Шеесеттата американска претседателска инаугурација ќе се одржи во понеделник, 20 јануари, како што е традиција. Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја напушти Белата куќа и, за првпат по Гровер Кливленд во 1893 година, поранешен претседател ќе се врати на функцијата без последователен мандат. Инаугурацијата на Доналд Трамп ќе го потврди како 47-ми претседател на САД, покрај тоа што беше 45-ти претседател од 2017 до 2021 година. Што е ...

Владата „Жељазков“ значително ќе ја промени политичката ситуација во Бугарија во следните насоки: 1. Таа е далеку од идеална и не е нужно најдобрата можна опција во овој парламент. Но, подобра е од продолжување на парламентарната криза и нови избори. Од оваа перспектива, формирањето на владата ќе предизвика олеснување во општеството, што ќе и даде одреден почетен кредит за доверба. Двете црвени линии на Борисов 2. Коалицијата ГЕРБ-БСП-ИТН-ДПС ...

Северна Македонија треба да го искористи моментот на наклонетост кон проширувањето на ЕУ, порача евроамбасадорот Михалис Рокас во македонското Собрание. На заедничка седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на ЕК за 2024 година, Рокас вели дека има вистински моментум и вистинска посветеност во овој период. „Од наша страна сме посветени и ...

Синдикатот на УПОЗ го повикува премиерот Христијан Мицкоски на разговори за изнаоѓање решение како да се зголемат платите на администрацијата во шест министерства и во Државниот завод за статистика, коишто цела недела протестираат. Доколку не им се излезе во пресрет, како опција се разгледува и можноста за штрајк и поднесување тужба. На 14 јануари вработените во шест министерства и два државни органи започнаа со полчасовни протести пред ...

Петнаесет месеци откако терористичкиот напад предводен од Хамас во јужен Израел предизвика невидено израелско бомбардирање и копнена кампања која ја разурна Газа, на повидок е крај на конфликтот. Човечката цена е поразителна: бројот на загинати Палестинци е близу 45.000, според локалните власти, а има повеќе од 1.000 израелски жртви од нападот на 7 октомври 2023 година. ЕУ од страна гледаше како САД, Египет и Катар посредуваа за договорот за ...

Следниот понеделник ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Европа, онаа официјалната, во функцијата и ликот на првата жена на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, не е поканета да присуствува. Наместо Фон дер Лајен, шоуто од Европа ќе треба да го „води“ Џорџа Мелони, која неодамна го посети имотот на Трамп на Флорида, а тој ја нарече фантастична жена. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе присуствува на ...

Набиена агенда со бројни средби со претставници на идната американска администрација ќе има македонскиот премиер Христијан Мицкоски, како и присуство на многу формални, но и неформални активности кои се составен дел од процесот на инаугурација на новиот американски претседател Доналд Трамп на 20-ти јануари, на свеченоста насловена „Гласови на слободата“. Според владини извори, очекувањата се дека за време на престојот македонскиот премиер ќе ...

Шефовите на големите технолошки концерни во САД досега делуваа како супербогати кралеви со своја дигитална империја. На пример, шефот на Мета, Марк Закерберг. Милијарди луѓе ги користат неговите мрежи. Тој, особено во САД, во голема мера може самиот да си ги определува правилата за игра на своите платформи. Пред првиот мандат на Доналд Трамп, тој се бранеше од неговите напади, а Трамп за возврат дури му се закануваше и со затвор. Работите се ...

„Многу сум задоволен што овој ден конечно дојде“, рече претседателот Џо Бајден во Белата куќа уште пред неговото големо проштално обраќање до нацијата. Преговорите биле меѓу најтешките што тој кога било ги доживеал. На новинарско прашање, кој е заслужен за договорот - тој или Доналд Трамп, Бајден одговори отсечно со контрапрашање: „Дали се шегувате?“ Во САД се разгоре конфликт околу тоа кој е заслужен за договорот. Трамп и неговите ...

Место мерки - надлежните институции со апели во наредниот период ќе се обидат да ги вразумат трговците и производителите да не ги зголемуваат цените на основните производиниз маркетите во земјата. Откако на 15 јануари истече владината мерка со која требаше да поевтинат 1.178 производи за 10 проценти за време на новогодишните празници, граѓаните повторно стравуваат од нов ценовен удар. Министерството за економија и пазарниот инспекторат на ...

