Петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што денеска (7.11) се одржува во Будимпешта, без дилема ќе биде еден од позначајните - не само поради темите за кои ќе се разговара, туку што сите тие ќе бидат анализирани доминантно низ призмата на изборниот епилог во САД. Во конгресниот центар Aрена „Пукаш", домаќин на 47 шефови на држави и влади од членките на ЕУ, од земјите кандидатки за членство и од држави кои граничат со ЕУ, домаќин ќе ...

Според секоја и секаква политичка логика, Доналд Трамп не би можел да биде претендент за втор претседателски мандат, дабетер помалку победник на избори како во САД. Да не арчам време и простор, причините ги знаете и самите. Сосема е поинаква приказната доколку логиката ја одделите од политиката и ликот и се фокусирате на културата која го донесе Трамп на врвот на светската моќ. Двапати! Скраја сите политички нелогичности. Спротивно на ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, кој е и лидер на партијата на Либералите, помалиот коалициски партнер во Владата. Со таквиот потег на Шолц им беше ставен крај на разговорите за изнаоѓање компромис во трипартитната владина коалиција во Германија, која ја сочинуваат Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП). Во изјава по состанокот, Шолц рече дека ја изгубил довербата во Линднер кој ...

Кога Доналд Трамп го именуваше за свој потпретседателски кандидат на американските избори во јули годинава, многумина го видоа тоа како доказ за подемот на Џеј Ди Венс во Републиканската партија. По овие избори и победата на Доналд Трамп, многу набљудувачи го гледаат како наследник на движењето на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America great again) - и затоа и како перспективен кандидат на Републиканската партија за ...

Доналд Џ. Трамп е поранешен и и ќе биде нов претседател на САД. Тој победи во клучните сојузни држави и така ги доби изборите во оваа 2024 година. Неговиот прв мандат како претседател беше од 2017 до 2021 година. Поддржувачите го гледаат како спасител и херој подготвен да ги брани нивните вредности против либералите во САД. Критичарите, пак, посочуваат дека тој е осуден криминалец и со неверување ја следеа неговата кампања, изразувајќи ...

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп ќе биде 47-миот претседател на САД. Две демографски групи кои традиционално со големо мнозинство гласаат за Демократската партија овојпат му помогнаа на Трамп да го постигне овој успех. Тој оствари значителни продобивки и ја намали разликата во однос на Демократската партија кога станува збор за гласовите на младите луѓе под 30 години, а уште повеќе меѓу многу млади мажи. За оваа група ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговаа за можните ефекти од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Портпаролот на германската влада рече дека двајцата ветиле дека ќе соработуваат уште потесно во иднина. „Ќе работиме во овој нов контекст за пообединета, посилна, посуверена Европа. Во соработка со САД и бранење на нашите интереси и вредности“, напиша Макрон на социјалната мрежа X. Министрите ...

На вечерниот состанок на коалицискиот одбор ќе се разговара дали СПД , Зелените и ФДП можат и сакаат нивната заедничка влада да продолжи со работа. Во последно време најмногу се зборува за нивните конфликти. Актуелниот спор е околу тоа што владата во Берлин може и што треба да направи за да и помогне на болната економија на Германија. Покрај тоа, СПД, Зелените и ФДП мора да постигнат договор за буџетот за наредната година, како и да одлучат кои ...

На вечерниот состанок на коалицискиот одбор ќе се разговара дали СПД , Зелените и ФДП можат и сакаат нивната заедничка влада да продолжи со работа. Во последно време најмногу се зборува за нивните конфликти. Актуелниот спор е околу тоа што владата во Берлин може и што треба да направи за да и помогне на болната економија на Германија. Покрај тоа, СПД, Зелените и ФДП мора да постигнат договор за буџетот за наредната година, како и да одлучат кои ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на избори уште утре, но прашањето е дали за тоа треба да трошат парите на граѓаните. Одговарајќи на новинарски прашања во однос на можноста да се одржат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните во 2025 година, тој вели дека Владата има четиригодишен мандат од граѓаните и дека треба да ги засука ракавите и да работи за доброто на сите. „Наша цел е да донесеме нешто ...

