Владата на денешната седница го задолжи министерството за правда да покрене активности за отпочнување на постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Портпаролката на владата Марија Митева ја објави одлуката на прес конференција. -Разочараноста на владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот што не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со ...

На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој беше уапсен попладнево, му е изречена безбедносна мерка затворски притвор, додека на неговата сопруга Ајола Џоџа, во отсуство и е одреден куќен притвор. Џоџа веќе два дена е во странство, поточно во Рим, Италија. Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни ...

По инсталацијата кон крајот на минатиот месец, новата компресорска станица за хируршките клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје од денеска и официјално е пуштена во употреба. Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека изминатите десетина дена станицата е тестирана по сите стандарди и оти функционира во најдобар ред. „Има три нови компресори, комплетно нова инсталација. За среќа тука е и стариот компресор што ќе стои ...

За неколку дена ќе поминат три години откако Русија започна целосна инвазија на Украина. За тоа време, илјадници луѓе се убиени. Официјалните бројки за човечки загуби не се објавени, ниту од едната, ниту од другата страна. Сето ова наскоро ќе престане… вели новиот американски претседател Доналд Трамп. Тој дури тврдеше дека тригодишната војна „никогаш немаше да се случи ако бев претседател во 2022 година“. Доналд Трамп телефонски разговарал со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја укинува безбедносната проверка и пристапот до доверливи разузнавачки информации за својот претходник Џо Бајден, наведувајќи дека на Бајден повеќе не му треба пристап до доверливи информации. „Џо, отпуштен си“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушл, повикувајќи се на слоганот на неговото поранешно реалити шоу „Апрентис“. Трамп ја оправда оваа одлука велејќи дека Бајден му го направил ...

Денеска со почеток во 14 часот во Неготино ќе се одржи протестен марш под мотото “Стоп за сообраќајното насилство“, посветен на прерано загинатата Фросина Кулакова, како и сите други жртви во сообраќајот. Ќе почне од центарот на градот на улицата “Маршал Тито“ кај семафорите, а учесниците ќе се движат по главната улица со крајна дестинација градските гробишта и вечното почивалиште на Кулакова. Од Општина Неготино информираа дека целиот настан е ...

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина синоќа на 54-годишна возраст. Информацијата за „360 степени“ ја потврди директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека Југ починал дома. Изминатиот период, како што додаде, Југ бил на прекин од издржување на затворската казна поради нарушено здравје. „Југ почина во семејниот дом на прослава на роденденот на својата ...

Судскиот совет веќе започнал постапка на преиспитување на претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, а кој ги водела судијката Даниела Алексовска Стојановска. Таа на 31 јули минатата година наместо да одреди затворска казна му пресудила упатување во воспитно поправен дом на Васил Јованов за дело кое што поврзано со поседување и продажба на наркотици. Судскиот совет од утре ќе формира Комисија која ќе ја разгледува начинот на кој судијката ...

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија. Инаку, Пеце Мирчески на оваа функција беше седум години, од јуни 2017 до јуни 2024 година. ...

Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска. Кулакова истакна дека општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители. -Не може да се очекува чесно и одговорно ...

Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за увозот на јаглен, течен природен гас, сурова нафта, земјоделски машини и некои автомобили од Соединетите Американски Држави (САД). Потегот е одговор на одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 10 отсто за увоз на стоки од кинеско производство. Според официјалното соопштение од кинеските власти, ќе се воведат царини од 15 отсто за ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари осомничениот на другo лице му продал половина грам кокаин за 2500 денари. На 1 февруари бил извршен претрес во деловен објект каде престојувал осомничениот и полицијата таму ...

Возилото „Мицубиши“ на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, на денот кога девојчето беше грабнато, е забележано како се движи низ Скопје. Според снимките од системот „Сејф Сити“, во 9:15 часот, автомобилот минува на булеварот кај хотелот „Александар Палас“ и се упатува кон Момин Поток. Во 14:28 часот, истото возило повторно е регистрирано додека се движи од Сарај кон Ѓорче Петров. На претходните рочишта, адвокатот на Ѓорчевски изјави ...

Од обвинителството соопштија дека на обвинител во скопско обвинителство му бил запален автомобилот. Станува збор за обвинителка од Скопје. -Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, соопштија од обвинителството. Според нив, првичните индиции упатуваат дека ...

