Во пресрет на денешната средба со координаторите на советничките групи на која треба да го презентира планот за излез од кризата во главниот град, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во јавен настап прстот го впери во општини со кои раководат коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е принципот кој што треба да го знаат граѓаните. Ова се Тетово и Гостивар", рече Арсовска покажувајќи фотографии од преполни контејнери со смет. „Не смеат да ...

Кандидатката на Демократите за претседателските избори во САД, Камала Харис, има уште 75 дена да ги придобие американските гласачи. На завршетокот од партискиот конгрес во Чикаго таа ги скицираше плановите и програмата за Белата куќа и официјално ја прифати номинацијата. „Знам дека вечерва ме гледаат луѓе со различни ставови и сакам да знаете дека ветувам оти ќе бидам претседателка на сите Американци“, рече актуелната потпретседателка на САД. ...

Голем е колку авокадо и важи за еден од најголемите дијаманти во светот - во рудник на канадската компанија Лукара Дајмонд Корп во Боцвана е пронајден огромен дијамант од 2.492 карати. За квалитетот на дијамантот сѐ уште нема точни информации, но се вели дека тој е со „висок квалитет“. Во Боцвана, во 2021 година, компанијата Лукара пронајде дијамант од 1174,76 карати, кој досега се сметаше за трет најголем во светот. Најголемиот дијамант за кој ...

Индискиот премиер Нарендра Моди ќе допатува во Киев денеска, 23 август, во пресрет на Денот на независноста на Украина, и само еден месец по неговата посета во Москва. Посетата сигурно ќе предизвика мешани чувства кај домаќините. Индија опстојува на одржување блиски врски со Русија и покрај инвазијата од февруари 2022 година, и по цена на значително иритирање на Киев и на неговите сојузници. Моди повикува на мир, но и одбива директно вината за ...

Индискиот премиер Нарендра Моди ќе допатува во Киев денеска, 23 август, во пресрет на Денот на независноста на Украина, и само еден месец по неговата посета во Москва. Посетата сигурно ќе предизвика мешани чувства кај домаќините. Индија опстојува на одржување блиски врски со Русија и покрај инвазијата од февруари 2022 година, и по цена на значително иритирање на Киев и на неговите сојузници. Моди повикува на мир, но и одбива директно вината за ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе добие поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои најавија дека ќе гласаат за програмите коишто ќе ги предложи на седницата на 29 август. Целта е да се решат проблемите со коишто се соочува главниот град во пресрет на септември, а најгорливи се недостигот на автобуси во јавниот превоз и сметот во којшто е затрупан главниот град. Волја за средувањето на состојбите во главниот град има, но ...

Македонските граѓани се поретко одат во „минус“ на тековните сметки и кредитните картички, ама затоа „удрија“ на кредити за станови и купување автомобили. Најновите статистички податоци на Народната банка покажуваат дека само за една година е забележан раст на автомобилските кредити за 23,6 проценти. Па така, во јули автомобилските кредити се повисоки за 2,5% на месечно ниво, односно 23,6%, на годишна основа. Слична е состојбата и со ...

Тим Волц, 60 годишен ветеран и поранешен наставник по географија, неодамна се стекна со слава на национално ниво откако кандидатката на Демократите во трката за претседател на САД, Камала Харис, го избра за нејзин заменик, во случај да победи на изборите во ноември годинава. Пред тоа Волц беше познат само во сојузната држава Минесота каде што е на функцијата гувернер. Волц беше критичар на поранешниот претседател Доналд Трамп, особено во однос ...

Гејмском (Gamescom) требаше да биде неговиот голем момент: како шеф на германското студио Suspicious Games, Денис Квазиер сакаше да го претстави својот Проект Валдкауц (Projekt Waldkauz), авантуристичка игра со чудовишта и херои. Неговиот тим работеше на тоа три години, а Баварскиот филмски и телевизиски фонд за него обезбеди речиси 100.000 евра стимулации. Сепак, набрзо следеше горчливо сознание. „Парите беа потрошени, а почетокот на продажбата ...

