
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



На 66-тото издание на Греми, Дуа Липа доби поддршка од една од најважните личности во нејзиниот живот – татко ѝ Дукаѓин. 28-годишната пејачка позираше на црвениот тепих со 54-годишниот директор на косовскиот фестивал „Санихил“. Дуа носеше сребрена креација направена специјално за неа од брендот Courreges. Својот изглед, таа го надополни со обувки од Jimmy Choo и Tiffany & Co. накит. Дуа се има појавено на неколку настани со родителите, со ...
Софија Вергара има нова љубов. Откако откри дека пред шест месеци се разведе од Џо Манганиело затоа што не сакала деца, 51-годишната актерка беше фотографирана со новиот партнер во Лос Анџелес. Ѕвездата од „Modern Family“ носеше црн стајлинг додека се упатуваше на љубовен состанок со Џастин Салиман, кој е хирург. Софија за првпат беше фотографирана на вечера со Џастин во октомври минатата година. Минатиот јули, Вергара и Манганиело ги шокираа ...
Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик присуствуваа на гала вечер посветена на нивната заедничка театарска претстава „Plaza Suite“ во Лондон. 58-годишната актерка шармираше во свечен фустан со долги проѕирни ракави од дизајнерката Џени Пекам додека пристигнуваше на свеченоста со 61-годишниот актер. Својот стајлинг, ѕвездата од „Сексот и градот“ го комплетираше со блескава чантичка и црни салонки со панделка во задниот дел. Сара ...
Процесот за вонтелесно оплодување не е лесен и секогаш е емотивен за оние кои го поминуваат. Карен Сиордија со искрено видео покажува како изгледа нејзината борба со неплодноста и обидите да забремени со инвитро. Од секојдневното примање инјекции и гинеколошките посети, до негативните тестови и многуте солзи... емотивната Мексиканка споделува делови од нејзиниот живот. „Овој процес изгледа вака“ - пишува таа. @karensiordia_ Y este proceso ...
Netflix ги објави првите фотографии и краткиот тизер за втората сезона од „Squid Game“. Хит-серијата која го освои светот ќе го има своето продолжение оваа година, а во него ќе се вратат дел од старите ликови. Тизер: Првата сезона од „Squid Game“ постигна огромен успех и стана најгледаната серија на платформата за стримување. Во неа, мистериозна покана да бидат дел од игра добиваат луѓе кои очајнички имаат потреба од пари. 456 натпреварувачи се ...
Тамара Тодевска и Лука Радовиќ присуствуваа на настан во Скопје, организиран од Аутомотив Груп Македонската пејачка позираше во црн кожен мантил со саканиот партнер и сподели фотографија на Instagram. Истата вечер, Тамара се фотографираше и со актерката Ана Стојановска. Тамара и Лука постојано споделуваат заеднички моменти со следбениците на социјалните мрежи. Неодамна, таа објави фотографија од Лука со нејзините две деца – Хана и Дарен. „Ве ...
Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија спотот за нивниот прв дует „Сите светла“, кој за само неколку денови има илјадници прегледи и бројни позитивни коментари. Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видеозаписот Томислав Живковиќ. „Сите светла“ се вперени кон Лара, затоа што во спотот се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата ...
Трудница се породи на паркингот од McDonald’s во Винконсин сред снежна бура. Аналисија Бек сакала да го роди синчето во болница, но тоа имало други планови. По патот кон болницата, идната мајка сфатила дека на бебето не му се чека повеќе, бидејќи притисокот станал пресилен и таа чувствувала како да седи на неговата глава. „Бебето слегуваше многу, многу брзо и моето тело не можеше повеќе да чека за да даде напон“ – објаснила Аналисија. Таа ...
По големиот успех во филмската индустрија, Кејт Хадсон влегува во музичките води. Славната актерка ја објави својата прва песна „Talk About Love“. 44-годишната холивудска ѕвезда ја напиша песната во соработка со својот вереник Дени Фуџикава и Линда Пери. „Имаш само еден прв сингл во животот. Сакав да биде нешто вкусно и секси и сите нешта во коишто верувам“ – изјавила Хадсон. Видео: „Откако почнав да живеам сама, секогаш правев простор за моето ...
Ед Вествик и Ејми Џексон го имаа првото заедничко појавување на јавен настан по веридбата. Згодниот пар присуствуваше на забавата на Vanity Fair во Лондон, посветена на филмските награди BAFTA. Познатата актерка изгледаше атрактивно во кадифен црн фустан и складни ракавици додека позираше покрај ѕвездата од серијата „Gossip Girl“. На нејзината рака блескаше дијамантскиот веренички прстен со кој Ед ја запроси во снежната Швајцарија. Тие се заедно ...
