Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот Фејсбук профил објави дека се отстранува првиот билборд од Железничката станица Скопје. „Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши ...

Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува реизбор на Христијан Мицкоски за претседател, единствен кандидат за функцијата. Настанот, под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, ќе собере околу 2.600 учесници, меѓу кои околу 850 делегати. На Конгресот треба да биде усвоена „Стратегија Македонија 2030“, документ што ја дефинира долгорочната визија на партијата за државата – стабилни ...

Поплави и свлечишта се пријавени на повеќе локации, додека состојбата се влошува од час во час. Бурата Бајрон предизвика обилни врнежи и сериозни нарушувања низ поголемиот дел од Грција, а регионот Атика и уште девет области се под официјално предупредување за екстремни временски услови. На Закинтос, водата ги поплави патиштата и земјоделските површини. Прекинат е сообраќајот на рутата Закинтос – Аликес, а свлечишта се регистрирани во селото ...

Ја злоупотребиле службената положба и се сомничат за проневера од околу 7 милиони евра. Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште пет лица вклучени во постапката за набавка на 10 електрични автобуси во вредност од околу 430 милиони денари. Костадинов, во својство на градоначалник, ги пречекорил правилата на постапката за јавна набавка за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“ и се ...

Во тест-периодот на новиот систем за видео-надзор „Безбеден град“ е регистриран досега најекстремниот прекршок: возач што со автомобил се движел со неверојатни 231 километар на час на скопската обиколница. Случајот се случил на 1 декември, а информацијата официјално ја потврдија началничката на Секторот за сообраќајни работи при МВР Маја Арсовска-Манов и државниот советник во кабинетот на министерот, Владимир Велковски. „Имаме возачи кои ...

Транспарентот на кој над фотографиите на загинатите стои натпис „16.03.2025 – 63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда”, родителите го поставија на дел од металната безбедносна ограда поставена околу судницата во Идризово. Полицијата која го обезбедува просторот околу судницата првично рече дека не смеат да го постават транспарентот, но по консулатациите дозволија тој да биде од надворешната страна на оградата Родителите и блиските на ...

Како што пренесува The Sofia Globe, ова е четврти пат бугарскиот парламент да одбие вакво барање, по гласањата во јули 2023, септември 2024 и 3 септември 2025 година. Гласањето дојде во момент кога веќе се во тек завршните подготовки за воведувањето на еврото, коешто европските институции го одобрија во јули. Според исходот, од 219 присутни пратеници, 135 гласаа „против“, 81 „за“, а тројца беа воздржани. Против референдумот гласаа пратениците ...

Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени. „Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри ...

Следејќи ја определбата за унапредување на фармацевтската наука и професија, „Реплек“, во годината во која го одбележува својот 80-годишен јубилеј, донираше 1.000.000 денари за обнова на Фармакоинформативниот центар на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје. Средствата ќе бидат наменети за реконструкција и модернизација на компјутерската училница на факултетот во којa е сместен и Националниот фармакоинформативен центар, со што „Реплек“ ја ...

Доколку се упатувате кон Грција, внимателно испланирајте го вашето патување поради затворањето на големиот граничен премин Евзони и други важни патишта. Сообраќајот на овој премин е целосно запрен за сите возила што се упатуваат кон таа земја. Граничниот премин Евзони е затворен поради штрајкот на земјоделците, а кратко не беше во функција и граничниот премин Дојран, пренесе Никана. Исто така затворен е и сообраќајот на патот кон Солун, па ...

Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, e еднa од трите лица уапсени од белгиската полиција денеска, во обемна истрага за измама за финансирање на Академијата во Бриж за млади дипломати, изјавиле за „Еурактив“ и нивниот партнер „Де Стандард“ две лица запознаени со истрагата. Како што пренесува „Еурактив“, Белгиската полиција извршила рации во дипломатската служба на ЕУ, Колеџот на Европа, и во приватни домови како дел од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека САД не ја одобриле лиценцата што Србија ја очекуваше за продолжување на снабдувањето со нафта преку рафинеријата во Панчево, управувана од „НИС“. „Не добивме позитивен одговор“, изјави тој, објаснувајќи дека државата во меѓувреме отворила нови увозни канали и дека снабдувањето со гориво е стабилно. Вучиќ нагласи дека проблемот не е во количините, туку во логистиката на испораките, но увери ...

До денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ, кажа првообвинетиот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, во дополнувањето на воведниот говор неговата адвокатка. Јованов говореше испрекинато бидејќи се расплака додека го даваше дополнувањето. Рече дека не може да поверува во тоа што се случило. Кажа дека тој како ...

Почина докторот Венци Чалков, а од него преку социјалните мрежи се простуваат членови на семејството, пријатели, пациенти, познавачи. Гинекологот Чалков беше дел од судскиот процес, а во врска со смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години. Тој заедно со колегата Дончо Москов од Струмица беа обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“, а минатиот месец им беше изречена затворска казна од шест ...

Во ек на глобална криза, наместо да се полнат, стоковите резерви се празнеле и препродавале со одобрување на тогашниот државен врв, обвини денеска Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, во периодот од 2019 до 2021 година, 2.000 тони јачмен и пченица во вредност од 800.000 евра биле отпишани од залихите по насока на Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски. Андоновска тврди дека за да се скрие кусокот и да не се забележи ...

