Раководството на Њукасл ризикува дополнително да го навлече бесот на навивачите со одлуката да му врачи отказ на Еди Хау, долгогодишниот стратег кој важи за миленик на фановите поради покажаната лојалност. Имено, Хау низ годините одби неколку англиски гиганти, поради договорот со Њукасл воопшто не преговараше да стане селектор на Англија, но управата на клубот сепак донесе апсолутно неочекувана одлука – да ја прекине соработката со овој ...

Асвел најавуваше мегапроект за новата сезона со буџет сличен на оние на најбогатите клубови во Евролигата, затоа и беа доведени неколку врвни засилувања, но набрзо стана очигледно дека тоа е осудено на пропаст, откако Силван Франциско само еден месец по потписот за Асвел го напушти францускиот тим и синоќа се пресели во Панатинаикос. Причината е – повлекувањето на главниот спонзор од Азија кој требаше да покрие повеќе од половина од буџетот ...

Бразил беше шокиран од Норвешка во осминафиналето од СП 2026, шлаканица за селекторот Карло Анчелоти и неговите фудбалери ако се знае дека ова беше првпат по цели 60 години пауза „кариоките“ да не се пласираат во едно мундијалско четвртфинале. Анчелоти во својата последна изјава се осврна на тој шокантен пораз, истакнувајќи дека од Норвешка загубил поради – паузата за хидратација. „Искрено верувам во тоа, дека загубивме од Норвежаните поради ...

Малик Татар ја заврши ланската сезона како најдобар стрелец во словенечкиот шампионат, па јасно е дека Пелистер очекува овој одличен ракометар да продолжи во ист стил и во зелено-белиот дрес. Татар делува максимално мотивирано од првиот тренинг во редовите на поранешниот македонски првак, подготвен да даде се за „пелистерци“ да стигнат до трофеите за кои ќе се борат во сезоната што следи. „Aмбиентот е топ, атмосферата – супер, сите играчи, ...

Ливерпул ја забележа и втората победа на вториот меч одигран на турнеата во САД откако „црвените“ рано утрово во Њујорк славеа со 1-0 над Врексам. Ираола повторно не можеше да смета на бројни првотимци, шанса добија играчи од младинската школа кои се покажаа во добро светло. На крајот, дуелот беше решен со среќниот гол што го постигна Рио Нгумоа на петнаесетина минути до крајот, откако неговиот удар закачи еден противнички дефанзивец и заврши ...

Италијанската спортска јавност синоќа беше потресена од информацијата за смртта на Франко Барези, легендарниот дефанзивец на Милан кој веќе подолго време се бори со тешка болест. За среќа, тоа се покажа како лажна вест, откако во вечерните часови со соопштение се јави Милан објавувајќи дека легендата на „росонерите“ не починала во текот на денот како што пишуваа бројни медиуми, меѓу нив и весникот „Кориере дела сера“. „Милан ги демантира ...

Алексис Мекалистер и Лисандро Мартинез дополнително ја обезбедија својата безбедност во Англија, а причината за тоа се сега веќе познатите Фолкландски Острови. Бурата околу овој случај се уште не стивнува, додека властите бараат протерување од земјата. По победата на Аргентина над Англија (2-1) во полуфиналето на Светското првенство, фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед позираа со натпис на кој пишуваше „Фолкландските Острови се ...

Нема одмор за македонските претставници во европските купови на стартот на новата сезона. Успешно завршената работа во првото коло придонесе повторно да судат и да го контролираат судењето. Игор Стојчевски ќе патува за Ерменија каде во Ереван ќе го суди натпреварот во Конференциската лига меѓу Пјуник и унгарскиот Дебрецин. Ќе му помагаат Филип Ицковски и Дарко Јовчевски. Четврти судија ќе биде Бенјамин Ќерими. Влатко Илиоски во близина, во ...

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос реализираше „трансфер-бомба“, обезбедувајќи го потписот на францускиот плејмејкер Силваин Франциско. Французинот се обврза на верност кон „зелените“ од Атина во следните три години. Раководството на грчкиот тим уште еднаш ја покажа својата врвна професионалност, комплетирајќи го овој голем договор во апсолутна тајност. Целата операција се одвиваше со огромна методичност далеку од очите на јавноста, ...

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер остро ги критикуваше плановите на ФИФА за формирање подружница вредна 20 милијарди долари која би управувала со Светското првенство, истакнувајќи дека турнирот не е комерцијално средство во сопственост на неколкумина раководители. „Фудбалот не му припаѓа на ниту еден поединец или институција. Тој им припаѓа на луѓето“, изјави Блатер за Ројтерс. ФИФА во вторникот соопшти дека планира да формира ...