„Драги обожувачи, драга фудбалска Германијо, мораше некогаш да дојде и овој ден" – со овие зборови голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Нојер ја започнува неговата порака со која на Инстаграм го најави повлекувањето. „Секој кој ме познава знае дека одлуката не ми падна лесно", рече тој. „Се чувствувам физички во добра форма и секако ќе беше предизвик да се игра и на светското првенство во САД, Мексико и Канада во 2026 година", ...

Амбасадорот и постојан претставник на Северна Македонија во ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски поднесе оставка, откако неодамна беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи поради наводни финансиски нерегуларности во работењето. Оставката е поднесена до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и известено е МНР. Фрчкоски не смета дека оставката на каков било начин ќе се одрази на функционирање во техничка смисла на Мисијата, но ...

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не е единствениот соговорник на владата околу идеите за реформи кои треба да ја вратат довербата во правосудството. Премиерот најави дека тој процес на разговори ќе продолжи и во наредниот период ќе се чекаат и други идеи и предлози за реформи во правосудство. Христијан Мицкоски дел од проблемите ги лоцира во институциите што го вршат „кастингот“ на кадри во судството и обвинителство. Од тие ...

Прв пример: Албанецот ја кодоши власта кај Бугарите. Премиерот го прими Бугаринот во проштална посета. Воведот е пресек на начинот на кој македонските медиуми го покриваа истиот тематски настан (проштални посети на амбасадорот на Бугарија), но со спин-зачин. Втор пример: Сиљановска одлуката ја донесе согласно Уставот. Сиљановска има човеково право да користи какво сака име за земјата. Вториот пример, поврзан со именувањето на контроверзен и ...

Понекогаш настаните се одвиваат како да се нарачани. Овој вторник, 20 август, канцеларот Олаф Шолц (СПД) присуствуваше на симболичниот почеток на изградбата на фабриката за чипови во Дрезден. Таа треба да обезбеди снабдување со чипови за Германија и Европа, а субвенционирана е од германската влада со милијарди евра. Шолц го нарекува чипсот „нафта на 21 век“ и не ја пропушти можноста лично да присуствува на настанот. Како да порачува: „Криза, ...

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Неготино упати само пофални зборови за работата на Гаши, истакнувајќи дека тој е подобар од неговиот претходник, Талат Џафери. „Начинот на кој тој се однесува како спикер во парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот ...

Пред почетокот на учебната година, сѐ уште е неизвесно дали ќе се решат проблемите со јавниот превоз и дали ќе ги има сите учебници неопходни за одвивање на наставата. Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека освен за странските јазици, по сите други предмети ќе има учебници на почетокот на учебната година. „Сите учебници кои оваа влада ги вети, оваа година ќе стигнат до почетокот на школската година. Веќе објавивме дека е почната ...

Неколку инциденти изминатиот период и го загорчија „медениот месец“ на владината коалиција. Бонусот од првите 100 дена од новата Влада, покрај ветувањата на премиерот Христијан Мицкоски за економски инвестииции, неколку големи проекти и реформи во судството, полека се „троши“ со надмудрување со опозицијата и препукнувања со ДУИ, кои преку политичка платформа бараат заштита на легитимитетот. Но, и со гаснење на пожарот во владината коалиција, ...

Членовите на Долниот дом на рускиот парламент предложија Дојче веле и британската фондација Британски совет да се стават на листата на „непожелни организации“. Соодветното барање беше проследено до руското Генерално обвинителство. Ова во вторникот (20.08) го соопшти претседателот на Комисијата за безбедност и борба против корупција, Василиј Пискарјов. Според Пискарјов, се предлага на ДВ и на Британскиот совет да им се забрани каква било ...

Неименуван функционер на Владата на САД вели дека причината за посетата на директорот на ЦИА (Централната разузнавачка агенција) Вилијам Брнс на Сараево е „да се разговара за загрижувачката сецесионистичка реторика и постапките на претседателот на ентитетот Република Српска (РС) Милорад Додик и Владата на РС“. „Остварени се средби со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството и министерот за надворешни работи. Тие разговараа ...

