
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Хана Вадингем буквално блескаше на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес. 49-годишната актерка, која беше и водителка на Евровизија 2023, носеше црвена креација од Тони Вард, која ја надополни со специјален моден додаток – чанта од картон направена од нејзината 9-годишна ќерка. Хана, која е самохрана мајка, гордо ја носеше картонската чанта додека пристигнуваше на свеченоста. „Ќерка ми сакаше да придонесе, па ми направи чанта“ – рече Хана ...
Џенифер Анистон го истакна своето фит тело во гламурозен стајлинг. На доделувањето на SAG наградите, 55-годишната актерка зачекори во сребрена креација со шлиц и длабоко деколте и инстантно ги привлече објективите на насобраните фоторепортери. Атрактивната креација е дело на брендот Celine, а ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја надополни со црна чантичка и елегантни сребрени сандали. Анистон беше номинирана во категоријата Најдобра изведба од ...
Најчеста причина за хипотироидизам во земји кои не се јододефицитарни е Хашимото тироидитот. Во светски рамки, ова заболување има висока глобална инциденца. Се проценува дека речиси 1 на 1.000 мажи и 3,5 на 1.000 жени во текот на својот живот ќе развијат Хашимото тироидитис. Што претставува ХАШИМОТО тироидит? Хашимото тироидитот е хронично автоимуно заболување на тироидната жлезда, кое е резултат на создадени спeцифични антитела од сопствениот ...
Кире Лазаров доби сосем заслужено признание. Македонскиот ракометар и капитен на македонската ракометна репрезентација беше прогласен за Спортска легенда на најновото издание на Златна бубамара на популарноста. 43-годишниот спортист одржа краток говор по примањето на статуетката. Тој ја доби поддршката од сопругата Љубица, која гордо го следеше овој момент од публиката. „Кире Лазаров одамна е веќе спортска легенда. 27. Златна бубамара му ја ...
Марјана Станојковска привлекуваше погледи на синоќешното доделување на наградите „Златна бубамара на популарноста“. Македонската водителка изгледаше атрактивно во црна креација со висок шлиц која ѝ ги отскри долгите нозе. На сцената, Марјана додели неколку награди во текот на забавната вечер. Таа на Instagram сподели фотографии и видеа, од кои може да се забележи колку многу се забавуваше на настанот. Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk ...
Тамара Тодевска ретко ја пропушта „Златна бубамара на популарноста“. Македонската пејачка и оваа година настапи на сцената, а од публиката ја проследи популарната манифестација. 38-годишната музичарка ја испеа песната „Кога те нема“ облечена во долга црна тоалета со отворено деколте. Таа беше придружувана од двете деца Хана и Дарен и саканиот Лука Радовиќ. Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk Тамара објави неколку фотографии на Instagram. ...
Андријана Јаневска беше прогласена за Пејачка на годината на најновото 27-мо издание на „Златна бубамара на популарноста“. 42-годишната пејачка шармираше во црвена балска креација додека на сцената го примаше значајното признание. На манифестацијата, Јаневска ја испеа емотивната балада „Тајно моја“ од Тоше Проески. Јаневска нижи многу успеси во музичкиот свет. Во август минатата година, таа сподели дека беше избрана за Најдобра пејачка од цел ...
Жизел Бундшен го остави зад себе разводот со Том Брејди и си пронајде нова љубов. Според информации на релевантни странски медиуми, 43-годишната Бразилка е во романтична врска со својот тренер по џиу-џицу Хоаким Валенте. Новиот пар ја започнал врската во јуни. „Тие се состануваат од јуни. Не брзаат во врската. На почетокот беа само добри пријатели“ – изјавил анонимен извор за People. „Тој ѝ беше голема поддршка на Жизел додека таа минуваше низ ...
Сигурни сме дека терминот Аспергер синдром ви е познат. Но во овој текст д-р Катерина В. Димовска, специјалист педијатар, ги објаснува здравствените аспекти на истиот како дел од спектарот аутистични нарушувања, а зборува и за можните начини за справување во секојдневниот живот. Што претставува овој синдром? Аспергер синдром е невролошка состојба при која засегнатата личност доживува потешкотии на функционално ниво во социјалниот живот. Согласно ...
Кристијано Роналдо несомнено има кој да го наследи. Успешниот спортист, кој е еден од најдобрите фудбалери во светот, сподели фотографија со синот Кристијано Џуниор и покажа дека навистина крушата под круша паѓа. Дуото татко-син позираше само по шорцеви во соба за фитнес тренинзи. Тие ги покажаа мускулестите тела и за само еден час добија над 4 милиони лајкови. 13-годишниот Кристијано Џуниор е најголемото од петте деца на Роналдо. Тој ги следи ...
