
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Родителите на Ејми Вајнхаус присуствуваа на светската премиера на биографскиот филм за нејзиниот живот, „Back To Black“. На црвениот тепих во Лондон, Мич и Џенис повторно се обединија повеќе од 30 години по разводот. Поранешниот пар, кој се раздели во 1993 година кога Ејми имаше само 9 години, изгледаше елегантно додека позираше пред фоторепортерите. Џенис, која страда од мултипла склероза, носеше цветен фустан и помагало за одење. Мич и Џенис ...
Блејк Лајвли и Микеле Мороне продолжуваат со снимањето на вториот дел од „A Simple Favor“. На сетот на Капри, Италија, славната актерка изгледаше фантастично во шик костум со бисери. Таа работеше на сцена со згодниот италијански актер, а покрај нив е и актерката Ана Кендрик, која глуми со Блејк и во првиот дел од филмот. View this post on Instagram A post shared by Blake Lively Brasil • Fanpage (@blakelivelybrazil) View this post on Instagram A ...
Суки Вотерхаус не крие колку се гордее со сè што направи нејзиното тело во изминатиот период. 32-годишната актерка, која минатиот месец го роди своето прво дете, сподели фотографии направени по породувањето. На нив, вереницата на Роберт Патинсон позира пред огледало по градник и долна облека од брендот Frida Mom додека во рацете држи бебешко шише. „Периодот по породувањето беше исполнет со неизмерна радост, многу смеа, солзи, мноооогу хормони! ...
Селена Гомез ја прошири палетата производи на нејзиниот бренд за убавина Rare Beauty. 31-годишната пејачка прослави за лансирањето на нејзиниот најнов производ за разубавување - руменило за лице, наречено „Soft Pinch Luminous Powder Blush“. Селена присуствуваше на настанот во Њујорк облечена во розово од глава до пети, во склад со својот продукт за убавина. Козметичката компанија Rare Beauty е основана во 2019 година. View this post on Instagram ...
Вообичаените тесни панталони и хеланки Џенифер Лопез во изминативе денови ги замени со различни типови широки фармерки. За денско излегување во Њујорк, 54-годишната пејачка избра широки „извалкани“ фармерки и привлече многу коментари за модната комбинација. Музичката ѕвезда во својот стајлинг додаде тексас обувки на високи потпетици, сина чантичка од Шанел и тегет ролка и палто. „Овие валкани фармерки се сè друго, само не стилски“, „Смешен ...
Џорџина Родригез ужива во семејниот живот и во времето поминато со петте деца кои ги има со Кристијано Роналдо. 30-годишниот модел сподели фотографии од неодамнешниот одмор. На нив, Џорџина позира заедно со 14-годишниот Кристијано Џуниор, 6-годишните близнаци Ева и Матео, 6-годишната Алана Мартина и Бела Есмералда, која месецов ќе наполни две години. Родригез покажа и како вежба со малите дечиња. Џорџина е во врска со Кристијано од 2016 година. ...
Зухаир Мурад уште еднаш докажа зошто е еден од најпознатите дизајнери во светот. Либанскиот креатор создаде фантастична невестинска колекција која со сигурност ќе стигне до срцата на многу идни невести. Венчаниците за сезоната лето 2025 се украсени со златни детали и секој од нив дава сјај кој потсетува на медитеранското сонце. „Тргнувајќи на патување во длабочините на феникиската историја, оваа невестинска колекција го отелотворува ...
Во ера каде постојано се споделуваат фотошопирани фотографии, Криси Тиген е промената која му е потребна на светот. 38-годишниот модел сподели албум од одморот во Тајланд, каде е со четирите деца. На фотографиите, Криси позира во бикини, а очевидно е дека таа не користела ниту филтри, ниту Фотошоп за да го измени својот изглед. Многу мајки ѝ се заблагодарија што реално покажува како изгледа телото по породувањето и што им помага на жените да ...
Блејк Лајвли моментално работи на снимањето на продолжението на филмот „A Simple Favor“, кој излезе во 2018 година. 36-годишната актерка шармираше во венчаница за сцена во која стапува во брак со згодниот италијански актер Микеле Мороне. Новите романтични сцени се снимаат во Капри, Италија. Трилерот „A Simple Favor“ ја следи приказната за Стефани (Ана Кендрик) и Емили (Блејк Лајвли). Тие формираат пријателство поради нивните мали синови кои се ...
Ултразвучниот преглед на мускулите и тетивите е неинвазивна, безболна, брза и прецизна дијагностичка процедура базирана на употреба на високофреквентни ултразвучни бранови. Со ултразвучен преглед на мускулоскелетниот систем јасно можеме да видиме: зглобен простор, тетиви, лигаменти, мускули, мускулна фасција и индивидуални нерви. Во Клиника Жан Митрев ултразвук се користи за: Прегледот е многу краток, трае само 15-20 минути и не е потребна ...
