Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративно: Жена која тежела речиси 110 кг поради панично растројство ослабе 46 кг за една година

Инспиративно: Жена која тежела речиси 110 кг поради панично растројство ослабе 46 кг за една година

Потребна ви е инспирација за да започнете да тренирате или да се храните здраво?

Сандра Коста несомнено ќе ве мотивира повеќе да се грижите за себе. Инспиративната жена, која некогаш тежела 110 килограми, успеа да симне 46 килограми за само една година. Сега, има за цел да инспирира што повеќе личности да го следат нејзиниот пример.

Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста

Сандра отсекогаш била физички активна и се занимавала со бодибилдинг во минатото. Но, во 2008 година таа се соочила со панично растројство, поради коешто често не излегувала од дома. Па така, килограмите само се зголемувале.

Сандра Коста

Пресвртница во животот на Сандра бил датумот 10 февруари 2023 година, кога таа решила да си ги промени нездравите навики. За една година, успеала да ослаби 45,8 килограми без операција, само со тренинзи и промени во исхраната.

Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста

Сега, Коста споделува видеа од вежбите во фитнес салата за да покаже дека ништо не е невозможно кога се има силна волја.

Тренирав повеќе од 10 години и тоа беше нешто што најмногу го сакав. Тоа беше мој животен стил. Отсекогаш бев многу фокусирана. Но, имав паничен синдром и поради него, имав недостиг на воздух, па морав да престанам да тренирам. Започнав да качувам тежина и ми беше незамисливо да се вратам.

Кога стигнав на 109,5 килограми, одлучив дека морам да се променам, бидејќи го достигнав максимумот. Во годината во којашто ослабев, животот ми беше: напорно тренирање, кардио (стигнав до 2 часа дневно), јадење пилешко месо, бесконечно велење ‘НЕ’... Работам на свадби со многу вкусни нешта за јадење, но јас продолжив да ги бројам калориите, бидејќи знаев дека е неопходно и дека ќе дојде ден кога ќе си речам дека вредеше.

Ова го правев СЕКОЈ ДЕН и тоа ми донесе резултати. Никој не знае колку многу вложив во таа година. БЕЗ ГРЕШКИ. ФОКУСИРАНО. ДИСЦИПЛИНИРАНО и КОНСТАНТНО.

Никогаш не можев да замислам каков ќе ми биде животот една година по таа ноќ кога решив да си ги променам навиките, да прекинам со благото, газираните пијалаци, белото брашно итн. Бев решена да го направам ова и ништо не можеше да ме спречи да си ја постигнам целта.

Телото го постигнува она во што умот верува. Сè започнува во умот, кога ќе наумите да направите нешто, ќе започнете да го правите.

Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста Сандра Коста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26318 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.