Кога Северна Македонија ќе ги добие првите пари од Планот за раст на ЕУ? Последните најави коишто пристигнуваат од Европската комисија се дека тамошните служби ги финализираат процедуралните чекори, откако до нив стигнало барањето за претфинансирање поднесено од Северна Македонија. Очекувањата се дека првите средства ќе стигнат наскоро. Македонија бара 52,5 милиони евра или претфинансирање од 7 отсто во рамки на реформската агенда на земјата. ...

Во Појасот Газа луѓето избувна радост по првата најава за прекин на огнот. Според очевидци, десетици илјади луѓе излегле на улиците да слават уште пред официјалната потврда на договорот. Слики споделувани на палестинските и социјалните мрежи покажуваат луѓе што пеат и танцуваат. Прослави имаше и во Либан, каде што живеат многу палестински бегалци. Исламистичката организација Хамас договорот го прослави како достигнување за Палестинците. ...

Најбогатиот човек на светот и канцеларската кандидатка на деснопопулистичката, делумно и екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), во четвртокот, на 9 јануари, на платформата Х зборуваа на различни теми. Илон Маск и Алис Вајдел изнесоа многу тврдења, за кои ДВ порано веќе изврши проверка. Но, едно од нив, она за нацизмот и Втората светска војна, е особено контроверзно: Алис Вајдел тврди дека Адолф Хитлер не бил „десничар“ ...

Владата „Желјасков“ значително ќе ја промени политичката ситуација во Бугарија во следните насоки: 1. Таа е далеку од идеална и не е нужно најдобрата можна опција во овој парламент. Но, подобра е од продолжување на парламентарната криза и нови избори. Од оваа перспектива, формирањето на владата ќе предизвика олеснување во општеството, што ќе и даде одреден почетен кредит за доверба. Двете црвени линии на Борисов 2. Коалицијата ...

По дводневни препукнувања дали има или не политичка заднина зад протестите на администрацијата, којашто веќе два дена протестира барајќи колективни договори и зголемување на платите, Владата ги повикува синдикалците на разговори за да се најде прифатливо решение. „Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог“, порачаа од Владата, откако ...

Станува збор за оружје вредно три милијарди евра, наменето пред сѐ за воздушна одбрана на Украина. Испораката на ова оружје не е спорна во коалициската влада на Зелените и Социјалдемократите (СПД), но спорни се финансирањето и времето. Буџетот на државата за 2025 година не е донесен поради раскол во рамките на т.н „семафор-коалиција“, која ја сочинуваа СПД, Зелените и Либералите (ФДП). Зелени: Долгови за финансирање на Украина За Зелените ...

Празниците завршија, со што дојде крајот и на привремената владина мерка за пазарување на поевтини производи опфатени со новогодишната потрошувачка кошница. Додека статистиката и синдикатите ги сумираат ефектите од оваа владина мерка, којашто беше на сила од 15 декември до 15 јануари, Министерството за економија веќе ја даде првичната оценка дека таа ги исполнила очекувањата и најавуваат дека и во наредниот период ќе следат мерки и политики ...

Евроамбасадорите од Скопје во средата (15.01) изразија оптимизам дека 2025 година може да донесе напредок во евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, на работен појадок во македонското МНР, на кое присуствуваа и неговите колеги од земјите - членки на Унијата, порача дека „се наоѓаме во важен момент во билатералните односи“. „Сметам дека ќе имаме многу причини за да бидеме ...

Има надеж дека наскоро ќе соопшти добри вести, изјави вчера (14.01) претставник на израелската влада. Само еден од неколкуте знаци дека договорот за прекин на огнот на Блискиот Исток напредува по неколкумесечниот ќорсокак. Дури се вели и дека Хамас најавил согласност со сегашниот нацрт-договор. Што содржи предлогот? Според израелските информации, во прва фаза би биле ослободени 33 заложници. Тие вклучуваат жени, деца, луѓе над 50 години, како ...

ДУИ објави видео во кое презентираше ланска вест објавна на веб-страницата на Министерството за меѓуетнички односи раководено од вицепремиерот Иван Стоилковиќ, каде тој Косово го именува како Косово и Метохија. Посочената вест е од август минатата година, а се однесува на тогашна посета на вицепремиерот Стоилковиќ на спортски камп во Белград, каде учествувале и деца од Македонија на возраст од 12 до 15 години. Набројувајќи од кои други земји ...

