Да, вистина е! Доколку имате проблем со: Можно е решавање на сите овие состојби без класична операција. Оваа револуционерна метода (интервенција) ја спроведува д-р Синоличка Џамбазова која од неодамна е дел од тимот ортопеди во Клиника Жан Митрев. Таа е единствениот хирург за рака на Балканот која ги решава и најсложените проблеми со рацете со оваа специјална оперативна техника без користење на нож (скалпер). Што треба да знаете за самата ...

Со соодветна нега и грижа од вработените на ГАК во Скопје, уште две предвреме родени бебенца се изборија за своите животи. Амела се роди во ноември минатата година и тежеше само 550 грама. Малата хероина помина 156 дена на Клиниката во Скопје и пред неколку дена конечно си замина дома со своите родители. Таа сега тежи 2.640 грама. Храбрата Амра имаше само 820 грама при своето раѓање, па затоа мораше 80 дена да престојува на одделот за интензивна ...

Наоми Кембел за првпат јавно зборуваше за начинот на кој стана мајка. Во интервју за The Times, 54-годишната манекенка беше прашана дали нејзините две деца се родени со помош на сурогат-мајка, на што таа одговори „Да“. „Моите бебиња ми се сè. Тоа прави да се плашам за иднината. Се молам за подобар свет за моите деца. Тие се 110 проценти мој приоритет. Морам да бидам таму за нив на првиот училиштен ден“ – рекла Кембел и додала дека е среќна ...

Цеца Ражнатовиќ со ќерка си Анастасија Гудељ пристигна на финалето од шоуто „Ѕвездите на Гранд“. 50-годишната српска пејачка, која е дел од жирито во музичкиот натпревар, носеше бела модна комбинација со корсет од модното студио Iv Ice. Својот изглед, таа го надополни со чанта од Dior и салонки од Christian Louboutin. Анастасија носеше црн комбинезон и чанта „Биркин“ од Hermès. Шејла Зониќ победи во натпреварот за таленти. Во финалето таа се ...

Сара Мејс ја објави „Хероина“ – долгонајавуваната песна со моќен текст кој вдахнува сила во секоја жена и девојка. Во спотот за истата, македонската пејачка се појавува со својата ќеркичка Илина и ја охрабрува да верува во себеси, ѝ кажува дека може да биде посилна од сите и да има сè ако посака. Погледнете го видеозаписот во кој се појавуваат и македонски познати личности како Тамара Тодевска со двете деца, Цеце Николова, Емра Куртишова и Лејла ...

Кики Мукаетова со игриви хитови од Кире Костов ја забавуваше публиката на концерт во Битола. Младата артистка ги отпеа „Перон три“ и „Штом се сака“ кои ги потпишува познатиот македонски композитор, инструменталист и диригент. На сцената во Градот на конзулите, Кики шармираше во црна комбинација со широки панталони со висок струк и топ со перјести ракави. Динамична комбинација од накит од Chapter 03 додаде суптилен гламур во нејзиниот изглед. ...

Антониа Гиговска беше меѓу младите изведувачи кои пееја во чест на легендарниот Кире Костов во Битола. 23-годишната музичарка настапи со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect. На сцената во Центарот за култура, таа ги изведе моќните балади „Кога те нема“ и „Што те нема“ за, како што рече, „Дедо Кире“. Гиговска пленеше со модерна елеганција. Кратките црни панталончиња таа ги искомбинира со сако со отсечоци и бели салонки. Нејзиниот стајлинг ...

Носталгија, евергрини кои ја милуваат душата и емотивно евоцирање на спомени синоќа ја исполнија салата во Центарот за култура во Битола во чест на Маестро Кире Костов. Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect, под палката на Владимир Димовски, ги придружуваше младите изведувачи, за заедно да го оживеат делото на легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент. Водич низ музичкото патување потпишано од Костов беше Петар Горко. ...

Бремената Искра Лоренс не остана рамнодушна на коментарите за изгледот кои ги доби онлајн по нејзиното појавување на ревија во Мајами. Откако дефилираше во костим за капење, 33-годишниот модел со облини доби лавина коментари во кои интернет корисниците ја исмејуваа за нејзината тежина. Искра, која е во 6-тиот месец од бременоста, сподели фотографии од ревијата заедно со негативните зборови за нејзиното тело. „Да се нарече таа модел е травестија ...

Моника Белучи изгледаше феноменално на забава со маски во палатата Белведере во Виена. На свеченоста организирана од Cartier, 59-годишната актерка освојуваше погледи во црна креација со разголени рамена и долги ракави од ателјето на Вивиен Вествуд. Својот изглед, италијанската дива го надополни со накит со смарагди токму од Cartier - брендот со кој таа негува долга соработка. Monica Bellucci for Maison Cartier at the Belvedere Palace in Vienna ...

