Холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона мината на „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми. Според „Дејли Мејл“, сериозен интерес за 28-годишниот играч за врска покажува Нотингем Форест, кој е подготвен да го ангажира уште во текот на летниот преоден рок. Рeјндерс минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Милан за околу 55 милиони евра како замена за Кевин Де Брујне. Сепак, ...

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси донираше 80.000 евра за обнова на областа Сиера Оесте во регионот на Мадрид, која беше тешко погодена од големите шумски пожари. Донацијата ја потврди претседателката на автономната заедница Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо, која јавно му се заблагодари на Меси и порача дека жителите на Мадрид со нетрпение очекуваат повторно да го пречекаат. Катастрофалните пожари избувнаа кон крајот на јули и зафатија ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија оствари голем успех на Европското првенство во Србија, откако обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 селекции на континентот. Нашите млади ракометари го освоија второто место во својата група од разигрувањето, а како најдобропласирана второпласирана репрезентација изборија продолжување на натпреварувањето, каде ќе се борат за пласман од 9. до 16. место. Со овој резултат, Македонија го ...

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор оваа недела ќе одржат клучен состанок околу продолжувањето на договорот на бразилскиот репрезентативец, чиј актуелен договор со „кралскиот клуб“ истекува во летото 2027 година. Според информациите на ESPN, средбата меѓу претставниците на двете страни е закажана за оваа недела, а според извори блиски до клубот, разговорите би можеле да бидат пресудни за иднината на 26-годишниот офанзивец. Реал Мадрид наводно му ...

Екс-фудбалерот на Јувентус и српски репрезентативец Филип Костиќ ќе ја продолжи кариерата во редовите на ПСВ Ајндховен. Искусниот левокрилен фудбалер одлучил да се врати во Холандија, иако во трката за неговиот потпис сериозен интерес покажуваше и грчкиот АЕК. На Костиќ му истече договорот со Јувентус по завршувањето на минатата сезона, по што стана слободен играч и веднаш привлече внимание од неколку клубови. Најконкретни беа ПСВ и АЕК, а ...

Фудбалските великани и илјадници навивачи се збогуваа со легендарниот капитен Франко Барези во базиликата Сант Амброџо во Милано во вторник. Многу луѓе се собраа на плоштадот пред базиликата за да го испратат еден од најголемите играчи во историјата на Милан. Навивачите на „росонерите“, вклучувајќи ги и членовите на групата „Курва Суд“, го исполнија просторот пред црквата долго пред почетокот на церемонијата. Со аплауз и скандирања ги ...

Трабзонспор ќе биде новиот клуб на Мохамед Салах откако египетскиот голгетер конечно ги договори сите детали од двогодишниот договор со турскиот суперлигаш за кој до пред неколку сезони настапуваше и нашиот Енис Барди. Трабзон го искористи застојот во преговорите меѓу Салах и Бешикташ и за нецела седмица ги договори сите детали, нудејќи му на екс-голгетерот на Ливерпул поголема плата од понудата на „црно-белите“ од Истанбул. Со потписот, ...

Енцо Мареска не крие дека посакува дополнителни засилувања за играчкиот кадар на Манчестер Сити, а на врвот на листата на италијанскиот стратег се наоѓа неговиот поранашен играч од Челси, Педро Нето. Португалецот веќе нема сигурен првотимски статус откако „сините“ го доведоа Роџерс од Астон Вила, а Мареска планира да ја искористи ситуацијата за да го доведе овој одличен крилен офанзивец на „Етихад“. Англиските медиуми информираат дека ...

Армони Брукс експресно ја заврши потрагата по нов клуб откако Американецот потпиша договор со Асвел, но поради финансиските проблеми на францускиот клуб мораше да бара нова средина. Тој беше понуден на Партизан и веднаш одбиен, понуда испрати и Црвена Звезда, а за главен фаворит во трката по екс-кошаркарот на Милано важеше Реал Мадрид. Сепак, Брукс не заврши во ниту еден од овие три тима, наместо тоа потпишувајќи за Валенсија. Клучна беше ...

