Советот на јавни обвинители го објави огласот на којшто ќе се избира еден Јавен обвинител во Обинителство Велес. Огласот е објавен на 7 февруари, годинава. Кандидатите коишто ќе се пријават потребно е да ја имаат завршено обуката на Академија за судии и јавни обвинители. Огласот има тенденција за ублажување на моменталната состојба со недоволен број на јавни обвинители. Во Велес во Основно јавно обвинителство во моментот располага со седум јавни ...

Можат да се лекуваат од вчера 50 работници Фабриката за шински возила „Велес“. Од вчера за нив се достапни здравствените услуги во јавното здравство затоашто со добивањето на платата за декември,изминатиот петок, скратена им е неможноста да одат кај матичен лекар, специјалист на преглед или за препис на месечна терапија. Тоа сепак ќе трае кратко ако ним не им биде исплатена јануарската плата. Исто така, „Колска“, во петокот на 7 февруари, ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 7.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,198%, кај дизелот ...

Шеесет и четирите заболени граѓани од грип, во петтата недела на месец јануари, го зголемија вкупниот број на болни од ова инфективно заболување во велешката општина. Со нив матичните лекари и податоците од Општа болница Велес, покажуваат дека во првиот месец од годината, вкупно се разболеле 105 граѓани. Од вкупниот број на заболени според возраста најголем број, поточно 74 граѓани, се помеѓу 15 и 64 години, потоа 15 граѓани се на возраст помеѓу ...

Воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам од страна на малолетни сторители и ќе придонесе кон нивна ресоцијализација е целта на Иницијативата која беше предложена од Општина Центар, а едногласно усвоена од ЗЕЛС. Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, а дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за ...

Пишува: Слободан ТОМИЌ Во неделата, вчера, Косово не избира само општински совети – избира дали ќе остане политичка заложничка држава или ќе почне да го плаќа цената за лошите политики на Албин Курти. Додека Србија води мудра и стратегиска политика со јасни позиции за Заедницата на српски општини (ЗСО), Приштина е во тотален хаос. Курти, кој сонуваше да биде косовски Че Гевара, сега личи на изолиран автократ кој ги загуби сите – Американците, ...

Афористичарот Никола Бошков Коки и овој понеделник е со читателите на Дума.мк за кои ги напиша следниве седум афоризми: „Во моето опкружување постојат мошне сексипилни МАЧКИ, кои секој месец во годината го чувствуваат како февруари.“ „Дали со своите приказни некои актуелни политичари имаат желба да влезат во историјата или, пак…во народните бајки?“ „На денот на вљубените, некои мажи ќе ги носат своите жени во срцата, а љубовниците …со обете раце ...

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Сектор за внатрешни работи Велес и полициски службеници на Полициското одделение Чашка, денеска, ги лишиле од слобода М.З. (86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал”, ловечка пушка ,,Црвена Застава”, карабин ,,Хемерлес”, два ...

Планираме Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје да стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. „Дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има ‘8 Септември’. Има 150 квадратни метри ...

Кај осумте поголеми ланци на маркети забележан е пад на вкупниот промет за 22,12% во четвртокот и петокот, информираат од Управата за јавни приходи. За разлика од минатата недела вториот бојкот според податоците е со помал одзив. „Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS ...

Шеесет и едно годишниот К.К од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако вчера, претпладне, се превртело моторното товарно возило марка „мерцедес“ коешто го управувал додека извршувал работни задачи. Камионот се превртел во каменолом во близина на село Дебреште, општина Росоман. -Тешките телесни повреди на работникот биле констатирани во Општа болница во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител и увид на лице место извршила увидна екипа ...

Психолошките особини, карактерот како и темпераментот на личноста влијаат врз постоењето на различни видови на лаги. На многумина ни е добро позната максимата која е стара колку и Библијата: “Кој е нечесен во малку, тој е нечесен и во многу“. Ова укажува дека во основа, често пати малите лаги водат кон поголеми. Кога ќе се забележат дури и мали пропусти во интегритетот на една личност, неспорно е дека таа во иднина е склона да прави неетични ...

На трансакциските сметки на педесетте работници во фабриката за шински возила „Колска“ денеска во 15:30 часот стигна прилив. Ним им е исплатена декемвриската плата. Претседателот на синдикалната организација на ССМ, Тони Арсовски ја сподели веста со новинарите. „Плата земавме. Го ставаме штрајкот во мирување и се надеваме дека ќе има поместување на работите во наша полза,“ додаде Арсовски. Исполнетото барање за добивање на плата значи дека ...

На местото, спој на улиците „Благој Ѓорев“ и „Партение Зографски“, на коешто се појави пропаѓање и свлекување на земја изведена е канализациска шахта. Во неа е приклучен крак на фекална канализација. Така е решен проблемот којшто одеднаш се појави во длабочината на коловозот и според проценката на граѓаните изнесуваше околку два метри, на крајот на минатата година, поточно на 26 декември. Од Општина Велес денеска одговорија на прашањето на ...

Денешниот ден на наставниците и учениците во Велес започна со лажни дојави за поставени бомби во основните и средни училишта. За наводно поставените експлозивни направи дознаа и родителите на учениците. Тоа внесе вознемиреност кај нив и граѓаните на Велес. Од Сектор за внатрешни работи Велес до граѓаните е испратено следново соопштение за јавност: „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за ...