Можете ли да се сетите кога последен пат сте добиле подарок? И тоа да биде онаков, без да има некаков повод, без да правите роденден? Не можете да се сетите, нели? Тоа стана реткост. Би било убаво кога во нашата околина би имало некој од кого може да се очекува подарок, изненадување, па дури и многу поволности... Е, сега прочитајте дека таков Некој постои и кој само поради тоа што сте пријатели, ви се заблагодарува на таков начин што ви дава ...

Учителка од градинка во Њујорк изненади свој поранешен ученик со хуман гест кој ќе го памети цел живот. Кариса Фишер го посети 5-годишниот Езра во неговиот дом за да му соопшти дека ќе му донира дел од својот црн дроб. Таа се појави пред домот на Езра со натпис: „Еј Езра, дали сакаш да го делиме мојот црн дроб? Избери Да или НЕ“. Мајката на Езра, Керен, не можеше да поверува на прекрасната вест. Видео: Информацијата дека на Езра му е потребна ...

Секое излегување во јавност на Ријана и Ејсап Роки е будно следено и фотографирано од неуморните папараци. Вчера, славниот пар беше уловен додека ручаше во ресторан во Њујорк со двете мали синчиња. 36-годишната пејачка носеше сина маица на која пишуваше „Се пензионирав“. Својот изглед, таа го надополни со долго здолниште, црвени патики и зелена чанта. Фановите долго време чекаат Ријана да сними нова песна. Неодамна таа изјави дека нејзината нова ...

Ричард Гир се соочува со голем предизвик во новиот филм „Longing“. Во драмата, која денес ќе биде за првпат прикажана во одредени киносали, бизнисменот Даниел (Ричард Гир) дознава дека имал 19-годишен син кој починал во сообраќајна несреќа. Тоа му го кажува мајката на тинејџерот, Рејчел, која 20 години претходно беше во врска со него. Даниел веднаш решава да замине во Канада за да го посети гробот на синот и да се обиде да дознае повеќе за ...

Емра Куртишова и Петар Стојанов слават една година во брак. Македонските актери, кои запливаа во брачните води минатата година, го одбележаа овој ден со специјална објава на социјалните мрежи. Емра, позната по улогата на Исаура во серијата „Преспав“, сподели свадбена фотографија на која се бакнува со саканиот и напиша: „Да ни се множат, љубави. Ти си единствениот којшто сакам да го нервирам до крајот на животот. Love youuuuu“. Емра и Петар ...

Близнаците на Кристијано Роналдо наполнија седум години. Славниот фудбалер и неговата сакана Џорџина Родригез го одбележаа овој специјален ден со интимна семејна прослава. Слатките близначиња Ева и Матео дувнаа свеќички на роденденските торти покрај родителите, поголемиот брат Кристијано Џуниор и сестричките Алана Мартина и Бела Есмералда. Кристијано ги доби Ева и Матео со помош на сурогат-мајка. Тој претходно објави фотографија со нив за да им ...

Косата е важен дел од надворешниот изглед. Ретко која жена се осмелува да има кратка фризура, бидејќи најчесто долгите прамени се сметаат за привлечни. Кристина Кацабина се стреми да го промени тоа. Таа сака да им покаже на жените дека токму кратките фризури можат да им ја отскријат убавината и да им го променат животот. „Долго време носам кратки фризури. Кога првпат си ја скратив косата, ми се промени животот. Сфатив дека кратката коса е ...

Иако речиси сите славни личности имаат дадилки за своите деца, Ирина Шајк и Бредли Купер сами се грижат за нивната ќерка Леа де Сејн. Убавата Русинка повторно беше фотографирана на прошетка со слатката ќеркичка и нивното кученце. Тие купуваа сладолед во продавница, кога беа пресретнати од папараците. Атрактивната манекенка ги покажа тонираните стомачни мускули во лежерна комбинација со хеланки и спортски градник. Ирина не споделува фотографии со ...

Тарик Филиповиќ беше прогласен за Најдобар глумец на свеченоста организирана по повод 22-годишнината од постоењето на Story.hr. На црвениот тепих во Загреб, познатиот актер и водител на хрватското шоу „Кој сака да биде милионер?“ беше облечен во црно од глава до пети, а за рака ја држеше својата сопруга Лејла. 47-годишната поранешна Мис Хрватска изгледаше атрактивно во црна креација со шлиц и разголен грб. View this post on Instagram A post ...

Настанот ќе биде одлична можност за промоција на македонското музичко наследство, низ модел адаптиран за сите генерациски структури, со цел зачувување и негување на автентичниот македонски мелос, низ интерпретација на младите изведувачи од земјава. Во чест на богатото музичкото творештво на Маестро Кире Костов, на 7 јуни годинава ќе се одржи концертен настан во неговата родна Битола, во чии рамки 11 млади интерпретатори со битолскиот Камерен ...