Сѐ уште сме под импресии од возбудливата кулминација на 28-мото издание на Моден викенд Скопје. Во изминативе возбудливи три дена, имавме можност да ѕирнеме што се крие зад завесите на ателјата на домашните дизајнерски сили, а на самото финале, бевме заведени од инспиративните невестински креации наменети за сите дами што планираат да го изговорат судбоносното „Да”. Редица ревии го привлекоа вниманието на модните ентузијасти во Ист Гејт Мол. Па ...
Во текот на животот, секоја жена може да се соочи со репродуктивен проблем кој бара соодветна евалуација и решение кое понекогаш вклучува и оперативен зафат. Дел од состојбите за кои може да биде потребна хируршка интервенција се: цисти на јајници, фиброиди односно миоми, абнормално утерино крварење, карлична болка или конгенитални аномалии на репродуктивниот тракт. Класичната операција изведена со традиционален рез на кожата на абдоминалниот ...
Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува онлајн работилницата на која нашата истакната уметница и планинарка Илина Арсова ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења. Арсова е позната по енергичниот дух, љубовта кон природата и активниот начин на живот. Покрај другото, таа е отворена кон промени ...
Неуморните папараци го следат секој чекор на Ирина Шајк. Атрактивната Русинка повторно беше фотографирана со ќеркичката Леа во Њујорк. Овој пат, русокосото девојче возеше велосипед, додека Ирина го држеше нивното кученце. 38-годишната манекенка носеше црна модна комбинација со долг широк џемпер и чизми на високи потпетици. View this post on Instagram A post shared by Marie Claire Russia (@marieclairerussia) Нема слични статии. Види повеќе » ...
Почина најстариот човек на светот. Неколку недели пред да наполни 115 години, Хуан Винсенте Перез Мора од Венецуела го напушти овој свет. Имаше 114 години и 311 дена. Тој зад себе остави 11 деца, 42 внуци, 18 правнуци и 12 праправнуци. Како што објавија од Гинисовата книга на рекорди, Хуан својата долговечност ја препишувал на „трудољубивоста, одмарањето за време на празниците, раното легнување навечер, љубовта кон Бог и носењето на Бог во ...
Данијела Мартиновиќ го објави спотот за новата песна „Žena“. 52-годишната хрватска пејачка со силни емоции го пее прекрасниот текст за силната љубов на жените. Во неодамнешен разговор, Данијела зборуваше токму за оваа песна и рече: „Последица е од доби намери, а во мојот живот дојде како и најголемиот дел од убавите околности кои ми се случија во последните години – потполно неочекувано.“ „Музиката, аранжманот и продукцијата ги потпишува ...
Кога последен пат ви се случило да се запрашате зошто велиме дека ние сме она што го јадеме? Брзото секојдневие, дневните обврски, динамичниот начин на живот многу често нѐ тераат да ја избереме лесната и брза опција за подготовка на оброк, не размислувајќи што внесуваме во нашето тело. Дали знаете дека секој рецепт – традиционален или модерен, може да се подготви со органски состојки, притоа да биде едноставен и поволен? Кога велиме органски ...
Веста за смртта на Данка Илиќ го потресе целиот регион. Двегодишното девојче исчезна пред 10 дена од дворот на семејниот имот во Банско поле, а денес се откри дека беше убиена од страна на двајца мажи. Трагичниот настан растажи многумина, меѓу кои и бројни славни личности кои објавија трогателни постови на социјалните мрежи. Јелена Томашевиќ Јелена напиша: „Почивај во мир, ангелу мал“. Слобода Миќаловиќ Марија Шерифовиќ Анастасија Ражнатовиќ ...
Ѓорѓи Петрушев има нова модна колекција. Младиот македонски дизајнер ги претстави пролетните креации од колекцијата насловена „Предвесник“ која, како што вели тој, ја раскажува приказната за преминот од зима во пролет. „Предвесник е колекција која ја раскажува приказната за преминот од зима во пролет, за магијата која го оживува и обојува светот, момент кој ги најавува убавините кои доаѓаат“ – изјави Ѓорѓи за Femina.mk. „Разбудувањето од ладната ...
Малата Данка од Бор била убиена. Две лица се уапсени и го признале делото, а во моментов ја водат полицијата кон местото каде што го фрлиле телото на 2-годишното девојче. Оваа вест на пресконференција ја соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Имам лоша вест за ова дете, за нашата мала Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои го извршија убиството на малата Данка и колку што знам го признаа делото. Со какви монструми си имаме ...