Брегалница сериозно се активираше на пазарот во последните денови, па така штипјани денеска се пофалија со две нови имиња во својот ростер. Бразилецот Матеус Лемос утрово беше претставен како нов играч на штипскиот прволигаш, а повратникот во елитното друштво сега се пофали со ново име – Методи Максимов ќе ги брани боите на Брегалница во ова анатпреварувачка сезона. „Штипските плави добија сериозно засилување во името на Методи Максимов. ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Во крајно интересен разговор, но полн и многу емоции, и двајцата го потенцираат Алкалоид како најдобрата одлука во своите досегашни кариери. „Јас од Бутeл се преселив во Алкалоид, клуб во кој може да кажам дека до сега никаде не сум почувствувал вакви услови ...

Ждрепката сакаше големите ривали за титулата Вардар и Шкендија првиот овосезонски натпревар да го играат веќе во второто коло, дуел што е закажан за в недела во 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. „Вардарци“ не кријат дека очекуваат значајна поддршка од трибините, а актуелниот првак ги пушти во продажба и билетите за овој натпревар, по популарна цена од 200 денари. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на ...

Не е никаква тајна дека Микел Артета сака да го доведе Бруно Гимараеш како топ-засилување за средниот ред на Арсенал во овој преоден рок, но „топчиите“ се мачат да најдат заеднички јазик со Њукасл за да добијат зелено светло за овој трансфер. Проблем е што Њукасл веќе заработи над 160 милиони фунти од продажбите на Гордон и на Тонали, па „црно-белите“ немаат финансиски проблеми и сега ќе настојуваат да заработат што повеќе на капитенот ...

Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт. На Собранието на ...

Македонија уште еднаш ќе биде во центарот на европската младинска кошарка. Од 6 до 15 август, Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, уште едно големо натпреварување под покровителство на ФИБА, кое ќе ги обедини најдобрите европски кадетски селекции. Довербата што ФИБА повторно ѝ ја укажува на Кошаркарската федерација на Македонија е потврда за ...

Лука Дончиќ ги израдува навивачите на ЛА Лејкерс објавувајќи дека целосно ги остави зад себе проблемите што го мачеа подолг период со најразлични повреди. Словенецот ја заврши ланската сезона како најдобар стрелец во НБА-лигата, но заработи незгодна повреда поради која не можеше да им помогне на „езерџиите“ во плејофот. Во ситуација кога Леброн Џејмс си замина од Ел-Еј сега Дончиќ е апсолутниот лидер на лејкерси, а Словенецот е максимално ...

Кадетската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во низа на ЕП 2026 за ракометари до 18 години, откако „црвено-жолтите“ по голема битка ја совладаа Турција. Охрабрени по вчерашниот триумф над Италија, избраниците на Кузманоски имаа потешка работа денеска со Турците, но сепак најдоа начин да стигнат до победа изразена со конечните 29-27. Првото полувреме мина во знакот на противничката селекција, која отвори со рано водство ...

Барселона го потврди заминувањето на германскиот голман Марк-Андре тер Штеген на едногодишна позајмица во Ајакс. Клубот работеше на неговиот трансфер бидејќи тој стана вишок поради високата плата и загубата на статусот на прв голман. Во официјално соопштение, клубот објави дека е постигнат договор со Ајакс за позајмица што трае до 30 јуни 2027 година. Ова претставува втор период на соработка меѓу германскиот голман и тренерот Мичел, под чие ...

Матеус Да Силва Лемос е нов член на ФК Брегалница. Станува збор за одличен техничар кој “оперира” на левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро. Лемос има искуство во македонската прва лига, тој со успех настапуваше во Македонија ЃП и Вардар. Летово се поврзуваше и со арачиновска Шкендија, но сепак тој се одлучи да ги прифати условите во Штип. Матеус Лемос има 29 години, во својата кариера има настапувано во бразилските ...

Кадетската репрезентација на Македонија одигра уште еден силен подготвителен натпревар пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, кое од 6 до 15 август ќе се одржи во Скопје и Гевгелија. Во последната контролна средба пред шампионатот, избраниците на селекторот Дејан Стојановски беа поразени од селекцијата на Велика Британија со 82:72, во натпревар во кој покажаа карактер, борбеност и реакција во ...

