Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Македонскиот интернационалец, Георг Стојановски својата кариера ќе ја продолжи во катарски Лусаил. Според информациите, Стојановски веќе е во Катар каде очекува потпис на двегодишен договор. Македонскиот напаѓач претходно играше и во редовите на Хата во ОАЕ, а минативе две сезони беше дел од бугарскиот прволигаш Спартак Варна, каде тренер беше поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски кој исто така замина од клубот. Стојановски во ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев повторно се враќа во Швајцарија продолжувајќи ја кариерата во редовите на Ксамакс. Ѓорѓев минатава сезона настапуваше за португалски Фаренсе од каде сега повторно се враќа во Швајцарија. Претходно во кариерата Ѓорѓев, кој фудбалски потекнува од Цирих, има настапи и за Грасхопрс, Твенте, Арау и Шафхаузен. Беше член на младата македонска репрезентација која учествуваше на ЕП 2017 во Полска, ...
Македонската кадетска репрезентација до 18 години загуби од Шведска со 29-33 во последното коло од групната фаза на Европското првенство до 18 години. Младите наши ракометари имаат три едноподруго порази во исто толку меча, по поразите од Словенија и од Франција. На полувремето Швеѓаните имаа предност од само два гола , 16-18, а потоа во ист стил и во вториот дел за конечна победа. Дамчевски и Костов со по осум гола беа најефикасни во ...
Кошаркарот на Хјустон, Тари Исон, поднесе тужба против својата партнерка, меѓу другото, поради заканите со смрт на кои бил изложен. Исон отишол во полиција дури по неколку инциденти на семејно насилство. Според порталот ТМЗ, Исон, кој го носи дресот на Хјустон од 2022 година, поднел забрана за приближување против поранешната девојка Мерилин Марика Мело Родригез, поради семејно насилство. Според судските документи, до кои имал пристап ...
Актуелниот шампион на Италија, Интер, се договори за ново големо засилување за одбраната, во името на аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, кој пристигнува од Тотенхем. Според информациите од аргентинскиот ЕСПН, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра. Работата е забрзана по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусили, и шефот на лондонскиот клуб. Така Ромеро ќе се врати во Серија А, каде ...
Крилниот напаѓач на Ајакс, Мика Годтс, е желба на ПСЖ. Како што пренесуваат холандските медиуми веќе се стартувани преговорите меѓу двата клуба. Холандскиот клуб бара 60 милиони евра за Белгиецот. Годтс имаше многу добра минатата сезона, во која постигна 17 гола на 42 настапи и собра 17 асистенции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено ...
Пред неколку дена се појави информација дека Возиња се согласил да потпише договор со чилеанскиот Коло Коло, но голманот кој беше главна ѕвезда на Светското првенство 2026 во претходните денови предизвика вистински хаос со своите неочекувани одлуки. Без сомнение, Возиња беше главна ѕвезда на неодамна завршеното Светско првенство, бидејќи овој 40-годишник импресионираше со своите настапи во дресот на репрезентацијата на Зеленортските Острови. ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовте на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, неизбежно и темата за новите предизвици на Македонија на меѓународната сцена. Македонија во јануари ја очекува нов настап на Светско првенство, овој пат во група со ...
Ајакс официјално го промовираше своето најново засилување, Јулијан Брант. Офанзивниот играч од средниот ред беше достапен како слободен играч, потпишувајќи тригодишен договор со тимот од Амстердам, кој стапува на сила веднаш и важи до 30 јуни 2029 година. 20-годишниот Брант ги помина последните седум сезони со Борусија Дортмунд. Пред тоа, 48-кратниот германски репрезентативец играше за Баер Леверкузен шест сезони, меѓу другите клубови. ...
Виктор Монтаљани размислува за кандидатура за претседател на ФИФА, што би го направило сериозен противник на Џани Инфантино на претстојните избори, објавија англиските медиуми. Претседателот на Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) има амбиција да ја води ФИФА и размислува за официјална кандидатура што мора да ја поднесе до 18 ноември. Според изворите, приоритет на 60-годишниот Монтаљани ...