Саша Ковачевиќ не крие дека има сериозни планови со девојката Зорана Тасовац. Српскиот пејач неодамна зборуваше за животот и врската со саканата и за односот кој го има со нејзината ќеркичка Искра. Тој отворено признава дека Искра ја сака како сопствено дете. „Не ѝ сум биолошки татко, но ја викам мое дете. И утре, кога ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе биде мое прво дете“ – изјавил Ковачевиќ за Story.rs. „Секој од нас посакува да најде ...
По неколкудневните шпекулации, британскиот медиум DailyMail потврди дека Шакира е во врска со актерот Лусиен Лависконт. Новиот славен пар се зближи на снимањето на спотот за песната „Puntería“, по што беше фотографиран на вечерно излегување во Њујорк. Оваа вест ја потврдил анонимен извор близок до Шакира, кој изјавил дека пријателите се плашат дека ѕвездата од серијата „Emily in Paris“ ќе ѝ го скрши срцето. „Шакира е очајна за да се заљуби, но ...
Калиопи го цени секој момент поминат со својата мајка. 57-годишната пејачка објави видео со снимки од денот поминат во природа со мајка си Марија. „Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!“ – напиша македонската музичка ѕвезда. Во позадина се слуша дуетот „Знам“ на Калиопи и Жељко Самарџиќ. Видеото привлече многу коментари од нивни пријатели роднини. „Голем поздрав до тетка Марија, најубавата жена која ја паметам од ...
Најдобри пријателки, кои неочекувано забременија заедно, направија слатко видео кое ќе им служи како прекрасен спомен. Грејси Овенс и Викторија Бахлет се снимаа како се поздравуваат со трудничките стомачиња во текот на бременоста, за на крајот да се снимат со нивните бебиња. Двете другарки, кои се и братучеди, станаа мајки на временско растојание од 2 дена. „Да поминеш низ бременост со твојата најдобра пријателка е еден од најголемите ...
Ирина Шајк и Бредли Купер немаат дадилка и сами се грижат за нивната ќеркичка Леа. 38-годишната манекенка беше фотографирана додека ја земаше 7-годишната Леа од училиште. И двете носат чадори за да се заштитат од дождот. И 49-годишниот актер беше пресретнат од папараците додека тоа утро го носеше слаткото девојче во школо. Иако се славни личности, тие најчесто пешки ја носат Леа во школо и не ангажираат приватни шофери. Шајк и Купер беа во врска ...
На 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Пред 17 години, Генералното собрание на Обединетите нации го воспостави овој ден, поттикнувајќи акции за подигање на општата свест за состојбите од спектарот на аутизам. Аутизмот не е болест, туку состојба при која луѓето кои живеат со него имаат поинаков начин на интерпретација на зборовите, боите, формите и звуците на светот околу нас. Причините се непознати, иако се ...
Во изминатите седум дена регионот го обиколува веста за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ од Банско Поле кај Бор. Малото девојче исчезна од семејниот имот кога мајката отишла да му даде вода на поголемиот син. Оттогаш наваму се води опсежна истрага од многу луѓе кои трагаат по Данка со најсовремената техничка опрема. Во меѓувреме во јавноста и во некои медиуми се шират шпекулации за наводна вмешаност на родителите Ивана и Милош. За ...
Златко Јовановски посветено ја следи својата страст за креирање раскошни креации. Македонскиот дизајнер, кој стои зад брендот „ЈZJ by Zlatko Jovanovski“, ја презентираше својата најнова колекција која се состои од венчаници и свечени фустани. Креациите ги претстави атрактивниот модел Ориола Мараши, која негува добра соработка со брендот Guess. „Колекцијата вбројува венчаници и фустани за специјални прилики. Сите креации се надополнети со вез од ...
Бијонсе беше дел од славните гостинки на доделувањето на музичките награди на iHeartRadio. На настанот во Долби Театарот во Лос Анџелес, 42-годишната музичка ѕвезда изгледаше како модерна каубојка. Бијонсе беше облечена во кожен костум, инспириран од Вестерн стилот, од колекцијата есен/зима 1992 на Версаче. Својот стајлинг, таа го надополни со каубојски шешир. Во петокот, Бијонсе го објави својот осми студиски албум, насловен „Cowboy Carter“. На ...
Шер доби големо признание на доделувањето на овогодишните iHeartRadio Music Awards. На сцената во Долби театарот во Лос Анџелес, 77-годишната пејачка се закити со наградата „Икона“, која ѝ беше врачена од нејзината пријателка Мерил Стрип. Шер и Мерил позираа заедно и нивните фанови ги потсетија на момент од премиерата на нивниот заеднички филм „Silkwood“ од пред 40 години. На манифестацијата, легендарната пејачка беше придружувана од ...