Реал Мадрид во еден ден заврши две фантастични работи на пазарот, комплетирајќи го мегатрансферот на Диоманде од Лајпциг, а неколку часа подоцна и потпишувајќи нов договор со Винисиус. Жозе Мурињо сепак остана без една од најголемите желби, откако Родри јасно стави до знаење дека приоритет во овој преоден рок ќе даде на Барселона, откако МВП фудбалерот од последниот мундијал го избра каталонскиот гигант пред „кралевите“ за своја следна ...

Трансфер-плановите на Партизан се претворија во вистински кошмар за управата на „црно-белите3 откако овој тим остана без најмалку пет-шест врвни кошаркари што ги бараше, водеше интензивни преговори, но не успеа да ги убеди да се приклучат на тимот на Жоан Пењароја. Последен таков случај е српскиот репрезентативец Ален Смаилагиќ, поранешниот центар повеќе од еден месец преговараше за камбек во Партизан, за на крајот да се реши да потпише за ...

Интер долго време преговараше за ангажман на Ромеро од Тотенхем, личните услови се договорени одамна, беше направен напредок и во разговорите меѓу клубовите, но се е стопирано откако „нероаѕурите“ се соочија со неочекуван проблем. Имено, италијанскиот првак се надеваше дека ќе собере најмалку 30 милиони евра од продажбите на Фратези и на Павар, пари што потоа ќе беа инвестирани во одличниот аргентински дефанзивецот. Планот пропадна откако ...

Менаџерот на Хибернијан, Дејвид Греј, беше задоволен што неговиот тим најде начин со гол во самиот финиш да стигне до триумф од 2-1 над Шкендија, со што шкотскиот тим со предност ќе патува на реваншот во Скопје закажан за следниот четврток. Тој е задоволен од покажаниот карактер на својот тим, посочувајќи дека нереални биле одредени прогнози пред мечот дека Хибернијан лесно и убедливо ќе го совлада македонскиот вицешампион. „Не можам да ...

Македонија е горд домаќин на уште едно младинско кошаркарско првенство, овојпат за играчи до 16 години што се одржува во два града, Гевгелија и Скопје. Токму Гевгелија е градот во кој нашите млади кошаркари ги играат своите натпревари, бодрени од публиката во салата „26 април“ од чии трибини македонските кадети ја добија неопходната поддршка при вчерашниот триумф над Кипар. Првиот човек на мак-баскетот, Томица Главчев, успешен бизнисмен токму ...

Арсенал не успеа во главната мисија – да го убеди Винисиус да дојде меѓу „топчиите“, но лондонскиот клуб денеска ќе комплетира друг исклучително важен трансфер. Бруно Гимараеш ќе биде нов член на актуелниот англиски шампион откако бразилскиот играч за врска ги мина и лекарските прегледи и сега се чека само на официјалната промоција од страна на „топчиите“. Бруно беше желба на Микел Артета од самиот почеток на преодниот рок, преговорите беа ...

Артим Положани имаше причина да биде разочаран по завршувањето на дуелот во Единбург, каде Шкендија беше поразена со 2-1 од Хибернијан во првиот дуел од третото квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига. Тетовци имаат за што да жалат пред се поради фактот што вториот гол го примија во судиското продолжение, по една мешаница по корнерот што го изведе шкотскиот состав. „Вистинска штета, бидејќи бевме на чекор да се вратиме дома со добар ...

Лидс Јунајтед доцна синоќа го официјализираше својот најнов трансфер, плаќајќи богатство за потписот на Џејмс Трафорд. Поранешниот младински репрезентативец на Англија доаѓа од редовите на Манчестер Сити каде му беше резерва на Донарума, но потенцијалот на Англичанецот е причината поради која Лидс се согласи да плати богатство. Конкретно, тимот од „Иланд роуд“ ќе издвои загарантирани 40 милиони фунти за овој трансфер, можно е сумата да скокне ...

Веќе нема никакви дилеми, Родри ја избра Барселона пред Реал Мадрид откако состанокот на директорот Деко со шпанскиот ас се покажа како целосен успех. МВП фудбалерот од последниот мундијал долго беше поврзуван со Реал Мадрид и беше речиси сигурно дека „кралскиот клуб“ ќе му биде следна дестинација во кариерата, за на крај Барса за помалку од 48 часа да направи целосен пресврт. Понудата за плата од 15 милиони по сезона е прифатена заедно со ...

