
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Марк Антони беше дел од доделувањето на Латино-американските музички награди. 55-годишниот пејач настапи на сцената и за првпат ја изведе својата нова песна „Ale Ale“. На манифестацијата тој ја доби поддршката од 24-годишната сопруга Надја Фереира, која гордо го бодреше додека пееше на сцената. На црвениот тепих и двајцата носеа црни модни комбинации. Среќната двојка го доби првото заедничко дете во јуни минатата година. View this post on ...
Рис Витерспун и нејзината ќерка Ава присуствуваа на настан на Tiffany & Co. по повод лансирањето на новата колекција „Blue Book“. 48-годишната актерка и 24-годишната девојка изгледаа како сестри облечени во елегантни стајлинзи. Младоликата ѕвезда од филмот „Legally Blonde“ шармираше во црна креација со шлиц, додека Ава за оваа пригода избра сив фустан од Alberta Ferretti. И двете носеа блескав накит од Tiffany & Co.. Нема слични ...
Талија Соди влезе во улога на водителка на овогодишното издание на Латино-американските музички награди. 52-годишната пејачка и актерка, позната по улогата на Росалинда во истоимената серија, заведуваше во неколку различни стајлинзи за време на манифестацијата. На црвениот тепих, убавата Мексиканка пристигна во црвено од глава до пети. Својот изглед таа го зачини со огромен шешир кој совршено се вклопи во нејзината модна комбинација. Во текот на ...
Метју Меконахи со семејството присуствуваше на добротворен настан за собирање средства за неговата непрофитна организација која им помага на деца. На галата во Тексас, 54-годишниот актер беше придружуван од неговата сопруга Камила Алвес и трите деца – 15-годишниот Леви, 14-годишната Вида и 11-годишниот Ливингстон. Дотераното семејство позираше пред фоторепортерите. Многумина заклучија дека Вида е мини копија на мајка си Камила. Метју и Камила се ...
Антониа Гиговска го истакна својот сексапил во Хрватска. На настани организирани од брендот Yves Saint Laurent по повод лансирањето на нов производ, македонската пејачка изгледаше атрактивно во два стајлинзи. За промотивниот настан, Антониа избра ултра кратко фустанче во циклама боја со отворено деколте. Својот изглед таа го комплетираше со ланче од Chapter03 на кое пишува Ciao Bella. Следуваше вечера со свеќи која беше вистинско уживање за сите ...
Велибор Џаровски-Џаро почина денес по кратко боледување. Познатиот менаџер, кој има соработувано со најголемите југословенски ѕвезди, го напушти овој свет на 75-годишна возраст. Велибор има соработувано со врвни музички имиња како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Bijelo Dugme“, Тереза Кесовија и Лепа Брена. Тој има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во својата менаџерска кариера, долга повеќе ...
Пред да се упатат на доделувањето на спортските награди Лауреус, Новак и Јелена Ѓоковиќ снимија видео и фотосесија за „Вог“. За Vogue Adria, српскиот пар покажа како се подготвуваше за настанот на кој Ноле по петти пат ја прими наградата Најдобар спортист. 36-годишниот тенисер носеше костум од Брунело Кучинели, додека неговата сопруга за настанот избра црна креација од српската дизајнерка Драгана Огњеновиќ. Јелена му подари бакнеж на Новак. ...
Вистинските херои не носат наметки. Тие се меѓу нас и се покажуваат кога луѓето имаат најголема потреба од нив. Токму такви херои се најдоа на автопат во Минесота и си ги ризикуваа животите за да извлечат маж заглавен во запален автомобил, спасувајќи му го животот. Овој драматичен момент беше снимен на камера и стана вирален хит. Во него, бестрашните шофери излегуваат од своите возила и си ги ризикуваат животите за да му го спасат животот на ...
Колагенот е витален протеин што се наоѓа во човечкото тело и тоа во изобилство. Незаменлив е за одржување на структурниот интегритет на различни ткива, вклучително и оние што се критични за кардиоваскуларното здравје. Ги зајакнува ѕидовите на крвните садови, особено вените, а со тоа игра клучна улога во спречувањето на васкуларните состојби како што се проширени вени и други предизвици со вените. Овие состојби не се само козметички предизвик ...
Принцот Луи денес полни 6 години. За да го одбележат овој специјален ден за нивниот син, принцезата Кетрин и принцот Вилијам објавија фотографија и напишаа: „Среќен 6-ти роденден, принцу Луи. Ви благодариме за сите убави желби денес“. Како и секогаш, фотографијата на која малиот принц позира со широка насмевка е дело на принцезата Кетрин. Таа пред еден месец сподели дека има рак. Болеста на Кетрин ѝ била дијагностицирана по операција на ...
