Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Е. Пелистер и официјално го потврди доаѓањето на Лино Червар за тренер за наредната сезона, а хрватскиот стратег ќе има целосна слобода при изборот на засилувања за играчкиот кадар. Првиот нов трансфер беше официјално потврден попладнево, откако битолчани се пофалија со ангажманот на 23-годишниот Едвин Џелиловиќ, ракометар од БиХ кој доаѓа како замена за Радивојевиќ. „Талентот и квалитетот е неспорен, затоа патиштата ни се спојуваат. ...
Маџари ја живее својата бајка откако за нецели две години овој тим од вториот ранг на натпреварување, најпрвин влезе во елитното друштво, а потоа и имаше неверојатна деби-сезона во Супер-лигата, стигнувајќи до големото финале на плејофот. Најзаслужен за овој историски успех на КК Маџари е Миодраг Тодоровиќ, младиот стратег кој веднаш остави свој печат на домашната кошаркарска сцена. „Горд сум на сето она што го постигнавме, сметам дека е ...
Тешка е мисијата на Шкендија во обидот да ја одбрани титулата во ПМФЛ. За да има уште надеж, тетовскиот тим ќе мора да ја победи АП Брера, и Вардар да загуби од Струга ТЛ, а потоа во последното коло да го победат Вардар на гости. Токму од тука тетовци ќе мора прво да ја завршат својата обврска, да го победат тимот на АП Брера. “Немаме друга опција освен да победиме и да чекаме позитивен резултат за нас од Струга. Се додека има и најмала шанса ...
Пеп Гвардиола сонува за нова шампионска титула со Манчестер Сити, но за тоа да се случи на „граѓаните“ ќе им треба „кикс“ на Арсенал на еден од последните два меча во кои „топчиите“ најпрвин ќе го пречекаат Барнли, а потоа во последната рунда ќе му гостуваат на градскиот рривал Кристал Палас. Бодовите со Барнли „се однапред впишани“ ако се знае дека овој тим е веќе испаднат од елитното друштво, но Пеп Гвардиола решил да ги мотивира ...
Барселона е во потрага по нов голгетер, но на каталонците веќе им стана јасно дека Атлетико Мадрид нема намера да им го продаде Хулијан Алварез, особено откако и ПСЖ се вклучи во тркатта по аргентинскиот репрезентативец. Барса има и „план Б“, испраќајќи понуда до Челси за Жоао Педро, бразилскиот ас за кого тренерот Флик верува дека може беспрекорно да се вклопи во неговите тактички замисли за Барса. Единствениот проблем е – што Челси нема ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, гостуваа претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов како и едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот ракомет Филип Миркуловски. Иконата на Металург, Филип Миркуловски, меѓу бројните теми се потсети и на годината кога се распадна еден од најголемите спортски проекти во нашата историја – РК МЕТАЛУРГ. Миркуловски вели дека секогаш му е ...
Белградска Црвена Звезда се најде под можна санкција од ФИФА. Како што тврди „Спорт Клуб“, ФИФА веќе донела забрана за Црвена Звезда за трансфер и регистрација на нови играчи до јуни 2027 година. Санкциите ќе траат една година, освен ако клубот во меѓувреме не ги подмири своите обврски од една од постапките што се водат пред Судот на ФИФА. Сепак, извори блиски до клубот тврдат дека сè е платено и дека Звезда нема забрана за доведување и ...
Вардар, со бод или победа денеска на гостувањето против Струга ТЛ, во 32. коло од Првата македонската фудбалска лига, на едно коло до крајот на шампионатот, ќе ја осигура шампионската титула за сезоната 2025/26. Сосема е јасно дека интенцијата на црвено-црните е да останат непоразени во Струга, и дефинитивно да ја запечатат круната во првнството. Но, како што порачуваат од Струга ТЛ, тие си ја гледаат единствено својата приказна желни и ...
Јанис Адетокумбо побарал заминување од Милвоки Бакс, сега со лиферувани детали во јавноста за неговото однесувањее. Центарот Мајлс Тарнер раскажа за тоа како се однесувал Јанис, како и некои од неговите соиграчи. Темата беше казнување на играчите, а НБА центарот истакна дека Док Риверс не ги користел тие мерки. „Зависи од тренерот. Иако Риверс никогаш никого не казнувал. Момците секогаш доцнеа, доаѓаа да гледаат снимки кога сакаа, пропуштаа ...
Во битката за титулата сезонава во Премиерлигата, иако се чинеше дека Арсенал ќе биде тој што ќе се „лизне“, Манчестер Сити направи грешка па „топчиите“ го искористија тоа и се вратија на врвот на табелата, и сега сè е во нивни раце. Арсенал игра против Барнли дома овој викенд, а победата ги носи еден чекор поблиску до исполнување на својот сон. Секако, се очекува лесна победа за „топчиите“, додека Манчестер Сити има многу потешка задача ...