Денешните афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски гласат”: „Ама каков политичар!? Тој е само козметичар на стварноста.“ „Полтрон? Како тоа гордо ползи.“ „Каде нема сатира, има нешто труло во државата Данска.“ „Кога зад магарето се крева прашина, мисли дека е добар коњ.“ „Постојано да се напаѓа е погрешна тактика. Некои играат зад грб.“ „Каде е ѓаволот? Во луѓeто!“ „Писмен е овој народ. Не треба ...

Несватливо е да се води „борба“ со минималната синдикална потрошувачка кошничка, која не покажува како граѓаните можат да преживеат туку на креаорите на политики и на работодавачите им покажува дека не се живее со остварена минимална плата или нешто повисока од 22 илјади денари, рече меѓу другото претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов одговарајќи на прашањето на Дума.мк дали по неколку децениска формирана ...

Супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи, покажала анализата на Сојузот на стопански комори на Македонија. „Супермаркетите работат со просечна профитна маржа од само 0,83%, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32%. Некои добавувачи имаат профитни ...

Никола Данев живее и работи во САД и со години е дел од американскиот систем за противпожарна заштита како волонтер. Почнал како обичен пожарникар, а денес е командир на единица во сојузната држава Њујорк. Известува: Мики Трајковски Македонецот, Никола Данев, кој живее и работи во САД, подолго време е дел од системот за противпожарна заштита во американската сојузна држава Њујорк. Волонтерската кариера ја започнал на универзитетот „Колумбија“, ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, рано утринава, во 01:20 часот го привеле С.Г.(39) од Велес затоа што на улица „Славко Горгиев Сватот“ во Велес го нарушил јавниот ред и мир. -Тој агресивно се однесувал а скршил и стакло од влезна врата во зграда. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. Стефани Манева Сподели: ...

Стари проблеми и со нова Влада и нов управител на фабриката за шински возила „Колска“ во Велес. Преполовениот број на моментално вработени повторно е без плата, здравствено и пензиско осигурување. Педесеттината работници, утрово, пред влезната капија на фабриката застанаа за да побараат декемвриска плата, платени придонеси и регрес за годишен одмор за двете изминати години коишто законски им следува но никако да го добијат. Претседателот на ...

Пригодната свечена програма ја отвори директорката Снежана Бошевска која на денешниот настан посветен и на 153 годишнина од раѓањето на патронот рече дека е повод да се соопштат постигнатите резултати во уште една успешна година на работењето на институцијата со реализација на голем број проекти и збогатување на библиотечниот фонд со над 2.000 книги. Во медијотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ ученици на ООУ „Блаже Конески“ читаа ...

По повод 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан, Гоце Делчев, денеска, во Велес, се одржа Семакедонски Собир со тематска конференција. Почеток на Семакедонскиот собир го означи интонирањето на македонската химна. Присутните исто така присуствуваа и на тематската конференција „Влијанието на Преспанскиот договор со Р. Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Р. Бугарија врз нацоналните права на ...

Велешанецот Никола Петровски четврта година безуспешно се обидува да им докаже на институциите,локални и национални, дека од оџак на сосед излегува чад којшто го труе неговото дете и семејство. Петровски повеќе пати телефонски интервенирал и барал од Општина Велес инспекциски увид и се обратил до Државен инспекторат за заштита на животна средина. Овој велешанец тврди дека чадот што излегува од оџакот, којшто се наоѓа на висина на неговиот ...

Со новите седум афоризми, на почетокот на февруари, читателите на Дума.мк ги поздравува афористичарот Никола Бошков Коки. „За добрата МАЧКА, секој месец е Февруари.“ „Зад затворени врати комуницираат само оние политичари, кои на отворените јавни дебати не умеат уста да отворат.“ „Најлесно е да си МАЧОР во февруари – талкаш цела ноќ по МАЧКИ, а дома за спиење доаѓаш рано наутро.“ „Сите доктори не го започнуваат прегледот со соблекување на ...

Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Според Одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит. и ќе се продава по цена од 79,00 ден/литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит и ќе се продава по цена од 81,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се ...

Меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, реализирана е во текот на вчерашниот ден, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави. Меѓу 10 лишени од слобода едно лице е од Велес. „Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 ...

Во изминатите пет и во денешниот шестти ден концентрации на опасните ПМ 10 честички во воздухот во градот покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од државниот мониторинг за Квалитет на воздух кои се регистрираат на мерното место во Нова Населба, поточно ги регистрира мерната станица поставена во дворот на детската градинка во близина на „Багремче“. Во моментов во новиот дел на градот концентрациите на ПМ 10 честичките се ...

Мајка на маж на 40 годишна возраст,лице со ментална попреченост, освен туѓа нега не користела друг вид на државна помош затоа што од државни административни работници и било кажано дека семејната земјоделска фирма и сопругот како директор биле пречка нивниот син да ги користи. Сестра на лице со попреченост неможе да го придружува на бесплатна бањска 21 дневна рехабилитација бидејќи комисиската потврда не ја признаваат бањите и од неа бараат да ...

Експертски тим на Градежен факултет на УКИМ денеска повторно вршеше испитувања на главните носачи кои го држат коловозот на мостот кај Башино Село. Се прегледуваа здравите, се набљудуваа и фотографираа разјадените и кородирани делови од носачите во делот што се наоѓа над водите на река Вардар. Станува збор за вкупно 170 главни носачи – цементни греди, распоредени во 17 полиња од по 10. Сите тие се дел од распони од по 10 метри на мостовската ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1027
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
69%
1027
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
0.0
69%
1027
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1028
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
37%
1026
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
92%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
39%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1023
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1025
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1025
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941