Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во понеделникот разговараше со медиумите по завршувањето на подготовките на тимот во Англија. Германскиот стратег го оцени престојот во тренинг-кампот „Сент Џорџс Парк“, но зборуваше и за состојбата во екипата и плановите на клубот пред новата сезона 2026/27. Една од главните теми беше потенцијалното ангажирање на нов напаѓач. Флик призна дека ситуацијата не е едноставна и дека одлуката ќе зависи од повеќе ...

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, со триумф ја започна својата епизода во дресот на Погон Шчечин. Чурлинов веднаш дебитираше како стартер во својот нов тим на гостувањето во Краков, кај Краковија, и одигра 60 минути. На крајот неговиот тим успеа да слави победа со 0-2, со голови на стартот и на крајот од второто полувреме. Чурлинов се врати во Полска, откако играше една сезона во Кочаелиспор. Тој во Полска беше дел од Јагелонија. ...

Новото засилување на Реал Мадрид, Бернардо Силва, изјави дека воопшто не размислувал кога ја добил понудата од шпанскиот гигант, нагласувајќи дека ваква можност не се пропушта. „Беше невозможно да му кажам ‘не’ на Реал Мадрид. Кога ќе ве повика најголемиот клуб во светот, таква шанса едноставно не се одбива“, изјави португалскиот репрезентативец. Силва истакна дека е свесен за огромните очекувања кои ги носи дресот на „кралевите“, но токму ...

Тотенхем сериозно е заинтересиран за ангажманот на холандскиот репрезентативец Коди Гакпо, а според англиските медиуми Ливерпул е подготвен да го продаде доколку добие соодветна понуда. „Спарс“ наводно се подготвени да платат 47 милиони фунти за офанзивецот, иако засега сè уште не испратиле официјална понуда до „црвените“. Лондонскиот клуб е меѓу најактивните на летниот трансфер пазар. Тимот веќе ги засили своите редови со Маркос Сенеси, Јан ...

Турскиот гигант Фенербахче подготвува понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се врати на „Олд Трафорд“ по едногодишната позајмица во Барселона. Интересот од Истанбул доаѓа откако каталонскиот клуб не ја искористи опцијата за целосен откуп на неговиот договор, па англискиот репрезентативец повторно е дел од составот на „црвените ѓаволи“. Според пишувањата на „САН“, Фенербахче е подготвен да вложи сериозна сума за да го ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор Иван Галевски се потсети и на минатогодишното финале во ЕХФ Купот со Алкалоид кога беше освоен трофејот против грчки АЕК. Грците не сакаа да го играат реваншот во Скопје, па Алкалоид заслужено си ја освои титулата. ...

Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу Винисиус Жуниор, додека Реал Мадрид оваа недела ќе започне преговори со бразилската ѕвезда за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Винисиус со „кралевите“ истекува за една година, а според информациите на „Дејли Мејл“, лондонскиот клуб ја разгледува можноста за негов трансфер пред почетокот на новата сезона. Претставниците на фудбалерот наскоро треба да одржат состанок со претседателот ...

Американскиот кошаркар Армони Брукс дефинитивно ја продолжува кариерата во Валенсија. Така, конечно, кошаркарската сага што траеше со денови поврзана со кошаркарот кој минатата сезона ја мина во Милано, за кого беа заинтересирани и Партизан и Реал Мадрид, заврши во АСВЕЛ. Сепак, тој нема да игра таму следната сезона. Францускиот клуб, како што е добро познато, не успеа да ја затвори планираната финансиска структура за следната сезона и мораше ...

По одличната сезона во домашниот шампионат, најдобриот играч на ТФТ и стандарден репрезентативец, Виктор Ташовски, за првпат во својата кариера ќе заигра во странство. Дваесет и четиригодишникот ја прифати понудата на хрватскиот Дубровник. Ташовски зад себе остава извонредна сезона во ТФТ, во која на 31 одигран натпревар бележеше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки. Неговата одлична форма се пренесе и во македонскиот ...

Един Џеко ќе игра во Бундеслигата и на 41-годишна возраст. Искусниот босански напаѓач го продолжи договорот со Шалке за уште една сезона, откако минатата година беше еден од клучните играчи во враќањето на клубот од Гелзенкирхен во германската елита. Един Џеко пристигна во Шалке за време на зимскиот преоден рок и остави силен печат за само четири и пол месеци. На 11 настапи во вториот дел од минатата сезона, тој постигна шест гола и запиша ...

