Синоќа, во арената во Малме ечеа песните на 16-те учесници во второто полуфинале на Евровизија 2024. Десет од нив си обезбедија пласман во финалето кое ќе се одржи утре (11 мај) и ќе се борат за победа над останатите финалисти. Грција, Израел, Латвија, Грузија, Австрија, Холандија, Норвешка, Естонија, Швајцарија и Ерменија се земјите кои синоќа добија најмногу гласови и продолжуваат со учеството во музичкото натпреварување. Погледнете ги нивните ...

Хејли и Џастин Бибер ги израдуваа фановите со убава вест. 30-годишниот пејач и 27-годишниот модел објавија дека наскоро ќе станат родители. Славниот пар, кој стапи во брак во 2018 година, сподели албум со фотографии и видео во кој се бакнува и најверојатно ги обновува брачните завети. Хејли го покажува трудничкото стомаче облечена во венчаница. Хејли и Џастин се запознаа во 2009 година на премиерата на документарецот „Never Say Never“. Нема ...

Синоќа, премиерно беше прикажан филмот „Strictly Confidential“ со Елизабет Харли во главната улога. На проекцијата во Лондон, 58-годишната актерка се појави со синот Демијан, кој влезе во улога на режисер, а на настанот беа присутни и двајца нејзини поранешни партнери – Хју Грант и Арун Најар. Елизабет носеше зелена креација со отвор кај градите кој го истакна нејзиното деколте. Елизабет се фотографираше со Арун, со кого беше во брак од 2007 до ...

Познат е првиот учесник од нашата држава на Летните Олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Париз. Маратонецот Дарио Ивановски обезбеди пласман на Олимпијадата и со тоа стана прв наш атлетичар кој го има постигнато тоа. 26-годишниот спортист, кој е наш најдобар атлетичар на сите времиња, си обезбеди место благодарение на неговата позиција на светската ранг листа во маратон, каде се наоѓа на 78. место. Својот прв маратон Дарио го истрчал ...

Заради реновирање, дрогеријата во VERO Центар во период од 12.5 до 26.6.2024 година ќе биде затворена. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди –15% ПОПУСТ НА АПСОЛУТНО СЀ! Овие попусти ќе траат од 9-ти до 11-ти мај. Дополнително, до 11.5.2024 со секоја сметка во оваа дрогерија ќе добиете ваучер со -15% попуст за вашето следно пазарување во дрогеријата во ГТЦ – Скопје. „По речиси 11 години, со радост се присетуваме на отворањето на ...

Вчера, македонските граѓани ја избраа првата жена која ќе ја носи титулата „Претседател на државата“. Три дена пред да наполни 71 година, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа над Стево Пендаровски во вториот круг од претседателските избори и ќе застане на чело на нашата држава. Гордана е универзитетски професор и правник, а беше и пратеник во Собранието на Македонија. Родена е на 11 мај 1953 година во Охрид. Правен ...

Камила Кабејо имаше мала модна незгода на МЕТ галата, но успеа одлично да се справи со ситуацијата. Славната пејачка носеше гламурозен фустан со 250.000 кристали, кој за време на свеченоста ѝ пукна во делот каде што започнуваше шлицот, па „ѕирна“ нејзината долна облека. Креацијата била создадена во ателјето на Ludovic de Saint Sernin. На големиот моден настан, Камила носеше чантичка од мраз, која буквално се топеше во нејзината рака. Нема ...

Хилари Даф го донесе на овој свет и своето четврто детенце. Славната актерка се породи во домашни услови во базен со вода. Таа и нејзиниот сопруг Метју Кома се пресреќни што во нивната прегратка конечно ја држат ќеркичката Таунс Медоу Бер. 36-годишната филмска ѕвезда ја сподели убавата вест објавувајќи фотографии направени неколку моменти по породувањето. „Таунс Медоу Бер, сега знаеме зошто ја чекавме толку долго... Таа ги усовршуваше своите ...

Шакира за првпат беше гостинка на МЕТ балот, којшто секоја година се одржува во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк. На популарната манифестација, славната пејачка мамеше погледи во впечатлива црвена креација која постојано ја ставаше во фокусот на објективите на фоторепортерите. 47-годишната музичка ѕвезда зачекори на свеченоста во фустан дизајниран од креативниот директор на модната куќа Каролина Ерера – Вес Гордон. Креацијата беше ...

Неполни две недели откако стана татко, Марко Новески сподели фотографија со новородените близначиња. Македонскиот водител позираше со малите Вања и Веда под отворено небо, а во описот на фотографијата напиша: „Мојата дупла среќичка“. На 23 април, Марко објави дека неговата сопруга Цена се породи и на свет донесе две бебенца. „Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. ТЕ САКАМ“ – напиша тој. Парот стапи во брак ...