Во меѓувреме победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и официјално е потврдена. Тој, меѓутоа, почна да добива честитки од светските лидери уште од раните утрински часови, кога стана јасно дека неговата предност пред кандидатката на Демократската партија, Камала Харис е недостижна. Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на Доналд Трамп. „Честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. Германија и САД ...

На изборниот собир на Републиканците во американската сојузна држава Флорида, Доналд Трамп се прогласи за победник. „Ова е политичка победа, каква што нашата земја сѐ уште не доживеала“, изјави тој пред своите приврзаници, откако претходно Фокс Њус го прогласи за победник. Останатите американски медиуми и агенцијата АП тоа досега не го имаат направено. Трамп, зборувајќи на централната постизборна забава на Републиканците, оцени дека е постигнат ...

Повеќе прашања отвори отколку што затвори вчерашната седница на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ, на која се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата, а биле донесени и неколку одлуки. ЦО донел одлука на 24-ти ноември да се одржи 30-тиот Конгрес на партијата, на кој што ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата. Од него треба да произлезе новиот извршен одбор и идното партиско ...

По победата на Доналд Трамп на изборите во САД, македонските политичари очекуваат продлабочување на соработката со новата американска администрација и зајакнување на стратешкото партнерство. И власта и опозицијата испратија честитки до новоизбраниот американски претседател, изразувајќи надеж дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и досега, за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа. ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија одлучи да ги одликува со орден ни помалку ни повеќе туку браќата Мијалкови, од кои едниот е добро познат во јавноста. Орденот „Свети Николај“ им го додели брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот придонес во изградба на црква во штипско Ново Село. Придонесот се состои во пари за изградба на црквата. Црквата изградена со парите на браќата Мијалкови доби и симболично име: Свети ...

Владината пропагандна машинерија почна да работи веќе во првите минути по несреќата во Нови Сад, каде загинаа 14 лица. Секаква одговорност за трагичниот настан беше експресно демантирана: првата вест беше дека настрешницата на зградата на Железничката станица не била предмет на реконструкција, а режимските медиуми наведуваа бројни трагични настани и уривања во странски земји по принципот дека „секаде се случува “. Како по команда, почна спинот и ...

На претседателските избори во САД, републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи во сојузната држава Северна Каролина - првата од седумте одлучувачки сојузни држави. Како што објавија американските медиуми Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си и Еј-Би-Си, Трамп ја освои југоисточната сојузна држава, каде беше победник и на изборите во 2020 година. Со тоа, кај него одат 16 електорски гласови од Северна Каролина. Сега на демократката Камала Харис ќе ѝ биде уште ...

Кандидатката на Демократите за претседател на САД, Камала Харис, соопшти дека нема да се обрати во текот на изборната ноќ. Од изборниот тим на Харис на присутните во Универзитетот Хауард на настанот во организација на Демократската партија беше речено дека Харис ќе се обрати во текот на наредниот ден, поради тоа што сѐ уште се пребројуваат гласови. Во меѓувреме, приврзаниците на демократката веќе почнаа да го напуштаат универзитетскиот простор. ...

„Ајде да се кладиме“, му предлага седмодделенец на негов соученик, додека „сериозно“ разговараат на клупа во учлишниот двор по зaвршените часови. Тројца нивни врсници го поддржуваат предлогот, во кој предмет на обложувањето е - кој ќе победи во САД!? Добивката за победникот во кладењето е бурек или бургер, сеедно. Кога ќе ги прашате - и двајцата признаваат дека за кандидатите го „знаат“ она што го слушнале од нивните родители. „Татко ми рече ...

Конечно да се дигнат раце или да се спаси што сè уште може да се спаси? Ова се клучни денови за германската сојузна влада, која на почетокот на декември ќе биде на функција три години. СПД, Зелените и ФДП секогаш се расправаа. Нивните основни политички убедувања се премногу различни. Во коалиција се две левичарски партии и една економски либерална партија. СПД и Зелените се потпираат на силна држава која води и политика финансирана од долгови. ...

Во средината на ридскиот пејзаж, опкружен со шуми и полиња, се наоѓа Моргантаун, мала населба од 2.700 жители во југозападниот дел на американската сојузна држава Кентаки. За кого ќе гласа на 5-ти ноември? Човек на бензинска пумпа не мора двапати да размислува: „Доналд Трамп - кога беше претседател имав пари во џебот. Не од Џо Бајден“. И други го велат истото. Тоа не е изненадувачки овде во Моргантаун. Во 2020 година, осум од десет гласачи во ...