Арсими денеска од 16 часот во 32. коло од ПМФЛ ќе гостува во Кратово со јасна цел, да обезбеди победа против Силекс и да го избегне баражот, со што би го потврдил опстанокот во Првата лига на Македонија. Оваа пресметка се смета за една од најважните за клубот оваа сезона, бидејќи директно ќе одлучува за судбината на тимот. Во пресрет на натпреварот, фудбалерот на Арсими, Ремзифаик Селмани, изрази оптимизам и верба во екипата, нагласувајќи ...
Килијан Мбапе синоќа од клупата влезе во игра во победата на Реал Мадрид над Овиедо од 2-0, а по мечот застана пред камерите, и отворено напаѓајќи го тренерот Алваро Арбелоа. „„Целосно сум подготвен. Не играв затоа што тренерот ми рече дека сум четврти напаѓач зад Франко Мастантуоно, Винисиус Жуниор и Гонзало Гарсија. Бев подготвен да бидам стартер, но тоа е одлука на тренерот и мора да се почитува. Не сум лут.““ – рече Мбапе, осврнувајќи се ...
Во последните неколку дена, најголемите светски медиуми објавија за наводните состаноци меѓу Реал Мадрид и Жозе Мурињо околу враќањето на Португалецот на клупата на „кралевите“, но се до синоќа ништо не беше сигурно. Сега веќе е јасно. Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид! Договорот, како што пренесоа Португалците, бил финализиран доцна синоќа, а информацијата стигна до медиумите рано утрово. Наводно, Мурињо ќе биде претставен ...
Лука Дончиќ повторно е во центарот на вниманието поради проблеми со повреди, а поранешниот шампион на НБА и актуелен аналитичар на ЕСПН, Кендрик Перкинс, направи паралела меѓу словенечкиот ас и Џоел Ембид. Дончиќ не одигра ниту еден натпревар во овогодинешниот плејоф поради истегнување на тетивата од втор степен, а без него, тимот од Калифорнија беше убедливо елиминиран во втората рунда од Оклахома Сити Тандер, со 4-0 во серијата. Перкинс ...
Македонија со едната нога веќе е на Светското првенство 2027 во Германија, откако нашите ракометари славеа убедливо, со седум гола предност на гостувањето во Словачка и широко си ги отворија мундијалските порти. И самиот македонски селектор Кире Лазаров, по мечот вели дека не очекувал толку висока победа, но момците го заслужија тоа со целиот свој ангажман низ тренинзите деновиве. „Честитки за ангажманот на ракометарите. Искрено, не ...
Реал Мадрид синоќа со 2-0 славеше против Овиедо во Ла Лига, во беезмалку неважен натпревар. Сепак, главната тема е Килијан Мбапе, кој влезе во игра кон средината на второто полувреме и асистираше на голот на Белингам. Навивачите на Реал го исвиркаа Мбапе кога влезе на местото на Гарсија и јасно е дека тој е најомразениот играч во тимот во моментов поради сè што му се случи во последните неколку недели. Но, се чини дека Мбапе не сака да молчи ...
Нов хаос синоќа пред дуелот меѓу Реал Мадрид и Овиедо. Веднаш можеше да се види дека Сантијаго Бернабеу беше многу празен пред почетокот на вечерашниот натпревар. Сепак, навивачите што дојдоа решија да го искажат своето мислење. Некои вербално го нападнаа Флорентино Перез, кој се скара со нив. 🚨 Florentino Perez is arguing with fans. pic.twitter.com/SxTsQJ1onz — Madrid Zone (@theMadridZone) May 14, 2026 После тоа, се појави транспарент на ...
Лесна победа на Реал Мадрид во 36. коло од шпанската Ла Лига. На својот терен на „Бернабе“, Реал го победи испаднатиот тим на Овиедо со 2-0. Гонзало Гарсија во првиот дел успеа да стрела и да го отвори резултатот. Во вториот дел Белингем се запиша во листата на стрелците и го постави конечниот резултат. Оваа победа не менува ништо на табелата. Овиедо и до пред ова коло беше испаднат, додека Реал Мадрид сигурно завршува како второпласиран. ...
Три месеци може да трае епизодата на Алберт Риера на клупата на Ајнтрахт Франкфурт. Шпанецот кој од Целје дојде во Бундеслигата, бележи слаби резултати, и веќе му се заканува отказ од клупата. Ајнтрахт е во серија од четири меча без победа, и опасно „виси“ настапот во Европа идната сезона, а наводно челниците на Ајнтрахт сигурно ќе му врачат отказ доколку не обезбеди палсман на меѓународна сцена идната сезона. Во последното коло тимот од ...