Барселона доби засилување, но не на теренот, туку во канцеларијата, откако Чави Пујол е нов директор на кошаркарскиот клуб Барселона. Тој потпиша тригодишен договор со повеќекратниот шампион на Шпанија и ќе го наследи клупскиот великан Хуан Карлос Наваро. Иако има само 36 години, тој е долго време присутен во оваа професија, со претходно искуство во Манреса и Басконија. Сега го очекува голем предизвик, бидејќи ќе ја извршува функцијата на ...

Искусниот играч за врска Џордан Хендерсон потпиша двегодишен договор со Челси. Хендерсон е второто засилување на „сините“ на возраст од 36 години во изминатата недела, по Дени Велбек. Новиот менаџер Чаби Алонсо одлучи да се потпре на искусни и прекалени фудбалери, па доаѓањето на двајцата ветерани значително ќе ја зголеми просечната возраст на играчкиот кадар на „Стемфорд бриџ“. Хендерсон ќе настапува за третиот клуб во кариерата што некогаш ...

Kошаркарскиот прволигаш на Македонија, ТФТ го потврди ангажманот на новиот кошаркар Тејшон Комер, кој доаѓа како огромно засилување за бековската линија. Станува збор за бек кој се одликува со исклучителна цврстина, лидерски квалитети и изразен натпреварувачки дух на теренот. Комер зад себе носи значајно искуство и е познат по одличниот преглед на играта, способноста за контрола на натпреварите и одржувањето високо темпо во нападот. ...

Луј ван Гал е подготвен по четврти пат да седне на клупата на холандската репрезентација, откако остана испразнето селекторското место по заминувањето на Роналд Куман. Според информациите на „Де Телеграф“, 74-годишниот стратег е расположен за нов камбек и смета дека е целосно подготвен за нов предизвик. Иако во 2022 година му беше дијагностициран рак на простата, здравствените проблеми сега се зад него. Холандската фудбалска федерација (КНВБ) ...

Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш официјално го претстави своето најново засилување, младиот и талентиран фудбалер Октај Ракипи. Од таборот на кавадаречкиот тим со големо задоволство ја потврдија соработката со Ракипи, опишувајќи го како амбициозен и технички поткован играч кој совршено се вклопува во долгорочната визија на клубот. Од раководството на Тиквеш веруваат дека неговата работна етика и квалитет ќе донесат дополнителна ...

УЕФА се закани со правни дејствија против ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино поради планот, кој во меѓувреме е отфрлен, за продажба на удели во натпреварувањата организирани од ФИФА на приватни инвеститори. „Би-би-си спорт“ пренесува дека, покрај острата реакција од седиштето на УЕФА во Нион, и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се подготвува да ја повлече својата поддршка за Инфантино преку официјално писмо. Во меѓувреме, ...

Реал Мадрид се соочи со сериозни компликации во обидот да го доведе Јан Диоманде од Лајпциг. Иако личните услови со играчот наводно веќе се договорени, реализацијата на трансферот во моментов е блокирана поради правен спор во врска со претставувањето на фудбалерот. Според шпанските медиуми, „кралскиот клуб“ водел преговори исклучиво со агенцијата „Рок Нејшн“, која ја основа американскиот музичар Џеј-Зи, убеден дека има ексклузивни права да ги ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, побара поддршка од администрацијата на Трамп, во услови на зголемени критики по неговиот напуштен план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. „Пост“ објави дека Инфантино постојано се обидувал, но не успеал, да го контактира американскиот претседател Доналд Трамп по телефон откако предлогот пропадна во ...

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски ја продолжува својата интернационална кариера во Индонезија, потпишувајќи договор со тамошниот прволигаш ПСС Слеман. По разделбата со иранскиот клуб Мес Рафсанјан, 34-годишниот дефанзивец брзо пронајде нов предизвик во Азија. Од неговиот нов клуб со големи почести го најавија доаѓањето на искусниот македонски фудбалер, претставувајќи го пред навивачите со моќниот епитет „Воинот од Македонија“. Од ...

Кадетската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство што се одржува во Белград откако нашите млади ракометари попладнево лесно славеа над Италија со убедливи 33-23. Штета што групата во првата фаза беше исклучително тешка, па нашите кадети мора да разигруваат за пласман, на дуелот со Италија беше очигледна разликата во квалитет, избраниците на селекторот Кузманоски доминираа од секој аспект и не дозволија ...

Маурицио Покетино ги разреши сите дилеми околу својата иднина, потпишувајќи нов договор како селектор на репрезентацијата на САД. Аргентинецот беше споменуван како главен фаворит за нов селектор на „гаучосите“ доколку Скалони не потпише нов договор, но на Покетино очигледно му здодеа неизвесноста, па реши да ја прифати понудата за нов четиригодишен договор со американскиот национален тим. Тој ја предводеше селекцијата на САД до првото место ...

