
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Добриот изглед најчесто е во гените, а тоа го докажуваат и Кристи Тарлингтон и нејзината ќерка Грејс. Поранешниот супермодел, кој во 90-тите години го освојуваше модниот свет, сними модна кампања со 20-годишната ќерка. Веднаш по објавувањето на фотографиите започнаа да се редат коментари за сличноста во нивниот изглед. Слободно може да се каже дека Грејс е копија на својата славна мајка. Фотосесијата на 55-годшната манекенка и нејзината ќерка е ...
Пред два дена беше направена беше мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, а двајца пациенти добија бубрези. Најмалку четири животи беа спасени благодарение на хуманоста на семејството на младиот битолчанец Пеце Аврамовски, кој како херој си замина од овој свет. Покрај овие четири пациенти, во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да ...
Светскиот ден на бубрегот претставува глобална кампања, која има за цел да ја подигне свеста за важноста и грижата за бубрежното здравје. Се одбележува од 2006 год секој втор четврток во месец март. Кампањата за 2024 год. се фокусира на подигање на свеста за унапредување на рамноправниот пристап на нега и оптимално медицинско лекување на бубрежно болните. Важноста од еднакво бубрежно здравје за сите Се проценува дека бубрежните болести ...
Кристи Бринкли сподели лоша вест со своите фанови за да ги охрабри да прават редовни здравствени прегледи. Во пост на Instagram, 70-годишниот супермодел напиша дека ѝ бил дијагностициран рак на кожата на лицето. Кристи поминала низ операција за отстранување на зафатената област и е среќна што ракот бил откриен во рана фаза. „Добрата вест за мене е што рано го откривме базалиомот (базоцелуларниот карцином). Имав одлични доктори кои го отстранија ...
Ако беше жив, Петре Прличко вчера ќе наполнеше 117 години. За да го одбележи денот на неговото раѓање, внук му Игор Џамбазов напиша емотивна објава. Македонскиот шоумен објави заедничка фотографија од „Волшебното самарче“ и за својот дедо напиша: Денес ќе наполнеше 117 години. И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот. Малку повеќе го сакаше филмот. А најмногу театарот. Јас му бев на солидното шесто место. Но, научив од него работи кои ги ...
Џенифер Лопез е неуморна. 54-годишната актерка го објави трејлерот за новиот филм „Atlas“. Во него, таа влезе во улогата на Атлас Шеперд, „брилијантна аналитичарка на податоци со длабока недоверба во вештачката интелигенција (AI)“ која има мисија да го спаси човештвото. „Единствената надеж за да ја спаси иднината на човештвото од AI е да ѝ се довери“ – стои во описот на Netflix. „Atlas“ е снимен во режија на Бред Пејтон. Погледнете фотографии од ...
Оливија Ман води тешка битка. Холивудската актерка сподели дека минатата година ѝ бил дијагностициран рак на дојка. 43-годишната филмска ѕвезда во изминатите 10 месеци минала низ четири операции, меѓу кои и двојна мастектомија. Лошата дијагноза, актерката од „X-Men: Apocalypse“ ја добила во февруари 2023, а деталите ги откри во Instagram пост. „Во февруари 2023, во обид да бидам проактивна за моето здравје, направив генетски тест кој проверува ...
Кејла Ицинес ја подигнува свеста за ендометриозата. Март е месец за зголемување на свеста кај луѓето за оваа состојба која се јавува кај 10% од жените во репродуктивна возраст. Австралиската фитнес ѕвезда сподели фотографија направена по лапароскопијата преку која откри дека ја има оваа состојба. Сега таа сака да им помогне и на други жени кој секој месец страдаат од неподносливи болки, а кои не знаат што им е. Поради нејзиниот голем број на ...
Шерон Стоун зрачи со сензуалност и во седмата деценија од животот. 66-годишната актерка мамеше воздишки додека чекореше на црвениот тепих на оскаровската забава на Vanity Fair. На настанот во Беверли Хилс, ѕвездата од „Basic Instinct“ изгледаше фантастично во гламурозна креација од модната куќа Del Core. За изгледот на Шерон задолжен бил стилистот Парис Либи, кој во нејзиниот стајлинг додаде накит од Gismondi 1754, чантичка од Carolina Herrera и ...
Второто дете на турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч наполни 4 години. 41-годишната ѕвезда од серијата „1001 ноќ“ му го честиташе роденденот на малиот Хан со фотографии направени по неговото раѓање и му напиша слатка порака. Корел сподели дека нејзиниот син се роди на 8 март 2020 година, непосредно пред почетокот на пандемијата. „Се роди за 3 минути и сите нè насмеа. Оние кои те чекаа тој ден не веруваа дека си роден. Оние кои со солзи ...