Шкендија со еден гол негатива се враќа од гостувањето во шкотски Единбург во првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. 2-1 на крајот славеше Хибернијан, и тоа со гол во последната минута од средбата. Тетовскиот тим имаше свои добри моменти во мечот, стигна и до израмнување, и кога се чинеше дека ќе избегне пораз, по едден изведен корнер топката среќно дојде до О’Хара кој донесе победа. Хибернијан беше подобар противник во ...

По убедливата победа од 82-63 над Кипар на стартот од Европското првенство од Дивизијата „Б“, селекторот на македонската кадетска репрезентација Дејан Стојановски изрази задоволство од изданието на своите кошаркари, но нагласи дека тимот има простор за напредок. Македонските кадети со сигурна игра го отворија шампионатот што се одржува во Гевгелија и Скопје, а Стојановски истакна дека најважно било натпреварувањето да започне со победа. ...

Во Единбург по првиот дел нема голови на дуелот помеѓу Хибернијан и Шкендија. Шкотскиот тим имаше иницијатива, имаше и шанси да дојде до гол. Кер имаше шанса со глава, само крај голот. Потоа прилика имаше и Елдинг кој шутираше крај голот. Шкендија, пак, ниту еднаш не се закани по противничкиот гол. Во финишот изведе два корнери, меѓутоа опасност по голот на домашниот тим немаше. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...

Европскиот шампион Пари Сен Жермен и официјално го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Манес Акљуш од Монако. Офанзивниот играч за врска потпиша договор со „светците“ до летото 2031 година, а францускиот клуб за неговите услуги ќе плати 50 милиони евра. Акљуш е второто засилување за Пари Сен Жермен во летниот преоден рок, откако претходно во клубот пристигна голманот Алесандро Лонгони. Парижаните првично беа заинтересирани ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија до 16 години со убедлива победа го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски славеа над Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го започнаа шампионатот. Во второто полувреме Македонија целосно ја контролираше ситуацијата на паркетот и без поголеми проблеми ја зачува двоцифрената предност, која на ...

Поранешниот играч за врска на Челзи, Џон Оби Микел, е убеден дека бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор нема да се пресели во Арсенал, и покрај шпекулациите кои се појавија во изминатиот период. Во моментов Винисиус води преговори со Реал Мадрид за продолжување на договорот, а според Оби Микел, интересот од Арсенал само му служи како средство за да обезбеди подобри финансиски услови. „Тој нема да дојде! Заборавете на тоа. Само го користи Арсенал ...

И официјално. Винисиус Жуниор останува во Реал Мадрид, потпишувајќи нов договор со „кралевите“ до 2032 година, соопшти клубот од Мадрид. Бразилскиот репрезентативец пристигна во Мадрид во јули 2018 година како 18-годишник, а во изминатите осум сезони се етаблираше како еден од лидерите на тимот. Досега има одиграно 375 натпревари и постигнато 128 голови во дресот на „кралскиот клуб“. Во тој период Винисиус освои вкупно 14 трофеи: две титули ...

Тренерот на Шкендија, Артим Положани се одлучи на промена на голманската позиција на натпреварот со Хибернијан во Единбург, за првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Така на голот ќе застане Ферат Рамани, кој ќе го менува Астрит Амзаи. Не е познато зошто Шкендија се одлучи на ваква замена. Од претходно беше јасно дека првиот голман, Бубакар Гаје не е во комбинација поради повреда. Јован Манев добива шанса во првите 11, ...

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не правеше голема драма по убедливиот пораз од 0:3 против Мајорка во првиот пријателски натпревар од летните подготовки. Францускиот шампион настапи без голем број стандардни првотимци, меѓу кои Усман Дембеле, Дезире Дуе, Бредли Баркола, Ворен Заир-Емери, Фабијан Руиз, Ашраф Хакими и Нуно Мендеш. „Тешко е да се направи прецизна анализа. Мислам дека одигравме интересно прво полувреме, но направивме ...

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, дал согласност кариерата да ја продолжи во Барселона, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Според истиот извор, шпанскиот репрезентативец му дал зелено светло на спортскиот сектор на каталонскиот гигант, со што Барселона сега може да ги започне официјалните преговори со Манчестер сити околу висината на трансферот. Сепак, договорот сè уште не е финализиран, бидејќи двата клуба треба да ги ...

