Експедицијата на Шкендија пристигна во Шкотска, каде македонскиот вицепрвак утре во 21 часот ќе излезе на мегдан со Хибернијан, во првиот меч од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Teтовци се максимално мотивирани за позитивен резултат, во обид да стигнат најмалку до реми за без резултатска негатива да влезат во реваншот што ќе се игра следниот четврток во Скопје. „Пристигнавме во Шкотска, позитивно за сите нас е што ...

Јан Диоманде денеска се приклучи на тренинг-кампот на Лајпциг во Австрија, но престојот ќе трае кратко со оглед на најавите дека преговорите за негов трансфер во Реал Мадрид се веќе во завршена фаза. Шпанските медиуми најавуваат дека официјализација на овој мега-трансфер може да се очекува најдоцна до утре, со што Диоманде ќе стане најскап фудбалер во историјата на Реал. „Кралевите“ на крајот ги прифатија клучните услови на кои инсистираше ...

Вицешампионот Бадел работи активно на комплтирање на тимот за наредната сезона откако „баделки“ денеска се пофалија со потписи на нови договори со две важни кошаркарки од ланскиот ростер. „🏀Капитенот на нашиот тим, Јована Петрушевска и Љубица Бошкова и следната сезона ќе го носат дресот на Бадел 1862! 🏆Со нивното останување продолжуваме да го градиме тимот со јасна цел, нови предизвици и борба за највисоките дострели“, објави Бадел. ...

Селекцијата на Македонија за кошаркарки до 18 години го претрпе и четвртиот пораз во низа на европското првенство – Б дивизија откако нашите млади кошаркарки загубија со 65-80 на дуелот со Словачка. „Црвено-жолтите“ имаат за што да жалат ако се земе во предвид одличното прво полувреме во кое постигнаа дури 44 поени, на одмор заминувајќи со предност од 44-43. Вториот дел за жал донесе поинаква слика, па македонските млади кошаркарки за 20 ...

Челниците на Атлетико Мадрид влегоа во интензивни преговори со Тотенхем, начелно договарајќи да го доведат Кристијан Ромеро за сума од 40 милиони евра. На шпанскиот гигант му се брза да ги собере парите за овој трансфер, ако се знае дека за Ромеро сериозно се интересира и Интер, па челниците на Атлетико почнаа да се ослободуваат од неколкуте фудбалери кои беа на трансфер-листа, почнувајќи од Матео Руџери. Бекот не ги оправда очекувањата по ...

Македонската кошаркарска федерација преку соопштение обелодени дека од трите должници кои не добија лиценци во првиот предвиден рок (ТФТ, Маџари и Чаир), два од нив ги подмириле обврските кон куќата на кошарката, но третиот за жал не го сторил тоа и нема да биде дел од Супер-лигата во наредната сезона. ЕКИПА дознава дека станува збор за тимот на Чаир, екипа чија висина на долгот беше најниска од трите, но управата сепак не покажа желба тоа да ...

Големите градски ривали Милан и Интер ремизираа 1-1 во контролниот натпревар што го одиграа во Перт попладнево како дел од својата австралиска турнеа. Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, а Интер поведе со првата шанса што „нероаѕурите“ ја создадоа во вториот дел, Димарко беше стрелец откако се најде осамен на пет метри од противничкиот гол и мајсторски ја смести топката во мрежата. Бројните замени што ги направи Рубен Аморим ...

Јувентус излезе како победник од контролата против Челси успевајќи да триумфира со 1-0 со погодокот што во второто полувреме го постигна Жегрова. Јасно е дека Чаби Алонсо ќе има полни раце работа да го воигра Челси, „сините“ повторно беа под посакуваното ниво мачејќи се да искреираат. На спротивната страна, Јувентус трпеливо ја чекаше својата шанса и успеа да поведе со евроголот на Жегрова, кој од дваесетина метри ја смести топката во горниот ...

Макeдонија ќе настапи со најсилниот состав на почетокот на новиот претквалификациски циклус за Евробаскет 2029, гостувањето во Виена против Австрија на крајот од овој месец што важи за клучен натпревар во овие претквалификации. Ненад Димитријевиќ дал зелено светло и ќе ја предводи Македонија на овој дуел откако најдобриот македонски кошаркар се согласил да дојде на подготовките и потоа да даде свој придонес во минување на уште едно скалило ...