Најбезбедна апликација која лесно се „маскира“ на телефоните, тешко се пробива во неа, податоците се бришат веднаш по разговорот, со што исчезнуваат сите траги за тајните договори - ова се само некои од карактеристиките поради коишто апликацијата Sky изминатите години стана најинтересна алатка за криминалците. Нарко-босови, криминалци, полицијата, трговци со оружје, лица вклучени во ланецот со проституција ширум светот, според медиумските ...

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, очекува институционално системско решение за Ромите во однос на јазикот. Покрај барањето ромскиот јазик да биде задолжителен во училиштата каде мнозинството се ромски деца, тој вели дека е потребна и катедра на ромски јазикна Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, културни центри во Скопје и во четири други поважни ...

Во вакуум просторот којшто се создаде меѓу есенската и новогодишната потрошувачка кошница којашто ја најави Владата, партиите нудат различни решенија со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Укинување на ДДВ за основните производи или поригорозни казни за трговците коишто енормно ќе ги зголемат цените - се двата различни концепти коишто ги нудат опозицијата и власта со цел да се олесни животот на граѓаните и да се заузда ценовниот ...

„Не значи ништо што тебе те боли, литература е кога ќе направи читателот да го боли“, ми напиша еднаш Оливера Николова кога зборувавме за писателското творештво. И како сега да пишувам за мојата болка при збогувањето од неа, а тоа да биде литература која ќе направи да го и боли читателот? Оти Оливера Николова, најголемата меѓу нас, македонските писателки и писатели, заслужува да се збогуваме од неа само со литература. Таква, која барем малку ќе ...

Во Нови Сад беше прогласена тридневна жалост поради големата несреќа во која загинаа 14 лица.Во првите денови по трагедијата никој од надлежните не сакаше да ја прифати одговорноста за уште една трагедија што ја погоди Србија. Официјална оставка најави министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ за вторник (5 ноември). Тој, дипломиран правник по професија, речиси истиот ден кога се случи несреќата, се огради од ...

Нови Сад, од улица „Зоран Ѓинѓиќ“ број 1 - до адреса во Скопје. Ова е релацијата што речиси секој викенд ја поминувал Васко Саздовски, македонски научник, вработен како виш истражувач во БиоСенс, новосадскиот истражувачко-развоен институт, кој се смета за пионер во дигиталната трансформација на земјоделството во Србија. Уривањето на настрешницата на новосадската железничка станица на први ноември, која однесе 14 животи и животно загрози уште три ...

Една шокантна вест за медиумите во Америка покажа на најпластичен и на извонредно директен начин колкаво е американското влијание врз остатокот од светот и колку за неговиот поредок и иднина се важни изборите на 5 ноември. Речиси во секоја земја на планетава се прават дипломатски, економски и безбедносни пресметки што ќе значи доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа или ако Камала Харис стане првата жена претседател на САД. Додека течеа ...

Одамна е позната поговорката: „Ако кивне Америка, светот го тресе треска“. Има разни духовити досетки на иста тема: „Ако милијарда и пол Кинези рипнат во исто време само од еден метар височина, ќе се преврти планетата земја“; „Ако Русите ги затворат енергетските славини,ќе замрзне цела Европа и половина од светот“. Србите пеат: „Зауставите Дунав и сказаљке старе“. Абе се запираат ли Дунав и времето, заљубена луда главо отиде Европа под вода. Кој ...

Изборен маратон во САД. На овој 5-ти ноември се избира претседателот на најмоќната држава во светот, но и членови на Конгресот. Анкетите предвидуваат тесна трка меѓу Камала Харис (Демократи) и Доналд Трамп (Републиканци). ДВ одговара на најважните прашања поврзани со изборниот процес. Кој гласа? Право да гласаат имаат околу 244 милиони луѓе кои имаат наполнето, односно се постари од 18 години. Лица осудени за тешки кривични дела во некои сојузни ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1028
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Загреб

20ᴼ / 15ᴼ
0.0
75%
1026
weather icon

Софија

22ᴼ / 15ᴼ
1.54
35%
1029
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
54%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
94%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
7.15
44%
1023
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1024
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1025
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1026
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
77%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941