Полицијата ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска изби голем пожар и има многу жртви. Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, а во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица. Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. „Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од ...

Српскиот парламент денеска соопшти дека од безбедносни причини зградите на Народното собрание ќе бидат затворени од денеска до понеделник со цел да направат се што е во нивна моќ најавениот митинг за утре (15 март) да помине без инциденти. „Почитувани пратеници и вработени во Народното собрание, ве известуваме дека, врз основа на безбедносната проценка на Министерството за внатрешни работи, а со цел да се избегне каков било, макар и минимален ...

Италијанскиот град Неапол ноќеска го погоди силен земјотрес со јачина од 4,4 степени, кој предизвика материјална штета, а многумина од жителите ноќта ја минаа на улица или во автомобилите. Беа оштетени згради, а потресите продолжија и во текот на ноќта. На ова подрачје кое е и вулканско, често се случуваат земјотреси. Бројни жители на Неапол и околината цела ноќ ја минаа на улиците и во своите автомобили по силниот и многу долг земјотрес што ...

Еден од обвинетите за грозоморните убиства на Вања и Панче, Велибор Манев денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа како се случило грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Манев рече дека од трет пат им успеало да ја грабнат Вања, откако првите два обиди биле неуспешни, а потоа се упатиле кон местото Дупки, каде што Палчо испукал куршум во неа, и потоа ја закопале. Велибор Манев одговараше на прашања на својот бранител Горан Бошевски. ...

Приведените Ратко Капушевски сопственик на РКМ ЕНЕРЏИ и Асмир Јахоски сопственик на Пуцко Петрол како и уште неколкумина опфатени со кривичната пријава на МВР за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино се уште не се донесени во Кривичниот суд бидејќи ОЈО за организиран криминал ја нема добиено пријавата како би донеле наредба за истражна постапка, а надлежен обвинител подготви предлози за мерки за обезбедување на приведените во синоќешната акција. ...

Со признавање на вина, започна судењето за убиството кај Мавровка на скопскиот бизнисмен, 59-годишниот Васил Ефтимов на 20 август минатата година. Обвинетиот Елвин Куртовиќ кој, всушност, издржувал казна затвор, но бил пуштен на викенд и не се вратил во „Идризово“ во дадениот рок изрази жалење за стореното и кажа пред судот дека неколку дена бил под дејство на кокаин. „Воопшто не се чувствувам добро емотивно, но и психички. Многу се кајам за ...

Руските власти и пратеници го критикуваа францускиот претседател Емануел Макрон затоа што рече дека Русија и се заканува на Европа, предупредувајќи дека таквите изјави може да го доближат Западот до нова светска војна. Руската инвазија на Украина доведе до најголемиот конфликт меѓу Западот и Русија по кубанската ракетна криза во 1962 година, при што Кремљ и Белата куќа предупредуваа на погрешни чекори кои би можеле да предизвикаат Трета светска ...

Континуираната поддршка за Украина и европската одбрана ќе бидат главни теми на денешното специјално заседание на Европскиот совет во Брисел, на кое е поканет да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што соопшти Европскиот совет во услови на нов моментум во однос на ситуацијата во Украина, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат за тоа како Унијата може дополнително да ја поддржи земјата и принципите ...

Девојчето Дуња М., кое вчера исчезна во градот Убу, во Србија, беше пронајдено живо и комуникативно. Според информациите на Н1, девојчето било пронајдено од куче-тргач, од расата малиноа. „Дуња имаше многу смрзнатини. Беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро. Беше сама, на нива покрај мал поток, лежеше во природа“, изјави Шевковиќ еден од спасувачите. Шевковиќ истакна колку е мала веројатноста дека ...

Филмот „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкер е прогласен за најдобар филм на манифестацијата на 97-то доделување на Оскарите во Лос Анџелес во 2025 година. Во врвната категорија, нискобуџетната продукција за врската меѓу стриптизета од Њујорк и синот на руски олигарх победи, меѓу другото, против ватиканскиот трилер „Конклава“. Вкупно, филмот освои пет Оскари, меѓу кои и за најдобра женска улога, почест која ѝ припадна на 25-годишната ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се состана со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон во саботата, еден ден по јавниот судир со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, судир што ја доведе во прашање иднината на американската поддршка за Киев. Стармер и Зеленски зборуваа зад затворени врати на Даунинг стрит 10 нешто повеќе од еден час, по што не дадоа никакви изјави за медиумите. Министрите за финансии на двете земји, ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, имал бронхијален грч и бил подложен на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан. Неговите проблеми со дишењето во петокот не траеле долго, а лекарите ќе имаат потреба од 24 до 48 часа за да проценат како оваа епизода ќе влијае врз неговата понатамошна здравствена состојба, пренесува „Ројтерс“. Ова претставува чекор назад во здравствената состојба на 88-годишниот папа, кој веќе две ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со јавен обвинител, по претходна судска наредба, од утринава врши претреси на повеќе локации во Скопје. Според информациите од МВР и од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), цел на акцијата се лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Ова е јасно од соопштението на ОЈО ГОКК во кое се наведува дека акцијата е ...

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите кои имаат докази во однос на обвинувањата на СДСМ дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколува институционалните процедури и ја злоупотребува својата позиција, да му се обратат лично него. СДСМ, објавија документи за кои тврдат дека покажуваат дека Меџити се обидувал да влијае на предмети во животна средина, а тоа според нив на некој начин отвара сомнеж дека тој создавал прсотор за уцени ...