Дали некогаш ви се случило да не сакате да се фотографирате со семејството, зашто сте сметале дека ќе изгледате лошо на фотографиите? Меги Велс многупати се имала почувствувано така пред да реши да стави крај на измачувањето. Мајката од Вест Вирџинија ја преполови својата тежина откако сфати дека ја нема на повеќето семејни фотографии. 34-годишната Американка, која некогаш тежела над 135 килограми, си го трансформираше изгледот и сега со ...
Февруари ќе ни ги разгори романтичните фантазии, ќе ни покаже зошто љубовта е суштински важна и ќе нè научи како да градиме нераскинливи љубовни сојузи. Ако Денот на вљубените не ве инспирира доволно да се фрлите во прегратките на романтиката и да бидете протагонисти во љубовна идила, тогаш огнениот Марс и хармоничната Венера ќе го сторат тоа. Двете планети кои најсилно влијаат на љубовниот живот ќе се здружат прво во јарец, а потоа во водолија, ...
Моника Белучи зрачи со сензуалност и на чекор до седмата деценија од животот. 59-годишната актерка мамеше воздишки во црна креација на настанот „Diner de la Mode“, одржан за време на Париската недела на високата мода. За оваа пригода, убавата Италијанка избра црна кадифена креација од Александар Воте која ги истакна нејзините облини. Белучи носеше накит од компанијата Картие со која негува долгогодишна соработка. На настанот, таа пристигна со ...
Бебенцето Тони се вброи меѓу најмалите борци во нашата земја. Малото момче се роди тешко само 1.100 грама и мораше да помине 58 дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, додека да му се стабилизира здравствената состојба. Сега, тоа конечно е во прегратките на родителите и си замина во семејниот дом во Кочани. „И нашиот Тони си замина дома во Кочани по 58 дена борба и предизвици на одделот за интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ...
Мајката на Жизел Бундшен ја изгуби битката со ракот. Ванија почина на 75-годишна возраст, а популарната манекенка одлучи да се збогува со неа со емотивен пост на социјалните мрежи. 43-годишната Бразилка сподели фотографии од покојната мајка и напиша трогателен текст. Сакана мамо, Боли што знам дека повеќе нема да можам да те гушкам, но знам дека секогаш ќе нè гледаш одгоре. Ти беше ангел на земјата, секогаш им помагаше на сите околу тебе. ...
Треј Инграм е посветен татко кој обожава да се грижи за своите осум деца. Тој во секоја можна прилика помага во средувањето на нивниот изглед, а видео во кое им ја стилизира косата на седумте ќеркички и малото синче стана вистински хит. Пред да одат в црква, Треј со ентузијазам ги разубавува дечињата, чии широки насмевки докажуваат дека им се допаѓаат фризурите. Видеото има околу два милиони прегледи на социјалните мрежи. @kelli_ingram Which do ...
Дуа Липа не ја крие врската со Калум Тарнер и покажува дека ужива во неа. 28-годишната пејачка беше фотографирана од папараците насмеана и среќна во прегратката на 33-годишниот актер. Парот страсно се бакнуваше додека се шеташе во Беверли Хилс. Дуа и Калум ја потврдија врската кон средината на месецот. „Врската им е нова, но тие се луди еден за друг. Таа беше на премиера за да го поддржи“ – рекол извор близок до парот. Нема слични статии. Види ...
Во семејството на Борко Ристовски имаше повод за славење. Неговата ќеркичка Анастасија наполни една година. Сопругата на поранешниот ракометен голман, Нина, сподели фотографии од слатката славеничка која се забавуваше „уништувајќи“ ја роденденската торта. На фотографиите Анастасија е со своето братче Душан. „Среќен роденден моја радост, моја насмеана принцезо, мое око магично, мое небо ѕвездено. Те сакам многу и лудо. Срцето ми го топиш од ...
Џоан Колинс плени и во десеттата деценија од животот. 90-годишната актерка во префинет стајлинг се појави на настан во Беверли Хилс. Ѕвездата од серијата „Династија“ носеше цветна креација, која ја надополни со елегантно розово сако. Колинс откри дека самата го дизајнирала својот изглед за оваа пригода. „Јас ја дизајнирав мојата облека и ја избрав ткаенината – италијанска свила со цветен принт, а истата ја изработи мојата прекрасна кројачка ...
Мајка и ќерка имаат забавен начин за да поминуваат време заедно. Алија Чаглар и нејзината ќерка Стефани со години наназад ги пресоздаваат креациите на славните личности со материјали кои ги наоѓаат низ домот. Креативното дуо стана хит на Instagram со своите дела кои ги објавува под хаштагот #ahStefani. „Потребни се само 10-30 минути за да се пресоздаде изглед на славните, а користиме само кеси, хартија, фолија и други материјали кои можеме да ги ...
