
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Спасувањето на Тенли Гилет довело до комплетна трансформација на нејзиниот живот. Седум и пол години по последниот обид за самоубиство, таа ги надмина сите проблеми со менталното здравје и стана дел од истиот тим на пожарникарите кои ја спасија. Имено, 30-годишната жена долго време се чувствувала како да не припаѓа никаде, дека не може да се вклопи во општеството. „Се борев со помислата каде припаѓам, каде треба да се вклопам и тоа беше нешто со ...
Најсилната и најзначајната поддршка во животот за секого е семејството. Северина ја имаше покрај себе својата мајка Ана кога беше прогласена за „Пејачка на годината“ на доделувањето на наградите „Златно студио“. На манифестацијата во Загреб, 51-годишната пејачка изгледаше сексапилно во црн фустан од Версаче. На црвениот тепих, таа позираше со мајка си и ја поздрави во својот говор. „Сакам да поздравам една личност која е многу важна во мојот ...
Бијонсе и Џеј Зи ги поведоа со себе двете ќерки на овогодишниот Супер Боул. 42-годишната пејачка и 54-годишниот рапер со Блу Ајви и Руми се забавуваа на популарниот спортски натпревар во американски фудбал. Славниот музички пар беше „уловен“ од камерите додека го следеше настанот, а подоцна Џеј Зи беше фотографиран на теренот со 12-годишната Блу Ајви и 6-годишната Руми. Поголемата ќерка на Џеј Зи си пресоздаде фотографија од 2020 година, а за ...
Бредли Купер заслужено добива пофалби и аплаузи за портретирањето на Леонард Бернштајн во новиот филм „Maestro“, во кој покрај главната улога, се јавува и како режисер и сценарист. На Филмскиот фестивал во Санта Барбара, 49-годишниот актер се закити со наградата за Извонредна изведба на годината, а статуетката му ја врачи колегата Бред Пит. Холивудските шармери позираа заедно на настанот, каде се фотографираа и со актерката од „Maestro“, Кери ...
Оваа година, честа да ја забавува публиката на полувремето на Супер Боул му припадна на Ашер. 45-годишниот музичар приреди спектакуларно шоу за кое се качи на ролшуи и го покажа мускулестото тело. Ашер на сцената беше придружуван од своите колеги Алиша Кис, H.E.R., Лудакрис, Вил Ај Ем, Лил Џон и Џермејн Дупри, со кои изведуваше хитови како „Caught Up", „Confessions", „Yeah!", „OMG.", „Turn Down for What“, „If I Ain’t Got You" и „My Boo“. Видео: ...
Амелија и Елиза Спенсер беа гостинки на гала вечерата „Air Ambulance ball“ во Лондон. 31-годишните близначки, кои ѝ се внуки на покојната принцеза Дијана, однесоа гламур и елеганција на хуманитарниот настан. Елиза блесна во бела припиена креација, која ја надополни со светкави салонки и бела чантичка, додека Амелија за оваа пригода избра црна креација со долги проѕирни ракави. И двата фустани се дело на модниот бренд Self-Portrait. Сестрите ...
Едвард Енинфул сакал да направи нешто специјално за неговото последно издание како уредник на британскиот „Вог“. И несомнено успеа да си ја постигне целта. За насловната страница од мартовското издание на списанието, модниот уредник не избра една, туку 40 легендарни жени кои отпатуваа во Менхетн од различни краеви од светот за да позираат заедно. Викторија Бекам, Серена Вилијамс, Опра Винфри, Ирина Шајк, Дуа Липа, Селма Блер, Мајли Сајрус, Наоми ...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ не кријат колку се заљубени. Новиот македонски пар објави романтична фотографија. На неа, поранешниот кошаркар и успешната маркетинг менаџерка, која ја паметиме по детскиот хит „Ех, тој Тоше“, уживаат во настапот на ДНК во Скопје. Перо и Сања минатиот месец ја открија својата врска пред јавноста со објавување на заеднички фотографии. Неодамна, тие беа во посета на Солун и споделија моменти на Instagram. Антиќ минатата ...
Џенифер Лопез гостуваше во новата епизода на „Saturday Night Live“. 54-годишната пејачка и овојпат ги одушеви своите обожаватели со сензационалниот изглед. За оваа пригода, музичката ѕвезда избра бела креација со впечатлив детаљ со сребрена роза која одлично ги истакна нејзините облини. Во својот моден стајлинг Џеј Ло додаде блескави чизми. Ayo Edebiri closes out SNL with musical guests Jennifer Lopez and Latto. pic.twitter.com/P2VOKcMm4R — Film ...