Интер сака да донесе сериозно засилување за средниот ред, па според информациите пласирани од италијанските медиуми фокусот е ставен на Куртис Џонс. 25-годишниот играч од средниот ред на Ливерпул е интересен за „нераѕурите“ кои, наводно, се подготвени да испратат понуда вредна 35 милиони евра до премиерлигашот. Џонс одигра дури 48 натпревари за Ливерпул минатата сезона. Постигна три гола и собра исто толку асистенции. Во својата професионална ...
Довчерашниот хрватски селектор Златко Далиќ во моментов разгледува дури три сериозни понуди што пристигнаа по завршувањето на неговиот мандат на клупата на „коцкестите“. Најконкретна е сè уште понудата на Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати, која на Далиќ би му донела годишна плата од околу пет милиони евра. Сепак, ОАЕ не се единствените заинтересирани за еден од најуспешните хрватски стручњаци во историјата. Според истите ...
Вардар доживеа експресна елиминација од европските купови ова лето, не успевајќи да мине ниту едно квалификациско коло. Утешителната награда, настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, Вардар не успеа да ја преточи во своја корист па „црвено-црните“ со вкупни 8-4 загубија од летонска Рига. А, дуелот во Летонија го одбележа и еден интересен момент. Еден од головите на домашните беше постигнат и по „асистенција“ на едно од ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се откажа од планот за продажба на дел од Светското првенство на приватни лица по жестокиот отпор од УЕФА и критиките дека „душата“ на фудбалот е ставена на продажба. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, синоќа објави дека светското фудбалско тело се откажало од планот за продажба на удел во Светското првенство на приватни инвеститори, откако предлогот предизвика силен бран критики. ФИФА планираше да ...
Фудбалскиот свет е изненаден од веста која пристигна од Турција доцна синоќа. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, египетската ѕвезда Мохамед Салах постигнал двегодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи утре на 2 август. Според извештаите, Салах треба да заработува околу 15 милиони евра годишно во Трабзонспор, со дополнителни бонуси. Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа би бил еден од ...
Според информации објавени од високо доверливи извори блиски до клубот, Арсенал постигнал принципиелен договор за лични услови со Винисиус Жуниор. Веста ја објави „АрсеникТМ“, извор кој со години ги следи настаните во Арсенал и е меѓу најпочитуваните кога станува збор за информации поврзани со лондонскиот клуб. Сепак, евентуалниот трансфер на бразилскиот интернационалец би бил сè друго освен едноставен. Според извештаите, репрезентативниот ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажа од предлогот за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на приватни инвеститори, по силното противење во рамките на светската фудбалска организација и заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да основа компанија вредна 20 милијарди долари за управување со комерцијалните работи на ФИФА, вклучувајќи ги Светските првенства за мажи и жени, ...
Македонскиот тренер Зекирија Рамадани сосема неочекувано доби отказ од косовска Дрита. Рамадани кој го доби признанието најдобар тренер во Косово за минатата сезона, сега неочекувано уште на стартот од новата сезона доби отказ. Рамадани, и самиот изненаден, потврди дека се разделил со Дрита. „Да, се разделив од клубот. А, околу причините за тоа прашајте го клубот, ако мене ме прашувате немаа причина да ме отпуштат“, изјави македонскиот тренер ...
Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди можност во разигрувањето за повисок пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“, по денешниот убедлив пораз од Финска, од 98-77. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое Финците го добија со повеќе од убедливи 55-27. Во вториот дел македонските кошаркари се вратија добивајќи ја третата четвртина со 32-24, но тоа беше се, а недоволно за било каков пресврт. ...
Раководството на Реал Мадрид му постави ултиматум на Винисиус Жуниор по неколкумесечни преговори за нов договор. Бразилскиот напаѓач и неговите агенти се известени дека понудата на клубот е конечна и мора веднаш да се прифати, во спротивно, играчот ќе биде ставен на трансфер-листата ова лето. Клубот нема намера дополнително да ги подобрува условите. Според шпанскиот весник „Марка“, Реал Мадрид одлучи да стави крај на неизвесноста со овој ...