Во текот на годините Трамп и Макрон како постојано да си ја мерат силата стискајќи се пресилно при ракување и провоцирајќи се. Овој пат двајцата претседатели повторно имаа хит ракување, и тоа не едно, туку три во ист ден. Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон чудно и непријатно се ракуваа трипати за време на нивната средба во Вашингтон, каде дискутираа за воената состојба на Русија и Украина. Нивните ...

Неготинецот Миле Тодоров исчезнал на 30. јануари и се бара веќе 25 дена. Според информации од семејството, тој стигнал на работа, разговарал со сопственикот на фирмата и му кажал дека дава оставка. Иако претходно не ја најавил оставката, разговорот поминал во најдобар ред, по што Миле се упатил пеш од Кавадарци кон Неготино. Бил забележан на безбедносни камери, последен пат околу 10.30 часот истиот ден, кај селото Марена, а потоа беше пронајден ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој е во критична состојба поради двострана пневмонија, ноќта ја поминал мирно по респираторната криза и трансфузијата на крв, објави Ватикан на 23 февруари. Папата беше примен во римската болница Гемели на 14-ти февруари, по неколкудневни тешкотии со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете белодробни крила. Ватикан во саботата (22 февруари) за прв пат ја опиша неговата ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена во 85 зипер ќесички подготвени и наменети за натамошна ...

Вооружена пресметка синоќа во скопската општина Чаир заврши со еден загинат, тројца повредени и четири лица лишени од слобода. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 11 февруари 2025 година, во 00:06 часот, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде биле донесени двајца мажи со прострелни рани – Х.Б. (35) и А.Д. (35), двајцата од Скопје. Лекарите потврдиле дека Х.Б. починал од ...

Трамп се огласи неколку часа откако Зеленски возврати на неговата сугестија дека Украина е одговорна за целосната инвазија на Русија во 2022 година, велејќи дека американскиот претседател е заробен во руска дезинформативна мрежа, пренесува Ројтерс. „Диктатор без избори, Зеленски треба брзо да дејствува или нема да има земја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл. „Во меѓувреме, ние успешно преговараме за крај на војната со Русија, ...

Четири лица се повредени, во пожар во зграда во Кисела Вода кој избил доцна синоќа. Во несреќата се повредени двајца станари, еден полицаец и еден пожарникар. Еден од становите е целосно изгорен, а зафатени од пожарот се уште неколку стана. Жителите на зградата биле евакуирани оттаму и пренесени во општинската зграда, информира градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски. Пожарникарите успеале да го спасат и кучето кое било скриено зад ...

По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева. Таа на 10 февруари на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по супспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи. Изборот на Крстевска-Цалева беше проследен со различни коментари. Владата тврди ...

Првите изјави на директорот на грчиот Геодинамичкиот институт, по новиот силен земјотрес што се случи денес наутро. Многу силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала се случи утрово во Санторини. Земјотресот бил почувствуван дури до Атика, а директорот на Геодинамичкиот институт јасно ставил до знаење дека „феноменот не е завршен“. Г. Ганас, говорејќи веднаш по новиот земјотрес на СКАИ, појасни дека иако состојбата со ...

Во пожар утрово изгореа две хаварисани возила, кои биле паркирани во кругот на струмичката болница. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица пожарот бил пријавен во 05.05 часот во дворот на ЈЗУ Општа болница- Струмица, а ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари-спасители интервенирале на гасење на двете запалени хаварисани возила. „Пожарот беше локализиран и ликвидиран за кратко време после ...

Европските лидери, најверојатно в понеделник, треба да одржат итен самит за војната во Украина како одговор на загриженоста дека САД ќе ги изолираат во процесот на соработка со Русија во однос на мировните преговори. На вонредниот самит што ќе се одржи во Париз се очекува да присуствува и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. Во пресрет на состанокот, тој порача дека неговата земја ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно, додавајќи ...

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, од 00:45 часот со 9 пожарникари и 3 ПП возила интервенираат на опожарен објект во с.Неготино (опш.Врапчиште). Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен. Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот. Итната ...

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11.02.2025 година презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија, информираат денеска од МП. Во соопштението се вели и дека „Во изминатиот период бевме сведоци на низа ...

Власта го активира планот за разрешувања во Судскиот совет – ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелации за петтемина членови избрани од Собранието. Овој чекор според премиерот Мицкоски е реформа која ќе даде резултати, за да се избере нов состав кој ќе врши мониторинг врз работата на судиите, без партиски влијанија. Сепак, потенцира дека собраниската процедура сама по себе не значи дека ќе им престане мандатот, туку доколку гласањето за интерпелациите е ...

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по Емир Селимовиќ, кој е осомничен дека синоќа во Калесија ги убил сопругата Инела и 13-годишниот син, пишува Klix.ba. Не се знае дали Селимовиќ по кого трага полицијата е вооружен. „Синоќа полициски службеници од Управата за внатрешни работи на кантон Тузла, ПС Калесија, по пријава и со одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде што пронашле ...

Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради избегнување на недоразбирања, сакам да го појаснам следното: Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
35%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
47%
1019
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
31%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
34%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.4
31%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
7.72
46%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
7.72
33%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
26%
1014
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
4.12
32%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
8.23
36%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
12.35
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75