Атлетико Мадрид ќе се обиде да потпише барем еден напаѓач ова лето, и во зависност од тоа со колку играчи ќе се разделат, би можеле да се обидат дополнително да ги зајакнат своите напаѓачки опции. Со оглед на тоа што се очекува аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез да замине, а Александре Сорлоте веројатно ќе замине, Атлетико го обнови својот интерес за напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде. Атлетико го сакаше овој фудбалер уште пред да ...
Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, објави список од 26 имиња на кои смета за претстојното Светско првенство. Франција се смета за еден од најголемите фаворити за освојување на натпреварувањето и повторно доаѓа со проверени, без неколку извонредни имиња како што се Уго Екитике, Естебан Лепол, Кефрен Тирам, Матео Гендузи, Пјер Калулу, Лени Жор, Корентано Толисо, Едуардо Камавинга… Отсуството на играчот од средниот ...
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, е вклучен во проширениот состав на германската репрезентација за Светското првенство во 2026 година. Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа „X“. Според информациите, главниот тренер на германската репрезентација Јулијан Нагелсман го вклучил 40-годишниот голман на минхенскиот гигант во својот список. Проширениот состав вклучува вкупно 55 играчи. Нојер е еден од петте голмани во ...
Бркаше победа, но на крајот Џирона стигна само до бод во дуелот со Реал Сосеидад, но и со тој бод излезе од опасната зона. Играше 1-1 тимот кој лани играше во Лигата на шампионите, а сега грчевито се бори за својот опстанок. Уште во 4. минута Џирона ја погоди стативата преку Циганков, а Баренече имаше шанса за Сосиедад. Џирона во 20. минута имаше уште една голема шанса кога Мартинез шутираше покрај стативата, а потоа дојде и казната. Мартин ...
Вечерва се одиграа баражите за пласман на Светско првенство, и во поголемиот дел од нив патниците ќе се решаваат на вторите натпревари. Така беше и на дуелот помеѓу Србија и Унгарија, во која Србите на реванш патуваат со +2, иако во еден миг водеа и со +7, но „прокоцкаа“ поубедлив триумф. Избраниците на Раул Гонзалез имаа 18-12 на полувреме, но во вториот дел Унгарците успеаја да дојдат до пристоен пораз, и сега на домашен терен да бркаат ...
Две одбрани запиша Столе Димитриевски на голот на Валенсија против неговиот некогашен тим Рајо Ваљекано, во ремито 1-1 на „Местаља“. Со тоа „лилјаците“ се се поблиску до опстанокот, иако не е сигурен и во последните две кола не смее да се опушти. Рајо доби пенал во шестата минута од мечот, Димитриевски беше пред голем предизвик, а Нтека ја погоди само стативата. Меѓутоа во 20. минута Лежен успеа да го совлада македонскиот голман откако ...
Македонија со едната нога веќе е на СП 2027 во Германија, откако нашите ракометари славеа убедливо, со седум гола предност на гостувањето во Словачка и широко си ги отворија мундијалските порти. Како и многу пати во последните години, Филип Кузмановски беше ракометарот по чии ноти играше Македонија, предводејќи го националниот тим со десет погодоци. Погодуваше на самиот почеток, стрелаше кога требаше да се запре мини-серија на противникот, ...
Македонија е на работ на пласман на уште едно ракометно светско првенство откако нашата национална селекција вечерва славеше на гостувањето против Словачка со резултат 24-31. Избраниците на Лазаров одиграа квалитетни 60 минути во кои покажаа карактер, не го потценија противникот и со прикажаната игра апсолутно ја заслужија оваа убедлива победа пред неделниот реванш во Скопје. Лазаров се реши да стартува со Томовски на голот, Петар ...
Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) официјално го објави новиот договор на селекторот на репрезентацијата, Карло Анчелоти. Договорот меѓу двете страни важи до крајот на Светското првенство во 2030 година. Ова значи дека италијанскиот стручњак може да ја предводи „Селесао“ на уште едно Светско првенство по она што започнува следниот месец. Анчелоти ја презеде бразилската репрезентација минатиот мај, но брзо ја импресионираше фудбалската ...
Македонија игра квалитетно прво полувреме на гостувањето во Прешов против Словачка, нашите ракометари имаат водство од 13-17, контрола над играта и резултатот и сигурно чекорат кон пласман на уште едно светско првенство. Она што беше гласно предупредувано е исполнето – македонската репрезентација игра со максимален фокус и без апсолутно никакво потценување на противникот, пристап што носи добар резултат и предност по овие 30 минути. Лазаров ...
Крајот на сезоната отвора многу прашања за тимот на ЛА Лејкерс, а иднината на Леброн Џејмс е голема тема. Како што објави ESPN, одлуката на 41-годишната НБА ѕвезда ќе зависи од ставот на раководството на франшизата доколку клубот сака да го задржи. Тие објаснуваат дека парите нема да играат клучна улога, но дека пристапот на клубот и начинот на кој ќе покажат почит и желба за континуирана соработка ќе бидат одлучувачки. Почитта е клучна за ...