Ана Ивановиќ шармираше на настан на компанијата Schwarzkopf, со која штотуку започна соработка. За свеченоста во Берлин, 36-годишната Србинка избра црн фустан со разголен грб и исечоци околу половината. Кадифената креација одлично ја истакна нејзината витка фигура. Убавата сопруга на Бастијан Швајнштајгер имаше дискретна шминка, а со нејзината насмевка инстантно освојуваше погледи. View this post on Instagram A post shared by Ana Ivanović ...
Керем Озчивит наполни една година. Второто синче на турските актери Фахрие Евџен и Бурак Озчивит ја дувна првата роденденска свеќичка покрај родителите и братот Каран. На фотографиите, атрактивната Турчинка, позната по улогата на Неџла во „Кога лисјата паѓаат“, го држи слаткиот славеник во рацете. Керем наполни една година на 18 јануари, а славниот пар веднаш му направи профил на Instagram. View this post on Instagram A post shared by Kerem ...
Кајли Џенер беше редовна гостинка на ревиите кои се одржуваа во рамките на Париската недела на високата мода, а не ја пропушти ни ревијата на Jacquemus во Сен Пол де Ванс. 26-годишната риалити ѕвезда со ќеркичката Сторми пристигна на модното шоу во малото француско гратче. Дуото мајка-ќерка беше стилски координирано со црвени модни комбинации. Кајли носеше кратко фустанче од најновата колекција на модниот бренд. Кајли седеше покрај моделот Тина ...
Џенифер Лопез сними нова верзија за песната „Can't Get Enough“ во соработка со Latto. Во видеозаписот, 54-годишната музичка ѕвезда заведува во неколку жешки изданија, истакнувајќи го своето тонирано тело. „Can't Get Enough“ ќе биде дел од нејзиниот претстоен албум „This Is Me... Now“. Според информации од странските медиуми, албумот ќе се состои од 13 песни, од кои 9 се посветени на нејзиниот сегашен сопруг Бен Афлек. Нема слични статии. Види ...
Џорџина Родригез започна да чекори во четвртата деценија од животот. Популарниот модел наполни 30 години на Малдиви, но забавата ја пропушти нејзиниот сакан Кристијано Роналдо кој мораше да остане во Саудиска Арабија. Заедно со неа беа три од нивните пет деца. Родригез сподели фотографии на кои изгледа атрактивно и за 24 часа го зголеми бројот на обожаватели за еден милион. „Благословена, среќна 30-ка“ – напиша таа. На една од фотографиите, ...
Пред неколку дена, Софија Ричи сподели со светот дека го очекува првото дете со сопругот Елиот Грејнџ. Сега, 25-годишниот модел сподели видео од моментот кога со саканиот го дознаа полот на бебето. Во снимката објавена на TikTok, ќерката на пејачот Лионел Ричи плаче и скока од среќа кога испуканите конфети ќе ѝ откријат дека носи девојче. „Им се извинувам на сите мои соседи за ужасниот вресок“ – напиша таа. @sofiarichiegrainge sorry to all my ...
Северина повторно минува низ пеколни денови, бидејќи судот по вторпат ѝ го одзеде старателството над синот и го врати детето да живее со таткото. И покрај тешките моменти, 51-годишната пејачка смогна сили за да не ги откаже своите професионални ангажмани, но на концертот во Јахорина едвај си ги задржа солзите. Атрактивната музичка ѕвезда започна да ја изведува својата песна „Родено мое“, која му ја посвети на синот Александар, а по кратко време ...
Донор на сперма се шокирал кога дознал дека е биолошки татко на најмалку 97 деца. Дилан Стоун-Милер започнал редовно да донира сперма во банка во 2011 година, додека бил студент, затоа што имал потреба од пари. „Мојата мотивација беше финансиска, да ми помогне да ги платам сметките и школарината како сиромашен студент“ – објаснил тој. Сè се променило кога во 2020 година добил порака на Instagram од жена која успеала да го пронајде за да му се ...
Тревис Келси го поведе својот клуб Канзас Сити Чифс во победа и се пласираше на овогодишниот Супер Боул. 34-годишниот играч на американски фудбал имаше силна поддршка од својата девојка Тејлор Свифт, која на крајот од мечот слезе на теренот за да прослави со него. Успешната музичарка со прегратка и бакнеж му честиташе за успехот на својот сакан пред очите на целиот свет. Travis and Taylor ️ pic.twitter.com/9FlGKczWd4 — NFL (@NFL) January 28, ...
Малума организираше спектакуларна забава за својот 30-ти роденден. Славниот пејач пристигна на прославата облечен во елегантно црно одело, а за рака ја водеше својата сакана Сузана Гомез. Таа го истакна трудничкото стомаче во долг златен фустан. Сузана носеше златни обувки на високи потпетици, кои Малума, како вистински џентлмен, ѝ помогна да ги обуе. @chismetogo #maluma celebro #cumpleaños con gran fiesta #cumpleaños #parati #foryou #paratipage ...