Блогерка со емотивен текст потсетува колку брзо растат децата и дека за само 12 кратки години стануваат самостојни личности на кои не им треба помош во секојдневните обврски. Хедер Дилејни редовно допира до срцата на родителите, пренесувајќи им важни пораки преку својот блог „Love Always, Heather“. Оваа фотографија беше направена пред дванаесет години. Дванаесет години. Повеќе од една деценија. Кога ќе го погледнете просечниот животен век, ...
Ријана го прослави својот 36-ти роденден во еден од најромантичните градови. Славната пејачка со саканиот Ејсап Роки отпатува во Венеција и уживаше во шармантната убавина на ова италијанско место. Славниот пар беше пресретнат од папараците додека се качуваше на бротче за да го истражи познатиот Голем канал (Canal Grande). Ријана носеше кратко фустанче и долго кожно палто со крзно во внатрешноста, додека Ејсап беше облечен во костум со риги. ...
Џенифер Лопез го објави спотот за песната „Rebound“, која е дел од нејзиниот најнов албум „This Is Me… Now“. Во видеозаписот, 54-годишната пејачка страда и се бори да излезе од насилна врска, додека нејзиниот партнер физички ја напаѓа и се обидува да ја задуши. На крајот, таа храбро ги откачува сите „жици“ кои ја поврзуваат со тој маж и се ослободува од неговите канџи. Низ песните од албумот „This Is Me… Now“, Лопез се обидува да го долови ...
Тешко е да се поверува дека Кораима Торес чекори во шестата деценија од животот. 50-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Касандра во истоимената теленовела, го покажа телото и доби бројни комплименти за изгледот. На фотографиите споделени на социјалните мрежи, таа позира во долна облека во домашна атмосфера. Претходно, Торес објави и фотографии во бикини. Кораима е мајка на едно дете, синот Ману Нико Монтеро, од бракот со ...
Пејачот Алехандро Санс ѝ приреди слатко изненадување на ќерка си Мануела, која мислела дека е презафатен за да се појави на нејзината матура. Среќната девојка била трогната до солзи кога популарниот шпански музичар, кој е добитник на 22 Греми награди, се појави пред неа. Претходно, Алехандро ѝ напишал во пораки дека има многу обврски кои треба да ги направи и дека нема да може да биде покрај неа. Но, она што таа не го знаела е дека тој веќе ...
Невообичаена средба на двајца гинисови рекордери го привлече вниманието на јавноста. Во Калифорнија се сретнаа највисокиот маж на светот и најниската жена на светот. Она што е најинтересно е фактот што неговиот чевел е поголем од половина од нејзината висина. Султан Косен од турскиот град Мардин е висок 2 метри и 51 сантиметар, додека висината на Јоти Амге од Индија е само 62,8 сантиметри. Драстичната разлика во нивната висина се гледа најдобро ...
Пипа Мидлтон ги покажа стомачните мускули во бикини за време на семејниот одмор на островот Свети Вартоломеј. 40-годишната сестра на британската принцеза Кетрин се забавуваше со сопругот Џејмс и трите деца на плажата од луксузниот хотелот „Eden Rock“, која ја поседуваат нејзините свекор и свекрва. Таа носеше дводелен костим за капење од 280 долари. Деновиве, Пипа со семејството повеќепати беше фотографирана на истата плажа. Пипа и Џејмс се ...
Шерон Стоун не остана незабележана на 74-тото издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал. 65-годишната актерка зачекори на црвениот тепих во впечатлив стајлинг со кој привлекуваше погледи и комплименти. Холивудската ѕвезда избра бел фустан и волуменозна црна наметка од Долче и Габана, за вечерта кога му ја додели наградата Златна мечка за животно дело на Мартин Скорсезе. Sharon Stone attends the Honorary Golden Bear Award Ceremony for ...
Да му ја вратиме надежта на Леонид Индов и обединети да му помогнеме да го продолжи неговото лекување во Австрија. Момчето, кое е во критична состојба поради тешка несреќа, пред две недели беше транспортирано во Виена, каде на семејството му беше ветено дека ќе продолжи неговото лекување. Лео со хеликоптер беше одведен во австрискиот главен град, за сега, да биде соопштено дека Фондот го одби барањето за покривање на трошоците за неговото ...
Одредена количина на страв може да не заштити од опасност и понекогаш може да ни го спаси животот! Но, кога стравот од одредена ситуација ќе земе замав, и ќе почне силно да влијае на животот, односно станува патолошки, тогаш станува збор за фобија. Фобиите можат да бидат најразновидни и претставуваат форма на анксиозни нарушувања. Во принцип, се прави разлика меѓу специфична фобија, социјална фобија и агорафобија. Што е карактеристично за сите ...
