Клиничката болница “Аџибадем Систина” со голема чест го споделува успехот на 16-годишниот Давид Домазетовски, кој го освои првото место и специјална награда на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес. Но, зад ова злато стои вистинска животна борба… На само 5-годишна возраст, Давид беше хоспитализиран во нашата болница со тумор на мозокот. Благодарение на експертскиот тим неврохирурзи и мултидисциплинарниот пристап, неговиот живот беше ...

Бугарија официјално ќе го воведе еврото како своја валута на 1 јануари 2026 година, заменувајќи го сегашниот бугарски лев (BGN) со фиксен девизен курс од 1 евро = 1,95583 лева. Со оваа промена земјата станува 21-ва членка на еврозоната. Претходно земјата ги исполни сите формални критериуми, вклучувајќи инфлација, буџетски дефицит, долгорочни каматни стапки и стабилност на девизниот курс. Покрај замената на левотот со евро, Бугарија ќе добие и ...

Десетици илјади туристи секоја година, во периодот меѓу 7 до 17 декември, го посетуваат градот Коња во Анадолија во Туркије, со цел да присуствуваат на церемониите посветени на познатиот поет и филозоф Мевлана Џелаледин Руми. Всушност, 17 декември е денот на упокојувањето на овој познат суфиски духовен учител и хуманист, но тој смртта не ја сметал за крај, туку за радост, односно за свечен чин и соединување со божеството. Неговата позната ...

Во Клиника Жан Митрев беше изведена успешна корекција на комплексна вродена срцева аномалија кај предвремено родено женско новороденче во 36 гестациска недела. Бебето, прво од близначка бременост, е родено во Приштина со родилна тежина од 2 килограми. Кај новороденчето беше дијагностицирана вродена комплексна кардиопатија, која ги вклучува тотално аномално пулмонално венско дренирање (TAPVR) и атријален септален дефект (ASD). Оваа комбинација ...

„Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак. Не ми е цел да ме сожалувате. Ова го постирам со цел да помогнам на некој што му треба каков било совет и каде да се обрати за рак на тироидна жлезда“ – напиша Горан и сподели повеќе фотки од болница во Атина. Еден од најпознатите тату артисти кај нас, Горан Миќиќ, објави дека тивко ја водел најтешката битка, со ракот. На својот Инстаграм ...

Дваесет и четиригодишниот Андреј Петрушев бил повикан на испомош вечерта кога загинал во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Неговиот помал брат Кристијан (20) исто така бил повикан на испомош, но одбил не знаејќи дека таа одлука ќе му го спаси животот. Андреј бил вработен во ресторанот „Престиж“, претходно бил 6 месеци во Хрватска, од 1 април требало да се врати во земјава. – Андреј од млади години работеше во кафулиња и во ресторани и ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за денеска, 28 декември 2025 година, поради појава на засилен до повремено силен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе надмине 60 километри на час. Како што информира УХМР, најсилни удари на ветерот се очекуваат долж Повардарието и во источните делови од земјата. Надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено во сообраќајот, како и при престој на отворен ...

Со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео бимот одеше видео на кое се гледаат инсерти од војната во 2001 година синоќа почна конвенцијата на Националната алијанса за интеграција – коалицијата која ја предводи ДУИ. Конвенцијата се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на неа коалицијата ги претставува своите кандидати. Кога приврзаниците на ДУИ се приближуваа кон салата од автомобилите мафта со знамиња на Република Албанија. Со извици ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат. Министерството за животна ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, македонскиот кандидат за Оскар, освои награда за најдобар документарен филм и за најдобра камера на 41. издание на IDA во Лос Анџелес. Жан Дакар, кинематограферот на „Приказната за Силјан’, ја освои наградата за најдобра камера. Документарниот филм, „Приказната за Силјан“ покрај во овие две категориии беше номиниран и за најдобра режија. Документарниот филм „Приказната за Силјан“ ...

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“. Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична ...

Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција. Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме ваков тип на проекти, затоа што цениме дека безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес. Им се заблагодарам на сите вработени, на министерот, на сите оние коишто го водат Министерството, ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ во објава на Фејсбук сподели видео на кое се гледа како изгледаат канцделариите на седуммина избркани Албанци од работа во тоа министерство. Објавата следуваше откако ДУИ обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“. Стоилковиќ објави снимка од канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службениците кои во неа работеле, а ...

Дејан Николов, сопственик на автосервис во непосредна близина на „Пулс“, беше првиот сведок на Обвинителството, кој на денешното рочиште во детали раскажа што се случувало вечерта кога се запалило т.н. кабаре и како помагал во спасувањето гости во објектот. Тој, заедно со неговиот син и негови другари, вечерта бил гостин во „Пулс“. Одговарајќи на прашањата на обвинителот Владимир Милошевски, сведокот раскажа дека со негови пријатели претходно ...