Лени Кравиц доби своја ѕвезда во Холивуд. 59-годишниот пејач го прими признанието во присуствуво на неговата ќерка Зои, нејзиниот вереник Ченинг Тејтум и бројни соработници. На откривањето на 2.774-тата ѕвезда на Патеката на славните, Кравиц имаше сладок момент со Зои, која одржа говор во чест на татко си. „Ја имав честа да те познавам долго време и морам да речам, тоа што сум твоја ќерка е една од најубавите авантури во мојот живот. Бидејќи ...
Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски изминатиот викенд направија голема свадбена прослава во Скопје. Музичкиот пар, кој настапува заедно во различни градови од нашата држава, сними свадбена фотосесија, а официјалните фотографии од прославата ги објави фото-студиото SaYes Wedding Photography. View this post on Instagram A post shared by SaYes Wedding Photography (@sayeswedding_photography) Фотографии: SaYes Wedding Photography И стилистот ...
Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за вистинско поврзување. Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција. Според ...
Џоан Колинс непрекинато покажува дека за добар стил не се важни годините. 90-годишната актерка пленеше со софистицираност на црвениот тепих на забавата на Vanity Fair, која се одржува секоја година по спуштањето на завесата на Оскарите. Ѕвездата од „Династија“ за оваа пригода избра зелена креација со доза гламур, која ја надополни со блескави обувки. Во центарот „Wallis Annenberg“ во Беверли Хилс, Џоан беше придружувана од 59-годишниот сопруг ...
Сузана Турунџиева го прослави својот 55-ти роденден на забава со најблиските. На социјалните мрежи, македонската пејачка и водителка сподели фотографии на кои позира со двете ќерки Лора и Матеа. Турунџиева изгледа одлично во црвен фустан со реси на ракавите. Таа пееше и славеше, а доби подароци со ликот на Фрида Кало. „Љубовта е единственото нешто кое се множи кога се дели... Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе, кои го прават убав ...
Сидни Свини беше дел од гостите на забавата на Vanity Fair организирана по повод доделувањето на Оскарите. 26-годишната актерка однесе винтиџ гламур на настанот во Беверли Хилс. Сидни го носеше истиот фустан кој беше избор на Анџелина Џоли за Оскар пред точно 20 години. Креацијата е дело на модниот дизајнер Марк Бауер. „Од архивите. Носен на Оскарите во 2004 од Анџелина Џоли и сега од убавата Сидни Свини. На 20-годишнината, не можевме да ...
Глен Клоус откри дека посакува да ја посети Македонија. Холивудската актерка призна дека била одушевена од филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и дека еден ден би сакала да може да зачекори на нашата почва. „Има филм се вика 'Пред дождот'. Снимен е во Македонија. Очигледно е многу стар и многу се има случено на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли“ – вели Клоус во кратко видео снимено пред Оскарите. Во него, повеќе актери беа запрашани ...
Ирина Шајк привлече големо внимание на постоскаровската забава на Vanity Fair. 38-годишниот модел шармираше во атрактивен црн стајлинг, кој вклучуваше винтиџ креација со корсет. Проѕирното фустанче кое го носеше Ирина доаѓа од архивата на Долче и Габана, а е од колекцијата пролет/лето 1992 година. Својот изглед, Ирина го надополни со впечатлив црвен кармин. Таа заводливо позираше пред фоторепортерите на забавата. Претходно, убавата манекенка ...
Ева Лонгорија магнетски привлекуваше погледи на оскаровската забава на Vanity Fair. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ изгледаше атрактивно во креација која ѝ ја нагласи тенката половина и ги истакна нејзините облини. Фустанот на 48-годишната актерка доаѓа од ателјето на Tamara Ralph, а беше надополнет со накит од Pasquale Bruni. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Лонгорија минатата година го промовираше ...
Ана Ивановиќ зрачеше со елеганција на црвениот тепих на 96-тото издание на Оскар. 36-годишната Србинка блескаше во жолта креација на свеченоста на која присуствуваше заедно со сопругот Бастијан Швајнштајгер. Фустанот со еден ракав одлично ѝ прилегаше на шармантната спортистка. Поранешната тенисерка и поранешниот фудбалер споделија фотографии на Instagram пред да се упатат на големата холивудска свеченост. Ана и Бастијан стапија во брак во 2016 ...