Елиф Елмас не се снајде најдобро во Лајпциг, беше испратен на позајмица најпрвин во Торино, потоа и во Наполи, а македонскиот репрезентативец ќе ја мине и наредната сезона надвор од овој германски прволигаш. Елмас ги одработува подготовките на бундеслигашот под водство на новиот тренер Мартин Демикелис, но аргентинскиот стратег веќе ставил до знаење дека македонскиот „дијамант“ може интензивно да бара нов клуб до крајот на овој преоден рок. ...

Франко Мастантуоно е најновото засилување на Фиорентина откако калчолигашот од Фиренца се договори со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на овој аргентински фудбалски бисер. Мастантуоно пристигна минатото лето од Ривер во Реал најавуван како еден од најперспективните млади фудбалери во светот, но Аргентинецот не го оправда тој епитет, минувајќи огромен дел од времето на клупата за резерви. Токму поради тоа, Реал реши да го испрати на ...

Македонија е подготвена за почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и во Скопје. Најдобрите млади европски селекции ќе се борат за пласман во елитната конкуренција, а македонските кадети ќе имаат чест и привилегија да ја претставуваат својата земја пред домашната публика. По повеќенеделните подготовки, селекторот Дејан Стојановски истакнува дека ...

Макаби обезбеди топ-засилување за наредната сезона откако израелскиот гигант денеска го официјализираше едногодишниот договор со Доминик Тајс, одличниот центар на германската репрезентација кој лани ги бранеше боите на Монако. Тајс поради финансиските проблеми на „кнезовите“ го напушти овој клуб и потпиша за Асвел, но и новиот клуб се соочи со идентични проблеми, па искусниот центар беше принуден повторно да бара нова средина. Понуди имаше ...

Абдул Абдул Малик (23) е најбараниот фудбалер од петтата лига во Англија во последните денови. Иако играчот нема официјална пазарна вредност, за неговите услуги веќе пристигнуваат милионски понуди, но неговиот клуб Борем Вуд засега ги одбива. Младиот крилен напаѓач имаше фантастична сезона зад себе, откако постигна 17 голови и запиша 10 асистенции на 54 натпревари во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи не останаа незабележани, а ...

Челси е блиску до финализирање на договорот со Рајо Ваљекано за трансфер на левиот бек Пеп Чаварија. 28-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со англискиот клуб и се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи, додека двата клуба работат на завршување на последните детали од договорот. Според информациите, Челси ќе плати околу 19 милиони евра за услугите на шпанскиот дефанзивец, со дополнителни бонуси и клаузули. ...

Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, ја продолжува кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло, откако потпиша договор со клубот како слободен агент. Четириесетгодишниот чувар на мрежата привлече големо внимание на последното Светско првенство, каде беше еден од најзаслужните за историскиот успех на својата репрезентација и пласманот во нокаут фазата. Зеленортските Острови успеаја да ја минат групната фаза, а потоа во ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, итно свика состанок со најблиските соработници и високото раководство на организацијата во Рабат, Мароко, откако се најде под силен притисок поради последните случувања во светскиот фудбал. Според информациите, Инфантино бил принуден да реагира по жестоките критики кои следуваа по повлекувањето на планот за создавање на компанијата „FIFA Forward Enterprise“, која требаше да управува со комерцијалните и ...

Лука Модриќ откри дека довербата и поддршката која ја добил од Милан и неговите навивачи биле главната причина поради која одлучил да остане во редовите на „росонерите“ и да потпише нов договор. Во интервју за „Газета дело Спорт“, хрватскиот репрезентативец истакна дека одлично се чувствува во Милано и дека чувството дека клубот навистина го цени било пресудно за неговата одлука. „Останав затоа што се чувствував одлично тука. Клубот и ...

Според информациите од Каталонија, спортскиот директор на Барселона Деко, вчера отпатувал во главниот град на Шпанија, каде наводно се водат завршни разговори за голем трансфер. Станува збор за ангажман на напаѓачот Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, зделка која би требало да чини нешто повеќе од 100 милиони евра. Деко бил забележан на аеродромот во Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите дека Барселона се обидува да го заврши ...

УЕФА воведе две важни промени во правилата за своите клупски натпреварувања, кои ќе бидат во сила уште од новата европска сезона. Првата измена се однесува на жолтите картони и веќе е активна. Досега фудбалер автоматски добиваше суспензија за еден натпревар по третата жолта опомена, но според новото правило прагот е поместен на четири жолти картони. Тоа значи дека играчите ќе можат да одиграат повеќе натпревари пред да заработат принудна ...

