Феран Торес е главна тема на фудбалската јавност веќе неколку недели, откако неговиот гол во продолжението и ја донесе на Шпанија титулата светски шампион во финалето против Аргентина… Но, и не само поради тоа. По Мундијалот 2026 се погласни се шпекулациите дека би можел да ја напушти Барселона. Иако Ханси Флик му даде доста време за играње на Феран минатата сезона и рече дека смета на него и оваа сезона, по Светското првенство, работите се ...

Наџиб Маршал потпиша нов договор со Далас Маверикс вреден 52 милиони долари. Крилниот напаѓач на Далас Маверикс, Наџи Маршал, потпиша нов тригодишен договор со тимот од Тексас, по што ќе си добие и плата од 52 милиони долари. Поранешниот студент на Ксавиер пристигна во Далас од Њу Орлеанс во 2024 година и оттогаш е важна алка на овој тим. Со овој договор, Маверикс го „заклучија“ Маршал до јуни 2030 година и неговата плата е целосно ...

Холандскиот репрезентативец Коди Гакпо се поизвесно заминува од Ливерпул, но според последните информации најверојатно останува во Премиерлигата. Како што пренесува Фабрицио Романо, Тотенхем веќе сериозно „гризе“ за Гакпо, а преговорите наскоро би требало да влезат во клучна фаза. Холандскиот напаѓач е една од опциите на лондонскиот клуб покрај Савињо, кој останува меѓу главните цели на Тотенхем. Реализацијата на трансферот, во секој случај, ...

Младиот француски фудбалер Ноа Нсоки наскоро ќе го засили Динамо Загреб. 18-годишниот левокрилен офанзивец треба да пристигне во Загреб во среда или четврток, за да ги помине лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор. Динамо нема да му плати на ПСЖ, но од следниот трансфер ќе ја делат заработката 50-50 заедно со „светците“. Минатата сезона, тој тренираше неколку пати со првиот тим на Париз, но конкуренцијата е пресилна. Сепак, тој ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, и двајцата се осврнаа на разликата меѓу македонската лига, која оваа година и тоа како ќе биде драматична со четири израмнети екипи, но и оние најдобрите европски каде се ...

Андони Ираола го претрпе првиот пораз како стратег на Ливерпул откако „црвените“ синоќа загубија на пријателскиот меч со Лидс јунајтед одигран во Чикаго со резултат 2-4. Ливерпул одигра одлично прво полувреме во кое имаше предност од 2-0 со погодоците што ги постигнаа Чемберс и Флоријан Вирц. Ираола ја дозира минутажата на фудбалерите, па така на паузата ги повлече голем дел од првотимците (Исак, Вирц, Нгумоа), што беше искористено од страна ...

Македонсиот репрезентативец Љупче Дориев одигра одличен натпревар за Согдиана во узбекистанскиот шампиона, сам носејќи ја победа од 3-1 за својот тим на гостувањето против Машал. Дориев ги постигна сите три гола во победата на својот тим, па сосема очекувано е прогласен и за играч на 15. коло во узбекистанскиот шампионат. Првиот гол Дориев го постигна уште во 5. минута, на стартот од второто полувреме стрелаше од пенал за 0-1, а потоа во 60. ...

Шкендија ги дозна потенцијалните противници за плеј-оф квалификациското коло за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА, пред денешната ждрепка која е закажана за 14 часот во Нион. Доколку најпрво го мине шкотски Хибернијан во третото квалификациско коло, Шкендија потоа ја очекува само една рунда натпревари за нов пласман во групната фаза од ова европско клупско натпреварување. А, УЕФА ги скрати екипите кои би биле можни противници ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино долго време е во центарот на вниманието, и поради Светското првенство 2026 и поради неуспешниот план за приватизација на натпреварувањата организирани од светската куќа на фудбалот. Британскиот „Тајмс“ посвети дополнително внимание на второто и дојде до заклучок дека тој бил толку решен да ја основа компанијата „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ за управување со најважните натпреварувања под покровителство на ФИФА ...

Ленс минатата сезона долго беше во трка за титулата со ПСЖ, во меѓувреме стигна и до трофејот во Купот на Франција, но управата на овој клуб заслужува најголеми пофалби околу начинот на функционирање, наоѓање на ефтини фудбалери на пазарот, „билдање“ на нивната цена и потоа скапи излезни трансфери. Најсвеж случај е оној на Сангаре, репрезентативецот на Мали минатото лето беше доведен од Рапид Виена за помалку од 10 милиони евра, а вчера го ...