Џенифер Лопез насочи многу погледи кон себе на црвениот тепих на Мет галата која синоќа се одржа во Њујорк. Почитувајќи го кодексот на облекување и темата „Garden of Time“ (Градина на времето), 54-годишната пејачка и актерка блесна во креација која наликуваше на крилја на пеперутка. Фустанот од високата мода на Schiaparelli бил рачно изработуван 800 часа специјално за неа. Својот изглед, Лопез го надополни со дијамантски накит од Tiffany & ...

Темите поврзани со срцеви проблеми засегаат голем дел од популацијата. За жал, во последно време, старосната граница се повеќе се намалува. Една од болестите која доколку не се дијагностицира и третира навреме може да има и фатални последици е миокардната исхемија. Што е миокардна исхемија? Миокардна исхемија се јавува кога протокот на крв во срцето е намален, спречувајќи го срцевиот мускул да добие доволно кислород. Намалениот проток на крв ...

Перо Антиќ и Сања Ристиќ уживаат со своите деца на одмор во Грција. Новиот македонски пар моментално е на островот Родос и не крие дека убаво си поминува во друштво на најмилите. Перо и Сања споделија фотографии на Instagram. „Да ги изедам сега или покасно?“ – напиша Сања во описот на фотографиите од синчињата кои ги има со поранешниот сопруг – ракометарот Дејан Пецаковски. Перо претходно објави фотографија со два од своите три сина, кои ги има ...

Во меѓународната образовна институција НОВА во Скопје изминатата сабота по 17. пат се одржа хуманитарниот семеен фестивал на кој беа собрани над 330.000 денари. Поголемиот дел од овие средства ќе бидат донирани на oсновното училиште за деца со посебни потреби „Браќа Миладиновци“ во Куманово, а остатокот од сумата ќе биде искористена за различни добротворни иницијативи, кои се организираат како дел од програмите за општествена одговорност на ...

Принцезата Шарлот порасна. Ќерката на принцот Вилијам и принцезата Кетрин наполни 9 години. Роденденскиот портрет на слаткото девојче повторно го направи нејзината мајка, која веќе неколку месеци се бори со рак. „Среќен 9-ти роденден на принцезата Шарлот. Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“ – стои во описот на фотографијата, објавена на официјалниот профил на принцот и принцезата на Велс. Принцезата Кетрин ги фотографира сите три деца ...

Трагате по модна инспирација за шик комбинации во пролетните денови? Тасијана Мескита секојдневно нуди предлози како да ја комбинирате облеката во вашиот плакар и што да барате додека сте на шопинг за да бидете во тренд. Убавата Бразилка, која ги обожава широките панталони, успешно ја комбинира класиката со актуелните модни трендови за да создаде изгледи кои привлекоа речиси 400 илјади лица на нејзиниот профил. Нејзините урбани стилски приказни ...

Денес е Велики четврток, денот кога во секој христијански дом се бојадисуваат велигденските јајца. Ако сте љубители на пастелните бои, можете да ја разубавите вашата трпеза токму со пастелни јајца кои ќе бидат вистински хит, а истовремено лесни за правење. Во мала длабока чинија ставете жешка вода, две лажички оцет и прехранбена боја. Мешајте додека да се раствори бојата. Полека ставајте по едно бело варено јајце. Штом ја добиете посакуваната ...

Мај ќе ни донесе многу можности за правилни животни промени. Марс ќе ни ја зголемува страста и нема да ни недостигаат моменти кои го растреперуваат телото во позитивна смисла. Во првата половина на мај, Сонцето, Венера и Јупитер ќе се сретнат во бик, подарувајќи ни приземност, самодоверба и трпеливост. Со бистра глава ќе ги решаваме проблемите и ќе се насочиме кон практичност. Нема да летаме во облаци кога станува збор за љубовта и ќе донесуваме ...

Второто дете на Даниел Кајмакоски наполни една година. 40-годишниот пејач сподели слатки фотографии од роденденот на Стефан. На нив, малото момче дува свеќичка на роденденски колач и си игра во домашна атмосфера. На една од фотографиите, Стефан мирно спие. „Среќен роденден, големо момче“ – напиша Кајмакоски. Стефан е син на Даниел од бракот со неговата сопруга Марина, со која се венча на почетокот од минатата година. Тој има уште еден син од ...

Синоќа, Ирина Шајк дефилираше на ревијата на Ралф Лорен во Њујорк. По завршувањето на модното шоу, 38-годишната манекенка се упати на вечерно излегување со своите колешки. Таа го носеше истиот комбинезон, кој го презентираше на пистата. Кафеавата креација е дел од колекцијата за сезоната есен 2024 година на американскиот моден бренд. Погледнете некои од останатите модели од колекцијата, која доби комплименти од обожавателките на Ралф Лорен. View ...