Мартија Станојковиќ сподели фотографии од свој настап и доби само комплименти за изгледот. На нив, 19-годишната пејачка позира во светкав фустан со висок шлиц и разголен грб кој ѝ го истакна сексапилот. Мартија ја покажа тетоважата која ја има на грбот. Преку овие фотографии таа го најави својот следен настап во Штип на 10 февруари, а откри и дека наскоро ќе има нова музика. Стилистот Марјан Петров исто така објави фотографии од истиот настап. ...
Можеби нема да ви се верува, но Кристи Бринкли зачекори во осмата деценија од животот. Русокосата убавица пред неколку дена наполни 70 години, но недискутабилно ќе се сложите дека нејзиниот изглед воопшто не ја издава нејзината возраст. Атрактивниот модел позираше во костим за капење пред да направи роденденска забава и фотографиите ги објави на Instagram. „Ова е 70 и вие нема од што да се плашите, затоа што можете да си ја направите својата ...
Роберт Де Ниро сподели нова фотографија со малата ќеркичка и зборуваше за неа во интервју за People. Навраќајќи се на 13 важни моменти од неговиот живот, 80-годишниот актер рече дека гледа многу сличности меѓу него и неговата 10-месечна ќерка Џиа, како и неговата 12-годишна ќерка Хелен. Зборувајќи за стара фотографија на која тој има 3-4 години, Роберт рече: „Ме потсетува на моите најмлади ќеркички. Истото го гледам и во едно од моите внучиња“. ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ги проширува активностите и во Општина Петровец. Градоначалникот Борче Митевски и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска денес потпишаа меморандум за соработка. Како дел од „Крени глас против врсничко насилство“, учениците во оваа скопска општина ќе учествуваат во работилници преку кои што ќе се запознаат со причините, последиците како и со начините на ...
Софија Вергара ги отвори вратите од својот дом за „Architectural Digest“. 51-годишната актерка ни дозволува да ѕирнеме како изгледа нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес преку фотосесијата и видеото кои ги сними за списанието. Ѕвездата од сериите „Modern Family“ и „Griselda“ поседува огромен плакар за каков што сонува секоја жена, а откри дека во него чува фотографија од младоста на која позира гола. Видео: Оваа куќа Вергара ја купи во 2020 ...
Џанлука Ваки и Шерон Фонсека слават 6 години љубов. 56-годишниот милионер и неговата 29-годишна избраничка со слатки постови на Instagram си ја честитаа годишнината. Џанлука со компилација од фотографии раскажа дека се запознале на снимањето на видео и дека тој веднаш се вљубил во неа. „Ова е на првиот ден кога те запознав. Снимавме видео. По кратко време сфатив дека нешто во мене е привлечено од тебе и срцето започна да ми чука различно. Си ...
Џенифер Анистон и Дејвид Швимер се обединија за новата рекламна кампања на „Uber Eats“. Во видеото, кое ќе се прикажува на Супер Боул, ѕвездите од хит-серијата „Пријатели“ имаат необична средба. Анистон, која ја глумеше Рејчел, комплетно го заборавила Швимер (Рос), иако 10 години работеа заедно на снимањето на „Пријатели“. „Се знаеме од некаде?“ – му вели Џенифер на Дејвид откако тој ќе се обиде да ја поздрави со бакнеж и прегратка. „Работевме ...
Кристијано Роналдо наполни 39 години. Славниот фудбалер ги дувна свеќичките на двете роденденски торти во друштво на саканата Џорџина Родригез и децата. Тој сподели фотографии од интимната прослава со своите обожаватели. „Благодарен сум што го поминав роденденот на најдобриот можен начин: со моето семејство и повторно назад на теренот за тренинг. Ви благодарам на сите за топлите пораки“ – напиша тој. „Те сакаме“ – додаде Џорџина на неговиот ...
Дамијано Давид и Дав Камерон за првпат се појавија како пар на свечен настан. Новата славна двојка присуствуваше на галата на Клајв Дејвис организирана по повод Греми наградите. На настанот во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, 28-годишната актерка и пејачка зачекори во црвена креација. Ѕвездата на Дизни и фронтменот на евровизиските победници Måneskin си разменуваа бакнежи на црвениот тепих. Дамијано и Дав за првпат беа видени заедно во ...
Мајчинството не е лесно. Речиси секоја жена се соочува со истите предизвици откако ќе добие дете. Непроспиени ноќи, промени на телото, поместување на приоритетите, недостиг на време, но и зголемено срце од неизмерна љубов. Сајтот за лактација Milky Makers постојано создава искрени илустрации за мајчинството за да им покаже на мајките дека не се сами. Се обидуваш да не заспиеш додека го доиш бебето. Се вљубуваш уште повеќе на првиот кажан збор. ...
Ејми Маркез доби две големи изненадувања. Малото девојче, кое е голем фан на Лионел Меси, од тетка си доби на подарок билети за да го гледа омилениот фудбалер во живо. Во видео кое брзо се распространи на интернет, 10-годишната Ејми плаче од среќа кога ќе го отвори пликот со билетите. Таа веднаш се упатува кон тетка си за да ѝ се заблагодари. „Кога тетка ми ми го даде подарокот, мозокот ми експлодира. Навистина не знаев што да направам и почнав ...