Новата британска политичка партија „Твоја партија“, предводена од ветеранот социјалист Џереми Корбин го одржа својот прв конгрес, со цел да ги надмине хаотичните почетоци и да се етаблира како одржлив левичарски ривал на Лабуристите. Со британската политика што ја напушта традиционалната „двопартиска“ доминација на конзерватиците и лабуристите, и премиерот Кир Стармер којшто се движи кон десно по некои прашања, новата партија на Корбин се ...

Досега на Клиниката за детски болести тринаесет деца од истото училиште побарале медицинска помош, а четири се уште се хоспитализирани Целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и физичко-хемиската анализа, како и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности, информира Институтот за јавно здравје. Тешки метали, како што соопшти ИЈЗ, во мострите од вода не се пронајдени. ...

Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ, откако било расчистено недоразбирањето, кое, како што рече денеска лидерот на партијата Венко Филипче било од техничка природа и немало никаква врска со локалните избори. Поранешниот министер за внатрешни работи во „Тема на денот “ на Сител неодамна изјави дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ, но дека тоа немало врска со резултатот од ...

Потрагата по 32-годишната инфлуенсерка од Грац трагично заврши. По шест дена интензивно пребарување, австриската полиција потврди дека телото на Штефани П. е пронајдено во куфер на оддалечена локација во Словенија. Главниот осомничен – нејзиното поранешно момче – го призна злосторството за време на сослушувањето. Инфлуенсерката Штефани П. е исчезната од 23 ноември, кога не дошла на работа и престанала да контактира со своето семејство. ...

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка и со бројни сертификати и обуки во кои 14 години сама инвестирала, е избркана од работа веднаш штом кажала дека е бремена. Од силен стрес поради непродолжувањето на договорот за работа, и поради тоа дека по нејзиното бркање биле примени во Болницата 65 души на работа, таа го изгубила бебето во 27-та ...

Се очекува првиот пациент од Србија кој заболел од малиген меланом да ја прими новоодобрената руска персонализирана вакцина против рак со mRNA во наредните денови, потврди професор д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки во Крагуевац, додавајќи дека пациентот веќе отпатувал во Москва, пренесуваат српските медиуми. „Ова е револуционерна, целосно персонализирана вакцина со mRNA која се прави за секој пациент поединечно. ...

Масовното труење на учениците во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае доби нова, политички чувствителна димензија. Помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу потешко затруените деца и веќе два дена е хоспитализиран со симптоми на труење и зголемена телесна температура, објави Нетпрес повикувајќи се на свои извори. Во моментов, според истите извори, детето е во подобра состојба. Информацијата дека меѓу ...

Најголем дел од својот професионален живот го посвети на реформите во правосудството со цел обезбедување на самостојност и независност на судската власт од извршната и законодавната власт. Софрониевска е родена на 14 јануари 1948 година во Скопје. Правосудната кариера ја започнува во 1974 година во Општинскиот суд Скопје 2, кога била избрана за најмлад судија во тогашната СР Македонија. Во претходниот систем, таа била претседател на Судот на ...

Спасувачките операции по катастрофалниот пожар во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во населбата Таи По во Хонг Конг се откажани, а околу 200 лица се уште се водат како исчезнати. ...

Денеска (29 септември) и официјално почнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври, во рамките на која партиите и независните кандидати ќе имаат можност да ги претставаат своите програми пред гласачите. Изборната кампања ќе трае до 17 октомври на полноќ, по што ќе следи 24-часовен предизборен молк пред гласањето на 19 октомри. Вториот круг од гласањето за градоначалници е предвидено да се одржи две недели подоцна, ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека денешното гласање на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, се одвива непречено и без никакви проблеми и недоследности. Како што информира ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8 848 болни или немоќни лица кои може да го остварат своето право на глас на овие ...

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, додека оние врз основа на податоците од записниците на оптинските комисии ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа по завшувањето на гласањето. Општинските изборни комиси, пак, првичните резултати од изборите треба да ги објават во рок од седум часа по завршувањето на изборите, а врз ...

На избирачките места во Општина Центар е констатирана изборна нерегуларност, бидејќи на избирачкиот материјал не е испечатено логото на кандидати од една независна граѓанска иницијатива. Оваа неправилност, како што соопштуваат оттаму, се однесува на двете листи и на онаа за членови на совет и кај листата за градоначалник. Од независната листа велат дека дека нерегуларноста е констатирана на целата територија на општината. Според нив, ова ...

ВМРО-ДПМНЕ е победник во првиот круг на локалните избори во 2025 година. Владеачката партија освои 32 градоначалнички места по првиот круг од локалните избори според податоците објавени од Државната изборна комисија по избројани повеќе од 99% од гласовите. Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во: Битола, Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Охрид, Делчево, Радовиш, Кавадарци, Вевчани, Свети Николе, Новаци, Берово, Василево, Карбинци, ...

Во Градот Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да се изјаснат за кандидатот Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и Амар Мециновиќ од Левица. Во првиот круг од изборите, Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, додека, Мециновиќ 30 665 гласови Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
45%
1007
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
50%
1009
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
37%
1007
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
50%
1008
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
8.64
40%
1007
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
48%
1006
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1004
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
42%
1007
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
27%
1006
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1005
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
4.63
36%
1007
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
56%
1005
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Сребро

2786.34

Родиум

320703.70

Паладиум

47776.01

Платина

68063.13

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

13.33

Злато

151086.58

Калај

55.66

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.61