Во пресрет на претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите, а секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и ...

Љупчо Палевски – Палчо, осуден на доживотен затвор за грабнување и две убиства, преку својот адвокат поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје, барајќи ослободување или повторно судење. Адвокатот Јовица Страшевски тврди дека во првостепената постапка имало сериозни процесни пропусти. „Имаме најдено доста суштествени повреди во постапката. Дел од доказите воопшто не се изведени на суд, а се наведени во пресудата. Има случаи каде што доказ се ...

Министрот за внатрешни работи во гостување на Телма Телевизија појасни колку ќе бидат отстапките на камерите кои го следат и снимаат сообраќајот и регистрираат прекршоци. Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 ...

Забавниот парк „Зимзоленд“ во скопската населба Лисиче вечерва е затворен, откако, според неофицијални информации вчера попладне таму во контрола биле инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП), кои утврдиле неправилности во работењето. Засега нема официјално известување од надлежните институции за статусот на забавниот парк, за кој деновиве беше соопштено дека нема дозволи за работа, но, продолжи да функционира. Не е познато до кога ќе ...

По завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје за случајот во кој беше смртно прегазен 68-годишниот Југослав Николовски, неговата ќерка Маја Бошковска, изјави дека семејството очекува висока и правична казна за обвинетиот Фатон Љури кој на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил Николовски и го напуштил местото на несреќата. Бошковска истакна ...

Учениците нема да одат порано на зимски распуст поради загадениот воздух, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Денеска, на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на Унивезритетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, дали поради загадениот воздух Министерството за образование и наука (МОН) размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, Јаневска изјави дека ...

За околу 70 отсто од граѓаните цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто, односно сметките за струја ќе им бидат повисоки за 57 денари. За домаќиставата кои користат електрична енергија од прв и втор блок цената ќе се зголеми за 2,59 отсто, односно за сметките ќе им бидат повисоки за 70 денари. Додека за оние кои имаат потрошувачка во третиот блок, цената се зголемува за 2,79 отсто, или крајната месечна сметка ќе им биде повисока за 370 ...

Обвинителката Анита Тополова Исајловска, едногласно, како единствен предложен кандидат, била избрана за вршител на должност Републички јавен обвинител, на денешнат седница на Советот на јавни обвинители , на местото на Љупчо Коцевски, кој минатата недела даде оставка, непосредно пред да биде разрешен во Собранието. Тополова Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во ...

На автопатот Белград – Ниш, утрово се случила сообраќајна несреќа во која загинале две лица, а едно лице е повредено и е пренесено во блница, дознава Танјуг. Несреќата се случила кога автомобилот со германски регистарски таблички, излетал од патот и удрил во насипот. Српските медиуми пишуваат дека загинатите се маж и жена и дека се работи за македонски државјани, Според првичните информации тие од германија се враќале во Македонија за ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино. Осомничениот ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и ...

Скопското Основното јавно обвинителство отвори истрага против две лица за кои постои основано сомневање дека подолг период затајувале данок од бизнисот со златен накит. Истрагата е отворена по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, а осомничените се товарат дека за период од пет години, односно од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, затаиле данок во вкупен износ од 64 924 298 денари или повеќе од еден милион евра, сума ...

Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието. За ова денеска информираа од Гинекологија од каде што наведоа дека по добиените резултати од обдукцијата, семејството на новороденчето е повикано за лично да се запознае со сите детали од наодот кој, како што додаваат, покажува дека нема физичка повреда на кој било од органите на бебето. „За ...

Екстремното загадување на воздухот последните денови предизвика надминување на прагот на алармирање за концентрации на ПМ10 кои во текот на два дена биле над 150 микрограми на кубен метар на пет локации во Скопје, Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Министерството за животна средина информира дека врз основа на податоците од Државниот мониторинг и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, во главниот град ...

Трајно и задолжително одземање на возилата за најтешките сообраќајни прекршители предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа во Собранието. Со законските измени се воведуваат значително построги санкции за возачи кои управуваат пребрзо, под дејство на алкохол или дроги, особено доколку станува збор за лица кои и претходно биле осудувани за кривични дела против безбедноста во ...

Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука. На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
45%
1007
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
50%
1009
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
37%
1007
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
50%
1008
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
8.64
40%
1007
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
48%
1006
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1004
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
42%
1007
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
27%
1006
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1005
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
4.63
36%
1007
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
56%
1005
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Платина

68063.13

Иридиум

253540.09

Родиум

320703.70

Бакар

13.33

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Калај

55.66

Сребро

2786.34

Алуминиум

3.61

Паладиум

47776.01

Злато

151086.58

Кобалт

45.39