Двократниот евроспки шампион РК Вардар ги информира навивачите дека има промени во распоредот за два натпревари од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите. Домашниот натпревар од 2. коло против Нант, кој ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20.45 часот, ќе започне во 18.45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, кој претходно беше закажан за 15 октомври, според новиот распоред ќе ...

Искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) е најновото летно засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со скопскиот клуб. Станува збор за искусен центар, кој зад себе има богата кариера и настапи во голем број екипи, како во Србија, така и во регионот и пошироко. Кариерата ја почна во Раднички од родниот Крагуевац, по што четири сезони (2017-2021) беше дел од белградски Партизан. Потоа ...

Бразилскиот ас Нејмар ја заврши својата репрезентативна кариера на Светското првенство. Сепак, се уште не одлучил целосно да се повлече од фудбалот. Тој во февруари наполни 34 години. По елиминацијата на Бразил од Норвешка на Светското првенство, тој го објави крајот на својата репрезентативна кариера. Но, се уште игра фудбал на клупско ниво и нема намера да се пензионира. Барем не до декември, до кога има договор со Сантос. „Не размислувам ...

Кошаркарскиот клуб Монако би можел да го загуби и своето место во Еврокупот, откако му беше забрането да се натпреварува во професионалните лиги од француската кошарка поради финансиски проблеми. Според германскиот новинар Руперт Фабиг, местото на Монако во Еврокупот би можел да го заземе Хамбург Тауерс. Хамбург настапуваше во Еврокупот во изминатите пет години, додека Монако беше сместен во групата Д со Бахчешехир, Манреса, Улм, Рома, ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Во разговор полн и многу емоции, Марко Митев неизбежно се потсети и на својот голем другар, негов брат како што вели, Марко Божиновски кој неочекувано почина пред точно пред пет години, како последица на миокардитис. Божиновски, заедно со Митев, играа за Бутел, ...

На самиот врв на светскиот фудбал се подготвува конфликт од институционални размери каков што досега не е виден, а кој би можел засекогаш да го промени изгледот на репрезентативните натпреварувања. Како што пренесува британскиот весник „Тајмс“, водечките фудбалски конфедерации предводени од УЕФА, северноамериканската КОНКАКАФ и азиската АФЦ размислуваат за покренување сопствено меѓународно натпреварување што би било директен конкурент на ...

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо би можел повторно да го облече дресот на Црвена звезда, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа сензационална вест ја сподели познатиот новинар и уредник на шпанскиот медиум „Копе“, Нако Браво, кој преку социјалните мрежи откри дека добил сериозни сигнали од Србија за ваквиот трансфер-пресврт. „Црвено-белите“ се во активна потрага по квалитетен плејмејкер откако заминувањето на Коди Милер-Мекинтајер во ...

Само неколку дена по разделбата со бугарскиот прволигаш Спартак Варна, искусниот македонски стратег синоќа пристигна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде веднаш ја започнува својата нова тренерска мисија. Станува збор за нисколигашки амбициозен клуб кој верува дека токму со огромното знаење и авторитет на Хаџиевски ќе ги оствари посакуваните резултати на долг рок. За поранешниот македонски селектор ова е добро позната средина бидејќи во ...

Алмиранте Браун, член на втората лига на Аргентина, излезе на натпреварот против Расинг Кордоба во дресови на кои пишуваше „Малвините се дел од Аргентина“. Тоа е продолжение на приказната од Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кога по победата над Англија во полуфиналето, аргентинската репрезентација носеше транспарент со ист наслов. Затоа ФИФА ја истражува оваа политичка порака. Аргентина и Англија војуваа во 1982 година за ...

Гонзало Гарсија и официјално е нов фудбалер на Фулам. Дваесет и двегодишниот Шпанец пристигна во лондонскиот тим од Реал Мадрид на барање на тренерот Арбелоа, кој исто така премина од „кралскиот клуб“ во Фулам во претходниот преоден рок. Вкупната вредност на трансферот изнесува 40 милиони евра плус дополнителни два милиони евра, а Реал ќе задржи 30 проценти од наредната продажба. Гарсија е дел од Реал уште од својата десетта година, но немаше ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Калај

46.54

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Платина

49319.25