Челси е најактивен клуб во Англија и ова лето откако „сините“ вечерва официјализираа уште еден трансфер, потпишувајќи договор со левиот бек Валентин Барко. Овој трансфер од редовите на Стразбур беше договорен уште пред околу еден месец, но Барко неочекувнао мораше да почека за да се комплетира преселбата вредна 25 милиони фунти. Интересно, овој дефанзивец се најде во центарот на вниманието на јавноста по мечот меѓу Аргентина и Англија, откако ...

Јуниорската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на ЕП за кошаркарки до 18 години – Б дивизија откако вечерва загубија од врсничките од Велика Британија со убедливи 43-59. „Црвено-жолтите“ платија за слабата прва четвртина во која не само што беше катастрофален нападот (четири постигнати поени за 10 минути), туку и одбраната беше под секое ниво, па Британките постигнаа дури 21 поен. Негативата беше голема, па иако вториот ...

Југослав Тренчовски има причина за славје откако македонскиот стратег имаше победничко деби на клупата на Олимпија Љубљана, предводејќи го словенечниот гигант до триумф од 1-0 над Алуминиј. Се очекуваше и полесна победа, но Олимпија и покрај поголемиот посед на топката (63%) и доминацијата (17 удари кон противничкиот гол) се мачеше да го најде патот до противничката мрежа, успевајќи во тоа дури во судиското продолжение, поточно во 93. минута ...

Василије Костов е вистинско откровение во тимот на Црвена Звезда како во ланската, така и на стартот од новата сезона, па не е никакво изненадување што управата на српскиот тим бара отштета од 20 милиони евра за суперталентираниот играч за врска. Костов во изминатиот период беше поврзуван со бројни клубови, а последните информации говорат дека тој е блиску до пресела во Интер. „Нероаѕурите“ сакаат да го засилат средниот ред, а на Костов ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, Марко Митев откри и дека пред да му се случи онаа крајно несакана повреда, имаше две извонредни понуди од европски гиганти. Едни од најдобрите светски клубови, полски ...

Холандскиот супер-куп заврши во витрините на АЗ Алкмар откако овој тим во вечерашниот дуел славеше над ПСВ Ајндховен со 4-0. Актуелниот првак ПСВ влезе како фаворит во овој натпревар, но пресудна се покажа 9. минута во која Ферман доби директен црвен картон поради удар со отворен ѓон во лицето на еден противнички фудбалер. АЗ Алкмар знаеше да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, на одмор замина со 1-0 со погодокот на Мердинк, а потоа во ...

Марио Младеновски го предводеше Вараждин до голема победа од 2-1 на дуелот со Хајдук на отворањето на новата сезона од хрватскиот шампионат. Македонскиот дефанзивец не само што маестрално командуваше со одбранбената линија на Вараждин, туку и успеа да се запише меѓу стрелците носејќи го домашниот тим до предност од 1-0. Хајдук набрзина израмни преку Пукшташ, а Мамиќ го врати Вараждин во водство по големата грешка на гостинските дефанзивци. ...

Хибернијан со пораз ја стартуваше новата сезона во шкотската Премиер-лига, во мечот што беше „генералка“ за овој тим пред натпреварот со Шкендија во рамките од третото квалификациско коло за Лигата на Конференции. Фудбалерите на Хибернијан попладнево го пречекаа Мадервел, дуел што по голема борба го загубија со 1-2. Гостите први поведоа од пенал во 40. минута, но Хибернијан израмни преку Бојл, исто така од белата точка во 56. минута. При 1-1 ...

Јувентус конечно си ја исполни големата желба – да го врати Рандал Коло Муани во своите редови по одличната полусезона во сезоната 2024/25 во која францускиот ас постигна десет гола и три асистенции на 22 средби во црно-белиот дрес. Јуве минатото лето не успеа да се договори со ПСЖ околу овој трансфер, напаѓачот на крајот заврши на позајмица во Тотенхем, но не се снајде најдобро во лондонскиот клуб и неговото враќање во Јуве и летово стана ...

АБА-лигата денеска го објави целосниот распоред на натпревари за сите групи од АБА2 лигата за сезоната 2026/27 во која мак-баскетот ќе има три претставници во ова регионално натпреварување, и тоа ланските финалисти МЗТ Скопје и Маџари и тимот на ТФТ, кој минатата сезона стигна до финалето на АБА2 лигата. Маџари своето деби во новата сезона ќе го има на 6 октомври, и тоа на гостински терен против екипата на Војводина во Нови Сад, додека тимот ...

