Ханде Ерчел однесе доза елеганција на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. 30-годишната турска актерка зачекори на премиерата на филмот „Megalopolis“ во впечатлива креација од познатата модна куќа Balmain. Нејзиниот стајлинг беше надополнет со скапоцен накит од Pomellato со 1.676 виолетови и сини сафири и дијаманти. Убавата актерка е позната по улогите во повеќе турски серии, меѓу кои и „Немирно лето“ и „Чукни ми на врата“. Нема слични ...

Шакира ги изненади присутните на настанот на „Univision“ во Њујорк. На свеченоста организирана од телевизиската куќа, 47-годишната музичарка се појави на сцената во кратко фустанче и ултра високи чизми. Таа соопшти дека нејзината песна „Puntería“ ќе биде официјална песна на покривањето на Копа Америка 2024 од страна на ТВ „Univision“. View this post on Instagram A post shared by Club de Fans Oficial. (@shakiraenchile) Спортскиот настан ќе се ...

Врската на Бред Пит и Инес Де Рамон е навистина сериозна. Според странските медиуми, тие веќе живеат заедно, а неодамна беа фотографирани додека уживаа на плажа. 60-годишниот актер, облечен во бело, ја прегрнуваше саканата и двајцата разговараа и пиеја кафе за време на релаксираната прошетка. 32-годишната Инес носеше бел фустан и темнозелен елек. Пит се разведе од Анџелина Џоли пред осум години. Тие заедно имаат три биолошки и три посвоени деца. ...

Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор на горливиот проблем со булингот. Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, ...

Кити Спенсер и нејзините сестри, близначките Елиза и Амелија, присуствуваа на моден настан во Венеција. 33-годишниот модел ретко се појавува на јавни случувања заедно со 31-годишните близначки, па токму затоа фотографиите привлекоа големо внимание. Атрактивните сестри беа облечени во светли стајлинзи од луксузниот италијански бренд Брунело Кучинели. Кити, Елиза и Амелија се внуки на принцезата Дијана од нејзиниот брат Ерл Спенсер. Нема слични ...

Јелена Томашевиќ го претстави новиот албум, насловен „Искрена“. 40-годишната српска пејачка изгледаше шармантно во црн фустан со точкест принт на настан кој се одржа во белградски локал. Популарната музичарка беше придружувана од сопругот Иван Босиљчиќ, а меѓу гостите беа и Гоца Тржан, Фрајле и Сергеј Четковиќ. За време на интервјуто за новинарите, Јелена рече дека албумот го посветува на нејзиното семејство – на покојниот татко, на мајка си, на ...

По раскинувањето со Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ повторно е во среќна врска. 52-годишната пејачка доби романтично изненадување од саканиот Јосип сред нејзиниот најнов концерт во Загреб. Додека настапуваше, на сцената се појави нејзиниот партнер со голем букет и ја поздрави со бакнеж. View this post on Instagram A post shared by Story (@story.hr) Концертот на Мартиновиќ се одржа по повод 22-риот роденден на хрватското списание „Story“. ...

Џорџина Родригез е ѕвездата која ги краси страниците на најновото издание на списанието „Hia“. За арапскиот магазин, 30-годишната девојка на Кристијано Роналдо позираше сред пустина во гламурозни креации и скапоцен накит. Oscar de la Renta, Nicolas Jebran, Yousef Akbar, Kj Moody и Zhaoyi Yu се дел од брендовите кои позајмија свои креации за реализација на овој едиторијал насловен „Џорџина од Арабија“. View this post on Instagram A post shared by ...

Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана објавија дека ги собраа потребните 250 илјади евра за детска онкологија, но дека нивната мисија не прекинува. 38-годишниот пејач, кој за 23 дена помина 803 километри, пешачи од Белград до грчкиот остров Егина за да собере средства за детска онкологија. Нему му преостануваат повеќе од 200 км за да стигне дотаму. Токму на Светскиот ден на семејството, Роквиќ ја објави среќната вест на својот профил и на ...

Наоми Кембел изгледаше спектакуларно на втората вечер од Канскиот филмски фестивал. На премиерата на „Furiosa: A Mad Max Saga“, 53-годишната манекенка го истакна своето тонирано тело во винтиџ креација од Шанел со црни пулејки и бисерни прерамки. Овој фустан е дел од колекцијата висока мода есен/зима 1997 година на Карл Лагерфелд, а беше презентиран од Наоми во 1996 година. Многумина се согласни дека Кембел изгледа уште подобро во истата ...

Крис Хемсворт и Елза Патаки беа меѓу славните гости на втората вечер од 77-мото издание на Канскиот филмски фестивал. 40-годишниот актер и 47-годишната актерка изгледаа гламурозно и среќно додека заедно позираа пред бројните фоторепортери. Холивудскиот шармер носеше црни панталони и бело сако, додека неговата сопруга за оваа пригода избра црна креација со длабоко деколте. Крис и Елза се во брак 14 години и имаат три мали деца. Нема слични ...

