Вистинска еуфорија вчера на навивачите на Спартак Варна по убедливата победа над Локомотива Софија и изборениот опстанок во најсилната лига на Бугарија. А, за сето тоа најзаслужни секако македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски, но и неговиот внук, младиот македонски офанзивец Георг Стојановски кој со хет-трик го донесе опстанокот за Спартак Варна. Па, по мечот Хаџиевски доби навистина пријатно изненадување од најверните фанови на Спартак Варна ...

Јоргос Барцокас беше видно расположен на денешната прес-конференција во пресрет на финалето на Евролигата во кое неговиот Олимпијакос за противник ќе го има тимот на Реал Мадрид. Барцокас најде начин и да се пошегува, истакнувајќи дека победата во полуфиналето му донела проблем – да не може да присуствува на концертот што утревечер ќе го одржи групата „Ајрон Меиден“, токму во Атина. „Штета е, тоа ќе биде одличен концерт. Мојата ќерка беше на ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски ги собра симпатиите во фудбалската јавност на Словенија откако го предводеше тимот на Радомље до шестото место на табелата. Пласманот сам по себе не кажува премногу, но мора да се истакне дека Радомље пред сезонава беше најавуван како главен кандидат за испаѓање, но нашиот стручњак не само што бележеше добри резултати, туку до нив дојде со атрактивен напаѓачки фудбал. До Тренчовски во изминатите месеци ...

Кадетите на Тинекс Пролет утре ги очекува атак на титулата во својата возрасна категорија, на фајналфор турнирот што ќе се игра во Битола. Младите играчи на Пролет го освоија првото место во лигашкиот дел, а меѓу најзаслужните е Лука Јовиќ, кој со нетрпение го очекува предизвикот наречен Ф4. „По одличната сезона во кадетското првенство, очекувањата се нормално високи, но на фајнал фор нема лесни натпревари. Веруваме дека шансите за трофеј се ...

Басконија се подготвува за нова тренерска смена за летово, откако шпанскиот евролигаш изненадувачки реши да не ја продолжи соработката со Галбијати иако овој стратег стигна до огромен трофеј во Купот на Шпанија. Шпанските медиуми информираат дека главен фаворит за нов тренер на овој тим е Велимир Перасовиќ, 61-годишниот Хрват кој веќе имал разговори со управата на Басконија и начелно ја прифатил понудата што му била доставена. За Перасовиќ ...

Бруно Фернандеш се закити со уште едно индивидуално признание откако денеска беше избран за најдобар фудбалер на сезоната во англиската Премиер-лига. Капитенот на Јунајтед пред неколку дена доби слично признание и во изборот на англиските фудбалски новинари, а денеска ја доби наградата и од самата Премиер-лига. Арсенал е шампион, но играчите на „топчиите“ ги поделија гласовите меѓу себе, па Бруно како апсолутен лидер на Манчестер јунајтед ...

Во последниот натпревар во сезоната, Вардар пред своите навивачи ја пречекува Шкендија, екипа во текот на сезоната беше најсериозниот конкурент на “црвено црните” во битката за шампионскиот трофеј. Токму поради тоа нема поубав момент за затворање на натпреварувањето во кое Вардар на крајот ќе го прослави освојувањето на пехарот и враќањето на тронот во македонскиот фудбал по пауза од шест години. Последен пат Вардар титулата во ПМФЛ ја освои ...

Ливерпул игра потпросечна сезона за своите стандарди, јасно е дека летово ќе следи дополнителен ремонт во играчкиот кадар, но Вирџил ван Дајк ги шокираше навивачите, меѓу редови најавувајќи уште две заминувања од „Енфилд“. Имено, капитенот денеска објави фотографија со посвета: Благодарен на нашето заедничко пастување. Уште еден меч за крај и испраќање какво што заслужувате. Прикладна порака од капитенот за Мохамед Салах и за Енди Робертсон, ...

Пелистер ја освои третата позиција во македонскиот шампионат откако во денешната мајсторка во „малото финале“ како гостин го совлада ТФТ со резултат 86-90. Како и претходните два меча, повторно гостинската екипа беше таа што се радуваше на крајот, за спуштање на завесата и за „пелистерци“ и за ТФТ за оваа натпреварувачка сезона. Дуелот повторно беше крајно неизвесен, по „пелистерци“ беа подобри во моментите кога се решаваше победникот и ...

Лукас Подолски и официјално се збогуваше од фудбалот откако 40-годишниот германски голгетер објави дека повеќе нема да го гледаме на фудбалските терени. Голгетерот пред нецел месец се закити со трофејот во Купот на Полска со тимот на Горњик Забже, уште тогаш најави дека оваа сезона најверојатно ќе му биде последна во кариерата, за доцна синоќа да ја потврди својата одлука. „Една ера завршува, нова почнува“, напиша Подолски на објавата со која ...