Министерот за правда Игор Филков ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судијката Даниела Алексовска Стојановска која ја донесе одлуката што јавноста ја оспорува, возачот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, да оди во воспитно поправен дом откако бил фатен со дрога. -Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие ...

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција во врска со случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, посочи дека станува збор за кривично дело сторено со умисла и против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. – Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од ...

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или ...

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кизи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен. Конкретно преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера во 14.12 часот, била добиена пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, од локација над с.Лавчани, поточно на местото ...

Во текот на ноќта и рано утрово продолжија умерените земјотреси во близина на Санторини, но грчките сеизмолози уверуваат дека ситуацијата се следи внимателно и нема причина за паника. Сепак, според грчките медиуми, голем број граѓани од синоќа го напуштаат островот. Последниот земјотрес што ја стресе Грција утрово беше со јачина од 4,7 степени според Рихтер, во близина на селото Оиа кое се наоѓа на Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот ...

Во моментов се одвива широка полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото за јавна безбедност. Според неофицијални информации, акцијата се одвива на територијата на повеќе градови и има меѓународен карактер. Освен засиленото присуство на македонските полициски сили, во операцијата учествуваат и странски службеници со амблеми на ЕВРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, кои ...

Кривичниот суд ја објави интегрално пресудата за Васил, возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки кај Силбо. Васил претходно се гонел за кривични дела поврзани со дрога. Пресудата ја пренесуваме во целост интегрално. ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РСМ ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД С., како првостепен кривичен суд преку судијата Даниела Алексовска-Стојановска како претседател на совет и судиите поротници Весна Цветкоска и Милисав Таневски како членови на ...

По сообраќајката во која загина младата Фросина на Партизанска во Скопје обвинителството соопшти дека 20годишното момче возело брзо и поминало на црвено светло на семафор. Но исто така обвинителството откри детали за минатото на момчето кое според порталот Лидер колата со која ја прегази Фросина ја добил за 18ти роденден. Возел без возачка, но бил и познат во населбата Карпош дека поседува дрога . За ова се водело постапка и имало притвор но ...

Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор, дознава „Скопје1“. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото. Јованов, преку адвокатот Сашко Дуковски, посочил дека не може да влијае на постапката бидејќи сите докази потребни на истрагата веќе се собрани. За можноста да избега, посочил дека е невозможно бидејќи пасошот ...

Без разлика на политичката определеност, граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем, изјави Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собрание. „Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици. Заедно ...

28-годишниот Миле Тодоров од Неготино е исчезнат од 29.01.2025, а неговото исчезнување било пријавено на 30.01.2025 година, кога неговиот татко Д.Т. го пријавил во Полициска станица Неготино. Според пријавата, Миле заминал од дома и од тој момент се нема јавено. Семејството и полицијата се во постојан контакт и преземаат мерки за неговото пронаоѓање. Сестрата на Миле во изјава за „Фокус“ откри дека братот бил одговорен млад човек, спортист и ...

Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 телевизија од 2007 до 2018 година, каде што работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика. Професионалниот пат подоцна го продолжи во маркетинг-индустријата работејќи ...

Авионска несреќа го потресе Вашингтон кога патничкиот авион PSA Airlines CRJ700 и воениот хеликоптер Sikorsky UH-60 се судрија во воздухот за време на приод кон аеродромот во Вашингтон. Двете летала паднаа во реката, а досега нема пронајдено преживеани. Веднаш по несреќата, започна голема операција за потрага и спасување. Хеликоптери го надлетаа местото на несреќата, додека спасувачките чамци ја пребаруваа реката. Повеќе руски лизгачи, меѓу кои ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик. Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа. Бидејќи постојат околности кои го ...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во вторник поднесе оставка. Како што објасни, одлуката ја донел по нападот врз студентите во Нови Сад. Вучевиќ најави дека во текот на денот оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. „Градоначалникот на Нови Сад и јас се сметаме себеси за објективно одговорни за она што се случи во Нови Сад и за тоа доброволно ја плаќаме политичката цена“, рече Вучевиќ. Тој ќе биде вршител на должноста премиер ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
35%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
47%
1019
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
31%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
34%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.4
31%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
7.72
46%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
7.72
33%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
26%
1014
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
4.12
32%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
8.23
36%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
12.35
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75