Почнува голема летна авантура во Веро во која најсреќниот купувач ќе освои многу вредна награда – паричен ваучер од 400.000 денари. Наградната игра „Ура за летна авантура“ трае од 15 мај до 28 јуни и е наменета за сите купувачи во Веро маркетите кои ќе направат сметка од над 350 денари од означените промотивни производи. Секоја таква сметка носи по еден купон со кој се стекнува право на учество во наградната игра. Купоните треба да се пополнат ...

Хајди Клум ги украде погледите на присутните на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. На манифестацијата на француската ривиера, 50-годишната манекенка се појави во црвена креација со висок шлиц од либанскиот дизајнер Саид Кобејси и ги забрза прстите на фоторепортерите. Својот изглед, Хајди го надополни со сребрени салонки. Шармантната Германка позираше на познатите скали пред Палатата на фестивалите и конгресмените, а потоа ја проследи ...

Лиса Ленсфорд се породи. Фитнес ѕвездата, која е инспирација за повеќе од 3,7 милиони Instagram корисници, го доби првото дете со тренерот Роман Ленсфорд. Како и во текот на бременоста, така и по породувањето, Лиса со фотографии ги овековечува промените на нејзиното тело, не плашејќи се да го сподели тоа со своите обожаватели. „Дами, ова е реалноста. Сакам да ги овековечам промените на моето тело по породувањето, како што го правев тоа и во ...

Хејли и Џастин Бибер за првпат беа фотографирани од папараците по објавувањето на веста дека ќе станат родители. Откако се откри дека 27-годишната трудница со месеци ја криела бременоста и дека е во шестиот месец, парот беше „уловен“ на прошетка во Лос Анџелес. Атрактивниот модел носеше костум со широк костум со краток бел топ. Славната двојка откри дека го очекува првото дете пред пет дена, кога објави и видео во кое си ги обновува брачните ...

Ејсап Роки ја почести Ријана со вечера за Денот на мајката. Парот, кој има две заеднички деца, беше фотографиран кога излегуваше од такси возило и влегуваше во ресторанот „Roxy“ во Менхетн. Атрактивната пејачка беше облечена во црвена модна комбинација со црни детали. Познатите музички и филмски ѕвезди најчесто имаат приватни шофери кои ги возат на посакуваните дестинации, па токму затоа, изборот на класично такси возило привлече големо ...

Тетките се бесценет дел од животот на децата. Тие знаат на внуците смирено да им објаснат кога родителите се преплавени од емоции, да им ги дадат најдобрите и најискрените совети, да ги поддржат и охрабрат, па и по малку да ги разгалат. Ешли Бивер со сладок текст ѝ се заблагодари на сестра си што е важен и незаменлив дел од животот на нејзиниот внук. Прочитајте го: Драга Тета Биби, Никогаш не знаев како ќе се развие мојата врска со тебе по ...

Жена им дава поприроден изглед на куклите за тие да личат повеќе на девојчињата кои си играат со нив. Соња Синг наоѓа исфрлени кукли или ги купува во продавници за втора употреба. Нејзин избор најчесто се куклите Bratz, на кои им ја отстранува шминката, а потоа наново им го слика лицето. Куклите на Соња немаат шминка, големи очи и неприродно големи усни и изгледаат многу пореалистично. Талентираната артистка им ја менува и облеката, а новите ...

Моментот, кога маж ќе се обедини со своите миленици по спасувањето во поплава, нема да ве остави рамнодушни. Во него, среќниот сопственик се обединува со своите четири кучиња и не може да престане да плаче. „Маж, кој беше во поплава, е надвладеан од емоции кога ќе се обедини со своите кучиња. Спасувачите кои помогнаа во спасувањето на животните исто така беа трогнати од сцената и го тешеа човекот. Поројните дождови, кои предизвикаа поплави во ...

Марија Шерифовиќ направи крштевка за своето синче Марио. Познатата српска пејачка сподели фотографија од церемонијата во манастирот Свети Василиј Острошки. „Вчера го славевме Василиј Острошки, со тоа и мојот прв Ден на мајката, но и крштевањето на мојот мал синоок мек памук принц. Стана Божјо дете и нека те чуваат Бог и Свети Василиј од секакво зло, а јас од тагата и луѓето“ – напиша Шерифовиќ. Шерифовиќ го доби синчето со помош на сурогат-мајка ...

Ако ја следевте теленовелата „Руби“, со сигурност се сеќавате на Жаклин Бракамонтес. 44-годишната мексиканска актерка, која се прослави со улогата на Марибел, сними слатка фотосесија со петте ќеркички за Денот на мајката. Сите беа облечени во координирани фустани во светло сина нијанса. „Ова е дарот кој Бог ми го даде. ДА БИДАМ МАЈКА. Ви благодарам мои девојчиња што ме направивте најсреќна и најблагословена мајка на светот. Ги сакам“ – напиша ...

