
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Луѓето што честопати имаат предизвик со својата кожа кога е сува, испукана или дехидрирана бараат спас во разни продукти што ќе ја смират оваа неудобност. СОС негата на кожата подразбира брз и ефикасен начин за справување со чувствителната и испукана кожа. Производ што ја забрзува регенерацијата на кожата и ја заштитува нејзината бариерна функција е Eucerin Aquaphor заштитна крема за оштетена кожа, што е специјално дизајнирана да обезбеди ...
Во светот на козметиката се бараат производи кои не само што нè прават убави од надвор, туку и ги одразуваат нашите внатрешни вредности. Тежнееме кон убавина која е исконска, природна и одржлива - точно онаа што ја нуди козметиката Yves Rocher уште од 1959 година. Со ова искуство, Yves Rocher претставува комбинација на иновативни истражувања и врвни производи кои содржат повеќе од 90% природни активни состојки. Нивната понуда го восхитува нашиот ...
Сестрите Кардашијан се редовни гостинки на ревиите одржани во рамките на Париската недела на високата мода. Ким и Кајли во припиени фустани привлекуваа погледи покрај нивната мајка Крис на модното шоу на брендот Margiela. 43-годишната основачка на SKIMS ја истакна својата позната фигура на песочен часовник во црна креација со исечоци, а на вратот носеше впечатлив накит. Нејзината помала сестра Кајли изгледаше атрактивно во сребрен светкав ...
Фахрие Евџен и Бурак Озчивит уживаа во зимски одмор со малото синче Каран. Турските актери и малото детенце во колоритна ски опрема се забавуваа на снежните стази и споделија фотографии на нивните Instagram профили. „Секогаш горда на тебе“ – напиша Фахрие за 4-годишното момче, кое веќе ја совлада техниката на управување на скиите. View this post on Instagram A post shared by Karan Özçivit (@karanozcivit) Ѕвездите од турските серии имаат и синче ...
Интересна случајност носи радост во семејството Мастерс од Тексас. Родителите Вилијам и Ајрин имаат ќерка која е родена на истиот ден како нив. На 13 јануари, среќните брачни партнери оваа година наполнија по 90 години, а нивната ќерка Шарлот 61 година. Насмеаното трио се веселеше на интимна семејна прослава во нивниот дом. „Отсекогаш ми се допаѓаше тоа, многу беше забавно. Како што растев, така сфаќав дека ова е многу невообичаено. Затоа се ...
Роберт Де Ниро со насолзени очи зборуваше за 9-месечната ќеркичка Џиа. 80-годишниот актер се отвори за чувствата кои ги има кон своето седмо дете кое го доби во април со девојката Тифани Чен. Во интервјуто за списанието AARP, холивудската ѕвезда рече дека грижите му исчезнуваат која ќе ја види слатката Џиа. „Чувството е одлично. Со што и да сум обземен или загрижен едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам. Чудесно е“. „Кој знае дали ќе биде ...
Данијела Мартиновиќ блесна на доделувањето на наградите „Cesarica“. 52-годишната хрватска пејачка шармираше во елегантна црвена креација на манифестацијата која се одржа во комплексот „House of Bamboo“ во Загреб. Винтиџ фустанот бил избран за свеченоста од нејзината блиска пријателка и стилистка Барбара Репе. На настанот, Данијела и Марко Шкугор добија награда за романтичниот дует „Ono nešto“. Фотографии: Данијела Мартиновиќ - Instagram Story ...
Бредли Купер и Џиџи Хадид официјално потврдија дека се во врска. Славниот пар беше фотографиран за рака за време на прошетка во Лондон. Веќе долго време се шпекулираше дека 49-годишниот актер и 28-годишниот модел се состануваат, но најновите фотографии повеќе не оставаат простор за сомнежи. Новите љубовни партнери беа фотографирани и на аеродром во Њујорк, пред да полетаат за Лондон. Бредли и Џиџи за првпат биле видени заедно во октомври ...
Годините дефинитивно се само обична бројка за Бред Пит. 60-годишниот актер доби бројни комплименти за младоликоста откако се распространија фотографии од снимањето на неговиот нов филм „Apex“. На нив, холивудскиот шармер разговара со својот колега Хавиер Бардем додека работат на сцена за филмот за Формула 1. Бред е облечен во кежуал модна комбинација со фармерки и бела маица со кратки ракави. Во филмот режиран од Џо Косински, Пит влегува во ...
Џенифер Лопез знае како да привлече внимание каде и да се појави. 54-годишната актерка и пејачка присуствуваше на модната ревија на Валентино во Париз и изгледаше како модна кралица. Славната пејачка носеше долг црн фустан со блескави детали на рацете кои имитираа синџир од кристали. Џеј Ло седеше во првиот ред додека пред неа беше презентирана колекцијата висока мода на италијанскиот моден бренд. View this post on Instagram A post shared by ...