Марко Новески стана татко. Македонскиот водител доби близначиња со саканата Цена и ја сподели првата фотографија од бебенцата на социјалните мрежи. Тој ги откри и нивните имиња. „Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. ТЕ САКАМ“ – напиша тој. Марко и Цена стапија во брак во август 2021 година во интересни стајлинзи. View this post on Instagram A post shared by #ширимепозитива (@marko_noveski) Нема слични ...
Селин Дион сними фотосесија за францускиот „Вог“. 56-годишната музичка дива позираше во модели на врвни модни куќи како Alaïa, Saint Laurent, Christian Louboutin, Balenciaga, Jacquemus и Schiaparelli. Во интервјуто зборуваше за својата здравствена состојба, за синдромот на вкочанета личност од кој страда и за соништата за иднината. „Не ја победив болеста, бидејќи таа е сè уште во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе најдеме чудо, начин да ...
Ви треба доза мотивација за да започнете да вежбате? Луиз Хокинс дефинитивно ќе ви стане инспирација. 42-годишната фитнес зависничка е родена со една рака, но не дозволува тоа да ѝ биде пречка или изговор за да не тренира. Иако Луиз започнала да вежба во 2017 година, сега крева поголема тежина од повеќето луѓе кои немаат никаков хендикеп. Како личен тренер и обожавателка на фитнесот, Хокинс тренира петпати неделно, а понекогаш и по двапати ...
Карис Зета Даглас со стил го прослави својот 21-ви роденден. Убавата ќерка на актерите Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас носеше еден од најпознатите фустани на нејзината мајка. Свилената розова креација од Emanuel Ungaro е стара 25 години, а Кетрин ја носеше на доделувањето на филмските награди на MTV во 1999 година во Санта Моника. „Најсовршениот 21-ви роденден што можев да го посакам“ – напиша Карис, а мајка ѝ и возврати: „Го заслужуваш душо“. ...
Нови научни знаења со цел напредок во грижата за пациентите, голем број интерактивни сесии со практични случаи за управување со васкуларен пристап како и предизвикувачки сценарија за ТАВИ, беа само дел од презентираното за време на првиот регионален собир My Sofia Valves кој се одржа на почетокот на април во Универзитетската болница „Света Ана“ во Софија, Бугарија. Секако најголем интерс предизвика сесијата посветена на „Предизвикувачки случаи и ...
Тироидектомија се нарекува хируршкото отстранување на дел или на целата тироидна жлезда. Тироидната жлезда меѓу нашиот народ се нарекува штитна жлезда и претставува орган кој е диригент на организмот, бидејќи ги регулира метаболните процеси на ниво на клетките и така учествува во регулацијата на скоро сите процеси во организмот, од срцевата работа, па сè до регулација на сонот. Тироидектомијата се изведува како процедура на хируршко лекување на ...
Мало девојче кое по долго чекање доби ново срце конечно си замина дома, а моментот од напуштањето на болницата беше овековечен со фотографии. Имено, 4-годишната Арктура чекала 1.025 дена за конечно да ѝ биде трансплантирано срце од донор. Таа беше оперирана на 29 март, а сега во добра здравствена состојба ја напушти болницата во Тексас. „Го сакам моето ново срце“ – рекло слаткото девојче, кое со нетрпение чекало повторно да го посети локалниот ...
Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам беа дел од славните парови на роденденот на Викторија Бекам во Лондон. Убавата манекенка, која во минатото ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, изгледаше прекрасно во розово покрај 56-годишниот актер. Непосредно пред да се упати на забавата на Бекам, Роузи го прослави сопствениот роденден. Таа наполни 37 години и сподели фотографии од својот специјален ден. И на сопствената прослава, Роузи ...
Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин уживаше во убавините на Венеција и го посети Венециското биенале на уметноста. Македонската пејачка сподели фотографии од патувањето во Италија, кое траело три дена. На нив, таа изгледа модерно и шармантно. На дел од фотографиите се појавува и Корубин. „3 дена во Венеција и 3 годишни времиња“ – напиша Каролина. За изборот на стајлинзи, Гочева доби бројни комплименти на Instagram. Во објектот Scuola dei ...
Луисана Лопилато беше специјална гостинка на доделувањето на „Platino Awards“ во Канкун, Мексико. На манифестацијата, ѕвездата од „Млади бунтовници“ носеше впечатлива креација во циклама нијанса од Памела Роланд и изгледаше како модерна принцеза. 36-годишната аргентинска актерка беше придружувана од сопругот Мајкл Бубле. На сцената, таа беше поканета за да презентира награда. View this post on Instagram A post shared by Samuele Miccoli ...