Повеќе од 5 илјади лица се собраа на плоштадот во Загреб за да го дочекаат својот музички миленик Бејби Лазања, кој на овогодишната Евровизија застана на второто место. 28-годишниот Хрват, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, не можеше да си ги задржи солзите од силните емоции кои ги чувствуваше додека фановите громогласно му аплаудираа. Тој беше дочекан како херој од огромната толпа пред која ја отпеа песната со заразен ритам „Rim Tim Tagi Dim“. ...

Викендов, Ријана и Ејсап Роки имаа важен повод за славење. Славниот пар го прослави вториот роденден на поголемото синче Риза. 36-годишната пејачка и нејзиниот партнер беа фотографирани на роденденска забава со двете деца. Ријана шармираше во бунда од Gucci, топ од Maison Margiela и широки фармерки од The Attico. Додека ја напуштаа прославата, Ријана го носеше во рацете 9-месечното синче Рајот Роуз, додека во рацете на Ејсап е малиот славеник ...

Изминатиот викенд, во Скопје се одржа најновото издание на традиционалниот Виенски Бал. Како секоја година, така и оваа, Марјана Станојковска беше дел од познатиот хуманитарен настан, кој ја слави австриската култура. На овогодишната свеченост, македонската водителка мамеше воздишки во раскошна креација, која ја надополни со тијара на главата. Гламурозниот фустан е дело на косовскиот дизајнер Валдрин Сахити. Нема слични статии. Види повеќе » ...

Очите претставуваат најпроминентен дел на горната третина на лицето кое е од големо естетско значење. Притоа, очите ја прикажуваат физичката состојба на пациентот со тоа што очите се знак за свежост на човекот. Самиот процес на стареење, како и на преостанатите делови на телото, доведува до губиток на еластичноста на кожата кое доведува до појава на спуштени очни капаци. Блефаропластиката претставува операција на очните капаци, што е постапка ...

Евровизија има нов победник. Nemo од Швајцарија триумфираше на музичкиот натпревар. Во финалето кое се одржа во Малме, младиот музичар со „The Code“ освои вкупно 591 поен за да избие на врвот на листата. Второто место остана за Хрватска, која беше претставувана од Baby Lasagna со „Rim Tim Tagi Dim“. Минатогодишната победничка Лорин му го предаде трофејот на нејзиниот нов наследник. Македонија и годинава не учествуваше. Нема слични статии. Види ...

Мајките понекогаш чувствуваат вина само затоа што со носталгија гледаат на деновите кога биле слободни и безгрижни и кога се грижеле само за себе. Општеството честопати ги осудува мајките кои ги споделуваат своите борби, потсетувајќи ги дека треба да бидат благодарани што ја добиле најважната улога во животот. Кејси Хаф го тврди спротивното. Талентираната авторка ги уверува мајките дека е во ред да чувствуваат повеќе емоции истовремено. Како ...

Меган Маркл и принцот Хари пристигнаа во Абуџа, Нигерија, каде ќе престојуваат 72 часа. Ова е првата официјална меѓународна турнеја на 42-годишната војвотка и 39-годишниот принц по повлекувањето од кралските должности и дистанцирањето од британското кралско семејство во 2020 година. Меган носеше нежна креација во бојата на годината додека со Хари посетуваа училиште поддржано од нивната фондација „Archewell“. View this post on Instagram A post ...

Поранешни евровизиски победнички настапија повторно на големата евровизиска сцена. Синоќа, на втората полуфинална вечер во Малме своите хитови ги изведоа Елена Папаризу, Сертаб Еренер и Шарлот Перели. Грчката претставничка Папаризу ја освои европската публика со песната „My Number One“ во 2005 година, Турчинката Сертаб победи на музичкиот натпревар во 2003 година со песната „Everyway That I Can“, а Перели ѝ однесе победа на Шведска со песната ...

Изабел Маркез инстантно ќе се вброи меѓу вашите омилени блогерки. Модната зависничка негува младешки стил и во шестата деценија од својот живот, па затоа со леснотија освојува сè повеќе и повеќе следбеници од различни возрасти. На својот профил stylee_50, таа објавува фотографии и видеа од своите модни комбинации за секојдневните работни обврски и за вечерните излегувања. Инспирирајте се од стилските приказни на Маркез: @stylee_50 Un look básico ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
36%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
1.03
32%
1014
weather icon

Загреб

32ᴼ / 28ᴼ
0.0
44%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
30%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.72
28%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
66%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
8.75
46%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
0.51
22%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
22%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
36%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
39%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
11.83
42%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048