Академијата за филмски уметности и науки ги избра овогодишните добитници на наградите Оскар. Синоќа, во Долби театарот во Холивуд се собраа најголемите имиња во филмската индустрија за да дознаат во чии раце одат престижните награди. Очекувано, „Oppenheimer“ беше најголем победник на вечерта и доби седум златни статуетки. Филмот имаше 13 номинации, а веднаш зад него беа „Poor Things“ со 11 и „Killers of the Flower Moon“ со 10 номинации. ...
Пред 36 години, Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито влегоа во улогите на браќа-близнаци и го насмеаја светот со филмскиот хит „Twins“. Сега, легендарните актери заедно се појавија на сцената на Оскарите во улога на негативци од „Batman“ за да доделат награда. 79-годишниот ДеВито ја имаше улогата на Пингвинот во „Batman Returns“ во кој Мајкл Китон беше херојот, додека 76-годишниот Шварценегер глумеше во „Batman & Robin“ од 1997 година, кога Џорџ ...
Ема Стоун сосем заслужено се закити со уште еден Оскар. Таа беше прогласена за Најдобра актерка за маестралната улога во филмот „Poor Things“ и ја прими престижната статуетка за време на синоќешната манифестација во Холивуд. 35-годишната филмска ѕвезда низ солзи се заблагодаруваше на сите заслужни за филмот, а на почетокот од својот говор се пошегува дека ѝ пукна фустанот. „Ох, мојот фустан е расипан. Мислам дека се случи за време на песната ...
Ванеса Хаџенс откри слатка тајна на синоќешното доделување на наградите Оскар. 35-годишната актерка го очекува првото дете со сопругот Кол Такер, со кого стапи во брак пред три месеци. Ѕвездата од „High School Musical“ го истакна трудничкото стомаче во црн фустан од Вера Ванг и бликаше од среќа додека чекореше на црвениот тепих. View this post on Instagram A post shared by People Magazine (@people) Ванеса присуствуваше и на забавата на Vanity ...
Најголемиот сон на Малума се исполни. Тој стана татко. 30-годишниот пејач и неговата сакана Сузана Гомез ѝ посакаа добредојде на овој свет на ќеркичката Париз. Веста за раѓањето на бебенцето ја објави самиот Малума и сподели фотографии од првите моменти со неговото малечко. „На 9 март во 8:23 часот наутро се роди љубовта на нашите животи, Париз Лондоно Гомез. Ви благодарам на сите за пораките и убавите желби. Сузана, љубов моја, ти благодарам ...
Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски направија свадбена прослава за официјално да го одбележат нивното стапување во брак. Македонскиот музички пар синоќа се веселеше со најблиските во познат скопски ресторан. 23-годишната пејачка блесна во впечатлива венчаница и со широка насмевка танцуваше со својот сакан. Тие имаат едно дете, Киан, кое исто така присуствуваше на прославата. Антониа и Роберт официјално стапија во брак на 30 април минатата ...
Најголемиот дрогериски ланец dm дрогерие маркт со силна порака по повод Денот на Жената – 8 Март. Наративот за економска, политичка и социјална рамноправност е традиционално сеприсутен кога станува збор за одбележувањето на Меѓународниот ден на жената. Но, дали се ова навистина единствените поими што треба да го симболизираат овој голем ден? Славејќи ги жените секој ден, најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт, оди чекор ...
Брана Тодевска го прослави својот 75-ти роденден. Мајката на Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ доби специјални честитки од своите ќерки и внуци. Тамара ја изненади мајка си појавувајќи се на нејзината врата заедно со своите две деца. Хана држеше цвеќе, додека Дарен во рацете ја носеше тортата со роденденските свеќички кои ги дувнаа заедно со нивната баба. Тијана објави заедничка фотографија заедно со порака. Нема слични статии. Види повеќе » ...
Ајде сите заедно да ѝ помогнеме на Кара Селовска од Скопје да оздрави. 12-годишното девојче страда од ретка болест, која во нашата земја не може прецизно да се дијагностицира, а со тоа и да се обезбеди соодветно лекување. Нејзиното семејство е исцрпено и принудено да бара решение надвор од Македонија, поточно во болница во Барселона, Шпанија. Средствата потребни само за дијагностицирање, испитување и престој во болницата за 14 дена изнесуваат ...
Децата уште од најмали нозе го следат примерот на родителите. 4-месечната ќерка на актерите Емра Куртишова и Петар Стојанов ја доби својата прва улога во филм. Среќните родители на Instagram објавија фотографии од снимањето на првите сцени со малото бебенце. „Првиот филм на Лена. Мала актерка“ – напиша Емра, која ја глуми Исаура во хит-серијата „Преспав“. Емра и Петар во октомври минатата година објавија дека се роди нивната ќеркичка, која го ...