Викторија Бекам со стил зачекори во шестата деценија од животот. Славната дизајнерка го прослави јубилејниот 50-ти роденден со голема забава на која присуствуваа нејзините четири деца, сопругот Дејвид и бројни пријатели. На прославата, Викторија се обедини со сите поранешни членки на групата Spice Girls, по која таа се прослави. Шармантната славеничка носеше проѕирна креација додека позираше со гостите, меѓу кои беа нејзината најдобра пријателка ...
Лејтон Мистер повторно ја оживеа Блер Волдорф и им разбуди носталгија на љубителите на хит-серијата „Gossip Girl“. 38-годишната актерка влезе во својата стара улога за снимањето на нова модна кампања. Лејтон е лицето на новата соработка помеѓу брендовите St. John и Edie Parker. Таа го презентираше ограниченото издание на чантите Tweed Burn. Лејтон, заедно со Блејк Лајвли, Ед Вествик, Чејс Крафорд и Пен Баџли беа дел од серијата за животот на ...
Луисана Лопилато изгледаше како тропска убавица на настан во Канкун, Мексико. Аргентинската актерка, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, носеше жолта дводелна креација на свеченоста организирана во рамките на „Platinum Awards“. Креацијата е дело на модната дизајнерка Силвија Чераси. По пристигнувањето во Мексико, Луисана сподели фотoграфии во розови бикини. Таа доби многу комплименти за нејзиниот фит изглед ...
Прекрасно е кога имате со кого да си ги споделувате убавите моменти, но и маките. Убаво е кога покрај себе имате некој како вас, кој може да ве разбере. Менди Олдани и Амбер Родригез се мајки на тројки кои се запознаа во болница по породувањето и станаа најдобри пријателки. Нивните бебенца се само еден ден разлика. Кога Амбер слушнала дека и друга мајка во болницата има тројка, веднаш посакала да ја запознае. Се покажало дека тие живеат во ...
Поминаа три децении од првото прикажување на „Pulp Fiction“. Вчера, во Холивуд беше одбележана 30-годишнината од премиерата на легендарниот филм, а на неа се обединија главните ѕвезди. На настанот присуствуваа сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, како и неговата ќерка Талула за да оддадат почит на неговата улога во популарниот филм. Брус не можеше да присуствува на свеченоста поради здравствените проблеми со кои се соочува поради болеста – ...
Оливија Ман со солзи во очите раскажа за процесот на откривање на ракот на дојка, двојната мастектомија и животот по тешката операција. 43-годишната актерка рече дека ракот ѝ бил откриен сосема случајно додека си правела тестови. Иако сите излегле негативни на рак, сепак докторката ѝ предложила понатамошни тестирања, кои покажале дека има висок ризик за рак. По направената магнетна резонанца, се покажало дека таа веќе има рак на градите. ...
Ријана знае како да остави впечаток на секој настан на кој што ќе се појави. 36-годишната пејачка зачекори со нова боја на косата и ултра широка облека на настан на Fenty и Puma во Лондон. Својот нов имиџ, познатата музичарка го надополни со силна шминка и впечатливи очила. Бојата на облеката Ријана ја избра во чест на нејзиниот модел на патики за кој соработуваше со PUMA. Овој модел се продава во земјени нијанси и неутрални бои. Бројни се ...
Анѓелка Прпиќ изминатиов период беше мета на многу коментари и навредливи зборови откако се разведе од поранешниот сопруг Дарио и стапи во брак со неговиот најдобар пријател Марко. 39-годишната актерка, позната по улогата во серијата „Андрија и Анѓелка“, беше во брак со Дарио до 2020 година и заедно имаат еден син. Минатата година, таа се омажи со Марко и му роди ќерка. Иако до неодамна не ги коментираше скандалите кои се кренаа поради нејзиниот ...
Приказна за посветеноста и грижата на брачен пар кој работи во болница разнежни многу лица ширум светот. Исполнувајќи си ја работната должност, Тејлор и Дру Дерас се грижеле за предвреме родено бебенце кое било оставено на Одделението за неонатална интензивна нега, не знаејќи дека тоа мало и ранливо девојче ќе ги освои нивните срца. Тие се грижеле за малата Ела осум месеци, а денес таа официјално е нивна ќеркичка. Парот ја посвои на 18 ноември ...
„Потребно е цело село за да израснеш дете и тажно е да мора да го правиш тоа сама“ – вели Нина Петерсон, осамена мајка која онлајн побара „баба“ за својата мала ќеркичка. И ја пронајде. Нина од Австралија ги поминала првите пет месеци од мајчинството сама со бебенцето. Покрај тоа што чувствувала огромна радост, неретко била обземена од чувство на осаменост. „Моето семејство живее многу далеку, а мојот партнер нема семејство“ – објаснила Нина. ...