КК Работнички, комплетирајќи го ростерот за следнава сезона во Првата македонска кошаркарска лига, официјално информира дека и Лука Петровски го продолжи договорот со клубот. „Со својата пожртвуваност, борбеност, снаодливост и тимски дух, Лука претставува значаен дел од нашиот состав. Секогаш подготвен да го даде својот максимум на теренот, тој и во наредната сезона ќе биде дел од црвено-белото семејство. Лука ја продолжува познатата и мошне ...
НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РК АЛКАЛОИД, ПРЕДВОДНИЦИТЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ – МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ. Разговори за тоа од каде љубовта кон ракометот, за амбиците со РК Алкалоид во исклучително квалитетната македонска лига, но и на европската сцена… За титулата на Алкалоид во ЕХФ Купот и пресметката со грчки АЕК… За тоа што може да очекуваме од Македонија на новото ...
Подготвувајќи се својата прва сезона во второлигашка конкуренција, фудбалерите на Работнички триумфираа против Осогово на пријателскиот натпревар кој се одигра во Скопје. На дуелот на стадионот на Алумина, „романтичарите“ славеа со 2-1. Стрелци на головите за победа на Работнички беа Мисердовски и Кудијан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е ...
Македонскиот кошаркарски стратег Никола Велев, ја продолжува својата интернационална кариера со нов професионален предизвик, овој пат во романскиот шампионат. Во новата сезона, Велев кој е и помошен тренер во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, ќе биде дел од стручниот штаб на Рапид Букурешт, каде, исто така, ќе ја извршува функцијата помошен тренер. 36-годишниот Велев зад себе има богато меѓународно искуство, а ...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Данска од 73-60 го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија кое од денеска се игра во романскиот град Тулчеа. Данките уште од самиот старт беа подобар противник на теренот и во текот на сите 40 минути го контролираа мечот со што не дозволија на нашите девојки да го направат натпреварот поинтересен, па на крајот стигнаа до сигурен триумф од 73-60. Во нашиот ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ги заостри дисциплинските мерки против дискриминацијата во пресрет на новата сезона. Според новите правила, играчите, тренерите и членовите на стручните штабови кои ќе бидат прогласени за виновни за тешки форми на дискриминаторско однесување ќе добијат минимална суспензија од десет натпревари. Со измените на дисциплинскиот правилник, ФА ги засили санкциите за прекршоци поврзани со дискриминација врз ...
Стеф Кари не успеа да го убеди Леброн Џејмс да дојде во Голден Стејт, но сепак, тој нема намера да го напушти единствениот тим за кој настапувал во професионалната кошарка. На Стеф Кари му преостанува уште една година од договорот со Голден Стејт Вориорс. Во претстојната сезона, тој ќе биде најплатениот играч во НБА, бидејќи вредноста на неговиот договор ќе надмине 62 милиони долари. Не претставува проблем тоа што Кари е веќе во доцните ...
Марио Хезоња официјално стана член на НБА франшизата на Кливленд Кавалирс. Со тоа заврши сагата околу неговото заминување од Реал Мадрид, плаќањето на откупната клаузула и враќањето на еден од најдобрите играчи во Евролигата во најсилната кошаркарска лига на планетата. Кошаркарот од Дубровник потпиша едногодишен договор со Кливленд Кавалирс вреден 2,8 милиони долари и се очекува да има значајна улога во тимот, бидејќи клубот не успеа да го ...
Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик може повторно да игра фудбал откако беше решен неговиот случај поврзан со допинг. Челси и Англиската фудбалска асоцијација во петокот преку соопштение за јавноста објавија дека случајот на Мудрик е решен. „Направени се измени во Техничкиот документ на ВАДА и иако тие не се применуваат ретроактивно, значат дека доколку примерокот на г-дин Мудрик беше земен денес, утврдената концентрација на мелдониум немаше ...
Интер повторно тргна во офанзива за ангажман на играчот од средниот ред на Ливерпул, Куртис Џонс, но англискиот шампион засега не попушта во преговорите. Според „Атлетик“, „нероаѕурите“ преку посредници повторно стапиле во контакт со раководството на Ливерпул и испратиле порака дека се подготвени да понудат 35 милиони евра за англискиот репрезентативец. Ова доаѓа откако претходната понуда на Интер, вредна 32 милиони евра, беше одбиена. Сепак, ...