Ти-Џеј Шортс минатата сезона беше меѓу главните кандидати за МВП признанието, си обезбеди преселба во Панатинаикос, но наместо трансфер од соништата тоа се претвори во кошмар, откако македонскиот репрезентативец не успеа да се снајде во бројните ротации и тактички експерименти на Ергин Атаман. ПАО има исклучително неуспешна сезона, неизвесно е дали Атаман воопшто ќе остане за 2026/27, но за Шортс нема дилема дека најдобро е што поскоро да си ...

фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа изрази задоволство по обезбедувањето на опстанокот во Првата фудбалска лига, потенцирајќи дека тоа била главната цел на тимот оваа сезона. За затворање на сезоната Арсими го пречекува поранешниот шампион Струга Трим Лум. “Многу сме среќни што математички го обезбедивме опстанокот. Тоа беше нашата главна цел и верувам дека сосема заслужено го остваривме со работа, жртва и единство во текот на целата сезона”, ...

Пеп Гвардиола викендов заминува од Манчестер Сити заокружувајќи ја најуспешната ера во клупската историја откако освои се што можеше да се освои како предводник на „„граѓаните“. Британската јавност на испраќање го опишува Пеп како најдобар стратег во премиерлигашката историја, но каталонскиот стручњак јасно стави до знаење дека не се согласува со тие тврдења – епитетот најдобар насочувајќи го кон легендарниот Сер Алекс Фергусон. „За мене, Сер ...

Кристијан Трапановски повеќе не е член на Данди јунајтед откако македонскиот фудбалер се најде на листата играчи кои си заминуваат откако не им беше понуден нов договор со шкотскиот премиерлигаш. Трапановски дојде во Данди јунајтед од редовите на Шкупи во 2024 година, имаше одличен старт на авантурата во елитното шкотско фудбалско друштво, но низата повреда го спречија да продолжи во ист ритам и придонесоа тој да си замине од клубот. ...

Струга Трим Лум со гостувањето денеска кај Арсими и официјално ќе ја затвори сезоната 2025/26. Со освоеното трето место, стружани го повторија успехот од сезоната 2020/21, но не успеаја да изборат пласман на европска сцена. Бесмир Бојку истакна дека тој и соиграчите планираат да стигнат до трите бода и сезоната да ја завршат со победа. „Очекуваме отворен и убав натпревар за навивачите. Ова е последен меч во сезоната и сакаме да го завршиме со ...

Раководството на Е. Пелистер веќе почна со формирање на ростерот што новиот тренер Лино Червар ќе го има на располагање од леово, па денеска беше претставено и петтото ново засилување за наредната сезона. Станува збор за Словенецот Малик Татар, 20-годишен лев бек кој ги има минато сите млади селекции во својата татковина, а сега ќе се обиде во дресот на битолчани да направи чекор напред во својата кариера. „Со карактеристики кои го привлекоа ...

Партизан одлично ја финишира сезоната во АБА-лигата на резултатски план, но „црно-белите“ се соочуваат со огромни проблеми во обидите да договорат врвни засилувања за летниот преоден рок. Српскиот гигант е фокусиран на врвен поентер, главна желба му беше Коби Симонс, но овој кошаркар реши да ја прифати понудата за нов договор со Басконија, по што челниците на Партизан го насочија вниманитео кон Армони Брукс. Американскиот бек дури и начелно ...

Мохамед Салах утре за последен пат ќе го облече дресот на Ливерпул, во обид да ги предводи „црвените“ до триумф над Брентфорд за печат на билетот за ЛШ следната сезона. „Фараонот“ пристигна од Рома во 2017 година и во овие девет сезони освои се што можеше да се освои со гигантот од „Енфилд“, освојувајќи ги срцата на симпатизерите. Навивачите заедно со управата подготвуваат специјално испраќање на легендата, а Ливерпул на официјалните профили ...

Домашниот пораз од Фиорентина скапо ќе го чини Јувентус откако „старата дама“ ги загуби речиси сите шанси за пласман во Лигата на Шампионите за наредната сезона. Ова ќе значи и финансиска загуба од околу 50 милиони евра во однос на предвидените приходи за 2026/27, но резултатското фијаско нема да донесе и нова тренерска смена. Како што информира „Газета дело спорт“, највисокото раководство на „старата дама“ донело одлука да го продолжи ...

Алесандро Бастони повторно е максимално актуелен во шпанската фудбалска јавност, но не за Барселона, туку за преселба во редовите на Реал Мадрид. Италијанскиот репрезентативец е меѓу најпосакуваните дефанзивци на пазарот за овој преоден рок, Флик го посакуваше како идеално засилуввање за Барса, но управата на каталонците реши поголем дел од буџетот да насочи кон ангажман на наследникот на Роберт Левандовски, по што преговорите со Интер ...