„Авицена Женска Трка“ дванаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Од година во година „Авицена Женска Трка“ семејството брои сѐ повеќе членови, односно со секое наредно издание се зголемува бројот на учеснички. Минатата година, 2.939 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија. Традицијата продолжува и оваа година, кога во ...
Стефанија го објави својот нов спот за „Бегаш“. Видеозаписот е е втор од четирите спотови кои се поврзани во приказната на „Девојчето со долгата коса“, според истоимениот албум кој беше промовиран на крајот од 2023 година. „Во ова невреме за сите нас кои живееме тука во нашиот дом, Македонија, правам промоција на видео записи во кои е всадена суштината за нашето постоење. Немам сила да го пренесувам крикот на оваа пресија на уметникот, кој веќе ...
Северина Вучковиќ извојува важна победа на специјален ден за неа. Нејзе ѝ беше вратено старателството над синот Александар токму на неговиот 12-ти роденден. Откако пред 20-тина дена Врховниот суд ѝ го одзеде старателството и синот го врати кај таткото, сега Жупанскиот суд во Сплит ја повтори претходната одлука според која Северина и поранешниот партнер Милан Поповиќ ќе го делат старателството. „Судот ја потврди својата одлука, односно донесе ...
Џенифер Лопез периодов работи со полна пареа. 54-годишната пејачка моментално го промовира својот нов албум „This Is Me… Now“ и е редовна гостинка во многу телевизиски емисии. Во шоуто на Џими Фелон, музичката дива изгледаше фантастично во циклама фустан со многу длабоко деколте. Својот моден избор, Лопез го зачини со блескав накит и сандали на ултра високи потпетици. „This Is Me… Now“ е деветти студиски албум на Џеј Ло и е продолжение на ...
Готвење на вкусни органски закуски, дегустацијаи многу подароци и изненадувања: Оваа сабота, на 24 февруари во 12 часот, dm дрогерие маркт Ве поканува на вкусно и органско кулинарско патување во Скопје City Mall. Верувањето дека органските производи служат само за подготовка на модерни рецепти е мит и време е да се докаже спротивното! Во сабота заедно со dm и Мартина Трајаноска – Martina’s Cooking ќе откриете цел еден нов свет на органската ...
Фабијана Жустус ја води најтешката битка во својот живот, а сила за да ги издржи сите здравствени предизвици добива од своите дечиња. 37-годишната мајка од Бразил, која боледува од леукемија, конечно се обедини со малото синче, а моментот беше овековечен со видео. На емотивната снимка, таа се радува и го прегрнува 6-месечниот Луиџи. View this post on Instagram A post shared by Good News Movement (@goodnews_movement) За време на престојот во ...
Мајка на четворка си направи интересна маица која ја носи кога излегува од дома. Ракел Толвер си ги отпечати одговорите на најчестите прашања кои ги добива за нејзините четири 10-месечни бебиња секојпат кога е во јавност. „Луѓето полудуваат кога ќе видат четири седишта во автомобилот и четири бебиња.“ „Тотално е разбирливо што луѓето нè бомбардираат со прашања кога сме излезени. Четворките се екстремно ретки. И зарем некој може да им одолее на ...
Џенифер Анистон привлекува многу комплименти со фризурата која потсетува на начинот на кој таа ја носеше косата додека ја глумеше Рејчел во „Friends“. 55-годишната ѕвезда присуствуваше на доделувањето на „People's Choice Awards“, а на свеченоста се закити со наградата ТВ ѕвезда на годината за улогата во „The Morning Show“. На сцената во „Barker Hangar“ во Санта Моника, Џенифер носеше винтиџ креација дизајнирана од Том Форд за Гучи и сандали од ...
На стилот на Грејс Ганем можат да му позавидат дури и жени кои се на половина од нејзината возраст. 59-годишната блогерка е вистинска модна инспирација и со причина го има освоено вниманието на повеќе од 1,6 милиони обожаватели кои ги следат нејзините стилски приказни на Instagram. „Стилот нема возраст“ – пишува таа и навистина секојдневно го докажува тоа. „Силно верувам дека жените треба да останат видливи без разлика на годините и дека треба ...
Марго Роби однесе гламур и елеганција на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности. 33-годишната актерка блескаше во креација од високата мода на Армани, која ја надополни со високи ракавици за уште пософистициран изглед. Ѕвездата од „Barbie“ беше номинирана во категоријата Најдобра актерка, а на свеченоста пристигна со својот сопруг Том Акерли. Марго позираше и со колегата Рајан ...