
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Да споделам малку мудрост што и на овие години ја стекнав кога станува збор за мојата кожа. Буквално сум опсесивна кога станува збор за тоа да имам чиста и мазна кожа. Кој е тој “еден” производ – чудотворец? Серумот Eucerin DermoPure за обновување на кожата (Skin Renewal Treatment) е буквално дијамант за тинејџерите, како и за справување со флеки и затнати пори. Овие предизвици ми беа секојдневна драма. Не е секогаш до тоа кожата да изгледа ...
Денес стартуваше имиџ кампањата на Шпаркасе Банка АД Скопје, која и понатаму е силно фокусирана на своите клиенти и на нивните потреби. Со својот експертски тим останува доследна на својата мисија, да гради доверба и долгорочно партнерство, препознавајќи ги очекувањата и потребите на клиентите. Грижата за клиентите е најважна за Шпаркасе Банка, нивното задоволство останува еден од врвните приоритети. Секое дејство, решение и иновација се ...
Помина уште една година и одново го празнуваме 8 март, Меѓународниот ден на жената, во кој ги славиме економските, политичките и општествените достигнувања на жените, во борбата за правата што се актуелни повеќе од сто години. Овој ден нè потсетува да изразиме благодарност и почит кон жените околу нас, што ги создаваат темелите на мудроста, правдата, креативноста и надежта. Овие денови на Нептун Македонија, една од најголемите компании која ...
Криси Тиген и Џон Леџенд присуствуваа на доделувањето на The Green Carpet Fashion Awards. На свеченоста во Лос Анџелес, 38-годишниот модел ја истакна витката фигура во црна проѕирна креација од Сен Лоран. Атрактивната манекенка изгледаше фантастично една година по раѓањето на третото дете. За настанот и Џон избра црн стајлинг. Криси и Џон имаат четири деца. Најмалиот член на нивното семејство се роди со помош на сурогат-мајка, само неколку ...
Леонид Индов не ја сплоти само Македонија, туку и Македонците кои живеат и работат надвор од нашата земја. Семејството на момчето кое во моментов се лекува во Виена, Австрија, доби хумана понуда од добродушен Македонец кој живее и работи таму. Марјан Атанасовски на располагање го стави својот дом и автомобил, нудејќи им на најблиските на Лео место за спиење, јадење и превоз. „За семејството на младото момче Леонид, што се лечи во Виена, им ...
Ако сакате да изненадите некоја од вашите сакани дами со парфем, тогаш најдобар начин да го одберете вистинскиот е да се едуцирате за различните семејства женски парфеми. Не е лесно да се одбере парфем бидејќи изборот е целосно индивидуален. Мирисот останува со нас во текот на целиот ден, па важно е да се одбере вистинскиот. Има некои општи правила по кои може да се водите кога сакате да одберете совршен мирис. Прочитајте во нашиот текст како се ...
Бред Пит и Пенелопе Круз ја отворија ревијата на Шанел во Париз со краток романтичен филм. Во него, 60-годишниот актер и 49-годишната актерка глумат заљубен пар кој оди на љубовен состанок во ресторан во Довил, едно од омилените места на дизајнерката Коко Шанел. Холивудските ѕвезди всушност пресоздадоа сцени од францускиот филм „A Man and a Woman“ од 1966 година, добитник на два Оскари. Пенелопе стана бренд амбасадор на Шанел во 2018 година. ...
Македонија по којзнае кој пат ја покажа својата хуманост. За помалку од едно деноноќие беа собрани речиси 1 милион денари за лекување на малата Срна. Неполни 24 часа по објавувањето на апелот за помош од страна на мајката и таткото на 3-годишното девојче, беше собрана потребната сума. Родителите Трајче Панов и Васка Цветаноска Панова на Ecrowd Medical објаснија дека Срна развила сепса во октомври минатата година поради уринарна инфекција што ...
Дакота Џонсон и Крис Мартин ќе стапат во брак. Веста за нивната свршувачка ја потврди британскиот медиум „The Mirror“. Според изјава на извор близок до парот, тие се верија пред извесно време. „Парот се вери пред извесно време и ја чуваше таа вест во тајност. Но сега, отворено го кажуваат тоа во нивниот круг на пријатели. Не брзаат за да ја испланираат венчавката, туку уживаат во тоа што ја официјализираа нивната посветеност еден кон друг“ – ...