Младите македонски ракометари претрпеа три порази во групната фаза од ЕП, но без оглед на конечниот исход на натпреварите дадоа силен отпор на врвни селекции во арената во Белград. ЕХФ денеска ја објави топ-листата од петте најубави погодоци во групната фаза, на која третото место беше резервирано за нашите репрезентативци и цепелинот што Поповски го претвори во атрактивен погодок на дуелот со Франција. Топ-листата од петте најубави погодоци ...

ПСЖ се разбуди на фудбалскиот пазар, потписот на Аклиуш од Монако е осигуран, по што актуелниот европски првак сака дополнително да ја засили навалната линија. Изборот падна врз новиот бисер на Ајакс, Мика Готс, одличниот офанзивец кој експресно ги договори личните услови со „светците“ окоу овој трансфер. „ПСЖ покажа дека апсолутно го сака Мика во своите редови. И тој самиот сака да замине во Париз, што е логично бидејќи има одлична понуда од ...

Поранешниот кошаркарски репрезентативец Милан Гуровиќ се најде во центарот на вниманието на српската јавност, откако со херојска реакција спаси човек од сигурна смрт во близина на центарот на Белград. Имено, Гуровиќ со својот автомобил се враќал дома кога возилото пред него неочекувано свртело и се запрело неколку метри крај екс-кошаркарот. Автомобилот неколку секунди подоцна се запалил, по што Гуровиќ експресно реагирал, успевајќи да го ...

Најголемиот европски клуб Реал Мадрид јасно стави до знаење дека се спротивставува на Џани Инфантино и начинот на кој актуелниот претседател раководи со светскиот фудбал во последниот период. „Кралевите“ преку соопштение јасно го искажаа својот став за пропаднатиот проект за „продажба на светското првенство“, воедно јавно заблагодарувајќи се на УЕФА за чекорите преземени за овој план на Инфантино да пропадне. „Реал Мадрид ја поздравува ...

Јувентус попладнево се пофали со одличен трансфер откако „старата дама“ успеа да излезе како победник од трката по Керим Алајбеговиќ, извонредниот босански репрезентативец кој го привлече вниманието со добрите настапи на СП 2026. Баер Леверкузен го стави младиот офанзивец на продажба, тој најпрвин беше блиску до Аталанта, потоа се чинеше дека е пред потпис со Челси, но ситуацијата се промени откако Јувентус се вклучи во трката за неговиот ...

Долго време се шпекулираше, но од денеска веќе е и официјално, браќата Мартим и Кико Кошта на крајот од сезоната 2026/27 ќе го напуштат Спортинг Лисабон и ќе се преселат во најсилната лига во светот. Германски Фленсбург ќе биде новиот клуб на португалскиот семеен тандем, овој тим водеше најинтензивни преговори со браќата Кошта, се шпекулираше дури и доведување на нивниот татко во стручниот штаб, за денеска конечно да биде официјално потврден ...

Италија ја очекува тежок период во кој „аѕурите“ под водство на Роберто Манчини ќе се обидат да се вратат на победнички патеки по големото разочарување откако овој гигант не успеа да се пласира на СП 2026, трет мундијал во низа што „аѕурите“ го следеа пред ТВ приемниците. „Манчини е добар тактичар и сигурно ќе донесе чекор напред. Неговото заминување пред три години? Тоа секако остава дамка бидејќи за мене како човек лојалноста е поважна од ...

Њукасл се соочи со сериозен потрес по одлуката за разделба од тренерот Еди Хау, а управата на клубот работи напорно на составување на квалитетен тим што би атакувал на висок пласман. „Црно-белите“ договорија доаѓање на нов чувар на мрежата, Чехот Лукас Хорничек ќе биде прв голман на Њукасл во следната сезона откако премиерлигашот се согласи да ја плати клаузулата за да го откупи неговиот договор со Брага. Њукасл имаше две одбиени понуди од ...

Виктор Осимен изненади многумина кога по заминувањето од Наполи го избра Галатасарај за нов клуб, што беше оценето како чекор назад во кариерата. Нигерискиот голгетер ја бранеше одлуката, тврдеше дека Галата е најдобриот клуб за него, но се чини дека ситуацијата сега е променета и Осимен сериозно размислува за преселба во Премиер-лигата. Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед сите имаа неуспешни обиди да го осигураат овој потпис во минатото, а ...

Армони Брукс повторно е актуелен на кошаркарскиот пазар откако американскиот поентер потпиша договор со Асвел, но сега повторно ќе ги менува клупските бои поради финансиските проблеми на францускиот суперлигаш. Имено, откажувањето на главниот спознор придонесе Асвел да мора експресно да се раздели од најскапите кошаркари, прв нога повлече Франциско со потписот за Панатинаикос, а следен на листата е токму Брукс. Доскорешниот играч на Олимпија ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42