Сегашни и поранешни колеги, кои со години играле лотарија со истите броеви, освоија 1 милион долари. Станува збор за група од 30 вработени во основно училиште во Кентаки, кои низ годините заедно вложуваа пари и секоја недела играа со тикет на кои стоеја истите бројки. Сè додека неодамна не им се насмевна среќата. „Една од нашите пензионирани наставнички постојано играше на лотарија и луѓето ѝ се придружуваа. Потоа стана поорганизирана и собра ...
Џенифер Лопез со два настапи ја забавуваше публиката во шоуто Saturday Night Live, но за време на изведбата, имаше мала незгода. Додека танцуваше на песната „Can't Get Enough", 54-годишната пејачка ненамерно си оттргна дел од наградбата на косата. Во видеа кои кружат на интернет, Џеј Ло останува без неколку прамени, но како вистински професионалец продолжува со енергичниот настап. Jennifer Lopez just danced her hair off. ...
Липосукција претставува хируршка метода од доменот на естетската хирургија со која можеме трајно и селективно да отстраниме вишок масти од одредена регија на телото. Методата најлесно може да се опише како метода со која можеме да направиме преобликување односно ремоделирање на телото. Оваа процедура најчесто се користи за контурирање на масното ткиво во зоните: стомак, колкови, бутната регија и подбрадокот. Таа може да се користи и на други ...
Често слушаме дека животот станува побрз, дека поради стрес и бројни обрски доаѓа до синдром на прегореност, па затоа треба да се постават граници и да одвоиме време за себе. Но, што всушност тоа значи? Кога последен пат сте одлучиле да се задоволите себеси, но онака искрено и само – себеси? Кога сте прошетале до скриеното катче, каде можете да ги слушнете вашите желби и потреби во тишина. Кога последен пат сте ги исклучиле нотификациите на ...
Кралот Чарлс е исправен пред огромен здравствен предизвик. На британскиот монарх му беше дијагностициран рак. Бакингемската палата соопшти дека Чарлс има форма на рак, започна со лекување и се повлекува од кралските должности во јавност. Според официјалните информации, не станува збор за рак на простата, иако дијагнозата била поставена непосредно по неговата неодамнешна операција за зголемена простата. „За време на неодамнешната операција за ...
Билетите „летнаа“ само по неколку часа откако беа пуштени во продажба, па големиот интерес беше прва најава дека двата концерта „MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2“ во Битола ќе бидат специјални. Викендов, полните сали и насмеаните лица беа неспорен доказ дека Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect во континуитет продолжува да е во срцето на незаборавни музички доживувања. Љубителите на музиката, коишто беа доволно брзи за да си ...
Кристина Агилера беше дел од славните гости на 66-тото издание на Греми. 43-годишната пејачка ја истакна тенката фигура откако во изминатите години ослабе повеќе од 18 килограми. За свеченоста во Лос Анџелес таа избра син припиен фустан со долги ракави од брендот Standing Ground. На сцената ѝ се придружи Малума и заедно ѝ доделија награда на Керол Џи. Агилера беше мета на многу коментари за зголемената тежина по раѓањето на синот Макс во 2008 ...
Ќеркичката на Борко Ристовски пред неколку дена наполни една година. Ракометниот голман со сопругата Нина го прославија роденденот на нивната мала принцеза заедно со нејзината крштевка. На социјалните мрежи тие споделија фотографии од слатката веселба за нивната ќеркичка. На нив, брачниот пар позира со славеничката Анастасија и синот Душан, а покрај нив се и дел од нивните гости. „Ви благодарам на сите кои не удостоивте со вашето присуство на ...
Блу Ајви прерасна во прекрасна млада дама. 12-годишната ќерка на Бијонсе и Џеј Зи присуствуваше на доделувањето на Греми наградите заедно со своите родители. На сцената, Блу Ајви му ја даде својата поддршка на татко си Џеј Зи, кој ја доби наградата Dr. Dre Global Impact. Шармантната девојка носеше елегантна креација од Вивиен Вествуд, која ја искомбинира со мала чантичка и високи чизми. Бијонсе од публиката гордо го следеше овој момент. ...
Дејвид Гета и Џесика Ледон набрзо ќе се радуваат на принова во нивното семејство. На доделувањето на Греми наградите, 56-годишниот диџеј беше придружуван од 31-годишната партнерка со која го очекува првото заедничко дете. Среќниот Гета со широка насмевка ѝ го галеше трудничкото стомаче на саканата, која шармираше во бела креација. Гета беше номиниран во две категории. Вљубената двојка претходно присуствуваше и на галата на Клајв Дејвис, која ...