Ен Хетавеј привлече многу погледи на премиерата на нејзиниот најнов филм „The Idea of You“. На виолетовиот тепих во Њујорк, 41-годишната актерка заведуваше во долг фустан со висок шлиц од Версаче кој ѝ ја истакна фигурата. Ѕвездата од „The Devil Wears Prada“ позираше и со својот згоден колега Николас Галицин, со кого се вљубува во филмот. Романтичната комедија „The Idea of You“ го следи животот на Солен (Ен Хетавеј), 40-годишна самохрана мајка, ...

Шели Паско имаше екстра ретка бременост. Среќната Американка, која е родена со две матки, носеше по едно бебенце во секоја од нив и сега конечно ги држи во прегратка своите мали близначиња. 29-годишната мајка имала два спонтани абортуси во изминатата година и половина, па веста дека носи две бебенца во својата утроба им донела неизмерна радост неа и на сопругот. Бебињата Кејли и Кемдон се родиле со царски рез на 6 март во 39-тата гестациска ...

Пред три дена, Елена Ристеска го прослави 38-миот роденден. Македонската пејачка добри бројни пораки и слатко роденденско изненадување од најблиските. Елена сподели фотографии од моментот и роденденската торта. „Велат жена сјае кога е сакана. Моите најблиски ме изненадија за мојот роденден со прослава која вечно ќе ја паметам, а роденденов секогаш ќе ме потсетува колку многу сум сакана. Му благодарам на Господ за тоа и секако на моите најблиски“ ...

Ќерката на Тамара Тодевска наполни 8 години. Македонската пејачка ѝ организираше роденденска прослава на слатката Хана, која дувна свеќички на роденденската торта. На забавата, Тамара позираше со саканиот Лука Радовиќ, славеничката Хана и синот Дарен. Хана е ќерка на Тамара од бракот со Александар Димитровски - Мачка, кои се разделија пред две години. Претходно, Тодевска сподели на Instagram фотографии од Хана за да ѝ го честита роденденот. ...

Каролина Гочева имаше супер повод за славење. Македонската пејачка го прослави својот 44-ти роденден и дувна свеќичка на сладок роденденски колач. „Фала другари мои што сте дел од мојот живот, фала и на сите кои ми пишавте и посакавте убави желби. Со секоја година сè повеќе си ги сакам родендените! Cheers до следната“ – напиша Каролина на видеото на Instagram. View this post on Instagram A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) ...

Џенифер Лопез изненади со новиот стајлинг, но овој пат не наиде на позитивни коментари, туку на лавина критики. 54-годишната ѕвезда се прошета низ улиците на Њујорк во ултра „извалкани“ фармерки, широк џемпер, чизми на платформа и елегантна чанта од Hermes. „Овие се најгрдите фармерки што ги имам видено“, „Не би ги ставила тие фармерки дури ни кога би ми горела куќата“, „Дали паднала во канал пред фотографиите?“ и „Парите можат да купат многу ...

Никол Кидман и Кит Урбан беа поканети на 49-тата по ред гала по повод доделувањето на Наградите АФИ за животно дело. Славниот пар за првпат се појави на црвениот тепих со двете ќерки-тинејџерки Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. 56-годишната актерка блесна во златна креација инспирирана од есенската колекција на Balenciaga, Сандеј носеше цветна креација, додека Фејт шармираше во фустан во корална боја. Заедно со нив на црвениот тепих позираше и ...

Креациите на Златко Јовановски стигнуваат до сè повеќе светски ѕвезди. Пејачката и актерка Талија повторно носеше фустан од македонскиот дизајнер и изгледаше фантастично. На доделувањето на Латино-американските музички награди, 52-годишната ѕвезда се појави на сцената во фустан со бисери и пердуви. Талија кај нас е најпозната по улогата на Росалинда во истоимената серија. „Иако јас имав нови скицирани дизајни за овој нејзин настан, сепак таа се ...

Мерјем Узерли заблеска на настан во Дубаи организиран во рамките на „Women's Empowerment Convention“. Турската ѕвезда, позната како Хурем Султан од „Величествениот“, зачекори на гала вечерата во гламурозна тоалета која ги одушеви присутните. Фустанот во кој Мерјем мамеше погледи доаѓа од ателјето Zuhra од Дубаи. View this post on Instagram A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) View this post on Instagram A post shared by ...

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го поминуваат слободното време на плажа со своите деца. 39-годишниот фудбалер, кој во моментов игра за клуб од Саудиска Арабија, сподели фотографии на кои ужива со семејството. „Среќа“ – напиша тој во описот на фотографиите. И Џорџина објави албум во кој напиша дека се чувствува благословено. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Џорџина е во врска со Кристијано од ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
29%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
1.03
35%
1016
weather icon

Софија

32ᴼ / 28ᴼ
3.09
31%
1017
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.73
27%
1015
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
9.26
46%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
18%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
21%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
35%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
3.13
31%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
13.38
32%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048