ПСЖ тргна моќно во преговорите за нови засилувања во последната седмица, а откако беше договорен трансферот на Аклиуш од Монако управата на еввропскиот првак успеа да обезбеди уште еден важен потпис. Јапонскиот репрезентативец Зион Сузуки ќе биде нов прв голман на ПСЖ откако „светците“ ги договорија сите детали со неговиот клуб Парма. Сериозен интерес за Сузуки, кој бранеше во топ-форма на последниот мундијал, покажаа и Јувентус и неколку ...

Пелистер е меѓу најактивните суперлигаши од почетокот на преодниот рок откако битолчани денеска го официјализираа и петтиот трансфер, потпишувајќи договор со поранешниот младински репрезентативец Виктор Златевски. „Виктор Златевски е петто ново име во ростерот на КК Пелистер за сезоната 2026/27. Клубот потпиша договор на една сезона и ќе го претстави Златевски на почетокот на подготовките за новата сезона. Се работи за 25-годишен бек, кој ...

Џани Инфантино се соочува со се поголеми проблеми откако европските национални федерации почнаа јавно да ја повлекуваат поддршката што му ја дадоа пред неколку месеци во обидот Швајцарецот да добие нов мандат како претседател на ФИФА. Први нога утрово повлекоа Велшаните, ги следеше ФА на Англија, по што на ваков чекор се јавија и нашите соседи, челниците на Фудбалскиот Сојуз на Србија. „Потсетуваме дека на господинот Инфантино му дадовме ...

Шкендија имаше доста среќа на денешната ждрепка за двојките за плејоф фазата од Конференциската лига, па така македонскиот вицепрвак доколку успее да стигне до оваа рунда, ќе се сретне со подобриот од двомечот Гетеборг – Гент. Белгискиот претставник барем на хартија ќе ја има фаворитската улога, но факт е дека тетовци можат да се надеваат на успех и изненадување, особено по ждрепката во која ги избегнаа Аталанта, Брајтон, Монако… Сепак, ...

Борусија Дортмунд се пофали со најновото засилување откако германскиот гигант го потпиша суперталентираниот 19-годишен грчки фудбалер Константинос Карецас. Овој тинејџер важи за еден од најдобрите млади играчи во фудбалска Европа по двете одлични сезони во Генк, што беше причина челниците на Борусија да тргнат во тотална офанзива и да издвојат дури 33 милиони евра за да го осигураат неговиот потпис. Карецас уште се нема обратено пред ...

Понудата на врвни фудбалери кои се достапни на пазарот без никаква отштета се уште е максимално интересна, со оглед на фактот дека се достапни играчи кои веднаш можат да направат разлика во клубовите што ќе ги изберат за следна дестинација во своите кариери. Оваа листа ја предводи Мохамед Салах, легендата на Ливерпул за која се очекуваше многу полесно да го осигура следниот трансфер. Најавите за преселба во Саудиска Арабија спласнаа поради ...

Црвена Звезда и Динамо Загреб добија поволни ривали за евентуалниот плејоф за влез во Лигата на Шампионите, доколку српскиот и хрватскиот првак најпрвин ги минат следните противници од третото квалификациско коло. „Црвено-белите“ од Белград сега ги очекува двомеч со израелски Хапоел, а доколку избраниците на Дејан Станковиќ бидат победници тогаш за билет за ЛШ ќе се борат со подобриот од двомечот меѓу дански Архус и Сабах од Азербејџан. ...

Жозе Мурињо од денеска го има комплетниот ростер на Реал Мадрид на располагање откако во тренинг-кампот се појавија и Винисиус, Брахим Дијаз и Бернардо Силва, триото што утрово се приклучи на подготовките на „кралскиот клуб“. Во центарот на вниманието е Винисиус, чија иднина во редовите на „кралевите“ е неизвесна поради фактот дека има договор со Реал на само уште 11 месеци, а сите обиди за продолжување на соработката досега беа неуспешни. ...

Немања Недовиќ е во потрага по нов клуб по финансискиот колапс во Монако, по кој стана јасно дека српскиот поентер нема да остане меѓу „кнезовите“. Тој ја мина ланската сезона во оваа екипа на позајмица од Црвена Звезда, но српскиот кошаркар не крие дека е разочаран од односнот на својот поранешен клуб и воопшто не размислува за враќање меѓу црвено-белите. „Нешто се промени во нивниот однос минатиот јуни, за нецел месец се беше различно. Се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54