Денес, кога нашата легенда Тоше Проески ќе наполнеше 43 години, беше објавена нова негова песна „оживеана“ со вештачка интелигенција. „Kazu Da Vreme Leci Sve“ ги разнежни срцата на фановите на Тоше, благодарение на радио-водителот и диџеј кој му беше верен пријател на Тоше, Кирил Зарлинов, познат и како Erik Fox. „Благодарност до Александар Трајановски без кој овој проект немаше да биде возможен... Голема благодарност до фамилијата на Тоше за ...
Роузи Хантингтон-Вајтли мамеше погледи на ревијата на Валентино во Париз. 36-годишниот модел, кој во минатото гордо ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, пристигна на модниот спектакл во стајлинг кој ѝ ги истакна стомачните мускули. Таа носеше дводелна црна комбинација со пулејки која ја искомбинира со црно сако. Роузи ја проследи ревијата на кој беше презентирана колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2024 година на ...
Откако Врховниот суд ѝ го одзеде старателството над синот Александар, Северина доби море поддршка од обожаватели и славни личности. 51-годишната пејачка вети дека до крај ќе се бори за своето чедо, а објави и емотивно видео со инсерти од заеднички моменти со него. Во позадина се слуша глас, кој вели: Некаде помеѓу „тогаш и сега“, премина од „Мамо, престани да ми кажуваш што да правам“ во „Мамо, те молам кажи ми што да правам“. Некаде помеѓу ...
Дани Димитровска има нова песна. 44-годишната пејачка ја објави „Ќе ме сакаш ли?“, заедно со спотот за истата. „Ќе ме сакаш ли?“ е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов. „Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна. Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!“ – вели Дани. ...
Маестро Александар Џамбазов нè напушти пред точно две години. За да го одбележи овој ден, неговиот син Игор Џамбазов сподели емотивна порака, потсетувајќи се на интересен момент од нивните дружби. Причитајте ја пораката во целост: Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме „колега". Се сеќаваш? ...
Кајли Џенер имаше слатка придружба на ревијата на Валентино во Париз. 26-годишната бизнисменка пристигна на модното шоу заедно со 5-годишната ќерка Сторми. Двете носеа иста црна модна комбинација, која вклучуваше минималистички фустан, наметка со пердуви и очила, додека пристигнуваа на настанот во рамките на Париската недела на високата мода. Кајли позираше и со Џенифер Лопез. Ова не е првпат популарната риалити ѕвезда да се облече во иста модна ...
Како голема обожавателка на Ели Сааб, Џенифер Лопез не ја пропушти неговата најнова ревија во Париз. 54-годишната актерка и пејачка изгледаше занесно во зелен фустан со цветна наметка креирани лично од либанскиот дизајнер. Убавата ѕвезда од првиот ред го следеше модното шоу на кое беше презентирана колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2024. Зелената панделка во нејзината коса додаде романтичен шмек на целокупниот изглед. Нема слични ...
Марија Шерифовиќ минува прекрасни моменти со новороденото синче. Српската пејачка објави видео во кое танцува со малиот Марио, кој го носи на себе во носилка – кенгур. „Мојот прв танц #СуперМариоШерифовиќ“ – напиша таа. Во позадина свири песната „I Want to Know What Love Is“. „Сакам да знам што е љубов, сакам ти да ми покажеш“ - се зборовите кои среќната музичка ѕвезда му ги пее на бебенцето. View this post on Instagram A post shared by Marija ...
Деми Мур изгледаше фантастично на премиерата на новата серија „Feud: Capote vs. The Swans“ во Њујорк. 61-годишната актерка изгледаше децении помладо во црно-бела креација со лебед, со која оддаде чест на новиот проект. Шармантната филмска ѕвезда го истакна своето витко тело во фустан од Balmain и измами само воздишки. Својот стилски избор, таа го надополни со накит од бело злато од луксузната компанија Cartier. Деми се фотографираше со своите ...
Рајан Гослинг не го крие своето разочарување што главната актерка и режисерката на филмот „Barbie“ не се меѓу номинираните за Оскар. 43-годишниот актер, кој доби номинација за престижната награда во категоријата Најдобар актер во споредна улога, во соопштение рече дека е многу благодарен за својата номинација, но дека е разочаран што истата чест не ја добија Марго Роби и Грета Гервиг. „Екстремно сум почестен што сум номиниран од моите колеги ...