Неидентификуван објект беше забележан над центарот на Скопје! Холандските крави се појавија на небото и официјално го одбележаа пристигнувањето на холандското сирење „Леердамер“ во Македонија! Пробајте ја легендарно вкусната комбинација на гауда и ементал, со екстра оригинален јаткаст вкус, создаден според најдобрите холандски традиции за сирење! Влезете во жолтиот свет на леегендарниот „Леердамер“. Комерцијален текст Нема слични статии. Види ...

Ева Лонгорија моментално работи на нова мини серија. Славната актерка ја има главната улога во „Land of Women“, за која сега беше објавен официјалниот трејлер. Приказната ја следи Гала (Ева) која води навидум совршен живот. Но, нејзиниот свет ќе се преврти наопаку кога сопругот ќе го вмеша семејството во неговите финансиски долгови и Гала ќе биде принудена да го напушти своето живеалиште заедно со мајка си и ќерка си. Погледнете го трејлерот: ...

Со цел подигнување на свеста, менување на перцепцијата, дестигматизација и детабуизација на темите кои се релевантни за женското здравје преку голем број на индивидуални совети, понуда, соработка со стручни лица и општествено одговорни ангажмани, dm дрогерие маркт втора година по ред ја стартува кампањата за женско здравје. dm дрогерие маркт, која е препознатлива по својот општествено одговорен ангажман, како и континуираната посветеност на ...

Холзи се соочува со здравствен предизвик, кој досега го криеше од своите фанови. 29-годишната пејачка сподели дека има сериозна болест и на Instagram сподели видеа од лекувањето. Таа не ја откри точната дијагноза, но се претпоставува дека се работи за лупус и леукемија, бидејќи во својата објава ги означи Алијансата за истражување на лупусот и Друштвото на леукемија и лимфома. „Среќна сум што сум жива“ – напиша славната музичарка во постот со ...

Перо Антиќ и Сања Ристиќ деновиве присуствуваа на неколку промотивни настани. Македонскиот пар, кој наскоро ќе ја прослави првата годишнина од врската, сподели фотографии од нивните најнови излегувања. „Бескрајна љубов“ – напиша Сања на една од фотографиите со поранешниот македонски кошаркар. Минатиот месец, Сања објави уште една фотографија со Перо на која напиша: „Не знам за вашите срца колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама моето ...

Северина се здружи со Матија Вуица за да усреќат некоја матурантка. За два дена, 52-годишната пејачка и 66-годишната модна дизајнерка ќе изберат една девојка која ќе ја има честа да ја носи прекрасната креација со кристали и цветни апликации. Северина ја презентираше младешката тоалета со фотосесија. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) „Подаруваме фустан. Разговараме со мојата Матија дека секогаш околу нас се оние ...

Вчера на школка во градскиот парк се одржа настан „Повторно заедно“ во организација на здружението „Аутизам ААМК“. Целта на овој инклузивен настан беше подигнување на свеста залицата со атипичен развој. Колоритниот настан претставуваше игротека на отворено, креирана со многу активности за деца: кошарка, ракомет, сложувалки, ликовно и музичко катче. Динерс Клуб Македонија во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност „Кога ...

На меѓународниот натпревар „Тартини", кој од 31 мај до 02 јуни по четврти пат беше реализиран во Пиран, Словенија, во чест и слава на виртуозот по виолина и композитор Џузепе Тартини, младите и талентирани музичари: Антица Николоска V одд ,Ана Кузманоска VII одд, Виктор Србиноски VII одд и Лина Николеска IX одд ,беа единствените натпреварувачи од Македонија. Во силна конкуренција на учесници од 21 држава од светот, постигнаа врвни резултати во ...

Ханде Ерчел привлекуваше погледи во впечатлив стајлинг на доделувањето на наградите „Elle Style“. На свеченоста во Истанбул, 30-годишната турска актерка зрачеше со сексапил во црна креација со чипка. Како нејзина најголема поддршка, саканиот Хакан Сабанчи ја придружуваше на настанот. Ханде се закити со награда за модната соработка која ја негува со брендот Nocturne. Убавата актерка е позната по улогите во повеќе турски серии, меѓу кои и „Немирно ...

Искрени илустрации покажуваат колку се променила детската игра во изминатите децении. Од 60-тите години од минатиот век до денес прикажано е влијанието на мобилните уреди и интернет зависноста на младите генерации. Како што минуваат годините, така сè позачестена е употребата на мобилните уреди од страна на најмладите, за денес, тие комплетно да бидат „заслепени“ од нивното влијание. „Тажно, но реално“ - стои во описот на илустрациите. Нема ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
42%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.35
41%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
75%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.71
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
50%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.79
48%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
12.35
47%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048