Фудбалскиот шампион на Србија, Црвена звезда со нова убедлива победа против Ларне од Северна Ирска овојпат на домашен терен од 5-0 го потврди пласманот во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. По убедливиот триумф во Северна Ирска пред седум дена од 0-4, белграѓани и на денешниот меч брзо стигнаа до водство од 1-0 откако Катаи стрелаше уште во 4. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со голот на Арнаутовиќ во четвртата минута ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов и неговата Левски Софија обезбедија европска есен откако вечерва ремизираа 2-2 на гостувањето кај Универзитатеа Крајова и со тоа ја задржаа предноста од 1-0 од првиот меч одигран пред седум дена во Бугарија. Серафимов и неговите соиграчи за малку ќе направеа од готово вересија откако имаа предност од 0-2 со головите на Евертон во 13. и Невес во 16. минута. Во финишот на првиот дел ...

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот реванш од двомечот од 2. коло од квалификациите во Конференциската лига против словенечки Браво. Тетовци во добра атмосфера го одработеа последниот тренинг пред утрешниот меч во кој за задача ќе имаат да ја анулираат негатива од 2-1 од првиот натпревар одигран пред седум дена во Словенија. Натпреварот меѓу ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против двајца членови на аргентинската репрезентација поради инциденти што се случија веднаш по финалето на Светското првенство против Шпанија. ФИФА покрена постапка против играчот од средниот ред Леандро Паредес и дефанзивецот Нахуел Молина, а постапка е покрената и против помошникот-тренер на Аргентина, Роберто Ајала. Аргентина го загуби финалето на Светското првенство ...

Един Џеко има наполнето 40 години, но босанската легенда не ни помислува да ја заврши својата извонредна фудбалска кариера. Легендарниот голгетер е решен да игра најмалку уште една година, а тоа ќе продолжи да го прави во дресот на Шалке. Џеко ги договори клучните услови за да потпише нов договор со Шалке, тим во кој дојде на половина од ланската сезона и даде значаен придонес за клубот од Гелзенкирхен да се врати во германската фудбалска ...

Селекторот Горан Кузманоски не го криеше разочарувањето откако нашите млади ракометари со пораз од Словенија го стартуваа настапот на ЕП во Белград, уште повеќе ако се земе во предвид извонредното прво полувреме по кое Македонија имаше предност од шест гола. Противникот беше на колена, но избраниците на Кузманоски потклекнаа во вторите 30 минути, му дозволија на противникот да се врати и да стигне до победата. „Честитки до Словенија, која ...

Флорентино Перез даде зелено светло, по што клупските директори на Реал Мадрид тргнаа во офанзива – што поскоро да го доведат Родри на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ чекаа на хируршкиот зафат врз шпанскиот капитен, па штом беше објавено дека паузата на Родри нема да биде премногу долга (неговиот камбек се очекува кон крајот на август) најтрофејниот европски клуб денеска ги стартуваше преговорите со Сити за големиот ас. Мадридските медиуми ...

Екипата на ТФТ донесе уште едно странско засилување во своите редови откако денеска го потпиша интернационалецот од Гвинеја, Секу Сила. Овој кошаркар доаѓа од шампионатот на Шведска каде имаше импресивен дабл-дабл просек од 21,6 поени и 10,7 скокови и нема сомнеж дека ќе биде значаен адут на тренерот Смилковски во сезоната што следи. „Машината за „дабл-дабл“… од репрезентацијата на Гвинеја 🇬🇳, преку улиците на Њујорк, директно во Тафта ...

Роберто Манчини и официјално се врати на клупата на италијанската репрезентација, стратегот што триумфираше на ЕВРО 2020 со „аѕурите“ денеска потпиша четиригодишен договор и се појави пред новинарите. Без да биде прашан директно, Манчини веднаш отвори со начинот на кој си замина од кормилото пред три години, кога ја шокираше јавноста по дадената доверба по изненадувачкиот пораз од Македонија во баражот, неколку месеци подоцна заминувајќи од ...

Лука Дончиќ се однесува како вистински лидер на Лос Анџелес лејкерс откако словенечката суперѕвезда го поканила целиот тим на „езерџиите“ да дојде во неговата татковина во текот на месец август. Идејата е предвидена како „тим-билдинг“ пред официјалниот старт на подготовките за новата сезона, што ќе послужи за што побрза адаптација на новите кошаркари кои пристигнаа во Ел-еј летово. Идејата на Дончиќ е целата екипа да мине најмалку пет дена ...