Поранешниот славен уругвајски напаѓач Диего Форлан е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај, соопшти националната фудбалска федерација. До промената на клупата доаѓа откако Уругвај не успеа да се пласира во нокаут-фазата на неодамнешното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, по што беше прекината соработката со аргентинскиот стратег Марсело Биелса. Во краткото соопштение Федерацијата наведе дека 47-годишниот ...

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ и официјално е нов играч на холандскиот шампион ПСВ Ајндховен, соопшти клубот. Искусниот 33-годишен крилен фудбалер потпиша договор со ПСВ до јуни 2028 година, откако летово стана слободен играч по истекот на договорот со Јувентус. За Костиќ ова претставува враќање во холандскиот фудбал по пауза од 12 години. Тој претходно настапуваше за Гронинген од 2012 до 2014 година, по што кариерата ја продолжи во ...

Златко Далиќ конечно донесе одлука за својата иднина. Како што дознава „24сата“, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. И покрај интересот од Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ кон крајот на овој месец (или почетокот на следниот) ќе отпатува за Дубаи за да потпише повеќегодишен договор со ОАЕ. Финансиите исто така играат важна улога во одлуката за преселба во Емиратите, а Далиќ би можел ...

Куманово успеа да обезбеди уште еден значаен потпис за наредната сезона откако куп-финалистот ги договори условите за ангажман со Бојан Крстевски. Искусниот центар неколку сезони наназад освои се што можеше да освои со МЗТ Скопје, но летово ги напушти редовите на шампионот откако од управата само со емаил порака му беше порачано дека „металците“ повеќе нема да сметаат на неговите услуги. Крстевски имаше неколку интересни понуди на маса, во ...

УЕФА фрли нова отровна стрела врз Џани Инфантино потврдувајќи дека нивниот бојкот на идните турнири се уште важи. Инфантино беше принуден да ги повлече плановите за продажба на идните турнири на ФИФА на приватни инвеститори по жестоката реакција од фудбалските федерации, од кои огромното мнозинство ги осудија плановите. УЕФА даде најсилен одговор, инсистирајќи дека нејзините нации ќе го бојкотираат следното Светско првенство доколку плановите ...

Јан Диоманде е нов фудбалер на Реал Мадрид, потврдија од мадридскиот клуб. „Кралскиот клуб“ ќе плати фиксни 125 милиони евра за 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, плус 15 милиони бонуси. Доколку се активираат сите бонуси, вкупната вредност на трансферот ќе изнесува 140 милиони евра. Тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид, надминувајќи ја сумата што клубот ја потроши за Џуд Белингем во 2023 година, ...

Репрезентативецот на Косово, Фисник Аслани, е изборот на раководството на Лајпциг за нов напаѓач и замена за Јан Диоманде, кој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Лајпциг упорно тврдеше дека Диоманде нема да си замине додека не биде договорен неговиот наследник, управата на бундеслигашот остана на зборот, па денеска даде зелено светло за неговото заминување откако во меѓувреме го договори трансферот на Аслани. Косовскиот офанзивец доаѓа ...

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години славеше над Фарски острови со 34-32 во натпревар за разигрување од 9. до 16. место на Европското првенство во Србија. Селекторот на Македонија, Горан Кузманоски вели дека е горд на неговите ракометари. „Ова беше многу тежок натпревар, против Фарските Острови, репрезентација која има одличен систем на игра и речиси до перфекција ја игра 7 на 6. Уште во првото полувреме успеавме да го ...

Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со Трабзонспор, според кој египетскиот напаѓач ќе заработува 17 милиони евра по сезона, објави турскиот клуб. Салах ќе добива 20 проценти од продажбата на производи што го носат неговото име, како и дополнителни бонуси во текот на секоја сезона. Салах го напушти Ливерпул ова лето по девет години, при што постигна 257 гола на 442 натпревари и освои две титули во Премиерлигата и една во Лигата на ...

Раководството на ФИФА ги призна грешките и упати извинување во соопштение до јавноста, по кризниот состанок одржан во Мароко, при што ја изрази и својата целосна поддршка за претседателот Џани Инфантино, кој се соочи со критики поради планот за вклучување приватни инвеститори. Состанокот, кој беше затворен за јавноста, се одржа во африканското седиште на ФИФА, во комплексот „Мохамед VI“ во Сале, близу Рабат. ФИФА објави соопштение во кое ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Во крајно интересен разговор, но полн и многу емоции, Иван Галевски се потсетува на своите почетоци во ракометот, иако, како што нагласува, како хиперактивно дете ги пробал претходно и сите спортови што постојат кошарка, пливање, тенис, фудбал… „Битола е ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07