Бразилската ѕвезда Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради своето однесување по завршувањето на натпреварот против Ремо. Веднаш по последниот судиски свиреж, искусниот напаѓач се упати кон соблекувалната на стадионот „Мангуеирао“, каде се наоѓаа челниците и навивачите на противничкиот клуб. Наместо мирно да го прослави успехот на својот тим, Нејмар реши да ги испровоцира ривалите. „Елиминирани сте! Елиминирани ...

Ливерпул не преговара со Пари Сен Жермен само за евентуалниот трансфер на Бредли Баркола, туку сака да го доведе и младиот напаѓач Ибрахим Мбаје. Осумнаесетгодишниот фудбалер е заинтересиран за преселба на „Енфилд“ и во моментов му дава предност на англискиот шампион, иако има понуди и од неколку германски клубови, меѓу кои и Баер Леверкузен. Мбаје претходно беше блиску до трансфер во Лајпциг, каде требаше да биде замена за Јан Диоманде, но ...

Галатасарај сериозно работи на ангажманот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, а турскиот шампион го засилува притисокот за реализација на трансферот. Португалскиот репрезентативец наводно сака да го напушти „Сан Сиро“ ова лето, сметајќи дека е време за нов предизвик во кариерата. Иако има договор со Милан до јуни 2028 година, италијанскиот клуб не ја исклучува можноста за негова продажба. „Росонерите“ бараат 50 милиони евра фиксна отштета, ...

Трабзонспор и официјално го потврди големиот трансфер на Мохамед Салах, објавувајќи дека египетската фудбалска ѕвезда денес ќе пристигне во Турција, каде ќе ги заврши последните формалности пред потписот на договорот. Во соопштението на турскиот клуб се наведува дека Салах, со кого веќе се водат завршните преговори за трансфер, ќе слета на терминалот за општа авијација на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во среда, 5 август, во 12:00 часот. ...

Шпанскиот напаѓач Рафа Мир до крајот на сезоната ќе настапува за грчкиот клуб Арис, кој го потврди неговото пристигнување на позајмица од Севилја. Договорот на Мир со Севилја истекува во летото 2027 година, а грчкиот клуб објави дека постигнал договор со 29-годишниот фудбалер по завршувањето на позајмицата да потпише едногодишен договор и да остане во Солун до летото 2028 година. Мир во последната сезона настапуваше како позајмен играч во ...

Фудбалерите на Динамо Загреб веќе се во плеј-офот од Лигата на шампионите, откако со убедливи 4-0 го совладаа тимот на Кауно Жалгирис во првиот натпревар од третото квалификациско коло. Хрватскиот првак откако едвај го мина тимот на Тун претходно, сега покажа сила и моќ, и славеше убедлив триумф. За само две минути во првиот дел, Динамо стигна до 2-0. Зајц во 31. минута донесе предност, а во 33. минута МекКена ја зголеми предноста. Лисица во ...

Екипата на Црвена Звезда направи мал чекор назад кон групната фаза од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од третото квалификациско коло, загуби од Хапоел Бер Шева во Унгарија со 1-0. Бер Шева единствениот гол го постигна Ахмед во 38. минута од средбата, после катастрофалната грешка на голманот Матеус и Лукасен. Црвена Звезда имаше и играч повеќе од 58. минута, но сето тоа не го материјализираа барем со израмнување. Левски на ...

Фудбалерите на Борнмут продолжуваат со импресивната форма во подготвителниот период, откако во пријателски натпревар ја совладаа Џенова со неверојатни 10:1. Иако станува збор за предсезонски дуел, англискиот тим одигра фантастичен меч и постигна дури 10 голови во 120 минути игра. Со тоа Борнмут стигна до 19 постигнати погодоци на трите досегашни контролни натпревари ова лето. Натпреварот беше поделен на четири периоди од по 30 минути. Борнмут ...

Фудбалската репрезентација на Алжир започна потрага по нов селектор по разделбата со Владимир Петковиќ, а според француските и африканските медиуми, прв избор на раководството е искусниот шпански стручњак Рафаел Бенитез. Петковиќ ја напушти клупата на „Пустинските лисици“ по елиминацијата од Светското првенство, каде Алжир беше поразен од Швајцарија со 2:0 во осминафиналето. Набрзо по завршувањето на турнирот, двете страни спогодбено ја ...

Холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона мината на „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми. Според „Дејли Мејл“, сериозен интерес за 28-годишниот играч за врска покажува Нотингем Форест, кој е подготвен да го ангажира уште во текот на летниот преоден рок. Рeјндерс минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Милан за околу 55 милиони евра како замена за Кевин Де Брујне. Сепак, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75