Јувентус е на добар пат да осигура уште еден многу значаен потпис, откако „старата дама“ ги договори сите детали од трансферот на Керим Алајбеговиќ. Младиот офанзивец блесна со одлични игри во дресот на БиХ на СП 2026, привлекувајќи го вниманието на бројни клубови ширум Европа. Се веруваше дека Челси е пред потпис на Алајбеговиќ, но преговорите се искомпликуваа откако „сините“ го доведоа Роџерс од Астон Вила, по што и самиот фудбалер почна да ...

Милан дополнително ја засили одбранбената линија откако денеска го официјализираше трансферот на францускиот тинејџер Санкун Диавара, кој потпиша петгодишен договор со „росонерите“. Диавара важи за еден од најголемите таленти меѓу француските дефанзивци, откако на 19-годишна возраст во ноември дебитираше за Троа, по што стана незаменлив дел од првиот тим на овој француски второлигаш. Диавара одигра 17 средби за Троа и беше меѓу најзаслужните ...

Ѓоко Хаџиевски изненадувачки си замина од клупата на Спартак Варна откако искусниот македонски стручњак самиот побарал да му биде раскинат договорот со овој бугарски прволигаш. Изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека Хаџиевски пред неколку дена го водеше Спартак до голема победа во градското дерби против Черно Море од 3-0, Македонецот имаше апсолутна поддршка од навивачите и од клупската управа, но сепак решил да го напушти клубот. ...

Стратегот на Шкендија, Артим Положани, не крие дека очекува добро издание на својот тим на утрешниот реванш со словенечкиот претставник Браво. Тетовци влегуваат во реваншот со негатива од еден гол, откако на првиот меч во Љубљана имаа повеќе од играта, но промашија бројни шанси и на крајот претрпеа пораз. Токму поради тоа, Положани акцентот на денешната прес-конференција го стави на реализацијата на создадените шанси. „Во Словенија одигравме ...

Нов играч на Челси, по ветеранот Дени Велбек, е уште еден ветеран – Џордан Хендерсон. На Чаби Алонсо дефинитивно нема да му недостасува искуство во соблекувалната. Ако тоа беше целта на шпанскиот стратег во тековниот преоден рок – да доведе искусни, но сепак корисни поединци, зацврстени борци од Премиерлигата, тогаш менаџерот на „сините“ е на вистинскиот пат. Фабрицио Романо известува дека Хендерсон и лондонскиот клуб се договориле за ...

Евролигата денеска го објави комплетниот распоред на натпревари за сезоната 2026/27, која ќе даде одговор дали Олимпијакос ќе успее да ја одбрани титулата освоена пред неколку месеци. „Црвено-белите“ од Атина одбраната на трофејот ќе ја почнат од Шпанија, со гостински дуел против составот на Басконија, додека нивниот најголем грчки ривал, Панатинаикос предводен од Жељко Обрадовиќ ќе стартува дома како огромен фаворит против Париз. Двата ...

Јувентус конечно заврши голема работа на фудбалскиот пазар успевајќи да го доведе Коло Муани од редовите на ПСЖ. Станува збор за голгетер кој ќе ја преземе улогата на лидер на нападот од Душан Влаховиќ, а управата на „црно-белите“ по долги разговори конечно најде заеднички јазик со францускиот гигант постигнувајќи целосен договор за овој трансфер. Јувентус ќе плати 12 милиони евра за едногодишна позајмица на овој фудбалер, а во договорот стои ...

Веќе нема дилеми, Бредли Баркола е фудбалерот што Ливерпул сака да го доведе како наследник на Мохамед Салах, „црвените“ веќе начелно ги договорија и личните услови со крилниот офанзивец, но сега доаѓа потешкиот дел од задачата, да се постигне договор со ПСЖ околу висината на отштетата. „Светците“ веќе ставија до знаење дека нема така лесно да се откажат од францускиот репрезентативец, проценувајќи го на огромни 170 милиони евра. Од Ливерпул ...

Мартин Серафимов е најзвучното домашно засилување што Е. Пелистер го ангажираше летово, долгогодишниот репрезентативец ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десен бек и ќе биде значаен адут на тренерот Лино Червар во сезоната што следи. Доскорешниот играч на Алкалоид не го крие задоволството што е дел од битолскиот колектив, но и од можноста повторно да соработува со Червар. „Нема да лажам, Пелистер и Битола беа моја голема желба во текот ...

Никој не е мирен и никој не е рамнодушен на иницијативата на Џани Инфантино да продаде дел од акциите на Мундијалот на приватни фондови. Европските фудбалски функционери го активираа алармот до максимум откако дознаа дека шефот на Светската фудбалска федерација планира да продаде дел од најважниот турнир на богати инвеститори. За само 24 часа од објавувањето на тој план, сите релевантни фудбалски организации во Европа, предводени од УЕФА, се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Бакар

12.58