Состојбите во правосудството се економски и безбедносен проблем, оцени премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во вторникот, и рече дека останува на ставот дека и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да се распуштат. „Нормално, ние си стоиме на ставот за распуштање на тие институции, за кои зборуваме целиот овој период, не очекуваме брзи резултати, но очекуваме напредок“, рече ...

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја повика Демократската партија да се сплоти зад нејзината претседателска кандидатка Камала Харис. Таа е „подготвена за работата“, рече тој на конвенцијата на Демократската партија во Чикаго, а потоа дури и го извика својот поранешен повик „Да, таа може!“, алудирајќи на неговиот претходен, светски познат слоган на кампањата „Да, ние можеме!“. „Имаме шанса да избереме некој што го поминал целиот ...

Само еден ден откако Светската здравствена организација прогласи највисоко ниво на тревога поради појава на мпокс во африканските земји по вторпат во две години, првиот случај се појави и во Европа.Лицето било заразено за време на престој во африкански регион каде имало голема епидемија на болеста, изјави на прес-конференција генералниот директор на шведската здравствена служба. Овие актуелни случувања резултираа, меѓу другото, со зголемен број ...

Кога ќе се огласи Бетовеновата Ода на радоста - европската химна, излетничкото место Шопрон станува многу тивко. 35 години по историските настани од 19 август 1989 година, околу 200 луѓе се собраа на унгарско-австриската граница за да ја прослават годишнината од „Паневропскиот појадок“, вклучително и многу тогашни сведоци - и двајца претседатели. „Ви благодарам, драги Унгарци!“, повика германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер до ...

На Балканот полека се уриваат границите, но за тоа не е заслужен Отворен Балкан, туку присилното дигање на рампите кога во далечина ќе затрепкаат посебните светла на лимузините на високи функционери. За нив нема „стоп“, нема гранична контрола, нема царинска контрола, ниту пак проверка на возилото или патните документи на патниците. Последен, но не и прв е примерот со одењето на свадба на шефот на парламентот Африм Гаши, кој „топ-тан" со ...

ДУИ нема претензии за региoнализација, кантонизација, дестабилизација - крајната цел на платформата на Европскиот фронт е целосна рамноправност и да не се дозволи игнорирање и флагрантно кршење на принципите на Охридскиот договор. Вака поранешниот министер за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, ги објаснува активностите што се планираат со и околу нацрт платформата за легитимитет, неодамна изработена од Пол Вилијамс од ПИЛПГ (The ...

Министерството за внатрешни работи пронајде пропусти при преминот на границата со Косово на колоната свадбари, предводени од претседателот на Собранието,Африм Гаши. По три дена контроли, проверки на камерите на граничниот премин Блаце и увидот во евиденцијата на системот за контрола на патници и возила, утврдено е дека не се целосно запазени процедурите. „Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека ...

За 10 евра или 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во текот на август во споредба со јули годинава. Ова го покажуваат најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари. Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога ...

Недоразбирањата и препирките меѓу Владата и Градот Скопје место да се смират – кулминираа по средбата којашто се одржа во понеделникот (19.08) меѓу премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински и скопската градоначалничка Данела Арсовска. Пред почетокот на школската година градот е оставен на милост и немилост. Место решение за проблемите со јавниот превоз, функционирањето на јавните претпријатија и сметот во ...

Голема врева се крена откако на Фејсбук-профилот на порталот на албански јазик „Индекс.мк“ беше објавена снимка од службеното возило на собранискиот претседател, со кое наводно Африм Гаши како сват заминал по невеста во Косово. Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, донесена од Владата во 2014 година, не ги третира прашањата за службеното и приватното. Според таа ...

Американскиот претседател Џо Бајден ја вети својата енергична поддршка за изборната кампања на претседателската кандидатка Камала Харис во својот говор на партиската конференција. „Ветувам дека ќе бидам најдобриот волонтер што го видел тимот Харис-Волц“, рече Бајден доцна во понеделникот вечерта (по локално време) на состанокот на Демократската партија во Чикаго. Во својот емотивен говор, претседателот ја пофали својата заменичка како „цврста“ и ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
42%
1023
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
39%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
35%
1025
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.88
29%
1023
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
41%
1019
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
47%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
39%
1023
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941