Семејството на Гал Гадот се прошири. Ѕвездата од „Wonder Woman“ го роди своето четврто дете и среќната вест ја објави на Instagram. Холивудската актерка откри дека бременоста не била лесна, но дека е среќна што во рацете ја има својата ќеркичка. „Мое слатко девојче, добредојде. Бременоста не беше лесна, но успеавме. Ти донесе многу светлина во нашите животи, исполнувајќи го значењето на твоето име, Ори, што значи ‘моја светлина’ на хебрејски. ...
Бројот на заболени од голема кашлица во Скопје е во пораст и денес достигна 141. Попладнево биле регистрирани уште три нови случаи. Комисијата за заразни болести препорача засилување на инспекциските контроли во градинките за откривање невакцинирани деца, дигитална евиденција за сите вакцинирани деца, како тестирање за голема кашлица на територијата на целата држава. Пертусис или голема кашлица е сериозна висококонтагиозна заразна болест ...
Наставничката Гордана Плешкова од основното училиште „Тошо Арсов“ од Штип доби емотивно изненадување на последниот работен ден. Во чест на нејзиното заминување во пензија, Плешкова беше дочекана со громогласен аплауз од своите ученици од различни генерации. „Ви благодарам мои драги ученици. Кога ве гледам сите од различни генерации срцето ми е полно. Немам зборови со кои можам да ја искажам мојата среќа. Се радувам на секој ваш успех. Ви ...
Само неколку месеци по разводот од Џоди Тарнер-Смит, Џошуа Џексон беше фотографиран додека си разменуваше нежности со новата девојка Лупита Нионго. Славниот пар беше уловен од папараците на плажа во Мексико, каде го прославуваше нејзиниот 41. роденден. Актерката од „Black Panter“ го покажа тонираното тело во бикини. Таа го прегрнуваше и држеше за рака саканиот додека шетаа по песочната плажа. 45-годишниот актер се разведе од поранешната сопруга ...
Марија Брањас Морера наполни 117 години. Најстарата личност на светот, која е родена на 4 март 1907 година, го прослави својот роденден во дом за стари лица во Шпанија. Марија живее таму 23 години. Морера ја доби титулата Најстара личност на Земјата од страна на Гинисовата книга на рекорди во јануари 2023 година. „Многу е благодарна за сите примени честитки и интересот кој толку многу луѓе го покажаа за нејзиното здравје. Среќна е што можеше да ...
Нина Сеничар повторно е во блажена состојба. 38-годишната актерка и манекенка го очекува второто дете со холивудскиот актер Џеј Елис. Убавата Србинка, која сега живее во Лос Анџелес, на фотографии на Instagram го покажаа пораснатото трудничко стомаче. Таа носи кафеав припиен комбинезон и со рацете си го гали стомачето. Нина и Џеј се заедно до 2015 година. Нивната ќеркичка се роди во ноември 2019 година, а тие стапија во брак во јули 2022 година. ...
Дебелината кај населението во Македонија се зголемуваше во изминатите години и денес е на високо ниво. По повод вчерашниот Светски ден на дебелината, од Институтот за јавно здравје објавија загрижувачки податоци за овој проблем, кој не постои само кај нас, туку и во целиот свет. Најновата студија објавена во The Lancet покажува дека од 1990 година наваму, дебелината во светот е зголемена повеќе од двојно кај возрасните и четирикратно кај децата ...
Леони Хана е редовна посетителка на ревиите кои се одржуваат во рамките на Модните недели во Европа и САД. 35-годишната блогерка не ја прескокна ниту Париската модната недела. Хана беше гостинка на повеќе модни спектакли каде привлекуваше внимание со својот стил. Леони се облече во бело за ревиите на Mugler и Valentino. View this post on Instagram A post shared by Leonie Hanne (@leoniehanne) Монохроматска бордо комбинација, Хана избра за модниот ...
Џорџина Родригез го искористи престојот во Париз за да ги одведе своите деца во Дизниленд. 30-годишната партнерка на Кристијано Роналдо се забавуваше со двете ќеркички и двата сина на „најсреќното место на светот“. Атрактивниот модел носеше тијара на главата за да си одговара со ќеркичките Ева и Алана Мартина кои беа облечени како принцези. 6-годишниот Матео се маскираше во омилениот суперхерој и заедно со поголемиот брат Кристијано Џуниор ...
Принцезата Кетрин моментално заздравува по операција на стомакот, која ѝ беше направена пред неколку недели. Сопругата на принцот Вилијам за првпат беше фотографирана во јавност по хируршкиот зафат. На фотографиите, Кетрин седи на совозачкото седиште во автомобил, додека возилото го управува нејзината мајка Керол. Кенсингтонската палата на 17 јануари објави соопштение дека Кетрин била оперирана и ќе остане во болницата во Лондон 10 до 14 дена. ...