Додека пожарникарите гаснат пожари, опасноста од повторно разгорување на огнот поради силниот ветер во Лос Анџелес останува и натаму. „Бидете свесни за вашата околина. Подгответе се за евакуација. Избегнувајте сѐ што може да предизвика пожар“, апелираше до населението американската метеоролошка служба НВС. Службата предупреди од налети на ветер со брзина од 110 километри на час што може да се случат попладнево по средноевропско време. Пред ...

Веројатно нема поозлогласен сектор во Северна Македонија од администрацијата. Критиките се за нестручност, неетичност, партиска послушност, но како никој повеќе да не ја споменува превработеноста која стана заштитен знак за оваа област. Темата повторно се актуелизира со штрајкот на вработените во повеќе министерства и неколку институции кој започна во вторникот (14.01.) со барање за зголемување на платите од 30 проценти. Ако се гледа фер, во ...

„Штит и меч на партијата“ – вака членовите на Министерството за државна безбедност на Германската Демократска Република (ГДР) ја доживуваа својата служба, формирана во 1950 година. Во пракса тоа значеше: шпионирање, угнетување, сеење сомнеж. А главната целна група беше - сопствената популација. Штази, како што населението го нарекуваше министерството (Staatssicherheitsdienst – Служба за државна безбедност), беше најважниот систем за рано ...

Малку места отелотворуваат богатство и гламур како Холивуд Хилс во Лос Анџелес. Ексклузивноста на оваа и другите станбени области на север и северозапад од метрополата е една од причините што шумските пожари во пошироката област на Лос Анџелес може да станат една од најскапите природни катастрофи во историјата на САД. Пожарите однесоа најмалку 24 животи и уништија имот вреден неколку милијарди долари. Постоеше закана во пламенот да исчезнат и ...

Луѓето во Србија ги обожаваат и рускиот претседател Владимир Путин и идниот американски претседател Доналд Трамп - па што може да биде пологично од тоа Србија да биде место на историска средба меѓу овие двајца? Тоа отприлика го објави српскиот претседател Александар Вучиќ на телевизијата Пинк. „Ние сме целосно подготвени да ја гарантираме безбедноста на двајцата претседатели“, рече Вучиќ, тврдејќи дека, за разлика од другите потенцијални ...

Според извештаите во медиумите, кинеската влада размислува да го продаде загрозениот американски бизнис на ТикТок на технолошкиот милијардер Илон Маск. Во Пекинг било разговарано за опцијата онлајн платформата на Маск, X да ја преземе контролата врз американскиот дел од ТикТок и да управува заедно со услугите, објави новинската агенција Блумберг, цитирајќи информирани луѓе. „Волстрит журнал" набргу потоа објави дека подготвеноста да се ...

Вработените од шест министерства и од Државниот завод за статистика започнаа со предупредувачки протести коишто ќе траат секој ден пред институциите од 11 до 11.30 часот. Во петок протестот се сели пред Министерството за финансии, каде што во периодот од 11 до 12 часот, администрацијата ќе го изрази своето незадоволство од непотпишувањето на колективните договори, со коишто вработените ќе треба да добијат 30 проценти додаток на плата. Во ...

Бугарија предлага нацрт-договор со Северна Македонија за изградба на граничниот железнички тунел од Коридорот 8. Како што објави бугарската агенција Бгнес, бугарската страна е подготвена што поскоро да ги започне преговорите со Северна Македонија за предложените текстови, а потоа да продолжи со неговото потпишување. Како што наведуваат тамошните медиуми,бугарската влада испратила до Северна Македонија нацрт-договор за подготовка, изградба и ...

Џо Бајден одамна не добил толкав аплауз. Една недела пред да му ја предаде функцијата на Доналд Трамп, тој повторно го доби - од персоналот на Стејт департментот на почетокот на неговото последно обраќање во врска со надворешната политика на САД. „Америка е посилна, нашите сојузи се посилни, нашите противници и конкуренти се послаби отколку што беа пред четири години“, заклучи Бајден. Русија не постигна ниту една од своите стратешки цели во ...

„Нова ера во односите меѓу Србија и САД!“ Ова беа насловите со кои српскиот печат ја поздрави веста за изборот на Доналд Трамп за претседател на САД минатата година. Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави дека во телефонски разговор со новоизбраниот претседател Трамп истакнал дека Србија е земјата каде поддршката за Трамп е најголема во цела Европа. „Сигурен сум дека ќе ја направиме - тој Америка голема, а ние ќе можеме да ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
85%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.64
92%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.54
97%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
89%
1006
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
91%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Калај

46.06

Иридиум

215504.98

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Злато

159436.20

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Платина

67484.42

Паладиум

54077.56

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51