ЛА Лејкерс повторно доживеаја неуспех во плејофот, титулата засега делува далечно, а управата е подготвена да повлече нов сериозен потег за „езерџиите“ во новата сезона да атакуваат на големиот трофеј. Леброн Џејмс се ште се нема изјаснето за иднината, големи се шансите дека суперѕвездата или ќе се пензионира или ќе се пресели во друг клуб, што им остава на лејкерси простор во буџетот за ангажман на нова суперѕвезда како соиграч на Лука ...

Федерико Димарко е главниот лауреат на наградите з анајдобрите во сезоната во италијанската Серија А што беа доделени во текот на вчерашниот ден. Левиот бек одигра сезона за паметење во дресот на Интер, постигнувајќи шест гола и дури 18 асистенции, бројка што е нов рекорд за број на успешни додавања за гол во историјата на елитното италијанско фудбалско друштво. Доминацијата на Интер во овие награди ја комплетираа Лаутаро Мартинез како ...

Оклахома Сити тандер славеше со убедливи 108-123 на гостувањето во Сан Антонио, враќајќи го „брејкот“ што го загуби на првиот меч и поведувајќи со 2-1 во финалната серија од Западната конференција. Предводени од Гилџус Александер актуелните шампиони одиграа уште еден беспрекорен офанзивен меч, во кој Сан Антонио имаше водство само во првата четвртина (31-26). Оклахома Сити потоа го доби вториот период со 20-32, го сврте резултатот во своја ...

Дваесетина дена пред почетокот на СП 2026 на прагот сме на нов огромен скандал, откако американские власти објавија дека нема да дозволат влез на една од селекциите – учесници на мундијалот. Не станува збор за Иран, држава со која САД е во воен конфликт, туку за репрезентацијата на Конго, земја во која владее епидемија на ебола. Оваа репрезентација се уште се нема комплетирано, го откажа тренинг-кампот во татковината поради бројни случаи на ...

Неколку дена по нивното срамно однесување и исвиркувањето на македонската химна, навивачите на Шкендија се јавија со соопшение со кое се пожалија на нееднаков третман на нивниот тим во сезоната што изминува, но и повик политиката да се дистанцира од спортот. Тетовци дефинитивно ќе заработат жестока казна, но навивачката група „Балисти“ порачува дека нивното однесување е одговор на односот на останатите навивачки групи кон нив. Соопштението на ...

Ленс се закити со трофејот во Купот на Франција откако оваа екипа во вечерашното финале успеа да триумфира над Ница со убедливи 3-1. Тимот на Ленс цела сезона играше одличнeн фудбал, до две рунди до крајот беше во трка за титулата со ПСЖ, „светците“ на крајот стигнаа до титулата, но куп-трофејот е добра утеха за Ленс и награда за прикажаното во последните десет месеци. Тован беше играчот што го отвори резултатот во 25. минута, пред крајот на ...

Реал Мадрид целосно ја надигра Валенсија и заслужено се најде во финалето на Евролигата, но шансите за успех во пресметката со Олимпијакос се минимални по најновиот малер што ги снајде „кралевите“. За потсетување, Реал допатува во Атина без да може да смета на првиот центар Валтер Тавареш, но и на неговата резерва Алекс Лен. Единствена опција на Скариоло на центарската позиција беше Гаруба, па затоа „кралевите“ беа во шок кога шпанскиот ...

Реал Мадрид е вториот финалист во големото финале на фајналфор турнирот во Атина откако „кралевите“ славеа во шпанската полуфинална пресметка со Валенсија со убедливи 105-90. Валенсија се надеваше на триумф носена на крилата на извонредниот пресврт во четвртфиналето против Панатинаикос, но Серџо Скариоло постави беспрекорна тактика со која го исфрли од ритам противникот и заслужено стигна до билет за финалето. Првото полувреме мина во ...

Андреј Јакимовски и Тренто се на чекор до апсолутна сензација во италијанскиот шампионат откако поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија со Виртус Болоња. Тимот на македонскиот репрезентативец едвај стигна до билет за плејофот, но со одличните изданија дефинитивно покажа дека заслужува метово Топ 8, претходниот меч успеа да направи „брејк“ во Болоња, а вечерва пред своите гледачи го демолираше актуелниот евролигаш со убедливи 102-85. ...

Сонот на Енис Барди да го крене трофејот во Купот на Турција со тимот на Коњаспор се претвори во кошмар откако неговиот тим загуби во финалето со Трабзонспор со 1-2, во дуел во кој трагичар беше токму македонскиот капитен. Трабзон имаше предност од 0-1 по првиот дел, но Коњаспор израмни на 1-1 преку Мулека по акција што почна од Барди и негов одличен центаршут, првиот обид на Мулека заврши во дирекот, по што истиот фудбалер одбиената топка ја ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.28
86%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.58
91%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.17
82%
1024
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.88
69%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.02
88%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.36
95%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.21
82%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.1
84%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
94%
1012
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.02
79%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
2.58
92%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Калај

51.97

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09