Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
И кога се чинеше дека Хајдук има резултат со кој може да го елиминира ланскиот учесник во групната фаза Пафос, се чини дека на разочарувањата на тимот од Сплит во Европа им нема крај. Првиот меч го доби хрватската екипа со 2-0, и на реванш отпатува со голем ентузијазам дека може да направи нешто и да обезбеди учество во групната фаза во Лигата на Европа. Но, сплитските „бели“ им приредија нов шок на свиоте многубројни фанови, откако загубија ...
Кошаркарскиот клуб Маџари официјално доби нов претседател. Управниот одбор на клубот му ја довери функцијата на Боро Атанасовски, кој во наредниот период ќе го предводи актуелниот вицешампион на Македонија. Од клубот истакнаа дека назначувањето на Атанасовски претставува почеток на ново поглавје, во кое Маџари ќе има високи амбиции како на домашната сцена, така и во настапите во АБА2 лигата. Боро Атанасовски е успешен стопанственик и ...
Македонскиот фудбал, сепак, ќе има претставник во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако Шкендија вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ ја совлада екипата на Браво со 3-1, и обезбеди пласман во следната фаза. Тетовскиот тим мораше да се враќа од негатива, и потоа да дојде до потребната победа од два гола разлика, за и натаму да остане на меѓународна сцена. Одлично тргна Шкендија, имаше две супер шанси да дојде до ...
Фудбалерите на Баерн остварија убедлива победа во пријателскиот натпревар против Ротах-Егерн. На крајот германскиот првак славеше со 15-0 на овој пријателски меч. Веќе во 9-тата минута, Павиќ постигнува гол за предност на Баерн и екипата на Ротах-Егерн не издржа долго. Минута подоцна Ибрахимовиќ постигна гол за 2:0, а во 10-тата минута беше 3:0. Голот го постигна Чавез. Чавез го постигна четвртиот гол на натпреварот, а тоа се случи во 13-тата ...
Ако се гледа според играта и шансите, тогаш Шкендија заслужи да води по првиот дел против Браво. И тоа со повеќе од еден гол разлика. Но, се повтори она непишано правило „кога не се користат шансите, доаѓа казна“. Па, казната дојде во 16. минута, откако тетовскиот тим не искористи неколку добри шанси во првите минути. Така Аринзе стигна до левата страна, асистираше до Станковиќ, кој одлично се ослободи и го матираше Амзаи. Негативата не ја ...
Италијанскиот шампион Интер официјално го потврди ангажманот на англискиот репрезентативец Џон Стоунс, кој пристигнува како слободен агент по истекот на договорот со Манчестер Сити. Искусниот стопер потпиша договор со „нераѕурите“ до 30 јуни 2028 година. За 32-годишниот дефанзивец ова ќе биде прв предизвик надвор од Англија, каде што досега настапуваше за Барнсли, Евертон и Манчестер Сити. Со „граѓаните“ помина една деценија и освои бројни ...
Се подалеку е Шкендија од третото квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако прими гол во 17. минута од Браво на реваншот во Скопје, со што сега слвоенечкиот тим има предност од вкупни 1-3. А, Шкендија одлично го почна натпреварот. Редеше шанси, имаше Нзенге одлична можност, за малку гостите ќе си постигнеа автогол, а потоа следуваш „студен туш“. Аринзе се прошета низ одбраната на Шкендија, имаше и малку среќа, ја исконтролира ...
Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, откри дека клубот подготвува уште еден голем трансфер. „Спарси“ веќе потрошија над 230 милиони фунти за летни засилувања, а меѓу нивните нови засилувања се Сандро Тонали и Матеус Фернандеш. „Трансфер пазарот сигурно не е завршен. Завршивме 60 проценти од нашиот трансфер проект. Сега имаме уште една бомба“, рече Де Зерби. Италијанецот потврди дека следното засилување ќе биде офанзивен играч, а кога беше ...
Комплетирајќи го играчкиот кадар за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, КК Работнички го продолжи договорот со еден од своите најдобри кошаркари, репрезентативецот Дамјан Робев. Откако претходно, по назначувањето на новото раководство, беше доведено и првото засилување во името на Американецот Дерин Говенс од ТФТ Скопје, сега следи уште еден важен потпис. Искусниот бек во Работнички е од 2024 година, сега продолжувајќи ја ...
Новиот тренер на Лацио, Џенаро Гатузо, како што објавија италијанските медиуми, имал жесток вербален конфликт со играчот од средниот ред Кенет Тејлор на еден од последните тренинзи на тимот. Сè се случило за време на тренинг, кога тренерот и овој фудбалер имале жестока расправија, па Гатузо го изгубил трпението. Според извештаите, италијанскиот стручњак му пристапил на Тејлор и му упатил остри зборови. Набрзо донел одлука играчот од средниот ...
