното дуо од првиот ред го следеше модното шоу на кое беше презентирана ...

Милош Биковиќ за првпат го покажа малото синче, кое го доби пред нешто повеќе од еден месец со Ивана Малиќ. На фотографијата споделена на Instagram, 35-годишниот српски актер позира со широка насмевка додека во рацете го држи едномесечниот Василије. Бебенцето е облечено во крзнен скафандер. „Некои важни работи“ – напиша тој во описот. Претходно, неговата вереница имаше објавено фотографија само од ноџињата на бебенцето. Милош и Ивана го ...

Џорџ и Амал Клуни уживаа во прошетка низ улиците на шармантното село Котинјак во Франција. 62-годишниот актер и 46-годишната адвокатка со себе го носеа новото кученце, кое холивудскиот заводник ѝ го подари за роденденот. Познатата правичка и активистка изгледаше шик во модна комбинација со кратко фустанче. За време на прошетката, кученцето Нелсон застана и не сакаше да продолжи понатаму, па Амал мораше да го носи во рацете. Нема слични статии. ...

Џенифер Лопез изгледаше неверојатно на премиерата на нејзиниот филм во Лос Анџелес. На проекцијата на мјузиклот „This Is Me… Now: A Love Story“, 54-годишната пејачка и актерка шармираше во црна креација со хороскопските знаци од колекцијата висока мода за сезоната есен/зима 2022 на Зухаир Мурад. Својот изглед, таа го надополни со дијамантски обетки и дијамантски прстен. Лопез беше придружувана од сопругот Бен Афлек со кого си разменија бакнеж ...

Во еден или во друг момент, жените во репродуктивна возраст стигнуваат во ситуација да си го поставуваат прашањето „Дали сум бремена?“. И оние кои со душа очекуваат позитивен одговор, и оние кои од сè срце се надеваат дека одговорот е негативен, започнуваат да размислуваат за знаците кои им ги праќа телото, односно за раните симптоми на бременост. Првите симптоми кои укажуваат на тоа дека е зачнат нов живот се различни кај различните жени. ...

Во мај 2023 dm го привлече вниманието на нашата јавност со воведувањето на новиот ценовен концепт „СЕКОГАШ ПОВОЛНО“ - прв и единствен на македонскиот пазар. Со цел поголема транспарентност, како и заштеда на време и пари, наместо производи на двонеделни и месечни акции, dm на своите купувачи им понуди голем број на производи кои се карактеризираат со долгорочно поволни цени. Сега, со цел ограничување на инфлацијата која за жал е постојано ...

Денис Киртли му пркоси на стареењето. 53-годишната жена го врати својот младешки сјај трансформирајќи го својот изглед во шестата деценија од животот. Неуморната Американка започнала да вежба на 49-годишна возраст и сега изгледа фантастично. Имено, во 2020 година, Киртли покачила 20 килограми поради прекумерното седење, нездравата исхрана и пандемијата со Ковид-19. Но, два месеци пред 50-тиот роденден, решила да направи промена. Таа започнала да ...

Моника Белучи и Дева Касел беа магнети за погледи на свечен настан организиран од Cartier во Париз. 59-годишната актерка и нејзината 19-годишна ќерка мамеа воздишки кај присутните појавувајќи се во софистицирани модни комбинации во црна боја. Холивудската актерка зрачеше со безвременска елеганција во женски костум со здолниште со висок шлиц од Долче и Габана, додека Дева шармираше во црна креација од Диор. View this post on Instagram A post ...

Ашер официјално стапи во брак со Џенифер Гоикочеа во Лас Вегас. 45-годишниот пејач се заколна на вечна љубов на истиот ден кога настапуваше на Супер Боул 2024. Парот беше фотографиран непосредно по неговиот спектакуларен настап. „Можеме да потврдиме дека Ашер и Џенифер Гоикочеа го направија следниот чекор во нивната врска и стапија во брак вечерта во неделата во Лас Вегас опкружени со блиските пријатели и семејството“ – изјавил претставник на ...

Нина Бадриќ заблеска на доделувањето на наградите „Zlatni Studio“ во Загреб. На големата свеченост, 51-годишната хрватска пејачка изгледаше како вистинска холивудска дива. Музичката ѕвезда носеше гламурозна креација од брендот Solace London, а со новата пократка фризура изгледаше уште помладолико. Нина и Петар Грашо ја освоија наградата Песна на годината за дуетот „Немој“. Погледнете го нивниот настап: View this post on Instagram A post shared ...

Д-р Хаџи-Лега Скречингот или ендометријалното загребување претставува метода која што може да се изведе на два начина. Со киретажа, загребување на ендометриумот на матката со инструмент, односно едноставно се загребува слузницата на матката и се отстранува дел од неа, со што се постигнува пролиферација на крвните садови на самата матка и на ендометриумот и со тоа подобро снабдување на матката и ендометриумот со крв и следствено на тоа, полесна ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1011
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
65%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 18ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.14
48%
1011
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
54%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
60%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
50%
1010
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
73%
1011
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.75
73%
1009
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048