Лорен Санчез му организираше луксузна роденденска забава на својот вереник Џеф Безос во нивниот дом во Беверли Хилс. На прославата за 60-тиот роденден на основачот на Amazon, 54-годишната новинарка блесна во фустан создаден специјално за неа од Laura Basci. Црвената креација со длабоко деколте и сваровски кристали била рачно изработувана 800 часа. Својот изглед, Санчез го надополни со чантичка со кристали во форма на ракета од Judith Leiber. На ...
Тамара Ралф наоѓа неисцрпна инспирација во женската сила. Дизајнерката, која беше коосновач на брендот Ралф и Русо, ја претстави својата најнова колекција висока мода со ревија во Париз. Талентираната Австралијка создаде дизајни кои се внимателно проткаени за да го издржат тестот на времето, а кои ја нагласуваат смелата женственост и бескомпромисната сила на жените. Секое парче е прецизно изработено за да ѝ влее самодоверба на личноста која го ...
Зендаја знае како да се истакне од толпата. На ревијата на Schiaparelli во Париз, ѕвездата од „Euphoria“ мамеше погледи со драматичен изглед. Атрактивната холивудска ѕвезда, која неретко е нарекувана „кралица на стилот“, се искачи на скалите од „Petit Palais“ во црн стајлинг од францускиот моден бренд кој вклучуваше здолниште со долга волуменозна „опашка“. Зендаја носеше обувки со црвен ѓон, преку кои внесе малку боја во својот стајлинг. ...
Северина во искрен текст ги изрази вознемиреноста, револтот и лутината откако Врховниот суд повторно ѝ го одзеде старателството над синот и го врати детето да живее со таткото. Битката за старателството над Александар, кој наскоро ќе наполни 12 години, доби драматичен пресврт, бидејќи балканската ѕвезда и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ повеќе нема да имаат заедничко старателство „по половина“, како што беше досудено од жупанскиот суд ...
Џенифер Лопез не престанува да изненадува со модните избори. На вчерашната ревија на брендот Schiaparelli, 54-годишната пејачка носеше палто направено од 7.000 свежи латици од бели рози. Славната музичарка објасни дека нежните ливчиња биле одржувани со шеќерна вода, позната како нектар за колибри. Под палтото, Џеј Ло носеше модна комбинација од црни хеланки со висок струк и бела ролка. Својот изглед, таа го надополни со невообичаени златни ...
Дева Касел беше шармантна ѕвезда на ревијата на Диор во Париз. 19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел зрачеше со харизма во бежов мантил додека покрај себе го имаше својот сакан Саул Нани. На модното шоу, младиот пар пристигна за рака и со насмевка се движеше покрај бројните фоторепортери. Дева и 24-годишниот италијански актер ја потврдија нивната врска пред јавноста во октомври 2023 година. Нема слични статии. Види повеќе » ...
Селена Гомез честопати низ годините беше мета на различни коментари за нејзиното тело, а сега одлучи да возврати на нив. 31-годишната пејачка сподели папараци фотографии „некогаш и сега“ направени на 10 години растојание на кои таа е облечена во бикини. На фотографијата од 2013 година, Селена напиша: „Денес сфатив дека никогаш повторно нема да изгледам вака.“ На другата фотографија, Гомез е фотографирана во Мексико минатата година. „Не сум ...
Софија Вергара отворено зборуваше за разводот со Џо Манганиело. 51-годишната ѕвезда од серијата „Modern Family“ призна дека несогласувањата околу проширувањето на семејството биле причината за распадот на нивниот 7-годишен брак. Софија има еден син од првиот брак со љубовта од нејзините средношколски денови Џо Гонзалес, додека Џо нема свои деца. „Мојот брак се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше да има деца, а јас не сакав да ...
Ринитисот е многу честа состојба, која влијае на квалитетот на животот на голем број на луѓе. Постојат два вида на ринитис: алергиски и неалергиски (вазомоторен). Алергиски ринитис При алергиски ринитис, имунолошкиот систем погрешно идентификува супстанца како „напаѓач“ а која всушност е безопасна. Оваа супстанца се нарекува „алерген“. Имунолошкиот систем реагира на алергени со лачење на хистамин и хемиски медијатори кои обично предизвикуваат ...
Видео од детенце, кое скока од радост кога ќе дознае дека е соодветен донор на коскена срцевина за малата сестричка, ќе ви го стопли срцето. Малата Џоси по вторпат се бори со рак во својот краток живот. Првиот пат, нејзе ѝ била дијагностицирана оваа опака болест на само 11 недели, додека вториот пат таа имала 26 месеци кога ѝ пронашле леукемија. За да се спаси нејзиниот живот потребно е да се пресади коскена срцевина од соодветен донор, а тоа во ...