Џастин Бибер доби своја восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ во Холивуд. Во чест на 30-тиот роденден на славниот пејач, кој беше на 1 март, познатиот Музеј за восочни фигури откри негова статуа. До неа стои бројот 30 кој го означува јубилејниот роденден на Бибер. Фигурата содржи детали кои се карактеристични за Џастин, како што е неговата тетоважа на вратот, како и стајлингот кој пејачот го носи во спотот од 2021 година за песната „Peaches“. ...
Докторка од Северна Каролина ќе слави роденден на истиот ден со новороденото бебенце. Но, најинтересното е што тие се родени на 29 февруари – датум кој постои на секои четири години. Имено, Каи Сан се породила на својот 40-ти роденден и ја донесе на овој свет ќеркичката Клои. Бебенцето се родило со тежина од 3 килограми, три дена по предвидениот термин за породување. „Со сопругот зборувавме колку кул ќе биде доколку се роди на мојот роденден. И ...
Фит мајка на три деца инспирира на Instagram. Криси Пром објавува реални фотографии и видеа од стриите и вишокот кожа на стомакот за да им покаже на мајките дека здравиот изглед не опфаќа само еден тип на тело. По трите бремености, Пром не се соочила само со висната кожа на стомакот, туку имала и дијастаза (раздвоени стомачни мускули), за која посветено тренирала со цел да ја намали. Откако успеала да си го трансформира животот и физичката ...
Тамара Тодевска и оваа година настапи на сцената на „Златна бубамара на популарноста“. Во чест на композиторот Кире Костов, кој почина во јули минатата година, 38-годишната пејачка ја изведе песната „Кога те нема“. Нејзиниот настап го најави Игор Џамбазов. „Кога те нема, најприсутен си тогаш. Чичко Кире вечерва ќе бидеш многу, многу присутен. Ќе се потсетиме на твоите големи хитови“ – рече македонскиот актер. Тамара на сцената настапи во долг ...
Покрај тоа што доби награда за Пејачка на годината, Андријана Јаневска имаше и емотивен настап на најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“. Македонската пејачка ја изведе баладата „Тајно моја“ од Тоше Проески. Изборот на оваа песна беше во чест на композиторот Кире Костов, кој почина минатата година. Погледнете го нејзиниот настап: Андријана носеше волуменозна црвена креација. Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk Нема ...
Ајрис Апфел замина во легендите. Модната икона позната по својот ексцентричен стил почина на 102-годишна возраст. Препознатливата супербабичка, која беше голема обожавателка на впечатливите модни додатоци и различните принтови, остави доволно голем отпечаток во модниот свет за никогаш да не биде заборавена. Смелата смисла за мода ја водеше додека го градеше својот колоритен свет, во кој зрачеше со ведрина. Апфел е родена на 29 август 1921 година ...
Џорџина Родригез за првпат дефилираше на модна ревија. На шоуто на брендот Vetements во Париз, 30-годишниот модел презентираше креација инспирирана од дрес на Кристијано Роналдо, која го носи и неговиот автограм. „Уште еден остварен сон. Благодарам Vetements“ – напиша Родригез. Таа доби голема поддршка од четири од децата кои ги има со Роналдо. Кристијано Џуниор, Матео, Ева и Алана Мартина од публиката ја гледаа својата мајка како чекори на ...
Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника Жан Митрев изминатите 24 години постоење. Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1 март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев. Со оваа операција се поставија темелите на ...
Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS и оваа година го прогласи КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар. Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија. „Искуствата и задоволството на потрошувачите ни даваат најголем мотив во нашата работа. ...
Во рамките на донаторската акција „Заокружи сметка“ организирана од компанијата Веро, годинава се обезбедени 528.812 денари (околу 8.500 евра) за децата од СОС Детско село. Традиционално, трета година по ред, Веро ја организира оваа акција во своите маркети со цел да го поттикне индивидуалното донаторство, но и да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за децата без родители и родителска грижа. Под мотото „Биди дел од детската радост“, во ...
Хедер Бел несомнено има полни раце работа. Како мајка на осум деца, таа едвај успева да ги заврши сите домашни обврски во текот на денот. На својот профил на TikTok, посветената мајка споделува видеа за да покаже како подготвува оброци за десетчленото семејство и како се грижи за домот да изгледа средено. Хедер и нејзиниот сопруг Лук отсекогаш сакале големо семејство, но долги години не можеле да имаат деца. За да си ја исполнат големата желба, ...