Директорот на Баерн, Макс Еберл, објави дека повеќе не сака да има тројца играчи во тимот – Брајан Сарагоса, Саша Боеј и Жоао Палињо. „Тие немаат иднина во Баерн. Ако сакаат да останат со нас, ќе биде многу комплицирано бидејќи не ги имаме во нашите планови. Ако останат, нема да играат никаква улога во тимот“, рече Еберл. Тројката беше платена вкупно речиси 100 милиони евра. Португалецот Жоао Палињо (31) пристигна од Фулам во 2024 година за ...
Конфликтот меѓу УЕФА и ФИФА сега добива сосема нова димензија. Според британскиот „Тајмс“, членките на УЕФА едногласно го поддржаа бојкотот на Светското првенство. Таквиот став е заземен на итен виртуелен состанок одржан по последните потези на ФИФА. Причината за незадоволството е планот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да продаде удели од Светското првенство на приватни инвеститори. Токму овој предлог предизвика силна реакција од ...
Од Фудбалската федерација на Македонија денеска се огласија околу контроверзниот план на Џани Инфантино за продажба на удели од Светското првенство на приватни инвеститори. Од ФФМ истакнаа дека ја поддржуваат заедничката позиција на УЕФА потенцирајќи уште еднаш дека „фудбалот не е и не смее да биде на продажба“. ФФМ застана целосно зад денешниот заеднички став на европското фудбалско семејство на оваа тема кое е водено од УЕФА. ЗАЕДНИЧКИОТ ...
Рома го објави потпишувањето на договорот со офанзивецот Сантијаго Кастро од Болоња. Кастро е првиот нов играч на Рома во летниот преоден рок. Тој пристигна за 35 милиони евра со бонуси, додека Болоња го задржа правото на 10% од износот од неговата евентуална идна продажба. Артем Довбик треба да оди во спротивна насока. Се очекува тој да се приклучи на Болоња на позајмица со опција за откуп за околу 17 милиони евра. Кастро потпиша петгодишен ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ за првпат подетално зборуваше за финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Тој се најде во центарот на вниманието поради бројни тешки одлуки и голема тензија на теренот. Неколку дена по Светското првенство, тој одлучи да ја заврши својата судиска кариера. Финалето претставуваше врвот на богатата кариера на Винчиќ кој призна дека одлуката на ФИФА го исполнила со силни емоции. За секој ...
Еден од најдобрите млади фудбалери од Босна и Херцеговина, 18-годишниот крилен напаѓач Керим Алајбеговиќ, се сели во Јувентус. Информацијата ја објави германскиот весник Кикер. Алајбеговиќ е играч на Леверкузен, кој наводно се договорил за сè со италијанскиот гигант. Челси се обиде да се вмеша во трансферот, но не успеа. Леверкузен и Јувентус се договориле за договор вреден 30 милиони евра фиксно, но таа сума може да се искачи на 40 милиони, ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостува едно од најголемите македонски фудбалски имиња во историјата, Вујадин Станојковиќ, еден од само тројцата Македонци кои во историјата настапиле на светско првенство. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор за „ПРЕСИНГ“, Станојковиќ меѓу другото открива и како во најдобрите негови денови кога беше на врвот од неговата кариера во Партизан, пред и по настапот на ...
Турците со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Мохамед Салах во Бешикташ, за што се шпекулира веќе некое време, но се уште не е потврдено дали навистина ќе се случи доаѓањето на 34-годишниот Египќанец на Босфорот. На целата тема зборуваше и тренерот на клубот од Истанбул, Винченцо Италијано. „Имаме добар тим и очекуваме тимот да се засили со уште два до три играчи“, откри Винченцо Италијано, новиот тренер на црно-белите од Истанбул, за ...
Францускиот фудбалер Максанс Лакроа е нов играч на Челси, соопшти англискиот клуб. Лакроа потпиша договор со Челси до 2032 година, а доаѓа од Кристал Палас за 60 милиони евра. „Навистина сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Сите ја знаат историјата на Челси и неговата победничка традиција, така што ова е навистина момент на гордост. Кога разговарав со менаџерот, сфатив дека ги делиме истите цели и желби. Сакаме да победуваме, имаме ...
Манчестер Сити веќе размислува за можното заминување на Родри, за кого Реал Мадрид покажува сериозен интерес ова лето. Како потенцијален наследник на шпанскиот играч за врска, „граѓаните“ го гледаат 18-годишниот фудбалер на Лил, Ајуб Буади. Според Фабрицио Романо, преговорите меѓу Сити и младиот Мароканец се во тек, а англискиот клуб е оптимист дека трансферот би можел наскоро да се реализира. Доаѓањето на Буади зависи од одлуката на Родри. ...
Лионел Меси се врати на тренинзите со својот клуб, Интер Мајами, десет дена по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство. На видеото објавено на социјалните мрежи на клубот од МЛС се гледа како Меси пристигнува во тренинг-центарот заедно со соиграчот Луис Суарез. По поразот од Шпанија (1-0) во продолженијата од финалето на Светското првенство на 19 јули, Меси помина неколку дена на одмор со семејството во својот роден град ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство кое што се игра во Србија, откако денеска беше убедливо проазена од Франција со 36-25. Нашите надежи се држеа против големиот фаворит само во првите десетина минути кога натпреварот беше во егал. Како одминуваше првото полувреме така Французите играа се подобро, па на пауза заминаа со позитива од 20-13. Во вториот дел „галските петли“ ...
Ели Жуниор Крупи блескаше во дресот на Борнмут минатата сезона, сериозен интерес за овој 20-годишен Французин покажаа и Барселона и ПСЖ, но англискиот клуб го блокираше трансферот барајќи отштета над 100 милиони евра. Ниту каталонскиот гигант ниту пак „светците“ не сакаа да платат толкаво богатство за екс-играчот на Лориен, а проблемите уште повеќе се зголемија откако Крупи на самиот почеток на подготовките за новата сезона заработи тешка ...
УЕФА свика итен состанок на сите свои 55 членки за попладнево, откако ФИФА постави рок за националните федерации да се изјаснат за контроверзниот план што би можел целосно да го промени начинот на финансирање на Светското првенство. Европските федерации треба да усогласат заеднички одговор на предлогот на Џани Инфантино и ФИФА. Според достапните информации, УЕФА ќе се спротивстави на планот што предвидува вклучување на приватен капитал во ...
Еден од најдобрите стрелци во Втората македонска фудбалска лига од изминатата сезона, Иван Глигоров е новото големо засилување во офанзивната линија на Брегалница. По одличните настапи во дресот на Охрид Лихнидос, каде што беше убедливо прв стрелец на тимот, Глигоров се најде на мета на неколку прволигашки клубови. Сепак, тој донесе одлука да се врати во својот матичен клуб, избирајќи ја Брегалница како своја „прва љубов“. Младиот напаѓач зад ...
Австриската федерација го одреди местото и терминот на одигрување на натпреварот со нашата најдобра селекција во втората рунда од претквалификациите По слободното прво коло, машката сениорска репрезентација на Македонија квалификацискиот циклус во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 ќе го започне на 30 август, кога ќе гостува кај Австрија. Натпреварот ќе се одигра во Виена со почеток од 16:05 часот во ...
Баерн Минхен денеска се пофали со ново засилување во пресрет на новата евролигашка сезона, официјализирајќи го трансферот на Мајлс Норис, американскиот крилен кошаркар кој доаѓа од редовите на Барселона. Каталонците направија сериозен ремонт во играчкиот кадар и Норис се најде меѓу десетината играчи кои го напуштија тимот на Барса, по што овој 26-годишен кошаркар реши сепак да остане во Евролигата прифаќајќи ја понудата за двогодишен договор ...
ПСЖ летово ги продаде Рамош во Милан и Ли во Атлетико Мадрид, па логично е зошто Луис Енрике инсистираше на доведување на нови офанзивни фудбалери во тимот. „Светците“ беа поврзувани со неколку различни опции, за конечно да успеат да договорат еден трансфер, носејќи го на „Паркот на принцовите“ Магнеш Аклиуш од редовите на Монако. Станува збор за играч што беше избран од страна на Енрике како идеално засилување за ПСЖ, пред се поради фактот ...
Алваро Арбелоа ги почна подготовките со Фулам, но новиот тренер не крие дека очекува да му бидат донесени засилувања за со лондонскиот клуб да се бори за што подобар пласман во новата премиерлигашка сезона. На врвот на листата со желби на шпанскиот стратег е Гонзало Гарсија, шпанскиот голгетер од Реал Мадрид кому Арбелоа му беше тренер во вториот дел од ланската сезона. Тој важеше за „вечна резерва“ во Реал, премногу ретко добиваше шанса, но ...
Фудбалерите на Шкендија вечерва го пречекуваат словенечки Браво во обид да ја надминат негативата од еден гол од првиот меч во Љубљана и да ги продолжат настапите во квалификациите за Конференциската лига. Управата на клубот се реши за популарен потег – бесплатен влез во арената се со цел што повеќе навивачи да се најдат на трибините и да им дадат поддршка на избраниците на Атим Положани. „Ова дефинитивно е добар гест од нашата управа, ...